
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Манипулација е да се поврзува една лекарка без диплома со корона вирусот и вакцините. Авторот на објавата тврди дека илјадници лекари ги убедувале граѓаните за корона вирусот и да се вакцинираат со генска терапија. Станува збор за дезинформација зашто корона вирусот постои и зашто анти-ковид вакцините немаат врска со генетска терапија, односно не влијаат врз генетскиот систем кај луѓето Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која ...
Објавата која ја анализираме, споделува видео од интервју на австралиска телевизија од 1965 година со непознат човек кој себеси се претставува како научник и кој теоретизира дека Месечината е направена од плазма и оти слетувањето на неа би било невозможно. Неговите тврдења се спротивни на реалноста. Четири години по неговата изјава и теорија, во 1969 година човекот стапна на Месечината Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека Месечината е ...
Доколку шефот на Николоски, премиерот Мицкоски на два пати се откажа од т.н. „меден месец“, односно 100 дена пауза на оценки и критики на владата за да се организира и да ги воспостави полугите на извршната власт, недоследно е сега вицепремиерот да се жали и на опозицијата и на медиумите и на невладините дека ги попречиле „да испорачуваат проекти“ Изјава на Александар Николоски, вицепремиер и министер, а во врска со џентлменски 100 дена за ...
ДУИ неосновано тврди дека поништување на тендерот за поставување на сообраќајна сигнализација на државните автопати во согласност со законот за употреба на јазиците е без преседан, божем не се правеше кога директор на ЈП држaвни патишта беше од нивните редови и нивниот последен коалиционен партнер. Исто така, без докази се тврди дека менувањето на таблата кај Блаце било насилно и вонинституционалнo. А, се разгоруваат и емоциите со тоа што во ист ...
Без оглед на сите научни докази, широко се распространети наративите исполнети со теории на заговор кои го отфрлаат постоењето на фактори кои влијаат на климатските промени. Едно неодамнешно меѓународно истражување покажува дека во просек, околу 17 отсто од испитаниците ја сметале за вистинита теоријата на заговор дека климатските промени се измама. Таква теорија на заговор се споделува и во објавата која ја анализираме, која споделува измислици ...
На страницата на Министерството за надворешни работи нема споменување на смрзнување на договор за борбени авиони, откако бил уапсен Павел Дуров, основачот на апликацијата Телеграм, наводно близок пријател на синот на премиерот на Обединети Арапски Емирати. Било изработено и неверодостојно, лажно видео во кое се претставува како медиумот Ал Џезеира да известила за наводното откажување на договорот за купување на 80 француски борбени авиони ...
Според податоците на Државната изборна комисија, на парламентарните избори Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи со освоени 436.407 гласа со што освои 58 мандати во шест изборни единици Анализираме објава на Тредс која тврди дека пред четири месеци ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски извршиле државен удар во Македонија. Државен Удар имаше пред 4 месеци во Македонија од страна на Мицко и компанија…Чекаа да се ...
САД не спровеле државен удар во Украина во 2014 година и не се виновни за депопулацијата на Украина, како што сака тоа да го прикаже објавата која ја анализираме. Точно е дека Украина има најголема смртност и најмал наталитет во последната година, но тоа, како што покажуваат анализите на украинските официјални институции, се должи на руската инвазија, а не на Америка. Во последните две години морталитетот особено е зголемен во регионите кои се ...
Во рецензираната објава се пропушта контекстот. Стар говор на Путин од 202 година, со поинаква содржина, која се однесува на Крим, се става во актуелен контекст како небаре да се однесува на последиците кои би настанале по евентуална дозвола Украина да може користи странско оружје со долг дострел на руска територија. Ваквиот потег претставува поигрување, односно манипулација со контекстот, односно со смислата на обраќањето на Путин Рецензираме ...
Огромна енергија, главно негативна, е потрошена во изминатите денови околу објаснувањето и презентација на штетата што ни била направена како држава и народ со тоа што Бугарија за време на фотосесијата помеѓу Радев и Сиљановска-Давкова не го постави државното знаме. Општеството повторно е радикално поделено, а двете главни партии, очекувано, застапуваат сосема спротивставени ставови. Никој не сака да ја погледне пошироката слика. Останувањето на ...
Објавата која ја анализираме ги шири добро познатите теории на заговор во врска со терористичкиот напад на САД на 11 септември 2001 година. Овие теории на заговор, иако се дебанкирани, продолжуваат да се пропагираат и 23 години по настанот, а истите се реактуелизираат околу 11 септември кога се одбележува годишнината од овој кобен напад. Факт е дека утрото на 11 септември 2001 година членовите на терористичката организација Ал Каеда киднапираа ...
НАТО не препорачува и не подготвува војна. НАТО е одбранбена алијанса и мит е дека оваа организација е во војна со Русија или сака да предизвика конфликт со Русија, како што тоа сака да го прикаже пропагандата на Кремљ Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која тврди дека НАТО препорачува и прави војна. НАТО препорачува и прави војна : ” БИДЕТЕ СПРЕМНИ ЗА ВОЈНА “. Нато и Русија колку се поблиску еднен до друг ,МОЖНОСТА ЗА ВОЈНА Е ...
Принцезата од Велс не зборуваше за никакви ефекти на хемотерапијата, туку само наведе дека ѝ олеснало што завршила со циклусот на хемотерапии откако ѝ беше дијагностициран карцином. Kако што e општо познато, хемотерапијата се користи за третман на карциноми и функционира на начин што ги убива или го забавува растот на брзорастечките канцерогени клетки. Сепак, може да има свои несакани ефекти Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во ...
Сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук – компанијата „Мета“ вчера соопшти дека ги забранува „Раша Тудеј“ (ТР), „Росија Сегодња“ (Rossiya Segodnya) и другите руски државни медиумски мрежи, тврдејќи дека овие медиуми користеле измамнички тактики за да вршат операции на влијание, пренесе „Гардијан“. Спроведувањето на забраната ќе се случи во текот на следниве денови. Освен на Фејсбук, медиумите ќе бидат забранети и на Инстаграм, Вотсап и Тредс. ...
Во оваа 2024 година од задолжување на домашниот пазар се очекува буџетски прилив во износ од 896 милиони евра, а од задолжување во странство скоро 725 милиони евра – и по двата основи има пораст на задолжувањето во однос на претходните буџетски проценки, пишува Порталб.мк. На врата на јавните финансии „тропа“ унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој, според најавите од Владата, ќе се трошат догодина. Со јавен долг кој се приближува до 9 ...
Видео материјалот од објавата што ја рецензираме е компилација од три различни видеа. Но, приказната со еленчето кое почнало да се дави во базен од куќа не завршува така како што е презентирано во објавата. Напротив, тоа е спасено и ослободено, а за тоа извести реномирана американска телевизија пред 6 години Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал кој е составен од три посебни видео материјали. Тие ...
Килограм домати од 69 денари па нагоре, килограм пиперки над 100 денари, килограм праски скоро 80 денари – летото заминува, но цените на овошјето и на зеленчукот во маркетите и зелените пазари останаа „жешки“ Јулски пораст на цените на шеќерот, месото, маслото на светските берзи. Ценовно намалување кај млекото, млечните производи и житариците. Домашните финансиски институции очекуваат контролирана и намалена инфлација во 2024 година, но, сепак, ...
Изградба на пругата кон Бугарија ветуваа сите политички елити во овие три децении, а нејзината изградба е започната во октомври 1994 година. Само три дена по изборот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, власта испрати пораки дека пругата кон Бугарија е така проектирана да биде најскапата во светот и да завршува во тунел без излез од другата страна. Набрзо следеше најава од Мицкоски за запирање на изградбата на оваа пруга и пренасочување на ...
Различните фактори што влијаат врз препознавањето на разликите меѓу фабрикувани и вистински политички говори во различни медиумски формати се предмет на новообјавено научно истражување. Резултатите покажаа дека прецизноста на препознавањето на фабрикувани материјали се зголемува кога има пристап до дополнителни информации од медиумите или други комуникации на оној што го држи говорот. Што повеќе информации, тоа подобро се препознава ...
По нашата проверка на фактите, утврдивме дека ова видео нема никаква врска со свадбата на која бил претседателот на Собранието. Во дел од медиумите претходно се појави видео од свадбата на кое, како што беше објавено, може да се види и слушне како на микрофон го канат Гаши да го поведе орото. Дококу се направи споредба меѓу двете видеа, се приметува дека тие се снимени на различни места: амбиентот и декорот на салата од видеото кое го ...
Манипулативни објави на Фејсбук прикажуваат историски мапи, на кои се гледа дека територијата на денешна Украина некогаш била под власта на нејзините соседи, што создава впечаток дека таа е вештачка творба, составена од туѓи територии. Воедно, се турка и наративот дека Украина ги добила тие територии како „подарок на тацна“, но во реалноста, Украинците воделе напорна и долготрајна борба за нивно ослободување Во објава на социјалната мрежа ...
Законските измени за линеарно зголемување на пензиите се екстремно важни и со огромно влијание врз иднината и на пензионерите и на идните пензионери. Но, освен ова, кога се зборува за опструкции во Собранието, уште поважно е „да се погледне во огледало“ и потоа да се даде оценка за политичка доследност. А, ВМРО-ДПМНЕ како опозиција и како власт е сосема различна партија кога станува збор за однесувањето во Собранието, па и не само таму Шефот на ...
Во објавата, покрај невистините, се користи и навредлив говор од најдолен вид кон Американската амбасада и се дезинформира дека таа, а во поширока смисла и самите САД се газди на македонските домашни процеси, што е далеку од вистината. Амбасадата на САД досега во дезинформациски наративи беше обвинувана и за тоа дека наводно учествувала во внатрешни кривично-правни настани, без никаква основа и сосема клеветнички Рецензираме објава на ...
Ниту поранешниот премиер Заев има бугарско државјанство, ниту Договорот за добрососедство со Бугарија е неважечки. Заев за „Вистиномер“ децидно тврди дека објавениот документ од наводното негово бугарско државјанство, не е веродостоен, туку е креиран од поединец со лоша намера. Заев вели дека има само државјанство на С. Македонија и дека никогаш не побарал државјанство на ниедна друга држава Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, ...
Видеото во објавата прикажува девојчиња во школски двор заедно со нивната наставничка, во еден момент едно од девојчињата го исплазува јазикот, а потоа покажува и среден прст кон камерата. Текстот во видеото и музиката се на македонски јазик што алудира дека тоа е снимено во С. Македонија, што не е вистина. Вакви униформи немаат децата во нашите училишта. Пребаруваќи ги униформите на децата може да се забележи дека слични вакви униформи носат ...
Објава на Фејсбук споделува клип, во кој потпретседателката на САД и кандидатка за претседател од Демократската партија, Камала Харис, држи некаков говор, во кој револтирано го споменува Божиќ, што авторот на објавата лажно го толкува како напад врз христијанството. Изјавата на Харис е дадена на една прес-конференција одржана во декември 2017 г. и тука во објавата е извадена од контекст. Во тој месец Американците го празнуваат Божиќ, па Харис го ...
Камала Харис прими вакцина против ковид-19 на 29 декември 2020 година на телевизија во живо во обид да ја зајакне довербата на јавноста во имунизацијата. Таа ја прими вакцината на Модерна. Снимката од овој момент може да се види и на Ројтерс и на C-SPAN. За вакцинација на Харис, користен е шприц со заштитно капаче, пишува во својата проверка на факти ДПА. Капачето се превртува настрана непосредно пред инјектирањето Објава на Фејсбук споделува ...
Објава на Фејсбук цитира изјава на екс-министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, поткрепувајќи го тоа со еден дубиозен грчки медиум, а тој самиот се повикува на објава на некој Твитер-корисник, чија релевантност и кредибилност се под огромен знак прашалник. Наводната изјава на Кулеба е толку провокативна, што би требало да биде на насловните страни на сите релевантни светски медиуми, но неа во нив ја нема никаде, а сето тоа е ...
Во пресрет на првите „100 дена новата Влада“, досега, официјално се најавени четири големи инвестиции во вкупна вредност од 620 милиони евра и со опфат на 1.600 вработувања. Заклучно со јули годинава вредноста на странските директни инвестиции изнесува 590 милиони евра или 4 отсто од БДП. Според податоците, годинава има раст на странските инвестиции, но јавните засега се на “инфузија“, пишува Порталб.мк. Големи најави за големи инвестиции Само ...
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, би требало добро да знае дека улогата на членовите на Мешовитата македонско-бугарска комисија е првенствено утврдување на научната вистина, т.е. на фактите, а одбраната на националните интереси е првенствена грижа на политичарите. Зашто ако научната вистина до која се доаѓа преку утврдување на факти и нивно научно толкување во дадениот временски контекст не се совпаѓа со националните и државните интереси, ...