Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А1, на делницата од с.Марвинци кон с.Удово, атар на село Марвинци, валандовско, С.К.(44) од село Удово, валандовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар ...

Поевтинуваат и бензините и дизелот, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика. Според последната одлука, Еуросупер 95 поевтинува за половина дена и сега ќе се точи за 74 денари литар. За 2 денари по литар поевтинува Еуросупер 98 и неговата нова цена е 76,5 денари. Дизелот од полноќ ќе биде поевтин за 1 денар по литар и ќе се точи по 68,5 денари. Ова е најниска цена на горивата во последните неколку години. Последен пат дизелот под ...

По осум дена е ставен под контрола големиот пожар во Мариово, но екипи остануваат на теренот поради опасноста од разгорување на жариштата. Таква ситуација имало ноќеска кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец каде контролираат 20 луѓе. -Би рекол 99 проценти пожарот е под контрола, но внимаваме на жаришта да не се разгорат. Во ноќните часови се појави едно критично жариште кое се рашири кај манастирот на околу 300 до 400 метри. Со брза ...

Сите 815 образовни асистенти до крајов на неделава ќе започнат со работа во училиштата гарантира министерката за обвразование. Некои утре ќе потпишуваат договори, други веќе ќе почнат да работат со децата со попреченост, пренесе Сител. До крајот на септември треба сите најавени 1.115 да почнат со работа. Училишната година започна без асистенти бидејќи немало предвидено средства во буџетот, но министерството за образование од следната година ...

Од пет часот утрово таксистие во Атина, организирани од нивниот Синдикат, започнаа 24-часовен штрајк поради, како што велат,„низа владини одлуки и важни законодавни пропусти што се однесуваат на нивниот сектор“, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот потенцираа дека новите даночни и осигурителни закони ќе ги доведат до финансиска пропаст, а планираната транзиција кон електрични возила од 2026 година ќе ја загрози нивната професија. ...

СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”, а против две од овие лица е поднесена и кривична пријава по чл.382 „спречување службено лице во вршење на службено дејствие”. Сите девет лица се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во ОЈО Кичево за понатамошна постапка. Имено, вчера (08.09.2024), во ...

Се претпоставува дека телата им припаѓаат на некои од пријавените 21 исчезнати мигранти при бродолом на почетокот на септември Италијанската крајбрежна стража пронајде шест во близина на брегот на Сицилија. Властите засега само претпоставуваат дека станува збор за дел од исчезнатите луѓе на брод со мигранти кој потона на почетокот на месецот. Според исказите на преживеаните, како изчезнати се водат 21 лице. Во средата италијанските власти ...

Со тешки повреди се здобил мотоциклист при судир со возило „пасат" вечерва во Неготино. Информацијата за МИА ја потврди портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска. - Вечерва во 20:45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Идустриска" и ,,Маршал Тито" се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл „сузуки" со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од А.К.(54) од Кавадарици и патничко возило „пасат“ со ...

ОВЕН Денеска вашата способност да се ставите во кожата на другите може да ви помогне да го решите секој проблем во комуникацијата и да ја вратите хармонијата таму каде што е нарушена. Денот е одличен за деловни состаноци. Ќе ви биде тешко да се запрете на едно место, но ако сакате разновидност, динамиката нема да ви пречи. БИК Денеска тешко дека ќе биде соодветно да верувате само во себеси, ќе покажете склоност да ги преувеличувате работите и ...

Петмина затвореници, меѓу кои еден Британец, Аргентинец и Грузиец, како и двајца Португалци, побегнаа од строго чуваниот затвор во Вале де Жудеуш, 30 км северно од Лисабон, соопштија португалските власти. Според португалската затворска служба, мажите на возраст од 33 до 61 година побегнале вчера во 10:00 часот со помош однадвор, користејќи скали за да ја прескокнат затворската ограда. Полицијата веднаш била испратена за да ги пронајде ...

Турските власти соопштија дека е пронајдено безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна на 21 август во Дијарбекир. Оттогаш се трага по детето чие тело е пронајдено во потокот Егертутмаз на 1,5 километар од селото Тавшантепе каде што живеело. Турската телевизија НТВ соопшти дека полицијата забранила секому да влегува или да излегува од селото. За жал, безживотното тело на Нарин, кој исчезна во населбата Тавшантепе во ...

Пред три години на 8 Септември се случи една од најголемите трагедии кои ги памети земјава. Во ек на корона пандемијата, изгоре модуларната болница во Тетово, а со себе однесе и 14 човечки животи. 12 пациенти кои се лекуваа во болницата и двајца членови на нивните семејства. Причината која беше наведена за пеплосаната болница и загубените животи беше продолжен кабел кој изгорел. До денеска се уште нема одговорност за загубените човечки животи, а ...

Пред 33 години битката беше како да исправиме на нозе, денеска битката е да направиме големи чекори напред. Премиерот Христијан Мицкоски со план од 10 точки на Свечената академија по повод Денот на независноста - 8 Септември „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“. Тој побара обединување во борбара за правда и поравна држава, ослободување од партизацијата, да се тргнат етничките прашања, да се подобри стандардот на граѓаните, да изградиме праведно ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста, во која посочува дека наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. -На 8 септември 1991 година, македонските граѓани, користејќи го правото на самоопределување, ја изразија својата волја и во огромен број го дадоа својот глас за суверена и самостојна македонска ...

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста - 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со ...

ОВЕН Денеска е можно да претерате со некои проблеми во личниот живот или да ја обвините саканата личност за работи кои не ги направил. Наместо тоа, обидете се да ги контролирате вашите емоции и почекајте пред да преземете акција. Нема потреба да ги наметнувате вашите ставови на другите. БИК Денеска ќе бидете расположени за дружење и забава, па побарајте пријатно друштво со кое ќе го поминете времето. Сепак, бидете внимателни со финансиските ...

Септември пристигна и со себе носи возбудливи промени во љубовниот живот за многумина. Овој месец ќе биде полн со страсни средби и неочекувани можности благодарение на поволните планетарни транзити. Хороскопските знаци кои особено ќе ги почувствуваат овие промени се подготвени за љубовни авантури кои ќе ги изненадат. Астролозите предвидуваат дека овие пет знаци ќе имаат можност да ја најдат својата сродна душа или да ги подобрат постоечките ...

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство. Вчера во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ...

Големиот пожар во Мариово не покажува знаци на намалување. Огнената стихија зафати околу 1.600 хектари, додека периметарот на огнената линија изнесува 110 километри. Според прилепскиот кризен штаб, на теренот се преку 200 професионалци, а дејствува само еден „Ер трактор“, поради технички проблеми на вториот. Началникот на прилепскиот кризен штаб, Борче Јовчески, посочи дека будно се чуваат населените места, и силите главно се концентрирани на ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3, управувано од лице вработено во Шумска полиција за кое по извршена контрола е утврдено дека е со несоодветни исправи и е одземено. Настанот, како што информираат од МЗШВ, е регистриран вчера во 15:00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, ...

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена. Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци. Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега ...

Објавен е нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, со кој субвенциите ќе се доделуваат по дестинација, а не како досега на авиокомпанија. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации според редоследот: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на ...

ОВЕН Денеска е одличен ден за романса и љубовни моменти, затоа потрудете се да поминувате повеќе време со саканата личност. Можете да се забавувате заедно или едноставно да уживате во некои тивки моменти дома. Исто така, не заборавајте да одвоите време за себеси и за вашиот изглед, тоа ќе направи да се чувствувате прекрасно. БИК Денеска ќе биде добро да ја контролирате желбата работите да се случат во миг, дури и ако се чувствувате како да ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше и имаше обраќање на церемонијата на потпишување на договорот меѓу УНИЦЕФ Македонија и Групацијата Нелт, иницијатива која има за цел воведување на практична настава за зелени вештини за учениците од професионалните училишта. Меџити рече дека министерството што тој го предводи поддржува и е целосно посветено на еколошкото образование и климатските ...

По случајот со морбили кај 12-годишно дете од Долно Коњаре во Општина Петровец, епидемиолошките служби и Институтот за јавно здравје ќе реагираат со пребарување на невакцинирани лица, со кампањи и одење на терен, како и во училиштата на таа територија, најавува проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог и член на Комисијата за имунизација. Во гостување на ТВ Сител, проф. д-р Ставриќ вечерва рече дека тоа ќе се прави за да се спроведе директна ...

Со свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ Владата на 8 септември ќе го одбележи Денот на независноста. Како што најави владината прес-служа, свечена академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје во 13:00 часот. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. ...

Од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информираат дека по повод државниот празник „8 Септември“ - Ден на независноста, в сабота и во понеделник ќе се работи по неделен возен ред. За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар. - Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 ...

Лиценци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 MW издадени се во изминатите осум месеци (јануари -август), покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). - Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива, во најголем дел тоа се компании кои поставуваат ...

Шести ден, пожарот во Мариово не покажува знаци на смирување, а огнената линија од преку 30 километри, нема намалување. Преку 200 професионалци се насочени огнената стихија да не влезе во населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека вчерашните кризни моменти околу селото Крушевица и кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец се надминати, но, има одбрана и околу „Свети Димитрија“ во Селце и во Дрен - Смолани. Ирена ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1022
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1022
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1022
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.8
56%
1021
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
79%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.63
48%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
27%
1020
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
57%
1020
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 14ᴼ
0.89
49%
1021
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
60%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62