
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Немајќи доволно противвоздушни системи за одбивање на нападите на Русија, Украина ги притиска своите европски сојузници да воспостават зона на забранети летови во западниот дел од земјата со распоредување системи за противвоздушна одбрана во соседна Полска и Романија, изјавија официјални лица за агенцијата Франс-прес (АФП). Киев би сакал да создаде безбеден простор во западна Украина каде што индустријата, енергетската инфраструктура и цивилите ...
Робертина Ал-Ашури од Охрид е официјална преведувачка на Европското фудбалско првенство кога играат балканските репрезентации. „Мојата работа е ако се случи нешто на стадионот, да се обратам на публиката, каде треба да оди и што треба да прави ако дојде до инциденти“, вели Робертина за Глас на Америка. Embed share Робертина Ал-Ашури од Охрид е официјална преведувачка на Европското фудбалско првенство Embed share The code has been copied to your ...
По седум години, од јуни 2017, нова коалиција на политички партии се најде во зградата на владата. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на албанските партии „Вреди“ и Знам ја одржа првата седница по преземањето на должноста во понеделникот. Премиерот Мицкоски и 23 министри ги зазедоа своите места, а во техничкото функционирање на владиниот систем ги запозна сѐ уште актуелниот генерален секретар на владата од претходната ...
Претседателот Владимир Путин не стана среде ноќ за да ја следи претседателската дебата на САД меѓу Џо Бајден и Доналд Трамп, а Русија нема да коментира за внатрешната политика на САД, соопшти во петокот Кремљ. Путин изрази рамнодушност кон исходот на изборите во ноември, а неговиот портпарол Дмитриј Песков ја задржа таа позиција, велејќи дека Русија има поважни работи на кои треба да се фокусира. „Па, погледнете, не мислам дека очекувате ...
Бугарија го отвори прашањето за Северна Македонија на дводневниот самит на лидерите на Европската Унија во Брисел. Својата намера Софија ја обелодени денеска наутро, во пресрет на состанокот на Европскиот совет, преку соопштение во кое најави дека премиерот на техничката влада, Димитар Главчев, ќе бара во заклучоците од собирот да вклучен и текст за земјава. Embed share Бугарија ќе бара заклучоци за Северна Македонија во Брисел Embed share The ...
Полска речиси сигурно ќе потпише билатерален безбедносен договор со Украина пред самитот на НАТО во јули во Вашингтон, изјави во петокот полскиот премиер Доналд Туск. Туск рече дека пред Самитот на НАТО во Вашингтон, кој започнува на 9 јули, ќе се разговара во Варшава со претседателот на Украина. „Морам, заедно со министерот за одбрана, да одредиме како можеме да продолжиме да ѝ помагаме на Украина, но не можеме да ги ослабиме одбранбените ...
Милиони Американци се вклучија да ја гледаат првата дебата во 2024 година меѓу претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп. Од Њујорк до Лос Анџелес. Во Мичиген и Лас Вегас. Дури и патниците на летот од Минеаполис до Мајами. На забавите каде го поддржуваа Трамп, гласачите сугерираа дека настапот на Бајден покажува дека тој не е способен да биде реизбран на највисоката функција во нацијата. „Не сакам да бидам непочитуван кон ...
Расте загриженоста бидејќи зголеменото гранатирање на границата меѓу Израел и Либан ги зголемува изгледите за поширок регионален конфликт. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант имаше интензивни состаноци во Вашингтон, придружувајќи му се на секретарот за одбрана Лојд Остин во Пентагон, кој повика на дипломатско решение. „Провокациите на Хезболах се закануваат да ги вовлечат израелскиот и либанскиот народ во војна што тие не ја сакаат, а ...
Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп ги судрија аргументите уште на почетокот на нивната дебата во четвртокот вечерта, остро расправајќи за американската економија, надворешните работи, правата за абортус и миграцијата преку мексиканската граница во САД. „Ние сме како нација од Третиот свет и тоа е срамота“, рече Трамп на националната телевизиска публика од дебатната сцена во седиштето на Си-Ен-Ен во ...
Јужна Кореја соопшти дека ќе ја разгледа можноста за испраќање оружје во Украина откако Русија и Северна Кореја го потресоа регионот и пошироко со потпишување на пакт за меѓусебна одбрана во случај на војна. Коментарите од висок претседателски функционер дојдоа во четвртокот, неколку часа откако државните медиуми на Северна Кореја ги објавија деталите од договорот. Набљудувачите велат дека тоа би можело да ја означи најсилната врска меѓу Москва ...
На претседателската дебата на Си-Ен-Ен во четвртокот во Атланта претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп се соочија за неколку клучни прашања во тесната претседателска трка. Инфлација Првото прашање на вечерта на модераторот Џејк Тапер беше за инфлацијата, за која рече дека е главната грижа за многу американски гласачи. Бајден го обвини Трамп за проблемот, велејќи дека тој наследил неуспешна економија од неговиот ...
ГЛЕДАЈТЕ ЈА ДЕБАТАТА ВО ЖИВО: Последните случувања на првата претседателска дебата 2024 година меѓу претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп. По источно летно сметање на времето: 22:45 часот: Завршни зборови на кандидатите Претседателот Џо Бајден ја започна својата завршна изјава со глас кој беше уште порапав глас од порано и на моменти тешко се разбираше. Тој за неговата администрација рече: „Постигнавме значителен ...
Американскиот центар за контрола и превенција од болести препорачаа на сите постари од шест месеци да им се даде нова ажурирана доза вакцина против ковид -19 во кампањата за имунизација 2024-2025, дури и ако претходно биле вакцинирани за болеста. Препораката на агенцијата во четвртокот ја повтори онаа на нејзиниот панел од надворешни експерти, кои едногласно гласаа да препорачаат употреба на ажурирани вакцини за ковид-19, како што е овластено ...
Новиот закон во сојузната држава Луизијана со кој се бара од државните училишта да ги прикажуваат Десетте заповеди во училниците, поттикна национален дијалог за поделбата на црквата од државата во образованието. Законот, потпишан минатата недела од гувернерот Џеф Ландри, ја воспоставува Луизијана како прва сојузна држава која наложува прикажување на Десетте заповеди во училниците во јавните училишта. Други сојузни држави, вклучувајќи ги Оклахома ...
ВАШИНГТОН – Здружението на дописници од Белата куќа соопштија дека Си-Ен-Ен одбила повеќе барања за вклучување на новинари од Белата куќа во студиото за време на првата претседателска дебата меѓу актуелниот Џо Бајден и републиканскиот ривал Доналд Трамп. Новинарите – дописници од Белата куќа кои се претставници на големи новински куќи, го придружува претседателот на странски и домашни патувања и вообичаено имаат пристап до кој било настан каде ...
Кинеската Комунистичка партија соопшти дека протерала двајца поранешни министри за одбрана, Ли Шангфу и неговиот претходник, Веи Фенгхе, под обвинение за корупција и мито. Според кинеската државна новинска агенција Шјинхуа, „Ли Шангфу ја предаде својата првична мисија... ја предаде довербата на Централниот комитет на партијата и Централната воена комисија... и нанесе голема штета на партиската кауза и националната одбрана“. Во извештајот, исто ...
Се чини дека Врховниот суд на САД е подготвен да дозволи итни абортуси во Ајдахо кога има бремена пациентка под сериозен здравствен ризик, според извештајот на Блумберг Њуз. Истиот извор наведува дека копија од мислењето се нашла на кратко време во средата на веб-страницата на Судот. Блумберг Њуз вели дека документот сугерирал дека Судот ќе заклучи дека не требало толку брзо да произнесе за случајот и дека ќе го врати судскиот налог со кој им ...
СКОПЈЕ - Нема да има нов ценовен шток за граѓаните. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги соопшти новите цени на струја кои ќе важат од понеделник, први јули, а кои се незначително повисоки од досегашните и се движат од 0.8 до 1,9 проценти во зависност од тарифниот блок. Незначително поскапување има и кај евтината тарифа. Во просек за 88 отсто од домаќинствата во државата кои со потрошувачката се во првиот и вториот блок струјата ќе ...
Северна Македонија може да продолжи да ја помага Украина, вели поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска. Таа смета дека новата Влада треба да продолжи по истиот курс за подршка на Киев. Конкретно, дали и каков вид на опрема и вооружување ќе биде побарано, ќе треба како и досега свое мислење да даде Генералштабот на Армијата, вели таа „Но имаме други видови како можеме да помагаме. Така и почнавме. На крајот на минатата година ...
Помали протестантски цркви продолжуваат да велат дека владата им дала повеќе привилегии на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и на Исламската верска заедница (ИВЗ) и дека овие две поголеми групи имале повеќе права од другите верски групи, се вели во извештајот на Стејт департментот за верски слободи во светот во 2023 година. „Тие, исто така, рекоа дека владините претставници често се среќавале само со петте уставно ...
Украина во четвртокот соопшти дека ги спречила речиси сите руски воздушни напади во текот на ноќта, при што украинската противвоздушна одбрана соборила пет руски ракети и 23 беспилотни летала. Украинските воздухопловни сили соопштија дека руските сили истрелале вкупно шест проектили кон Украина, но не ги прецизираа целите на нападите. Извештаите од регионалните власти покажаа дека Русија насочувала проектили и беспилотни летала кон делови од ...
Пар џиновски панди се на пат од Кина за САД, каде ќе бидат згрижени во Зоолошката градина во Сан Диего како дел од тековното партнерство за зачувување меѓу двете нации, соопштија официјални лица во средата. Официјални лица на Алијансата за диви животни во Зоолошката градина во Сан Диего беа во Кина на проштална церемонија во чест на заминувањето на џиновските панди, Јун Чуан и Ксин Бао. Прославата вклучуваше културни претстави, видео поздрави од ...
Израелската војска во четвртокот соопшти дека еден од нивните војници бил убиен, а друг тешко ранет за време на операција на Западниот Брег, окупиран од Израел. Акцијата се случила во Џенин каде очевидци пријавиле дека е активирана импровизирана експлозивна направа. Израелските сили вршат редовни рации во Џенин и други делови на Западниот Брег, како дел од напорите за кои војската вели дека имаат за цел да ги попречат терористичките активности. ...
Демонстрантите се противат на испораката на нафта на Азербејџан за Израел преку турското пристаниште Џејхан. Азербејџан, близок сојузник на Израел, задоволува околу 40% од израелските потреби за нафта, трговија што се чини дека не е засегната од израелската војна против Хамас. „Трговијата меѓу Азербејџан и Израел продолжува нормално. Дури би рекла откако Азербејџан отвори амбасада во Израел пред една година, трговските односи се проширија, но ...
Кога последен пат се сретнаа едниот беше во прв мандат претседател, а другиот, долгогодишен политичар. Гласот на Америка ги праша гласачите на што се сеќаваат од таа дебата. „Ох, тоа беше одамна“, вели Хајди Харден, поддржувачка на Бајден. „Се сеќавам дека Трамп беше супериорен во дебатата“, додава Џереми Лорин, гласач за Трамп. „Трамп очигледно некако ги користеше овие многу детски трикови, постојано го прекинуваше, а Бајден на некој начин ...
Соединетите Американски Држави се силни фаворити да освојат најмногу медали на Олимписките игри во Париз за еден месец. Главниот предизвик е: дали Американците ќе ја надминат Кина со освоени златни медали? Се предвидува дека САД ќе освојат вкупно 123 медали - 37 златни, 34 сребрени и 52 бронзени. Се прогнозира дека Кина ќе освои 87 вкупно - 36 златни, 29 сребрени и 22 бронзени. Оваа прогноза е направена од Nielsen’s Gracenote Sports, која ...
Уметницата Карла Ортис дизајнира ликови и сцени за филмската и ТВ индустријата. „Еве дел од работите што ги направив за „Црниот Пантер““, вели Ортис. Барана од клиентите поради нејзината вештина и карактеристичен стил, Ортис била шокирана кога открила дека главните генератори на слики со вештачка интелигенција биле обучени да ја користат нејзината уметност и сега ја симулираат. „Навистина е екстремно. Особено затоа што оваа индустрија која се ...
Шефовите на одбраната на Русија и на САД одржаа редок телефонски разговор во вторникот, поради руските поплаки за американските испораки на оружје за украинските сили. Пентагон соопшти дека секретарот за одбрана Лојд Остин „ја истакнал важноста од одржување на линиите на комуникација во услови на тековната војна на Русија против Украина“, во неговиот прв телефонски разговор со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, откако Белоусов го смени ...
Сојузниците на НАТО во средата го избраа холандскиот премиер Марк Руте за следен шеф на НАТО, додека војната во Украина беснее на нејзиниот праг и неизвесноста виси околу идниот однос на САД кон Алијанса. Назначувањето на Руте стана формалност откако неговиот единствен ривал за оваа функција, романскиот претседател Клаус Јоханис, минатата недела објави дека се откажал од трката, бидејќи не успеал да добие поддршка. „Северноатлантскиот совет ...
ЕКАТЕРИНБУРГ, Русија (АП) - Новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович, во средата беше на судење зад затворени врати во Екатеринбург, 15 месеци по неговото апсење во градот на планините Урал под обвинение за шпионажа што тој, неговиот работодавец и владата на САД жестоко ги негираат. 32-годишниот новинар се појави во Судот со избричена глава и облечен во црно-сина карирана кошула. Новинарите беа пуштени во судницата неколку минути пред да се ...