Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Новата песна „Дај ми“ на Симона Поповска е спакувана во современ афро хаус стил, а дополнителна свежина внесува перкусионистот Бока Конга, чии живи перкусии природно се вклопуваат во аранжманот и ѝ даваат препознатлива динамика. Но, зад заразниот ритам и летната атмосфера се крие приказна што е блиска на речиси секој човек. „Дај ми“ ја отвора темата за современите љубовни односи и дилемата со која денес се соочуваат и жените и мажите – дали ...
ОВЕН Што и да правите денеска, обидете се да бидете покреативни и да излезете надвор од рамките и клишеата – особено доколку сте посветени на креативна работа. Комуникацијата со другите ќе биде многу ефикасна, затоа споделете ги вашите идеи и планови. Денеска некои од вас ќе добијат заслужена награда. БИК Денешниот ден ќе биде за вас особено погоден кога станува збор за реализација на вашите идеи, креативни проекти и професионален развој. ...
Сандра Африка уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните пејачки на српската естрада, а секси видеото во латекс сите го споделуваат! Многумина на социјалните мрежи коментираат дека пејачката изгледа сè помладо и подобро, а нејзиното најново видео предизвика вистинска лавина од реакции. Сандра пред камерите позираше во тесен беж корсет од латекс кој во прв план го истакна нејзиното деколте и фигура, додека стајлингот го надополни ...
Филмот „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски, ќе биде прикажан вечерва(вторник) во 20.15 часот во Кинотеката на Македонија. Проекцијата е во рамките на фестивалот „Скопско лето“. Филмот ја имаше премиерата во 2018 година. Сценариото е на Манчевски, заедно со В.П. Розентал, а главните улоги ги толкуваат: Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Јановиц. Во центар за престој за бездомници во Њујорк, документарна екипа ја наоѓа Бикини Мун Дејвис, ...
Славната Колумбијка, Софија Вергара (54), испраќаше поддршка до фудбалерите на Мундијалот, меѓутоа, ова натпреварување заврши за колумбиските репрезентативци. Не помогна ниту тоа што Софија навиваше за нив. За да ја прекине серијата фотографии на кои е во навивачки модни изданија, убавата актерка позираше во долг, шарен фустан со интересен исечок на градите. Овој пат, таа имаше посебен повод – наполни 54 години. View this post on Instagram A ...
Тајните во врската не се секогаш знак на измама или неискреност. Експертите објаснуваат дека партнерите честопати молчат одредени работи од страв од конфликт, отфрлање или повредени чувства. Целосната искреност звучи како идеал кон кој секој се стреми, но психолозите истакнуваат дека речиси секоја врска содржи некоја скриена мисла или чувство. Причината обично не е лоша намерa, туку желба да се избегне расправија, да се зачува самодовербата ...
Шолја кафе испиена наутро може дури и да го продолжи животот. Вакви изненадувачки заклучоци дошле американски научници од Универзитетот Тулан. Како што покажале, мало црно кафе нема такви својства кога се пие во други периоди од денот. Истражувачите сè уште не знаат зошто е тоа така, но имаат интересна хипотеза. Обемни истражувања покажаа дека луѓето кои имаат навика да го започнуваат денот со шолја кафе имаат помал ризик од смрт од ...
Ќофтињата во сос од кромид се совршен избор за вкусен домашен ручек кој се подготвува без многу труд. Долгото крчкање го прави месото исклучително нежно, додека кромидот се претвора во густ и ароматичен сос, на кој додавањето домати му дава пополн вкус. Ова е оброк кој сигурно ќе биде на листата на омилени семејни ручеци. Состојки: 500 грама мешано мелено месо 1 килограм кромид 3 чешниња лук 1 јајце 250 мл доматно пире масло за пржење сол и ...
Летањето не е опасно за повеќето луѓе, но понискиот притисок, сувиот воздух и промената на временските зони често предизвикуваат неприлагоденост, замор, надуеност, непријатност. Многу патници доживуваат зголемено ниво на стрес пред полетувањето. Гужвите, редовите и чувството на губење на контролата врз времето,, како и околината можат да ја зголемат вознемиреноста дури и пред да се качат во авионот. По полетувањето, кабината е под притисок на ...
Четирите градови беа оценети според низа критериуми, вклучувајќи ја инфраструктурата на местото на одржување, пристапноста, транспортните врски, сместувачкиот капацитет и целокупната организациска подготвеност на секој град. Бугарскиот главен град ја фокусираше својата понуда на Арена 8888, порано позната како Арена Армеец, најголемата затворена арена во земјата. Арената претходно беше домаќин на бројни големи спортски настани и музички ...
Еден од најдобрите македонски чувари на мрежата, Столе Димитриевски, реши на посебен начин да ги почести своите бројни обожаватели и јавноста. Неполн месец по гламурозната и раскошна свадбена прослава во Скопје, нашата фудбалска „единица“ на својот Инстаграм профил сподели преубав и богат свадбен албум. Иако на самиот ден на венчавката, (26. Јуни) во медиумите протекоа само неколку куси видеа, парот тогаш реши најинтимните моменти да ги ...
Најпопуларната и најатрактивна хрватска старлета, Јосипа Каримовиќ, ужива во Шпанија. Поточно, Мајорка е моментално нејзина дестинација за одмор, опуштање и релаксација. Додека ужива во сите волшебства на летото, оваа популарна „Онли фанс“ дама разбирливо и сама се снима за своите обожаватели. Јосипа секако изгледа брутално, ама во костим за капење со танга однапред и танга одзади, буквално ги излудува љубопитните мажи. View this post on ...
Новак Ѓоковиќ изгради импресивна империја од недвижности ширум светот, од Белград и Монте Карло, па сè до Менхетн и Марбелја. Неговото богатство се проценува на сума меѓу 250 и 300 милиони долари, а значаен дел од тоа прават токму луксузните инвестиции во недвижности. Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во текот на својата блескава кариера стекна огромно богатство. Од скромните почетоци во Србија до статусот на глобална ...
Македонскиот рапер, кумановецот Драган Величковски, во естрадниот свет попознат како Тајзи само неколку месеци по романтичното запросување на својата сакана, откри дека тој и неговата свршеница Ангела Анчевска наскоро ќе се остварат во најубавата животна улога – ќе станат родители! Од оваа обзнана не поминаа ниту месец дена, а викендов, на Петровден (12 јули 2026) Драган Величковски Тајзи и Ангела Анчевска правеа свадба. На неа освен ...
Славната актерка Шарлиз Терон се огласи по повод бурните расправии на интернет за нејзиниот изглед, и тоа на својствен начин – со доза хумор. Педесетгодишната добитничка на Оскар објави фотографија на која насмеана ужива во оброк, а многумина ова го протолкуваа како нејзин одговор на неодамнешните критики и загриженоста поради нејзината слабост, пишува „Hello!“. Актерката на Инстаграм сподели фотографии од храна од еден ресторан во Њујорк со ...
ТВ водителката на забавно-музичкото шоу „Старс“, сексапилната неготинчанка со скопска адреса на живеење Ивана Јанковска ова лето е неуморна. Паралено и работи и летува. Атрактивнта ТВ убавица ја користи секоја можност, секоја слободна прилика кога нема снимање со нови гости во својата емисија да се опушти некаде покрај вода. Најчесто на море, како што беа нејзините последни летни „експедиции“ во Турција, на Егејот или Јадранот… каде Ивана за ...
Актерката, музичарка и инфлуенсерка Нивес Целзиус повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи по објавувањето на новиот сет провокативни фотографии снимени во Пореч. Покрај фотографиите таа кратко напиша „Така бестијално“, што беше сосема доволно за многу кус период да предизвика илјадници реакции и коментари меѓу нејзините следбеници. Нивес е добро позната по тоа што често споделува атрактивни кадри од своите патувања и ...
Тијана Дапчевиќ со години важи за една од најхаризматичните пејачки од регионот, а во поново време и како актерка. Иако публиката ја познава како силна и одлучна жена, таа своевремено ја откри и својата ранлива страна. Пејачката искрено зборуваше за стравовите со кои се соочува, признавајќи дека, како и сите луѓе, има нешта што не ѝ се лесни. Како што наведе, најголем страв ѝ претставуваат губењето и чувството на напуштеност, а откри и дека ...
Понекогаш се доволни само неколку ноти за да сфатите дека пред вас е песна што нема да остане незабележана. Токму таква е „Луди и наивни“, првиот заеднички музички проект на младите кумановци Мартинијан Кириловски и Драгана Јовановска, кој е достапен на YouTube и на сите дигитални музички платформи. Со модерен поп-звук, суптилен регетон ритам и искрена емоција, „Луди и наивни“ носи приказна за љубовта што не признава правила. За чувствата ...
Светите бесребреници Козма и Дамјан Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го ...
Овен Вторник носи зголемена енергија и желба да решите сè што сте започнале. Можни се нови деловни можности или разговори што отвораат важни врати. Во љубовта, бидете трпеливи и сослушајте ја другата страна пред да донесете заклучок. Вечерта е идеална за физичка активност и релаксација. Бик Ќе посакате поголема сигурност и стабилност. Финансиските проблеми може да бидат во преден план, а добра вест може да ви го врати оптимизмот. Во љубовта, ...
Босанската пејачка Верена Церовина, важи за една од најатрактивните дами на естрадната сцена и воедно една од најнадарените во својата земја. Цицлестата фолкерка ова лето ужива во својот одмор на Јадранот. Додека ужива на плажа, оваа популарна дама не ги занемарува своите обожаватели на социјалните мрежи, па за нив направи неколку возбудливи фотографии во бикини. View this post on Instagram A post shared by Verena Cerovina ...
Драмската програма на „Охридско лето“ започнува вечерва со премиера на театарската претстава „Татко“ од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски што ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“, која е продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш Мјаку. Овој проект, по 25 години ги враќа Поповски и актерот Мјаку во ...
Анастасија Ражнатовиќ привлече големо внимание со својата објава на социјалните мрежи, која покрена бројни коментари. Ќерката на Цеца Ражнатовиќ сподели цитат кој многумина го протолкуваа како скриена порака.Таа привлече внимание кај своите следбеници со најновата објава на Инстаграм, каде што сподели мисла што наведува кон размислување. Поради пораката за човечките особини, веднаш започнаа шпекулациите дали истата е наменета за некого или ...
Нашата најпозната топ-моделка Катарина Ивановска уште еднаш докажа зошто важи за една од најатрактивните жени на нашите простори, па и пошироко. Таа уживаше во главниот град на Шпанија, каде го посети спектакуларниот концерт на светската музичка ѕвезда Бруно Марс, но вниманието на јавноста целосно го украде нејзиниот стајлинг и смелото позирање. Манекенката сподели неколку фотографии од своите „24 часа во Мадрид“, каде ги обиколува локалните ...
Мултимедијалната изложба „Трага во времето“, ќе биде отворена утревечер (14.Јули) во 20:30 часот, во автентичниот амбиент на Музејот на град Скопје, во рамките на годинешното издание на манифестацијата „Скопско лето“. Поставката е посветена на десетгодишниот пат од иницијатива до формирање на Оркестараот за џез музика на Македонија како национална установа. -Оваа изложба е емотивно и документарно сведоштво за една извонредна музичка визија. ...
Мајката на пејачката Александра Пријовиќ, Борка Михајловиќ (52), повторно го привлече вниманието на јавноста со фотографии од летниот одмор. Таа на социјалните мрежи објави селфи од плажа, на кое позира во бикини, шешир и очила за сонце. Фотографијата предизвика бројни позитивни реакции, а многумина коментираа дека Борка изгледа значително помладо од своите години. Борка е во врска со свопјот партнер Фахрудин Буљубашиќ веќе неколку години, ...
Познатата македонска ТВ водителка Милена Антовска уште еднаш покажа дека семејството е нејзината најголема среќа и прибежиште. На социјалните мрежи таа сподели емотивни моменти од домот, каде деновиве се слави со полна пареа, а поводите се дури два и неверојатно значајни. На убав празничен ден, нејзиниот татко го прослави својот роденден, но тоа не е сè! Истиот ден, нејзините родители заокружија импресивни 44 години заеднички брачен живот – ...
Џонсон Мети неодамна објави дека е постигнат договор за преземање на „Cormetech“ (Корметех), водечки и брзорастечки американски производител на катализатори за селективна редукција на процесот на катализација (SCR – Selective Catalytic Reduction) кои обезбедуваат контрола на емисии за стационарно производство на енергија и индустриските апликации. Се очекува купувањето на Корметех да заврши во јули 2026 година, по добивањето на вообичаените ...
Летото е резервирано за добра музика, позитивна енергија и песни кои освежуваат, а токму таква е најновата музичка приказна на Компас бенд. Популарното трио деновиве ја промовираше новата песна „Баобаб“, динамична и заразно ритмична летна нумера која уште на прво слушање го привлекува вниманието. Зад „Баобаб“ стои добро познатото авторско име Зоран Рудан – Цеки, кој ги потпишува текстот, музиката и аранжманот. Со својот препознатлив музички ...