Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал. Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени? Почитувани ...
Прес конференција на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Третата суштинска порака на Ребалансот е дека економскиот развој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Тоа се средства поврзани со социјалните надоместоци, здравствената заштита и обврските кон граѓаните кои не смеат да зависат од дневната политика. Функцијата ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од посетата на битолската клиничка болница: „Добар ден и од мене. Почитувани претставници на медиумите, Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го ...
Денеска (31.07.2026) во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода лице (58) од с.Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и куршуми за ...
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Според прогнозата за 31 јули, утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 30 до 39 степени. Највисоки температури се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде што живата во термометрите ќе достигне околу 39 степени, додека во централните региони се прогнозираат до 37 степени. Во североисточниот дел ...
Соопштение на Левица: За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство. Ревизијата покажува ...
Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода. Со години граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана. Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни неправилности, а институциите не ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Со Ребалансот на Буџетот државните пари одат таму каде што се најпотребни. Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата каде што граѓаните очекуваат резултати. Ребалансот носи повеќе пари за општините, инфраструктурата и животната средина каде што следуваат конкретни инвестиции. Наместо средства што остануваат заробени во бирократијата, обезбедуваме повеќе инвестиции во општините, ...
Соопштение на СДСМ: Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде. Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата. Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават. Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар. ...
Соопштение на СДСМ: Христијан Мицкоски побегна. Граѓаните останаа без одговор на ниту едно прашање. Без одговор за труењето на цела Македонија. Без одговор за економскиот колапс. Без одговор за изолацијата. Без одговор за неисполнетите ветувања. Вчера се сокри зад својот сателит ЗНАМ за да избега од пратеничките прашања. Кога требаше да одговори на дополнителното прашање од претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче, ЗНАМ ја одигра ...
Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи бележи значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Засилената координација, побрзата размена на информации и заедничкото дејствување на организациските единици овозможија поефикасно откривање и сузбивање на криминалните структури кои се занимаваат со недозволена трговија со дрога. ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. ...
Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд. Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. ...
ПО ЦЕЛА ТЕШКА И КАТАСТРОФАЛНА ГОДИНА ДОАЃА ПРЕСВРТ: Овој хороскопски знак ќе се издигне во август Изминатите месеци за еден хороскопски знак беа исполнети со разочарувања, непланирани трошоци, затворени врати и чувство дека секој нов чекор носи уште една пречка. Сепак, според астролошките толкувања, тешкиот период конечно се приближува кон крајот. Август носи голем пресврт за Скорпиите. По година во која често мораа сами да ги решаваат ...
Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени бил регистриран денеска, 30 јули 2026 година, во близина на Охрид. Според објавените сеизмолошки податоци, потресот се случил во 11:28 часот по локално време, а неговиот епицентар бил лоциран околу 10 километри западно-северозападно од Охрид. Земјотресот бил на длабочина од 15 километри. Координатите на епицентарот се 41.170 степени северна географска ширина и 20.711 степени источна географска должина. ...
На 29.07.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(60) од с.Ржаничино, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(28) од с.Сингелиќ, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против маж (55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Во мај, јуни и јули 2026 година, преку негови два профили на социјалната мрежа, пријавениот објавил шест коментари н ачетири објави со кои промовирал и поттикнувал омраза и насилство. СВР Штип поднесе кривична пријава против маж (55) од Кочани ...
На 29.07.2026 во 14:45 часот во ОВР Прилеп бил пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Б.(52) од Кавадарци, товарно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(39) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „сузуки“ со прилепски регистарски ...
На 29/30.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(42), лице(22), лице(38), лице(33), Лице(30), лице(24) и 17-годишник, сите од Скопје, 16-годишник од с.Блаце, скопско, лице(19) од с.Студеничани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 29/30.07.2026 во ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(25) и лице(27) од Кочани и лице(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.05.2026 на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, при што третопријавената голтнала поголема количина хероин, а при испитување на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека власта намерно го блокира европскиот пат, а сега и самата ги демантира тврдењата со кои со години ја манипулираше јавноста. „ Четири години не труевте, правевте поделби, обвинувавте, ги делевте луѓето на патриоти, на предавници, велевте дека протоколите се дел од преговарачката рамка, дека ние не ...
Премиерот Христијан Мицкоски посочи економски споредбени параметри со коишто покажа дека растот на БДП и растот на пензиите е за три пати поголем сега отколку за време на владата на СДСМ и ДУИ. Побрзо растат и платите, цените на горивата се најевтини во регионот во услови на криза, а споредувајќи ги параметрите за инфлацијата нагласи дека инфлацијата во јуни 2026 година е 3,4%, додека инфлацијата во јуни 2022, со влада на СДСМ и ДУИ беше ...
На 28 јули 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор на Народната банка за поставеноста на монетарната политика. По зголемување на основната каматна стапка во јуни, на оваа седница Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25%. Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Движењата на девизниот пазар од почетокот на мај ...
Владата донесе Одлуката со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензационите фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец. Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на производите, а приходите од нивната ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти ...
Групацијата Лимак го назначи Санџак Курт за нов генерален директор на Лимак Скопје. Како долгогодишен професионалец и носител на раководни позиции во интернационалната групација Лимак, тој ја презема оваа функција по повеќе од две децении богато искуство во управување со комплексни инфраструктурни, енергетски и градежни проекти, реализирани во Туркије, Албанија, Северна Македонија и Саудиска Арабија. Санџак Курт е дипломиран градежен инженер ...
Советот на Народната банка го усвои Кварталниот извештај, според кој најновите макроекономски показатели главно се движат во согласност со априлските проекции. Во Извештајот се наведува дека надворешната позиција на земјава е стабилна, а девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво за зачувување на стабилноста на курсот на денарот во однос на еврото. Домашната инфлација очекувано забрза во вториот квартал, и натаму е на релативно ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен во Собранието во понеделникот, е добро решение и еден од ретките ребаланси на Буџетот низ годините во којшто има зголемување на ставката на капитални расходи. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ. „Овој ребаланс е едно добро решение, имајќи ја предвид, целокупната состојба во економијата, не само во Македонија, туку ...
Соопштение на ХАЛК БАНКА на фејсбук: Драги пензионери, Пензиите за јули се веќе достапни! Од денес 30.07.2026, вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство. Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија. Важни се луѓето!, се вели во објавата на Халкбанк АД Скопје. Соопштение на ХАЛК БАНКА на ...