Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Во централното градско подрачје во Скопје, денеска од 15:00 часот, ќе има посебен режим на сообраќај поради „Парадата на гордоста“. – Денеска во 17:00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централното градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15:00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, соопшти МВР. Од МВР ...
И викендов земјава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што ќе преовладува претежно сончево и натпросечно топло време, но од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање. Како што информира УХМР, утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ...
Поврзано со дезинформациите пласирани во јавноста, а во врска со последниот случај на појава на змија во Идризово, ја известуваме јавноста дека со Законот за Град Скопје е прецизно утврдено чии се надлежностите за дезинсекција, дезинфекција и дератизација, односно Град Скопје нема надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии или други влекачи или глодари. Во член 15 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје јасно е утврдена ...
Српската пејачка Јелена Карлеша се појави во јавност откако беше нападната од нејзиниот сопруг додека била со нејзиниот пријател во семејната вила на Дедиње. Јелена ја прокоментира врската со сопругот Душко Тошиќ. Медиумите веќе подолго време пишуваа дека тие се разведуваат, а Карлеуша сега потврди. „Во моментов сме во фаза на спогодбен развод“, изјавила Јелена Карлеуша на белградскиот плоштад Република, каде беше претседател на жирито кое ќе ...
Околу 12 часот и 25 минути цела Далмација остана без струја, а прекин на струја е забележан и во Босна и Херцеговина. Целото подрачје на Црна Гора остана без струја. Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштела, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, многу острови... Се чини дека струја практично нема во цела Далмација. Струја нема ниту во Славонија. Станува збор за Славонски Брод и Винковци. Засега ...
Почина 30-годишна македонска државјанка, а три млади девојки се повредени во тешка сообраќајната несреќа што се случи денеска на патот Игнација, надвор од Нисели во близина на Солун. Според информациите на сајтот Вериотис.гр, 30-годишна жена е мртва, две од нејзините сопатнички се пренесени во болницата во Верија, а третата во Солун. Според грчките медиуми, во болницата во Верија се пренесени 27-годишна жена во тешка состојба која моментално е ...
Змиите веќе неколку дена се главна тема меѓу граѓаните, со оглед, на високите температури. Надлежниите предупредуваат дека почнале да се појавуваат и во населени места, а од Центарот за управување со кризи велат дека нема бесплатно заловување на змии откако граѓаните ќе пријават. На темава, со фејсбук став, се јави и Ивица Апостолов, претседател на Здружение на медицински лаборанти - Клинички центар Скопје, а инаку е вработен во ЈЗУ ...
– Во средата, во 17.19 часот во СВР Скопје, 44 –годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот во заедничкиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен 47 – годишен сопруг, информираат од МВР. Исто така, во полициска станица и сопругот пријавил дека бил физички нападнат од 44 – годишната сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен ...
Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите. Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје во изјава за МИА открива дека во вторникот имале пријавен случај на каснување од змија. Станува збор ...
Овен Овни, бидете отворени за нови идеи и соработка со колегите. Денеска е поволен ден за тимска работа и постигнување заеднички цели. Поврзете се со партнерот на подлабоко ниво. Разговорот ќе ви помогне да откриете нови аспекти од вашата врска. Изразете ги вашите желби и очекувања. Потребна ви е физичка активност за да се ослободите од стресот. Бик Фокусирајте се на завршување на проектите што сте ги започнале. Бидете трпеливи и прецизни во ...
Роберто Баџо доживеал многу непријатна и стресна ситуација во својот дом во Италија, кој бил мета на засега непознати напаѓачи и крадци. Инцидентот се случил за време на натпреварот меѓу Италија и Шпанија на ЕП, односно во моментите кога Баџо ги следел случувањата на дербито во Германија, при што во неговата вила влегле дури пет вооружени напаѓачи. Баџо бил во домот заедно со неколку членови на фамилијата, а крадците предизвикале голема драма ...
Инфлуенсерката Фарах Ел Кади почина на 36-годишна возраст, а нејзиното тело беше пронајдено на јахта на Малта. Фарах Ел Кади се сомнева дека починала од срцев удар. Локалните медиуми јавуваат дека таа немала траги од повреди на телото и дека пристигнала на Малта за да ужива во неколкудневен одмор. Се наведува и дека ќе биде извршена обдукција и дека ќе биде покрената судска истрага за да се утврди точната причина за смртта. Инфлуенсерката, ...
Новиот документарен филм на Селин Дион (56) ја прикажува здравствената борба на пејачката, како нејзината болест ѝ влијае на гласот и како изгледа нејзиното секојдневие „зад кулисите“. Во декември 2022 година, музичката дива сподели дека ѝ е дијагностициран синдром на вкочанета личност, кој ги претвора луѓето во живи статуи. Тогаш таа сподели дека ќе ги откаже концертите од нејзината претстојна концертна турнеја. Синоќа се одржа премиерата на ...
ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија ја прифати понудата од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови за покривање на 85 проценти од потребите. За останатите 15 проценти, на тендерот за периодот јули-декември биле пристигнати три понуди, но тие не се прифатени поради повисоките цени во однос на моменталните пазарни цени. Од ЕВН информираа дека биле пристигнати понуди од компаниите „Дуферцо“, ЕСМ Продажба и Соле24. - За 85 ...
На 21 и 22 јуни, во петок и сабота по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во градот. -Имено, од 06.00 часот утре (21.06.2024) и задутре (22.06.2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца ...
Државата располага со четири функционални хеликоптер за гаснење на пожари од кои три се во рамки на МВР и еден на Армијата, како и три „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС, но за жал во овој момент се нефункционални. Причина за тоа е што двајца пилоти заминале во пензија, а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Проблемот, ...
Вистински скандал го зафати Балканот откако албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку со националистичко скадирање по ремито со Хрватска ги навредуваше Македонците и Србите. Со соопштение за целата ситуација излезе и нашата куќа на фудбалот, која најави дека ќе биде испратен официјален допис до УЕФА и ќе се бара јавно извинување од Даку за националистичките скандирања. Разочарани од однесувањето на Даку се и од неговиот клуб, рускиот Рубин ...
Албанија и Хрватска вчера во Хамбург одиграа одличен натпревар. Заврши 2:2, откако Хрватска направи пресврт по водството на Албанија, а потоа Албанците изедначија со гол во 95.минута. Штета е што она што по натпреварот тема не е играта на двата тима туку случувањата кои немаат врска со фудбалот. Во текот на мечот, здружени, албанските и хрватските навивачи викаа: „Убиј, убиј, убиј го Србинот“, а уште поголем скандал предизвика албанскиот ...
Деветнаесетгодишно момче загина во вторникот сообраќајна несреќа откако со возило излета од регионалниот пат Куманово – Липково. Според МВР, сообраќајката се случила на 18.06 во 17.20 часот на регионалниот пат Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, кога патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот. „Во несреќата од здобиените повреди на ...
Вчера околу 18 часот дошло до експлозија во месноста Обровац, Хрватска во која загинало дете. Две жени со возило на Итна медицинска помош се пренесени во ОБ Задар за понатамошна лекарска помош. Полицијата утрово соопшти за експлозијата во Обровац. „Според досега спроведената кривична истрага, се сомнева дека експлозијата настанала како резултат на активирање на засега непозната експлозивна направа која претходно била лоцирана во автомобил со ...
Марија Шерифовиќ гостувајќи во забавна емисија, за прв пат проговори за биолошкиот татко на нејзиниот шестмесечен син Марио, кој го доби преку сурогат мајка. Српската пејачка изјави дека нема да го открие идентитетот на таткото, бидејќи во тој случај би можела да биде казнета. „Тоа се работи за кои не можам и не треба да зборувам поради сите потпишани договори, бидејќи никогаш не се знае дали некој ќе го преведе ова, а потоа (таткото) ќе ме ...
Кандидатот за претседател на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче денеска оствари средби со сопартијците од Општинските организации на Ѓорче Петров и Карпош. На средбите, Филипче истакна дека СДСМ ќе биде партија отворена за сите стари и нови членови кои ќе придонесат за добро на партијата и државата. тОЈ потенцираше дека ако биде избран за претседател ќе развие модел за привлекување на квалитетни кадри, независни експерти кои ќе донесат свежина во ...
Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева во текот на денешниот ден испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница - Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче. Ова се наведува во соопштението, испратено попладнево до медиумите од Министерството за ...
Малата карпеста плажа „Месечев залив“ на словенечкото крајбрежје е прогласена за една од најдобрите во светот од страна на „Биг 7 травел“ – глобална интернет-страница за совети за патувања, објави весникот „Словенија тајмс“. „Плажата не може да се пофали со тропскиот ветар на Карибите, но е неверојатно убава. Благодарение на нејзината изолираност и заштитениот статус, најверојатно ќе го имате целото место за себе“, се вели во описот на „Биг 7 ...
„Нов член на Судски совет“ напишано на бел лист хартија е доволно за да добиете паркинг место во строгиот центар на градот. Таков лист беше поставено денеска под брисачот на задното стакло на возилото на новиот член на Судскиот совет, Исамедин Лимани кој тука дојде од редовите на Врховниот суд, пишува ПРЕСС24. Судскиот совет се наоѓа во објектот на Фондот за здравствено осигурување, веднаш до спомен куќата на Мајка Тереза на улица ...
За мене претставува посебна чест еве што сум денеска поканет на овој преубав настан кој што го организира компанијата Киел која што го проширува своето производно портфолио на нови повеќе од 7.000 метри квадратни, овдека во индустриската зона овде во близина на Тетово, истакна претсредателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Од тоа што можев да слушнам дека се подготвуваат уште нови два плаца за уште едно дополнително проширување на ...
Голем пожар на отворено избувна денеска близу археолошкиот локалитет „Исарот“, веднаш над селото Марвинци во Општина Валандово. Постои опасност да се прошири кон селото, а во близина на пожарот има штали. Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот зафатил сува трева и прнар, на терен го гаснат три против пожарни возила и 8 пожарникари, а на помош се повикани и пожарникари од ТППЕ Гевгелија со едно против пожарно ...
Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт. Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. - Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за ...
Компаниите добиваат зелено светло од 1 јули да исплаќаат К-15 за 2024 година, а законската обврска на работодавачите е да го исплатат до 31 декември. Најмалиот износ што треба да легне на сметките е околу 16.000 денари, колку што изнесуваат задолжителните 40 отсто од последна просечна тримесечна нето плата во Македонија – 39.771 статистички просек за периодот јануари-март годинава. Доколку фирмите го исплатуваат подоцна од 1 јули, износот може ...