Во текот на изминатиот викенд (18/19.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1415 издадени платни налози, 298 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 58 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 28 ...

Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод. Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар. Надлежните институции продолжуваат да преземаат ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против лице(41) и лице(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче- Долно Лисиче со употреба на ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ не сакаат Македонија да напредува со реформите и да бележи успеси, затоа ја користат секоја можност за да блокираат. Тоа се виде по нивниот однос кон измените на Изборниот законик, кога прво учествуваа во изготвувањето, нивните забелешки беа прифатени и инкорпорирани во законското решение, за на крај неговото носење да го блокираат. Токму блокирањето и неносењето на Изборниот законик, целосно ја ...

Соопштение на СДСМ: Денеска горивото повторно поскапе. Иако Христијан Мицкоски пред неколку дена најави намалување на акцизите, граѓаните сега со страв чекаат колку ќе поскапат сите останати производи. Секоја негова мерка доаѓа предоцна, секоја мерка е неефикасна и наместо да ги намали цените, го слабее буџетот и им носи дополнителни приходи на одредени компании. Мицкоски делува повеќе како застапник на приватните интереси отколку како ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот. Подобриот живот и услови за гостиварци станаа најголемата ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот. Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции. Наследен беше долг од 273 ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата. СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, едно работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со ...

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на извршниот одбор: Состојбата со труењето на граѓаните во Гостивар е алармантна. Над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите задоцнија со реакцијата. Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, кои наместо навремена реакција, дозволија ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали има нови информации што се случува во моментот во Општина Гостивар со оглед на тоа дека е прогласена епидемија и дали тој смета дека има морална одговорност кај некои од функционерите, изјави: „Ние како институции во рок од два дена си ја завршивме работата и како Влада. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа кое што е нивна ...

Прес конференција на Велика Стојкова Серафимовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 ...

На 19.07.2026 во 15:40 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишник од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“. Претходно, во 12:10 часот, А.С.(26) пријавила дека во текот на ноќта од кеј „Вардар“ било одземено патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на нејзиниот сопруг З.С.(31). Возилото со видливи ...

На 20.07.2026 во 03:15 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во с.Порој, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(55) од с.Слатино и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(39) од с.Порој. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клиничка ...

Соопштение на Левица: ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство. Затоа, доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го минира ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски/Интегрално: „Добар ден и од мене. Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да го поврзе хидросистемот Лисиче со езерото Младост. Се направија напори со пренамена од министерството за животна ...

Регулаторната Комисија за Енергетика се очекува во текот на денов да ги објави новите цени на горивата во Македонија. На светските берзи нафтата од типот брент се продава за 88 долари за барел, додека вти круд за 81 долар. Во моментов горивата се продаваат по следните цени: ЕУРОСУПЕР БС – 95 87 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88 ден/л ЕУРОСУПЕР БС – 98 89 ден/л ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 86 ден/л Регулаторната Комисија за Енергетика се очекува во ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица и ГП Дојран се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска ...

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа ќе има услови за невреме со појава на град. Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 31 до 40 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и централните делови од земјата, каде температурата ќе се ...

Пронајдено превртено возило “мерцедес” на патот ГП Блаце-Скопје, три лица починати На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 31 до 40 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата, каде температурата може да се искачи до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица и ГП Дојран се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Новиот реформски Изборен законик не се донесе затоа што СДС, Левица и ДУИ бараат алиби на следните избори да се претставуваат како жртви и оштетени партии. Овие три политички партии се здружија за да го блокираат еден од најважните закони од Реформската агенда, поради нивниот страв од изборен пораз, кој е сè поевидентен и поизвесен со оглед на нивните слаби рејтинзи и поддршка од граѓаните. И покрај тоа што, како ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може ...

Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор: Со Мицкоски и ВМРО за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан. Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години. Податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од граѓаните имаат плата под месечниот просек, односно под просечната плата во земјата. Дури половина, 50% од вработените ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 30 до 39 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети. Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати. Со цел да се поддржат и помогнат македонските ...

Соопштение на СДСМ: Горивата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари по литар. Новото поскапување на дизелот неминовно ќе предизвика нов бран поскапувања на храната и основните производи. Транспортот е директно поврзан со цената на горивата, а земјоделството во голема мера зависи од дизелот. Тоа значи дека ќе растат цените во маркетите, на пазарите, на овошјето, зеленчукот и на сите основни прехранбени производи. А пота нема да се вратат ...

Соопштение на СДСМ: Христијан Мицкоски со месеци ги навредува граѓаните. Ги нарекува „талог на општеството“, „мекотели“, „коленичари“, “глодари”, „медиокритети“…. Тоа не се обични политички изјави. Тоа е презир кон сопствените граѓани од највисоката државна позиција. Врвот на навредите го достигна со пцуење на пратениците во Собранието. Пратениците се избрани претставници на граѓаните. Кога ги пцуе пратениците, всушност ги навредува и ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.44
30%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
60%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.69
42%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.18
34%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.79
34%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
67%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
40%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.98
37%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.02
39%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
3.58
48%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
0.45
38%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
2.72
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Рутениум

53852.50

Паладиум

40445.64

Калај

55.44

Алуминиум

3.23

Бакар

13.27

Иридиум

252383.36

Родиум

265243.66

Злато

130535.25

Сребро

1894.77

Кобалт

56.29

Платина

52855.83

Цинк

0.00