
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Деновиве се навршуваат 80 години од крајот на Втората светска војна и бомбардирањето на јапонските градови Хирошима (6 август) и Нагасаки (9 август) 1945 година, што е повод да се потсетиме на филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, со Килијан Марфи во насловната улога. Како физичарот Роберт Опенхајмер ја конструирал првата атомска бомба и колку филмската приказна е веродостојна на неговиот живот и дело? Пишува: Стојан Синадинов „Опенхајмер“ ...
За некои работи, што би рекол премиерот Мицкоски, „нема втора шанса за прв впечаток“. Така е и со постапката што ја тера Владата за избор на судија за Европскиот судот на човекови права во Стразбур (ЕСЧП), која деновиве е актуелна поради својата контроверзност. Сега, што и да соопшти Владата, впечатокот е веќе направен, а „возот е заминат“. Заради својата нетранспарентност остава впечаток дека сака да влијае врз изборот на кандидатот, надвор од ...
Дезинформацијата дека Украинците се западни „кукли“ е комбинирана со дезинформацијата дека самиот претседател Володимир Зеленски е „кукла“ на Западот – „марионета“. Целта на ваквиот наратив е да се ослабне украинскиот суверенитет и да се сугерира дека Украина нема вистинска власт и автономија. Исто така, со ваквиот наратив се цели да се ослабне домашната поддршка во Украина кон своите лидери и наклонетоста кон Западот, но и да се претстави ...
Со оглед на тоа што мултифункционалниот центар во Општина Аеродром беше дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2021 година, испаѓа дека жителите на една од најнаселените општини – и покрај предизборните критики дека немале „свој простор за културни збиднувања, фестивали, хепенинзи на отворено и други настани“ – евентуално би добиле соодветен културно-забавен центар и простор за независната културна сцена безмалку 7 ...
Кремљ и руски медиуми шпекулираат дека ЕУ би можела да ја нападне Русија до 2027 година, но тоа не е официјална позиција ниту политика на самата ЕУ. Голем дел од подготовките за воена мобилизација и зајакнување на капацитетите до 2030 г. имаат сосема одбранбен карактер – не подразбираат напад, туку се одговор на потенцијалната руска експанзија. Европската Унија е политички и економски сојуз на држави кој се темели на принципите на демократија, ...
Зеленски го потпиша законот кој ја ограничува моќта на двете клучни антикорупциски агенции во земјата. Ова предизвика остри критики од меѓународните партнери, но и масовни протести на улиците во Украина. Ваквата ситуација ги поттикна дезинформациите од Русија која ги искористи протестите против корупцијата за да посее раздор и да го поткопа имиџот на земјата на глобалната сцена. Службата за надворешно разузнавање на Украина (ФИС) издаде остро ...
Интерпелацијата е изгласана, ама таа нема обврзувачко дејство – разрешувањето на државниот обвинител е возможно само преку процедура уредена co Законот за јавното обвинителство и не предвидува можност за политичка одговорност – каква што е интерпелацијата. Владата може да поднесе предлог за негово разрешување до Собранието, но претходно мора да добие позитивно мислење од Советот за јавни обвинители, а конечната одлука ќе ја донесат пратениците ...
За да ги употреби овие термини, особено обвинувањето за пироманство, владејачката партија треба да поседува цврсти докази, кои во овој случај би требало да бидат поткрепени најмалку со судски прифатен обвинителен акт во кој јасно се наведува и се поткрепуваа со факти дека тие и тие лица потпалувале пожари по налог на партијата СДСМ или по налог на раководни лица од партијата, без оглед дали самите потпалувачи имаат психички нарушувања или пак ...
Премиерот „пресече“ – пензиите ќе се зголемат линеaрно, пред избори, за 1.000 денари. Власта експресно ги предложи, а парламентот исто така експресно ги изгласа за законски измени со кои се отвори патот за линеарен пораст на пензиите. Со овој потег повторно се напушти сегашниот модел за раст на пензиите – усогласување според стапката на инфлацијата и растот на просечната плата. Експертите што ги консултираше „Порталб“ велат дека новата ...
Податоците од статистиките што ги водат домашните и европските институции за бројот на шумски пожари укажуваат на десеткратно помали бројки од тврдењето на опозицискиот СДСМ. Имено, во земјава во просек годишно горат ококу 8,4 илјади хектари шуми и нискостеблести растенија, а според Европскиот информативен систем за шумски пожари заклучно со 22 јули изгореле нешто над 12 илјади хектари, што е 1,2 отсто од вкупниот шумски фонд СДСМ во ...
Вирални видеа се дел од дезинформациска кампања на фалсификати во маркетиншкиот простор, а не вистински „откритија“ за производители на луксузни стоки во Кина. Тие влијаат негативно на граѓаните чии пазари ги таргетираат, но и на економиите на цели држави, како и на генералната репутација на брендовите познати по децениски квалитет. Постојат сомнежи за координирана кампања на странско малигно влијание поврзано со овие видеа и има јасни заеднички ...
Извештај на непрофитната група „We move Europe“ забележа 125 објави кои јасно ги прекршуваат санкциите на платформата во сопственост на Илон Маск. На пример, во објава што ја споделило руското Министерство за надворешни работи на „Икс“ – извадок од документарец продуциран од Раша тудеј, се споделувала лажна приказна за соработник на Адолф Хитлер кој бил „воздигнат на ранг на национален херој од страна на режимот во Киев“. За да се избегнат ...
С. Македонија, како земја која е членка на НАТО и во процес на преговори за членство во ЕУ, се наоѓа во чувствителна фаза на демократска и институционална консолидација. Црквата, со своето влијание врз јавноста и посебно врз конзервативниот дел од популацијата, игра улога во оформувањето на перцепцијата за геополитичката ориентација на државата. Реториката на „загубениот суверенитет“, „диктатот од Брисел“ и „западното расипништво“ што доаѓа и од ...
С. Македонија, како земја која е членка на НАТО и во процес на преговори за членство во ЕУ, се наоѓа во чувствителна фаза на демократска и институционална консолидација. Црквата, со своето влијание врз јавноста и посебно врз конзервативниот дел од популацијата, игра улога во оформувањето на перцепцијата за геополитичката ориентација на државата. Реториката на „загубениот суверенитет“, „диктатот од Брисел“ и „западното расипништво“ што доаѓа и од ...
И покрај тоа што Извештајот за напредокот на С. Македонија во себе содржи бројни препораки, пофалби, но и подрачја во коишто се очекува и се сугерира дека треба да има поголем напредок, сепак тие како да „пропаднаа“ во антизападните наративи и обвинувања против Европската Унија, НАТО и Европската комисија за работи коишто не се реалност – „дека тие ги избришале македонскиот јазик и идентитет“. Сето тоа од страна на некои актери на социјалните ...
Во следните три години, само по основа на доспеани еврообврзници, државата трeба да врати 1.900.000.000 евра. Во истиот период, јавниот долг ќе се одржува на ниво oд над 60% од БДП. Во новата Стратегија за управување на јавниот долг, се забележува дека државата спроведува политики на консолидација на јавните финансии, пишува „Порталб“ Четири години по ред, вклучувајќи ја тековната 2025, следната 2026, 2027 и 2028 година, јавниот долг ќе биде ...
Во Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од тие две жени не е само личен напад — туку порака до сите други жени кои размислуваат да се кандидираат или да се вклучат во јавниот живот. Ако жените што се на функција се оставени без заштита, без поддршка и без гласна осуда, тогаш жените во општеството ...
Забраната за шетање во шуми не е ништо ново и таа се спроведува години наназад со цел превенција од пожари во летниот период. Оваа забрана нема никаква врска со некакви агенди и ограничување на движењето на луѓето заради некои други цели, како што тоа сака да го прикаже објавата Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не ...
Пратеничката Стојаноска искажа невистина и полувистина околу пожарите и капацитетот на Владата за справување со пожарите, при што го апострофираше времето, односно колку траеле пожарите во просек годинава и подготвеноста, односно капацитетноста на надлежните за справување со огновите на отворен и затворен терен Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во дел од прес-конференцијата за амандманската расправа околу ребалансот на Буџетот искажа ...
Седум министерства за половина година потрошиле помалку од 10 отсто од годишната сума за капитални расходи. Највисока реализација од 99,5 отсто има во Министерството за односи меѓу заедниците, но се работи за буџет од околу 9.000 евра. „Моторот“ на јавните инвестиции се ресорите кои располагаат со милионски буџети за оваа намена – само еден ресор од оваа група успеал да оствари над 50 отсто од планот, а дел не успеале да реализираат ниту ...
НАТО не е во војна со Русија и не е страна во војната, туку го поддржува правото на Украина да се брани и дава поддршка за долгорочна реставрација на земјата. Војната во Украина ја почна Русија, а ЕУ и НАТО воопшто не сакаат конфликт со Русија. ЕУ исто така помага Украина да закрепне од штетите што Русија ги предизвика од 2022 година кога ја бомбардираше земјата Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Москва: НАТО и ЕУ ...
Во Тетово и Струга се регистрирани помалку живородени деца, но Тетово во првите три месеци од годинава, сепак се „држи“ во зона на позитивен природен прираст. Конечните податоци на статистичарите покажуваат дека ланската година демографски е уште поразочарувачка од 2023, со негативен природен прираст од 4.140 повеќе починати од новородени, пишува Порталб Состојба со новородени и природен прираст во Тетово, Гостивар, Струга, Дебар Трендот на ...
Можеби Меџити е во право кога вели дека Арсовска не сработила ништо за Општина Чаир и спречила изградба или доградба на инфраструктурни инвестиции. Но, исто така е можеби точно тврдењето на Арсовска дека таа спречила досега 150 дивоградби во Чаир, исто како што документите што ги покажува за конкретните примери личат на фалсификати, а Обвинителството покрена истрага. Наместо да го искоментира тоа, Меџити користи техника на спинување избегнувајќи ...
Стефковски во предизборната програма потенцираше дека градинките и училиштата мора да ги исполнуваат најсовремените стандарди за образование и воспитание на нашите деца, па затоа е планирана изградба на 4 нови детски градинки. Но, неговото ветување е неисполнето, бидејќи на 4 месеци пред истекот на неговиот мандат и новите локални избори во октомври 2025, се градат само 2 (две) нови детски градинки, во Инџиково и Трубарево Во предизборната ...
Не е точно дека војната во Украина е војна на Европската Унија, како што тоа сака да го прикаже објавата. Ваквото тврдење оди во прилог на про-Кремљ дезинформациите дека Русија не е виновна за војната во Украина, дека војната ја почнале ЕУ и НАТО, а Русија само се брани Анализираме објава на Фејсбук која вели: 25.000 долари за регрутација во Украина и плус 25.000 долара за една година во војна … Од каде пари на Украина кога стотина свои ...
Овие гурмански специјалитети одекнаа толку силно што ја задушија пораката на еврокомесарката дека идентитетот никој не може да ни го одземе. Нејзината изјава беше покомплексна и со поинаков контекст, но во јавноста беше потенциран фрагментот со македонската кујна и беше пренесен еден симплифициран, прилично упростен исказ. Високата гостинка, несомнено, немаше намера да нè навреди, ама ете ги изговори тие зборови, иако веројатно можеше да се ...
Овие гурмански специјалитети одекнаа толку силно што ја задушија пораката на еврокомесарката дека идентитетот никој не може да ни го одземе. Нејзината изјава беше покомплексна и со поинаков контекст, но во јавноста беше потенциран фрагментот со македонската кујна и беше пренесен еден симплифициран, прилично упростен исказ. Високата гостинка, несомнено, немаше намера да нè навреди, ама ете ги изговори тие зборови, иако веројатно можеше да се ...
Неделава реномираниот „Форбс“ го потврди модусот, дека во просторот на дезинформациите, вештачката интелигенција (ВИ) е клучното оружје во засилувањето на лажните наративи, а моделот „Вео 3“ на Гугл, е во центарот на некои кампањи со измислени хиперреалистични фалсификати што циркулираат, со тврдење дека прикажуваат сцени од конфликтот меѓу Израел и Иран Пишува: Мирослава Симоновска Силен бран од видеоматеријали и фотографии креирани со ...
Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година – според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3 отсто. Во новата Фискална стратегија 2026-2030, која беше предвесник на ребалансот на буџетот, се посочува на поголем трговски дефицит од моментално проектираниот, пишува Порталб.мк Ценовен раст За разлика од сегашните буџетски позиции, според новите буџетски проценки, инфлацијата, ...
Имунизацијата и прележаните инфекции, а не Путин и неговата воена инвазија врз Украина, допринесоа да се стави крај на ковид пандемијата. Што се однесува до тврдењето во објавата дека Нетанјаху, со нападот на Израел врз Иран го ослободил светот од Украина, исто така не држи вода. Прво, Украина не е агресор и закана по светската безбедност, па светот се ослободува од неа. Русија продолжува со својата воена агресија, а за тоа известуваат светските ...