Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во изминатите два дена додели 82 стипендии на ученици од областа на науката, техниката, посебните вештини и културата. Тој, потенцира дека овие ученици од основните општински училишта во Центар според утврдените критериуми покажале највисоки резултати и успеси на државните и меѓународните натпревари. „Доделувањето на стипендии ми е секогаш најдраг момент. Ретка прилика да ги видиме ...
– Изборите завршија, да продолжиме со реализација на проектите тоа што сме го ветиле и земале обврска пред граѓаните да го реализираме. Јас му честитам на градоначалникот, навистина многу посветено работи што впрочем го покажува изминативе години и не случајно е и по 5 пат избран за градоначалник на Општина Петровец, уште поубедливо него ли во минатите неколку пати. Навистина благодарен сум за сето тоа што го прави за жителите на Општина ...
На 05.11.2025 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода Д.Т.(30) од Свети Николе и 25-годишната А.П. од с.Горобинци, светиниколско. При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и одземени се неколку пакувања со прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе ...
На 05.11.2025 во 14:50 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишија од слобода лице (35) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека приведената управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. По целосно ...
Високо ниво на напредок во областа Царинска унија со која раководи Царинска управа, е нотирано во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата. „Високото ниво на напредок, нотирано од Европската комисија, е уште еден цврст доказ дека Царинската управа спроведува значителни реформски мерки и политики коишто треба да овозможат забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на ЕУ“, вели директорот на Царинска ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува ...
Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ покажува ароганција зад која се крие неуспешен обид да го омаловажи Извештајот на ЕК затоа што е најреалниот доказ за неспособноста на владата на Мицкоски. ЕК дава јасни, детални и објективни оценки во кои е содржана најреалната слика за тоа каде ја доведе Македонија власта на Христијан Мицкоски: во застој, назадување и целосна институционална парализа. Ова е најлошиот извештај за Македонија во последните десет ...
Ученици и наставници од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје и „Principessa Maria Pia“ од Таранто, Италија, вчера го посетија Собранието на Република Северна Македонија, каде што остварија средба со пратенички од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички. Средбата се реализираше во рамките на соработката меѓу двете училишта преку Еразмус+ програмата, како дел од заедничкиот проект „Родовата ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција по објавувањето на Извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија, истакна дека документот јасно го покажува длабоко назадување на државата под власта на ВМРО-ДПМНЕ особено во делот на демократијата и владеењето на правото е особено загрижувачки. „Во делот на демократија и владеење на правото не беа направени обиди за усвојување уставни измени поврзани со ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција по објавувањето на Извештајот на Европската Унија за Македонија, изјави дека документот јасно потврдува дека државата назадува во сите клучни области, а причината за тоа е неспособноста и недостигот на политичка волја на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Во извештајот јасно стои дека реформската агенда е целосно блокирана. Не постојат суштински ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на четвртата годишна конференција за здравство во организација на Американската стопанска комора АмЧам, која годинава е посветена на темата „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“. Во своето обраќање министерот Алиу се осврна на повеќе тековни проекти за зајакнување и унапредување на капацитетите во јавното здравство. Во рамки на панел дискусијата со претставници ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации. „Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција дека нема понатаму да имаме ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочи дека Европската Комисија во најновиот извештај нотира дека во Буџетот не се предвидени пари за потребните реформи,што е алармантно. Тоа како што кажа Филипче, го загрозува спроведувањето на Планот за раст. „Во Буџетот не се предвидени доволно финансиски средства за да се спроведува Планот за раст. Значи не се предвидени пари ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата, нагласувајќи дека е најлошиот извештај којшто Македонија го добила во изминатите десетина години. „Објавувањето на Извештајот за напредокот со оцена дека Македонија не постигнала напредок на европскиот ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека извештајот на Европската Комисија потврди дека државата е во целосен застој – економијата е во стагнација, во образованието има дебакл, а институциите се парализирани. „Во делот на економија и јавните претпријатија, има ограничен напредок кон функционална пазарна економија, реализацијата на јавни инвестиции останува слаба. ...
На 04.11.2025 во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час. На 05.11.2025 во ...
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На ден 05.11.2025 г. поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви ...
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година. Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени. Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, ...
На 03.11.2025 во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово приведоа лице(47) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од 15 месеци за сторено на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице. Сега починатиот Никола Тимев инаку претходно бил негов пријател со кого заедно ...
На 03.11.2025 во 23:45 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лице(29) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во населба „Деребој“ во Тетово заедно уште неколку лица со тврди предмети се заканувале на К.Ц.(73) од Тетово, кој се обидел да им побегне при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Осомничениот е ...
Вчера и денеска (понеделник и вторник, 03 и 04 ноември 2025 година), во Париз, Франција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Одделение за оператива и логистика во ДЗС, Ивица Наумовски, присуствува на работни состаноци организирани од Координативниот центар за итен одговор при Генералниот директорат за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош при Европската ...
Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје, истакна дека ...
На 03.11.2025 во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода лице(37) и лице(26), двајцата од с.Требош, тетовско. При преглед кај нив и во патничкото моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управува првото лице, пронајдени и одземени се шест ќеси со марихуана. Тие се задржани во ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата се одржа на 21 октомври 2025 година и на неа присуствуваа г. Тито Петковски, г. Саво Климовски, г. Никола Поповски и г. Трајко Вељаноски. На почетокот на средбата претседателот Гаши се заблагодари за присуството, искажа голема почит кон Собранието, според него една од ...
Као што соопшти полицијата попладнево околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Гоце Делчев се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. Според полицијата возачот го оставил возилото и заминал од местото на настанот, оставајќи го и починатиот. На лице место имаше многу полиција која ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит. Малопродажната ...
Бројот на работниците во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за ...