Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови и претпријатија излегоа на терен и ги санираа штетите. -Санацијата по епското невреме продолжува и денеска. Штетите ќе се констатираат и согласно закон и искуство од минатото, ќе биде од страна на надлежните институции сето тоа рефундирано, посочи премиерот. Додаде и дека Владата има ...

Шпанија го освои Светското првенство во 2026 година синоќа, а заедно со шампионската титула, нејзините играчи го кренаа и највредниот спортски трофеј во светот. Нова анализа, спроведена пред почетокот на овој турнир, покажа дека златниот пехар наменет за победничкиот тим на Светското првенство е убедливо најскапиот во светот на спортот. Oфицијалниот трофеј од Светското првенство во фудбал тежи вкупно 6,175 килограми, од кои околу 4,93 ...

Според американскиот весник „Њујорк пост“, претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно сака претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да го наследи Антонио Гутереш на функцијата генерален секретар на Обединетите нации. Според извори блиски до Трамп, американскиот претседател смета дека Инфантино „ужива почит кај луѓето ширум светот“ и поседува единствена способност да ги обединува различните страни. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ...

Ноторна лага е дека советниците на ВМРО го поддржале Деталниот урбанистички план (ДУП) во Општина Центар, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. На 14 јули, советниците на мнозинската СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Центар здружно изгласаа на Водно под Јужна обиколница да се градат хациенди, за кои треба да се сече шума. Со 13 гласови „за“ од советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беше изгласан Нацрт-деталниот урбанистички ...

Легендарниот мексикански голман Гиљермо Очоа официјално ја заврши својата професионална фудбалска кариера. Искусниот голман се обрати до јавноста во емотивно видео и порака на социјалните мрежи, неколку недели откако мексиканската репрезентација го заврши учеството на Светското првенство со пораз од Англија. Очоа ја сумираше својата кариера со порака во која им се заблагодари на семејството, соиграчите и навивачите за нивната поддршка. Тој ...

Стационарните камери не снимаат стотици метри напред, туку мерат брзина на растојание од 10 до 100 метри, па затоа наглото сопирање во последен момент честопати не помага. Наглото отпуштање на гаста или притискање на сопирачката во моментот кога ќе видите камера покрај патот е една од најчестите реакции на возачите, но одговорот на прашањето дали е веќе предоцна зависи исклучиво од точната зона во која уредот ја мери брзината. Спротивно на ...

Турскиот гувернер, кој беше сменет од функцијата по негативните реакции на неговите фотографии на кои вози велосипед во спортски шорцеви, доби поддршка од илјадници поддржувачи кои бараат тој да се врати на должноста, пренесува денес Би-би-си. Мехмет Фатих Чичекли, гувернер на североисточната провинција Ардахан, беше сменет минатата недела. Не е наведена причината за неговото сменување. Одлуката за сменување беше донесена по критиките ...

Можеби се помалку но, меѓу нас се уште има луѓе кои помислуваат за потребите и безбедноста и на другите а не само на сопствените. Пример е овој возач на скопски автобус. Скопјанка преку објава на социјалните мрежи му оддаде признание на возач на автобусот број 65 на ЈСП, кој, според неа, покажал голема смиреност и професионалност за време на силното невреме што вчера го зафати главниот град. Таа раскажува дека автобусот бил затекнат од ...

СДСМ, формално предводен од Венко Филипче, а фактички воден од кланот Заеви на секое ново мерење рејтинг им паѓа довербата во јавонста, а бележат и два тешки изборни порази на послдените парламентарни и локални избори. Немаат план за себе а камоли за државата, немаат дистанцирање од власта СДСМ/ДУИ која од Европската унија и европските институции беше оценета како најкорумпирана по Украина и Молдавија и единствената мантра од општ карактер ...

Експанзија на вести за “големи успеси ан украинската војна“ последниве два месеци сепак се покажаа како маркетинг на Зеленски да прикаже резултати за да обезбеди одлуки од ЕУ за кредит од 90 милијарди евра кој никогаш нема да биде вратен и воена помош од НАТО во вредност од 75 милијарди евра, а зад тој маркетинг стојат порази на терен во Донбас и Запорожје како и - бунт во јавносота и воениот врв во кој се случија темелни смени. Зеленски се ...

Додека владата се обидува да го смири пазарот со повлекување милиони барели нафта, експертите предупредуваат дека САД стануваат сè поранливи на нова криза во снабдувањето. Стратешките резерви на нафта на Соединетите Американски Држави паднаа на нивоа невидени од 1983 година, откако администрацијата одобри повлекување на милиони барели за стабилизирање на пазарот поради конфликтот со Иран. Овој потег предизвикува загриженост кај експертите ...

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, на прашањето колку играчи треба да потпише пред да се затвори преодниот рок, истакна дека засега не може да каже вистинска бројка. „Мислам дека е тешко да се наведе конкретен број во моментов додека е отворен преодниот рок. Секогаш мора да бидеме отворени за нови можности што ќе ни овозможат да го зајакнеме тимот. Постојат очигледни позиции што треба да ги зајакнеме. На пример, крилен напаѓач – ...

Вештачката интелигенција која треба да ги унапреди човечките способности и резултати во науката, економијата и комуникациите станува опасност за човештвото! Она од што луѓето се плашеа, дека комјутерите ќе почнат сами да раководат со себе и со интернетот - се случи. Добивме и праткична потврда дека софтверите и серверите на кои се темели вештачката интелигенција активно работат да бидат контролирани од себе а не од човек. Тоа значи преземање ...

Белгиската фудбалска репрезентација го избра Марк ван Бомел за нов селектор на нациоанлниот тим. Некогашниот тренер на тимови во германската и холандската лига, за свој следен чекор ќе ја има селекторската работа на клупата на „црвените ѓаволи“. Договорот на Ван Бомел наводно е со важност од две години – до 2028 година. Тој ќе го замени Руди Гарсија како селектор, кој ја напушти својата позиција по Светското првенство. Холанѓанецот работел и ...

На последново светско фудбалско првенство во САД првиот човек на ФИФА, очигледно, повеќе му служел на американскиот претседател Доналд Трамп за негова промоција отколку на фудбалот и светската фудбалска асоцијација ФИФА. Трамп ќе му се оддолжи. Џани Инфантино се подготвува за нов мандат во ФИФА, но последните информации говорат дека тој многу лесно би можел да ја напушти функцијата на прв човек на светската куќа на фудбалот. Весникот „Њујорк ...

Епидемијата на стомачни тегоби и болести поради инфицирана вода од градскиот водовод е толку голема што градот, општината, не може да се справи со санацијата и последиците и потребна е државна помош. Во Гостивар е прогласена е 30-дневна кризна состојба откако 22 дена пумпи внесувале вода со фекалии во градскиот водоов, а целта е побрза координација на институциите, ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење ...

Дали Охрид е град кој заслужува внимание од светот, и е под заштита на УНЕКСКО како културна реткост, или ќе се врати на статусот на туристичка провинција без ред и култура, без заштита од Обединетите нации на неговото културно наследство и содржина. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска треба да ја донесе конечната одлука за статусот на Охридскиот Регион – дали ќе го задржи сегашниот статус на светско природно и културно ...

На граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333.000 денари, или околу 5.400 евра откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана ...

Валбон Лимани, кандидатот на Венко Филипче, Али Ахмети и Арбен Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност – пишува ВМРО-ДПМНЕ ...

По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број ...

Дивјачкото однесување на играчите и тренерите на Аргентина гo одбележа финалето на Светското првенство. Особено впечатлив беше Леандро Паредес, кој се степа со половина репрезентација на Шпанија. Прво го турна Ерик Гарсија, потоа го шутна и го фрли на теренот. Потоа го зграпчи за вратот. Потоа се фрли кон Гави. Кога шпанскиот играч од средниот ред скокна да го одбрани својот соиграч, Паредес го нападна и него, го шутна и го фрли на теренот ...

Централната команда на САД соопшти дека бранот напади бил „дизајниран да продолжи да ја деградира способноста на Иран да го загрозува комерцијалниот бродски сообраќај“ во Ормутскиот теснец. Иранските државни медиуми објавија дека во главниот град Техеран е активирана воздушна одбрана. Експлозии се пријавени и во Тебриз, Чабахар, Конарак и во Бушер, каде што се наоѓа единствената нуклеарна централа во Иран. Иран, кој возврати на САД и нивните ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со повеќе од 60 км на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ...

Израелската војска во вторникот потврди дека гради голема песочна бариера што го дели Појасот Газа на два дела. Со тоа физички се одвојува областа под нејзина контрола – која опфаќа меѓу 50 и 70 отсто од територијата – од зоните под контрола на Хамас. Потврдата уследи откако компанијата за сателитски снимки „Planet Labs PBC“ регистрираше топографски промени и ги достави снимките до агенцијата „Асошиејтед прес“ (AP); AP прва ја објави веста, ...

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез (33) изјави дека размислува за повлекување од репрезентацијата по поразот од Шпанија со 1-0 во финалето на Светското првенство. Мартинез вчера им се извини на Инстаграм на навивачите на Аргентина. „Многу ми е жал. Дадов сè од себе за да им помогнам на мојата земја и на моите соиграчи да го освојат Светското првенство“, напиша тој. Тој се надеваше дека ќе освои втора последователна светска титула по ...

Морган Роџерс и официјално е нов фудбалер на лондонски Челзи. Лондонскиот клуб го објави трансферот на 23-годишниот играч од средниот ред од Астон Вила. Страните потпишаа договор до 2033 година. Претходно беше објавено дека договорот ќе биде вреден 117 милиони фунти, со што и официјално е урнат рекордот за најскап англиски фудбалер во историјата на Премиер лигата. Минатата сезона, Морган одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи ...

Избирањето вистински фотографии за апликациите за запознавање може да биде вистинска мака - дали е подобро „селфи“ од теретана или некоја атрактивна од летен одмор? Тука е и пишувањето „биографија“ која треба да биде духовита и шармантна, но не и нападна. Откако ќе завршите сè, останува прашањето: дали ова е тоа што го бара другата личност? Фрустрацијата произлегува од фактот што повеќето луѓе навистина не знаат што сакаат потенцијалните ...

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О'Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во државата Охајо, објави Њујорк Тајмс. Група од најмалку седум лица - два пара, нивниот возрасен пријател и две деца - престојувале покрај брегот на реката при зајдисонце. „Некои од нив ловеле риба кога еден од возрасните ...

Вечерва се одиграа неколку натпревари, први од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции. Познато е дека во случај Вардар да ја мине Рига, тогаш во третата квалификациска рунда од ЛК ќе игра со подобриот од двомечот Бисен (Луксембург) – ЕТО Ѓер (Унгарија). Па така со оглед на тоа дека унгарскиот шампион уште на првата средба и тоа како гостин славеше со неверојатни 2:6, ако ја мине Рига тогаш Вардар ќе игра против ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
44%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
6.3
60%
1012
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
73%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
6.17
43%
1015
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.48
43%
1012
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
2.57
83%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
64%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
88%
1011
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
3.58
51%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
58%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
0.51
87%
1009
Currency

61.5217

Currency

53.0864

Currency

71.8922

Currency

37.7669

Currency

38.2893

Currency

65.4487

Currency

7.88035

Currency

0.62494

Currency

0.33285

Currency

0.52358

Currency

1.10852

Currency

0.55531

Родиум

282926.57

Сребро

2096.79

Цинк

0.00

Паладиум

41828.12

Кобалт

56.29

Злато

141161.07

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.26

Иридиум

252383.36

Платина

56231.66

Бакар

13.19