
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Атрактивната гевгеличанка, модел, поранешна ријалити учесничка, а од поново време и сопственичка на бутик во родната Гевгелија, Александра Накова, секој месец април и е посебен, а тоа е така веќе деценија наназад. За Накова повод и причина за споделување нови фотографии и објавување на привтни моменти, не мора да има, но овој пат случајот беше спротивен на тоа. Имено, нејзината наследничка Леа веќе потпорасна и наполни 10 години. Гордата мајка ...
Хана Икодиновиќ, ќерката на пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, неодамна го прослави својот 18-ти роденден, а сега на својот профил сподели серија фотографии од едно нејзино патување за време на „роденденскиот месец“. Хана, судејќи по објавите, уживала на планина, а покрај гастрономските специјалитети, во фантастичната глетка уживаа и нејзините следбеници. Но, една фотографија особено го привлече вниманието на ...
Пејачката Емина Јаховиќ живее во Турција во луксузно опремен имот со своите синови кои ги имаше од бракот со поранешниот сопруг Мустафа Сандал. Емина неодамна на Инстаграм покажа дека има теретана во својот дом и предизвика многу коментари. Емина многу се грижи за својот изглед и здравје, а не пропушта тренинзи каде и да е. Таа сподели како изгледа еден од нејзините тренинзи дома. Емина Јаховиќ еднаш откри дека несебична поддршка во потрагата ...
Пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани доживеа несреќа на скијање од која се уште се опоравува, а денеска на својот Инстаграм профил објави фотографија со Срѓан Ѓоковиќ кој се наоѓа во истата болница. Имено, Ѓани почнал со физикална терапија која според неговата сопруга Слаѓа Трајковиќ оди во одлична насока, а од повредата се опоравува и Срѓан Ѓоковиќ, татко на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Срѓан Ѓоковиќ имаше операција поради компликации од ...
Александра Младеновиќ моментално се наоѓа во Доминиканската Република, каде објави провокативна фотографија во костим за капење, која предизвика бура од позитивни коментари. Александра Младеновиќ (30) настапува со полна пареа, а кратката пауза меѓу бројните свирки во земјава и странство ја искористи за да „избега“ на потоплите краишта и да снима нови песни, кои таа и нејзините соработници со месеци ги „крчкаа“ во музичкото студио. Атрактивната ...
ОВЕН Фокусирајте се на задачите кои ви се наложуваат, денеска е ден за извршување а не за започнување нови потфати. Прекумерниот замор може негативно да влијае на вашиот тонус, затоа не преоптоварувајте го распоредот. Мирен ритам ќе ви користи. БИК Вашата креативност е во пораст денеска, време е да покажете што можете да направите. Ако имате шанса да се истакнете со талент или идеја, зграпчете ја. Бидете внимателни со парите, не купувајте ...
Секоја врска има свои подеми и падови, но кога е време да побарате помош од надвор? Кои знаци укажуваат дека е време да одите на брачно советување? Како тоа може да ви помогне да го зачувате бракот? Брачното советување е важен чекор кон решавање на проблемите во врската и подобрување на комуникацијата меѓу партнерите. Најдобро е да побарате помош штом почнат да се појавуваат знаци на стрес во врската. Раната интервенција може да спречи да се ...
Драги девојки, замислете има работи кои мажите не поднесуваат да ги правите во креветот. Доколку тоа ви е битно и сакате максимално да го задоволите партнерот, подобро прочитајте кои се тие. Мажите не можат да поднесат кога жените лежат како дрва. Ова мажите страшно ги иритира. Според нив жената мора да биде активна и тогаш кога мажот го достигнува врвот. Виткајте се, гребете, покажете му на партнерот дека го посакувате исто толку колку и тој ...
„Под исто небо“ е слоганот на седмото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кое ќе се одржи од 23 до 25 април во Сули Ан, Скопје. Фестивалот годинава ќе ја прослави моќта на литературата и илустрацијата како универзален јазик што ги поврзува децата од различни култури и општества. Во рамки на „Литера 2025“ ќе се организираат интерактивни работилници, средби со автори и илустратори, како и специјални ...
На 11 април 2025 година, со концерт на Националниот џез оркестар, ќе биде свечено отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. На Градскиот плоштад во Гевгелија, со почеток од 19:30 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи со репертоар на незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена. Овие безвременски мелодии ќе добијат нов, уникатен звук преку специјално адаптирани аранжмани за изведба ...
Високиот шеќер во крвта е состојба којашто многу луѓе не ја препознаваат веднаш, иако може да предизвика сериозни здравствени проблеми потоа. Меѓу признаците за оваа појава се промените на лицето, кожата итн. Промените во кожата, обликот на лицето, па дури и кај очите може да укажуваат на тоа дека Вашето тело има проблеми со контролирањето на шеќерот во крвта. Заобленото и надуено лице, на пр., може да биде резултат на прекумерно трошење на ...
Цвеќињата внесуваат посебен шарм, ведрина и радост во секој дом, па доколку жената добие посебен цвет или букет како подарок, можно е на едноставен начин да се зачува неговата свежина и до 10 дена. Имено, првиот чекор за зачувување на свежината на цвеќето е правилно сечење на стеблото. Тоа треба да се исече под агол од 45 степени, додека сѐ уште е под вода. Оваа постапка го спречува влегувањето на воздух во стеблото, со што се овозможува подобро ...
Во просториите на Меѓународниот Балкански Универзитет денеска во 17 часот ќе се одржи предавање на поранешниот претседател на Република Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ, на тема „Врската помеѓу музиката и политиката“. Предавањето е организирано од Меѓународен Балкански Универзитет (МБУ), во соработка со Меѓународниот Центар Алијанса на Цивилизациите (ICAC). Настанот претставува уникатна можност за академската заедница и пошироката јавност да ...
Млад и инспиративен, Петар Трајанов е име што сè почесто се спомнува кога станува збор за врвна инструментална изведба. Роден во музичко семејство, уште од најрана возраст го чувствува пулсот на музиката. Пијаното е неговата прва љубов, но со текот на времето неговата музичка приказна се проширува со звуците на автентичниот шмек на гајдата и хармониката. Овој талент и труд не остануваат незабележани. Сашко Велков, еден од најголемите македонски ...
Дејан Матиќ и Драгана Катиќ заедно со Саша Милошевиќ – Маре се судии од најновото издание на шоуто „Никогаш не е доцна“. Водителката за кратко ќе се пресели од големата сцена на друга улога, а пред почетокот тимот ги направи последните подготовки зад сцената. Бидејќи нема многу полемики околу организацијата на шоуто, кое е на завидно ниво, по излегувањето на сцената, Дејан пред почетокот на снимањето изведе проба со оркестарот. Непосредно пред ...
Српската пејачка Тијана Милентијевиќ, алијас Тијана Ем, целосно се деформирала. Близок пријател на Тијана за српските медиуми изјавил дека пејачката за краток период успеала да накачи 20 килограми, поради што повеќе не личи на себе. „Тијана во последно време многу се опушти, поточно во последните шест месеци. Откако влезе во емотивна врска со гитаристот од нејзиниот бенд Дарко, престана да се грижи за себе и за својата линија. Неодамна почнаа ...
Поранешниот телохранител на Дејвид и Викторија Бекам, Крег Ајнсворт, е пронајден мртов во Шпанија. Како што пренесуваат светските медиуми, Крег Ајнсворт, кој бил телохранител и на многу други познати личности, бил пронајден мртов откако претходно е пријавен за исчезнат. Работел за семејството Бекам од 2013 до 2015 година и бил телохранител на Џони Деп, Џенифер Лоренс и Арнолд Шварценегер. Неговата мајка ја објави трагичната вест на социјалните ...
Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ пред шест години го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. Гоца Шаулиќ јасно се сеќава на нивниот последен разговор, а тоа се случило токму додека таа го придружуваше на ова кобно патување. Како што рекла, никогаш нема да ја заборави таа сцена кога ќе истрча во дворот да го прегрне Шабан. – Не знам. Секогаш мислам дека можеби требаше да му кажам нешто друго кога ќе замине на пат, но не знам ни што ...
Македонската пистелка, музички текстописец и се’ повеќе влијателна инфлуенсерка Ксенија Николова е една од оние која секојденвно ја има на социјалните мрежи. Нејзините романи се четиво кое треба да го прочитате ако не повеќе барем за разонода, нејзините стихови во песните на македонските изведувачи веројатно ги пеете или барем потпевнувате, а можеби и без да знаете дека таа е автор на истите… Ама затоа нејзините фотографии и видеа на ...
Злата Петровиќ живее во луксузен дуплекс во Белград за кој вели сама го заработила. Таа истакнува дека сите заработени пари ги вложила во недвижен имот, а покрај куќата во која живее со синот Јован, поседува и неколку станови во главниот град на Србија. – Целиот стан е мое катче, бидејќи како и повеќето мои колеги, постојано сум на пат, по хотели, а она што најмногу го сакам е мојата оаза, мојата куќа, мојата слобода. Многу ми се допаѓа кујната ...
Позната фолк-пејачка Сузана Гавазова објави фотографии од својата наследничка и со многу емоции јавно и се обрати на кратката приказна на Инстагарам. Имено, по повод роденденот на ќеркичката, пејачката го отвори албумот со убави спомени и ѝ посвети посебна порака. – „Немој да се менуваш за луѓето да те сакаат. Биди она што си, а вистинските луѓе ќе ја сакаат вистинската ти.“ Среќен 11-ти роденден ќерко моја, да си ми жива и здрава, да ти се ...
Тагата и жалот по она што се случи на кобниот 16-ти март нема да минат никогаш… Не барем така бргу. Зашто премногу се свежи раните кои не зацелуваат довека и везден ја копаат душата. Длабока е болката за која нема ниту лек, ниту зборови на утеха… Особено за оние кои изгубија деца, сопруги и сопрузи, колеги… „До следниот пат“ беше порака која ДНК ја оставаа по секоја свирка и средба со фановите, но сега веќе не завршува со три точки како ...
Пејачката Гога Секулиќ еднаш откри дека за турбофолк песната „Гачице“ морала да земе кредит. – За албумот„Гачице“ морав да ја подигнам разликата од кредитот и тоа сега неодамна ја исплатив, бидејќи имав кредит и за станот – изјави претходно пејачката. – Сите велат дека парите ги надополнуваме за една вечер, но тоа не е точно. Инвестициите се големи. Понекогаш наоѓам спонзор за музички спот, неколку пати татко ми или пријатели ми го позајмуваат. ...
Теа Таировиќ покажа премногу на настап додека на сцената заводливо танцуваше на нејзиниот хит „Хајде“. Теа, за која се вели дека е „Кралицата на бакшишот“, е позната како некој што има лудило перформанс на сцената и игра, што би рекле многумина, за сите пари. За да не се повтори ситуацијата од пред неколку години кога градите ѝ испаднаа од фустанот за време на танцување, Теа овојпат цврсто ги држеше со рацете додека „замеша“ на сцената. ...
Ако пред три недели се собраа за роденденот на мама Брана, изминатиот викенд Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ повторно имаа повод за славење, овој пат јубилеен. Имено, штом Тијана повторно допатува до Скопје, јасно беше дека има посебен повод – овој пат роденденот на тато и дедо Велко. Пензионираниот професот по контрабас, Велко Тодевски во присуство на своите најмили го прослави својот јубилеен 80-ти роденден. Ќерките и тоа како се погрижиле ...
Песната „Ако утре ме нема“ од ДНК доби нова, длабоко емотивна димензија во изведбата на познатата македонска пејачка и универзитетски професор Андријана Јаневска. Таа настапи заедно со Битолскиот камерен оркестар и виртуозот Благојче Трајковски на кларинет. „Еден од најтешките настапи во мојата кариера… „Ако утре ме нема“ ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“ – напиша Јаневска на својата ...
Синот на пејачката Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ и неговата девојка Мелани Димитријевиќ неодамна уживаа во Дубаи, а потоа и во Трст, каде присуствуваа на свадба. Мелани е многу активна и на социјалните мрежи, па само на Инстаграм ја следат десетици илјади луѓе. Фотографии во бикини на плажа, комбинации кои го истакнуваат нејзиниот затегнат стомак, широка насмевка и деколте, сето тоа можеме да го видиме на нејзините фотографии. Имено, снаата на ...
ОВЕН Денеска на дневен ред ќе биде комуникацијата со другите. Ќе разговарате за важни теми со најблиските, колегите или партнерите. Може да се соочите со напнатост или тешки избори, но доколку покажете тактичност и флексибилност, ќе постигнете договор. БИК Денеска ќе имате бистар ум и чувство за скриените нешта, добро време за анализа или откривање тајни. Сепак, бидете внимателни со она што го кажувате, бидејќи постои ризик ненамерно да ...
ОВЕН Вашата посветеност почнува да се исплати, денот носи добри вести поврзани со личните напори. Не плашете се да вложувате во она што ве инспирира. Заедничките успеси со вашите најблиски ќе ја направат радоста уште послатка. БИК Денот е одличен за средби и разговори со нови луѓе. Преку комуникација, можете да откриете нова насока или инспирација. Најдете одговори на прашањата кои долго време ги одложувате размислувајќи за тоа што навистина ...
Уште еден голем музичар си замина од музичката сцена – Раим Баки. Тој беше виртуоз на инструментот ут и чувар на традицијата, кој напарави многу за македонската чалгија. Имаше репртоар од над 600 песни, трисетина снимени цедиња, меѓу кои и „Антологија на македонската чалгија“. Настапувал со најпознатите македонски пејачи: Сариевски, Бадев, Васка Илиева. Ги учеше младите генерации на традиционалната македонска музика, а на настапите заштитен ...