Градоначалниците нема да останат единствените незаменливи функционери, нивното отповикување станува реалност со измените на Законот за локална самоуправа.Тековниот процес за изготвување на предлог-законот засега ги запазува предвидените рокови и во него партиципираат засегнатите страни Партијата ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводи актуелната владејачка коалиција, во предизборната програма „Платформа #1198 – Македонија повторно твоја“ за единаесетти по ...

Тврдењето на Апасиев дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ го затвори студентското радио „Студент ФМ“, е неточно. И студентите (преку Универзитетското собрание) и Ректорската управа, беа согласни дека истото треба да се затвори, а средствата да се пренаменат за новиот мултимедијален центар при Правниот факултет „Јустинијан Први“. Дополнително, Одлуката за згаснувањето на радиото беше првично донесена неколку месеци пред ВМРО-ДПМНЕ да ја преземе власта ...

Каква е конкурентноста на политиките за родова еднаквост меѓу двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Родова застапеност ја има во највисоките ешалони на двете партии, но стратегиите во спроведувањето на родовите политики се различни. Од друга страна, пак, истражувањето за насилството врз жените во политиката, изработено пред пет години од страна на НДИ, го дава генералниот впечаток дека иако квотите и заедничките заложби помогнаа да се ...

Според украинските и западните проценки, околу 11.000 севернокорејски војници се во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија ниту го потврди ниту го демантира нивното присуство. Дека Северна Кореја испратила војници да се борат на страната на Русија, потврди лично претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој на социјалните мрежи објави видео од двајца заробени војници Анализираме објава на Фејсбук која вели: Како што беше ...

Ако сведочиме на конечниот залез на либералниот меѓународен поредок, кои се тогаш алтернативите за уредување на светот во иднина? Можна ли е монархистичка реставрација насекаде, како што посакува рускиот идеолог Дугин? Зошто европските авторитарни лидери од крајната десница гледаат далеку на Исток? Има ли либералниот капитализам вакцина против заканите по демократското уредување на општеството? Пишува: Стојан Синадинов Унгарскиот премиер ...

Анализа на случувањата покажува дека тренд на незадоволство од високите цени во малопродажбата, посебно во маркетите, постои пошироко во регионот. Владите се справуваат очигледно повеќе неуспешно отколку успешно, а поради тоа трендот од незадоволство се претвори и во тренд на бојкот на маркетите. Тој беше проширен не од политички партии, иако кај нас дури и владејачката го поддржа, туку преку социјалните мрежи доби пошироко прифаќање од ...

Самата Јаневска два пасусa подолу во интервјуто ја посочува својата недоследност и посочува дека проблем, де факто има. Предметите ем формално ги нема, ем се ставени како можност да се изучуваат во предметот Филозофија, доколку ученикот се реши да ја избере во 3 и четврта година. Она што е добро е што министерката вели дека Концепцијата не е завршена работа и дека Министерството во соработка со Бирото е подготвено да ја измени по широката јавна ...

Граѓаните сè повеќе го раздолжуваат „минусот“ на тековните сметки, а се зголемува задолженоста по основ на станбени и на потрошувачки кредити. Сумираните податоци на НБРСМ за банкарската 2024 покажуваат дека износот на вкупните кредити, и на домаќинства и на корпоративниот сектор, надмина 8 милијарди евра. Само по основ на потрошувачки кредити долгот на граѓаните достигна скоро 2,1 милијарда евра. Износот на штедните влогови, пак, достигна 9,7 ...

Речиси цел месец доминантна тема поврзана со (дез)информациите во медиумите на македонски јазик е можноста за постигнување мир во Украина преку средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Една од причините за ова се секако предизборните најави на Трамп, дека доколку биде избран за претседател војната ќе ја заврши за еден ден. Сепак, кон средината на месецот тој отстапи од оваа најава, ...

Последици секако ќе има, макар и само доцнење од три месеци во спроведувањето на проекти што во 2024 година биле проценети на 22 милиони долари. Оттаму, тие последици на тој начин ќе ги почувствуваат и државните институции на кои се однесуваат важни проекти од областа на енергетиката, дигитализацијата и кибер безбедност, антикорупцијата, итн. Претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицкоски во рамки на прес-конференција даде изјава неодамна ...

Со искористување на стравовите и другите ранливости на општеството, создавање лажни наративи и примена на напредни техники за нивно засилување, Кремљ се обидува да ги манипулира и поларизира електоратите, да ја обликува политичката средина и да го ослабне европското единство Пишува: Ана Анастасовска Германскиот Бундестаг на 16 декември 2024 година му изгласа недоверба на германскиот канцелар Олаф Шолц. Претходно тој поднесе барање за гласање ...

Интернет измамите, особено оние преку социјалната мрежа Фејсбук, стануваат сè почести и почести, а заштитата од нив е оставена главно на корисниците. Преку „дисекција“ на неколку раширени онлајн измами ќе видиме како може да се заштитиме од истите со неколку едноставни чекори Пишува: Матеј Тројачанец Вкупно шеесет и една онлајн измама Вистиномер разоткри во текот на изминатата година, односно во просек на секои шест дена се појавувала нова ...

Проруските пропагандисти ја фалат победата на Лукашенко на изборите во Белорусија, премолчувајќи притоа дека тој авторитарно владее 30 години, а неговите критичари се затворени, убиени или прогонети. Неговите противкандидати на изборите беа негови пиони, а такви беа и набљудувачите дојдени од недемократски земји како Иран, Мјанмар, Зимбабве и Туркменистан. Пропагандистите тврдат и дека Лукашенко е патриот, но тој ја претвори Белорусија во руска ...

По одлуката на Украина да ги затвори вентилите за рускиот гас, Русија веднаш ги откри „виновниците“ за тоа. Како што наведува Euvsdisinfo, Русија дезинформира дека одговорноста за прекинот на испораките на руски гас е целосно на „Соединетите Држави, марионетскиот режим во Киев и властите на европските држави, кои ја жртвуваа благосостојбата на своите граѓани заради финансиска поддршка на американската економија“ Пишува: Ана Анастасовска На ...

Во ставот на Љубчо Георгиевски препознаваме борба против „србството“ и „србскиот свет“ во Македонија со пропагирање на бугарофилија – или, народски кажано, пледирањето да се биде „бугарски четник наспроти српските четници“. Во случајот на поранешниот премиер и филолог по образование кој не ги почитува нормите на стандардниот македонски литературен јазик, но и ги иронизира јазичните норми на српскиот јазик, овој став е спинување на вистината ...

Во повеќе европски држави изминатите месеци се случуваат протести на кои граѓаните бараат од властите задржување на европскиот правец. Но ваквото изразување незадоволство од страна на пропагандата се поврзува со наводни надворешни организатори, сè со цел делегитимирање на протестите. Наративот за „обоени револуции“ негира или минимизира какви било внатрешни причини за граѓанските протести. Организацијата се припишува исклучиво на западните ...

И 2024 е година во која јавните инвестиции не се остварија во целост, дури и во однос на планираната намалена сума со ребаланс на Буџетот. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека на крајот на декември реализирани се капитални расходи во износ од 465,8 милиони евра или 77,54 отсто во однос на планот. Од ресорите, највисоко ниво на остварување на јавните инвестиции од 97,1 отсто има во МВР, пишува Порталб Минатата – 2024 ...

Група на ентузијасти за сајбербезбедност спречија нова софистицирана измама, која деновиве се појави на популарниот онлајн огласувач Пазар3, а со која се крадат информациите на платежните картички на огласувачите на веб-сајтот. Се очекува никнувањето на ваквите измами да се зачести благодарение на генеративната вештачка интелигенција Пазар3, местото коешто треба да биде размена на продукти, стана место на измама. На популарниот онлајн ...

Инаугурацијата на Трамп за 47. американски претседател предизвика креирање на негативни наративи за запирање на помошта за Украина, склучување на можен мир, но и влез во руска стапица, почеток на Трета светска војна… Руските медиумите предничат во додавањето гориво на низа „катастрофични“ наративи кои потоа се шират и низ регионот Пишува: Стојан Синадинов Каква ќе биде политиката на новиот американски претседател Доналд Трамп кон војната ...

Повеќе прашања треба да бидат образложени во една сериозна, ајде да ја наречеме кост/бенефит анализа, за да се поткрепи во јавноста иницијативата што ја образлага првиот човек на СОЗР Ивица Томовски за набавка на нов или половен владин авион со капацитет од 14-15 седишта. Без тоа иницијативата делува полусериозно и е однапред осудена да не биде постигнат консензус, барем во јавноста, а самата набавка да биде под закана да биде нетранспарентна ...

Руската војна во Украина постигна два мрачни рекорда – 4.000 дена од почетокот на инвазијата во 2014 година и 1.000 дена од почетокот на сеопфатната инвазија во февруари 2022 година. Оваа подробна анализа покажува како Кремљ плански се служи со информациска војна покрај воената кампања. Овој многустран напад врз вистината и реалноста е исто толку калкулиран колку и самата физичка инвазија, пишува Еувсдисинфо Основата на агресијата: Негирањето ...

Доколку не се наведат сите други релевантни информации поврзани за некакво задолжување или пари, информациите што се комуницираат со јавноста се во најмала рака недоследни. Токму такво е едно од соопштенијата на партијата СДСМ СДСМ излезе со соопштение/изјава во врска со задолжувањето од страна на Владата, при што може да се констатира недоследност: Нови 200 милиони евра задолжувања-власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните Покрај ...

Само за една година внатрешниот долг на државата се зголемил за 600 милиони евра. Однадвор – Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра ќе биде клучен за инфраструктурните проекти. И годинава со пари од меѓународните финансиери ќе се градат патни и железнички коридори, пишува Порталб Странско задолжување Кредити од Светска банка, од ЕБРД, од меѓународни финансиери – годинава најважните инфраструктурни, но и дел од реформските проекти, ќе се ...

Со интерпелацијата се проверува довербата на носителот на функцијата и таа е механизам за контрола на извршната власт, Владата или други носители на јавна функција. Според тоа ставот на Гаши изнесен преку соопштението од Кабинетот формално е точен, но де факто е спин. На Даути ѝ е изгласана недоверба и таа треба да биде и формално разрешена поради волјата на пратениците Пишува: Теофил Блажевски Претседателот на Собранието Африм Гаши во врска ...

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како фудбалер во родната Унгарија, настапувал и за репрезентацијата на таа земја во триесеттите години од минатиот век, а потоа продолжил со тренерска кариера Пишува: Стојан Синадинов „Трето полувреме“, четвртиот филм во филмографијата на Дарко Митревски ...

Криминалот нема колективна одговорност, таа е индивидуална и секој е невин додека не се докаже спротивното. А партијата на власт, колку и да е упорна, кривичната одговорност не може да ја докажува на прес-конференции и однапред, туку низ институциите на системот Пишува: Теофил Блажевски Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Левков на прес-конференција изнесе став во кој може да се препознае спин: Спин: Филипче како прв човек на СДС треба да признае ...

Изјавата на Николоски е недоследна затоа што се обидува да извади генерална оценка за ефикасноста на една политичка гарнитура наспроти друга врз основа на конкретен проект, а притоа неговата изјава е во контрадикција со сите други изјави кои велат дека повеќе од две третини проектот бил завршен пред институциите на оваа Влада да го довршат Еден дел од обраќањето на министерот за транспорт Александар Николоски во врска со патот Градско-Дреново ...

Годинава според проценките на Владата ќе биде „полабава“ ценовна година, со проектирана стапка на инфлација од 2,2 отсто. Ова оптимистичко сценарио сепак е засенето од старо-нови ризици, како што е војната во Украина, но и најавите на новиот претседател на САД Доналд Трамп, за воведување на царински и тарифни бариери за ЕУ и Кина.Во меѓувреме, глобалниот индекс на храната се намалува, а кај нас, статистиката регистрираше пораст, пишува Порталб ...

Како што протестите низ српските градови не стивнуваа, така и власта го ширеше спектарот на делување за да ги задуши протестите, накалемувајќи му регионален контекст, кој е секогаш добредојден кога сакате да „откривате“ непријатели од соседството. Така, по првичното „македонско сценарио“, српската власт започна со ширење дезинформации дека инспираторите на протестите се од Хрватска, Босна и Херцеговина, малку и од Црна Гора, а теоријата на ...

Врз основа на анализата може да заклучиме дека без разлика дали фејсбук групите се оформени врз основ на лева или десна идеологија, во нив имаме про-руски или про-патриотски содржини, но сепак, кога се антизападните наративи и информации кои одат во прилог на таквите наративи, овие групи не препознаваат идеолошки или јазични бариери, туку спротивно, соработуваат и споделуваат исти или слични содржини кои доаѓаат од исти извори. Како земја што ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1009
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1007
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
88%
1009
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
63%
1009
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.15
70%
1007
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
94%
1009
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
49%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
60%
1011
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
69%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
31%
1010
Currency

61.53

Currency

54.3622

Currency

72.154

Currency

35.1468

Currency

39.3934

Currency

66.0489

Currency

7.48449

Currency

0.6574

Currency

0.37802

Currency

0.52493

Currency

1.41089

Currency

0.64385

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56