Претседателот на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан во периодот 9-12 март 2023 година. Јубилејниот десетти Глобален Баку форум се одржува на тема „Светот денес: предизвици и надежи“ и беше свечено отворен со обраќањето на Претседателот на Република Азербејџан Илхам Алијев. На овогодинешниот форум учествуваат голем број актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, како и ...

Централна изборна комисија го отфрли барањето и не го регистрира за учество на локалните избори крилото на опозициската Демократска партија, предводено од Сали Бериша. И делот на партијата предводен од Енкелед Алибеај сеуште не е регистриран иако судот одлучи дека ним им припаѓаат печатот и логото на партијата. Комисијата му ја врати документацијата на Алибеај, кој е вршител на должноста претседател откако Љуљзим Баша пред една година си ...

Васил Папа (1949-2015), Македонец од село Туминец, Мала Преспа, работел како рибар, па после и како капетан на рибарски брод во рибарското стопанство во Мала Преспа. Во 1987 година Васил Папа заедно со својот сонародник Леко Вурмо се враќаат ноќе од Пустец за Туминец низ Преспанското Езеро со рибарскиот брод “Преспа”, кој бил од дрвена конструкција. И двајцата биле уморни и заспиваат и бродот влегува во водите на Преспанското Езеро што се под ...

Во овие три дена сум во работна посета на Брисел каде што имам чест да бидам дел од изборот на 40 највлијателни личности во Европа под 40 години. Овој престижен избор на пријателите на Европа обединува околу себе политичари, бизнисмени, новинари, активисти и борци за човекови права од сите страни на Европа. И навистина е привилегија да се биде во еден ваков избор и да се претстават состојбите во Македонија. Разговараме за состојбата во ...

Седум луѓе се убиени, а повеќе од 20 се повредени, во масовно пукање вечерва во храм на Јеховини сведоци во Хамбург. Според германските медиуми напаѓачите го напуштиле местото по пукањето и се вдале во бегство. На граѓаните што живеат во околните згради им е наредено да не ги напуштаат, а полицијата порача да се избегнува овој реон. „Веднаш заослнете се во зградите. Во моментов е голема полициска акција. Ги истражуваме околностите околу ...

Европскиот совет (ЕС) даде зелено светло за визна либерализација за граѓаните на Косово. Како што е наведено во соопштението на ЕС, ставот е усвоен на прво читање за патување без визи на носители на пасоши што ги издаваат косовските власти. Тоа ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат во Европската унија (ЕУ) без визи за период од 90 дена во било кој 180-дневен период, се додава во соопштението на ЕС. Одлуката ќе стапи во сила штом ...

Во областа Гора на Косово распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед. Во областа Гора, меѓу другите, се наоѓаат селата Рестелица и Стрезимир чие патно поврзување со границата кон Македонија со години стои недовршено. Тоа треба да се надмине во најкус можен рок. Денес, на 9.03. 2023 година, во просториите на Министерството за инфраструктура на Република Албанија, заменик министерот Хисен Дурмиша потпиша меморандум за ...

Денес во конгресната сала на хотелот „Александар Палас“ во Скопје по иницијатива и во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни (КОВЗРГ), а со поддршка од Поглаварите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и на Исламската верска заедница, како и во соработка со теолошките факултети се одржа почетниот настан на кој за прв пат беше формирана „Група на пријателство“ помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ. ...

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со постојаниот претставник на UNDP во Македонија Армен Григоријан, на која беа дискутирани повеќе важни теми и беа дефинирани насоките за заедничко делување во претстојниот период. Во оваа значајна година, во која ќе се потсетиме на солидарноста со која беше обновен главниот град, УНДП ќе организира конференција, на која учество ќе земат градоначалници од 25-те земји кои му помогнаа на ...

Во Албанија денеска стапи во сила новата судска мапа, со која, меѓу другото, петте апелациски судови се спојуваат во еден и тој ќе функционира во Тирана. Апелациските судови во Скадар, Валона, Драч, Корча и Ѓирокастро повеќе не функционираат, останува само по една канцеларија за информирање на граѓаните. Во овие канцеларии ќе работат тројца граѓански судски службеници, а граѓаните ќе можат само да поднесуваат барања, јави Топ чанел. Според ...

Институтот за статистика на Албанија соопшти дека пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе во септември година. Поточно оваа статистичка операција ќе почне на 18 септември и ќе трае шест недели. Процесот ќе го следи методот на непоредно броење заснован на теренски операции со пополнување прашалници од страна на попишувачите, стои во објавата на ИНСТАТ. Пописот најпрво беше планиран да се спроведе во 2020 година, но беше ...

Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА, заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al. Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што се гарантира целосна анонимност”. Борбата против трговијата со тешки дроги од земјите од Латинска Америка ја ...

Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор во соработка со соседните општини од Македонија и Албанија е проект што треба да се реализира до август 2024 година, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при денешната посета на новиот прекуграничен проект „Прекуграничен Против пожарен штит“ поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка и има вкупен буџет од 859.196 евра, а водечки партнер е ...

Духовниот водач на Македонците во Егејска Македонија Архимандрит Никодим Царкњас сеуште активен борец за правата на Македонците во Република Грција , на 23 февруари бил нападнат од група млади луѓе додека бил во автомобилот во областа Саботско. Во телефонска изјава за ТВ 24 Царкњас вели дека нападот кој не е прв а е со цел да го заплашат е само поради тоа што се декларира за македонец, проповеда на македонски и се бори за човековите права на ...

Незаконски изнесени икони од Македонија кои завршиле во Албанија ќе бидат вратени согласно Закон за ратификација на договор меѓу двете земји. На денешната седница Владата го усвои овој предлог закон, кој треба уште да ги помине собраниските процедури. Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, исклучително вредното културно наследство, за кое што претходно се договорија Македонија и Албанија, ...

Централната изборна комисија соопшти дека почна со подготовките за локалните избори кои ќе се одржат на 14 мај 2023 година кога политичките партии ќе се тркаат за градоначалничките места. Mеѓу партиите кои што ќе се борат за избор на градоначалници ќе биде и единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Централната изборна комисија утре 08.03.2023 година, во 11 часот, ќе одржи состанок и ќе ...

Македонски весник “Илинден“: Во ова прилика во моје име и во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и посакувам успеси на вас и на вашата организација „Крсте Мисирков” (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик) на македонското малцинство во Грција, како подружен член во Федералната унија на европските националности, Македонско друштво “Илинден”-Тирана гласаше на конгресот на ФУЕН и се радуваме дека и вие сте во ФУЕН ова е добра ...

Иако требаше да биде асфалиран патот што ќе ги поврзува Дибра со Либражд, во моментов страшна е состојбата на Мостот на Серец – Стеблево. Македонците во двете административни единици Острени и Требиште во областа Голо Брдо, се надеваат дека ветувањата ќе се реализираат, патот ќе биде асфалтиран и дека патот ќе биде безбедебеден за користење. Како информација за јавноста, да кажеме дека проширувањето на патеката и неговото поплочување со чакалот ...

Апелацискиот суд во Тирана вечерва соопшти дека ја поништил одлуката на Основниот суд, со која се даваше право печатот на опозициската Демократска партија да го користи групата на Сали Бериша. Со оваа одлука, ова право се враќа на демократите предводени од Енкелед Алибеај, кој по оставката на Љуљзим Баша, е вршител на должноста претседател на партијата. Според одлуката ова прашање повторно се враќа на разгледување во Основниот суд во Тирана. ...

Отворањето нова Катедра за македонски јазик и литература и нов Лекторат по македонски јазик на Анкарскиот универзитет во Турција во текот на минатата година е многу значајна работа. Со ова уште повеќе ќе се зближат двете земји и двата пријателски народна. Во Турција и поконкретно во Анкара има голем интерес за македонистиката. Ова меѓу другото го истакнува раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, ...

На локалните избори, што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, правото на глас треба да го остварат над 3,6 милиони албански граѓани. Претседателот на Централната изборна комисија Илирјан Целибаши изјави дека во единствениот избирачки список запишани се 3.653.988 лица со право на глас. Споредено со бројот на резистентно население, што на крајот на секоја година го објавува Институтот за статистика, ИНСТАТ, последно, во јануари 2022 година, ...

Комитетот за национални малцинства на Албанија, позитивно одговори на барањето на македонското друштво “Илинден“-Тирана за поставување повеќејазична табла пред оваа институција, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, потврди за Македонски весник “Илинден”, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Добивме позитивен одговор на нашето барање доставено до претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина ...

Согласно Изборниот законик, на секои шест месеци Државната изборна комисија јавно ги повикува граѓаните да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена. Имајќи го ова предвид, ДИК денеска го испрати јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список. Сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, ...

Патнички воз и товарен воз се судрија во северна Грција, при што загинаа најмалку 32 лица, а 85 се повредени. Над местото на несреќата се креваат густи облаци чад, јавуваат очевидците. Несреќата се случила нешто пред полноќ во близина на долината Темпи во Грција, соопшти Грчката противпожарна служба. Патнички воз и товарен воз се судрија во северна Грција, при што загинаа најмалку 32 лица, а 85 се повредени додека обрачи чад го исполнија ...

Пред точно дванаесет години, на 1. март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Изминативе дванаесет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската ...

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според рихтеровата скала вечерва, во 18:43 часот е регистриран во централна Албанија. Епицентар бил во Белш на 24 километри од градот Елбасан и на 9 километри од Лушња, на длабочина од 2 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета, освен што предизвикал вознемиреност кај населението. Потресот со послаб интензитет е почувствуван и во други градови во Албанија, но и во западниот дел на ...

Канада и САД ги продолжија забраните на ТикТок на владините уреди. Белата куќа им даде на федералните агенции 30 дена да ја запрат употребата на популарната апликација за социјални медиуми, спроведувајќи ја забраната одобрена од Конгресот во декември. Мерката на САД има ограничени исклучоци за спроведување на законот, националната безбедност и истражувачки цели. „Ова упатство е дел од тековната посветеност на администрацијата за обезбедување на ...

Никола Ѓурѓај е еден од најангажираните активисти за подобрување и остварување на малцинските права на Македонците во Република Албанија. Тој е политички аналитичар и главен уредник на единствениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“, но и претседател на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, кое постои од 2009 година и кое има разграноци и во Голо Брдо. Со Ѓурѓај разговаравме за проблемите со кои се ...

Во 1926 година, во Софија почнал да излегува весникот „Македонија“ како орган на македонската емиграција во Бугарија, а во 1930 година негов уредник бил Димитар Талев[1], „Прилепчанец со голем товар на душата“, како што го опишуваат многумина. Во бројот 1133 од 28 јули 1930 година на весникот „Македонија“, на првата страна објавена е една рачно изработена карта на Дебарската област. Димитар Талев (1 септември 1898, Прилеп- 20 октомври 1966, ...

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска благодарници “Илинден” им врачи на двајца големи активисти на македонското малцинство во Албанија. Чест ми беше во името на македонското друштво “Илинден”-Тирана лично да им предадам Благодарница “Илинден” на двајца големи активисти, Јован Попи, по потекло од село Ербеле, областа Поле, Маќелара и на Кристо Мазнику, поранешен претседател на Комитетот на Македонска ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
26%
1017
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
31%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
33%
1017
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
26%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
1.99
28%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
34%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
5.14
29%
1016
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
41%
1018
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
25%
1017
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
5.14
27%
1015
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.57
26%
1017
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
49%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62