Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер, на која беше потврдена одличната билатерална соработка во областа на правосудството, владеењето на правото и реформските процеси. На средбата беше оценето дека Германија е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда, во областа на меѓународната правна помош и ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Главен фокус на средбата беше динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и ...
Соопштение на Левица: Пратениците на владејачкото мнозинство по втор пат го одбија предлогот на Левица за измени на Законот за виното, со кои ќе се укинеше законската можност откупувачите на винско грозје да ја намалуваат однапред утврдената откупна цена до 8% доколку исплатата ја извршат целосно и во законскиот рок. Откако претходно ДПМНЕ одби предлогот воопшто да биде ставен на дневен ред како итна точка, сега повторно не обезбеди ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку ...
Соопштение на СДСМ: Клековски вели: до крајот на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие. Мицкоски вели: по хиперхлорирањето се појавила нова бактерија и затоа сè уште не може да се користи за пиење. Кому да веруваме? Никому од нив. Како што рековме – повторно се кријат резултатите. Повторно нема документ што потврдува дека водата е технички исправна. Ја пуштија водата затоа што Мицкоски рече „од утре“ техничка вода во Гостивар. ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го презентираше Годишниот извештај „Индикатори за степенот на слободата на медиумите и Индекс на безбедноста на новинарите 2025“, кој нуди сеопфатен преглед на медиумските слободи, професионалната независност и безбедноста на новинарите и медиумските работници во Северна Македонија. Извештајот покажува дека во 2025 година се забележани одредени позитивни поместувања, меѓу кои воспоставувањето ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: „Добар ден и од мене. Во Делчево како што гледате се гради, како што се гради во суштина и на повеќе од 1.200 локации низ цела Македонија. Десетици проекти се реализираат овде во оваа општина и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за навистина посветената работа којашто ја врши имајќи предвид со каков предизвици се соочува самата општина. Вие споменавте некој од нив како што е на ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, изјави: „Видете, тоа го поставува прашање или обвинувањата ги адресира човекот на којшто живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово. Човекот којшто ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Реформската агенда, изјави: „Да, па денеска имавме утрински состанок со луѓето од Брисел, од одделот за проширување. Разговаравме сега за оние реформи коишто се дел од Реформската агенда во грејс-периодот зад декември и оние коишто се во нормален колосек до декември, коишто истекуваат 2026 година. Ние сме ...
Прес конференција на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството. Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, ...
Соопштение на СДСМ: Евростат објави јасни бројки. Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа. Просечната потрошувачка кошница кај нас чини 50 евра (индекс 49,7), додека во Европската Унија чини 100 евра. Зад нас нема никој, пред нас се Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Додека Мицкоски од прес-конференција до прес-конференција зборува за „поголем раст од ЕУ“, за „прво место во ...
Соопштение на СДСМ: По изјавите на Мицкоски дека економски сме на прво место во Европа уште една странска компанија најави дека ја напушта Македонија. Германската компанија БМЗ донесе одлука да го затвори својот производствен погон во Илинден и производството да го пресели во Полска. Околу 90 вработени остануваат без работа, а пропаѓаат и најавените нови вработувања. Ова е веќе трета странска компанија која за краток период одлучува да ја ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ со конкретни проекти, законски решенија и инвестиции ги поставува темелите на современ и ефикасен систем за заштита на животната средина, усогласен со европските стандарди. Реформите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ носат почиста животна средина и поефикасни услуги за сите граѓани. Во рамките на Реформската агенда веќе се преземаат конкретни чекори за намалување на бирократијата и подобрување на ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар. Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДС е дел заедно со ДУИ и Арбен Таравари, потфрли во справувањето со кризата со загадената ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување. Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот. „На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна енергетска ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат приближно од 11 до 21 степен, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 30 до 38 степени. Најтопло се очекува да биде во јужните и југоисточните делови, каде што температурата локално ќе се искачи до 37–38 степени. Во западните делови максималните температури ќе бидат околу 30–32 степени, во ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Р. Албанија, на околу 144 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градот Струга и околината, со интензитет од III ...
Соопштение на СДСМ: По епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, власта сега официјално признава дека постои ризик од хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања. Ова е токму она за што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, на институциите доцна им се вклучија „црвените светла“. Додека гостиварчани пиеле вода со фекалии институциите не презеле ништо. Потоа ги криеја податоците од јавноста. Сега, ...
Соопштение на СДСМ: Втора недела по ред скокна цената на горивата. Владата најавува дека во понеделник ќе одлучува за мерки. Граѓаните повторно во страв. Затоа што кај оваа влада веќе стана правило: кога Мицкоски најавува „мерки за поевтинување“ – сите знаат дека следува поскапување. Ова веќе стана смешно. Но бидејќи директно удира по џебот на граѓаните – воопшто не е смешно. Горивото поскапува. Потрошувачката кошница расте. Минималната ...
На 27.07.2026 во 13:35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близинја на с.Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(76) од Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
“ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА СПОРЕД КОЈ МАКЕДОНИЈА Е СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА АВИО ЛЕТОВИ И ТУРИЗАМ ВО ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, МОТИВ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ”– напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус и додаде: “Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на резултатите во земјоделството, во делот на наводнувањето, тутунот и лозарството, изјави: „Најпрвин треба да споменеме како беше и како е. Не треба да заборавиме дека акумулациите коишто се користеа за наводнување на земјоделските поседи во август месец 2024 година беа на 8%. Денеска се над 70%. Со домаќинско ...
– Јавноста сè уште нема добиено официјален, потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода“ во Гостивар. Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал и одобрил извештајот? Кои параметри покажуваат дека водата е безбедна за употреба?, рече портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска на денешната прес конференција. „Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. ...
Изјава за медиуми, Кристијан Дојчиновски – СДСМ: Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, дека „црвените светла“ закасниле. Резултатот е цел Гостивар отруен, над 4,000 граѓани разболени. Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не презел ништо за заштита на ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Ѓорѓиевски, присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. За само една година, од поставувањето на камен-темелникот до денес, успешно е реализиран овој значаен проект, ...
На 27/28.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода шестмина на возраст од 17 до 47 години затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. фото скриншот/архива/видео на МВР На 27/28.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода шестмина на ...
На денешната прес-конференција министерот за здравство информираше за актуелната епидемиолошка состојба во Гостивар, како и за состојбата со вектор-преносливи заболувања во земјава. Во Гостивар денеска се евидентирани 109 нови први контакти, додека во изминатите четири дена нивниот број се движи од 80 до 125 дневно. Според податоците од претходните години, просечно во текот на јули, во Гостивар биле пријавувани по 25 заразени лица. Во ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави: „Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во ...