Иран изјави дека е подготвен да ја отвори Ормуската Теснина ако САД ја прекинат блокадата на иранските пристаништа и војната против Исламската Република и предлага прашањата околу нуклеарната програма на Иран да се дискутираат во подоцнежна фаза, изјавија регионални претставници. Понудата на Иран дојде откако иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја посети Русија, клучен сојузник на Техеран, објави американското издание ...

Македонската женска репрезентација се пласираше во финалето на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје. Македонките денес во полуфиналето ја победија Турција со 30:22 (12:12 полувреме) и обезбедија најмалку сребрен медал. Во финалето македонските репрезентативките ќе се соочат со врсничките од Хрватска. Хрватките во денешното прво полуфинале ја победија Романија со 25:20. Македонската женска репрезентација се ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска е запознаена со случајот на врсничко насилство во училиштето во Ѓорче Петров. Како што изјави денеска, школото веќе постапило, пријавило во полиција и во социјалните служби, а и самото преземало мерки. Таа апелира до родителите, повеќе да внимаваат и повеќе време да минуваат со своите деца. – Жал ми е што се соочуваме со вакви случаи. Министерството добива информации за ваквите настани и ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, двајца возачи во Скопје и по еден во Гостивар, Тетово и Штип управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Тетово е малолетник и предизвикал сообраќајна незгода, додека возачот во Штип, освен без дозвола, возилото го управувал и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Гевгелија ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес се обрати пред собраниската Комисија за надворешни работи, истакнувајќи дека надворешната политика не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки, туку мора да претставува јасна државна линија заснована на најширок можен политички консензус. Во своето обраќање, министерот нагласи дека во периодот 2024–2026 е направена суштинска трансформација на македонската ...

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е казнет со 50.000 долари за учество во тепачката на крајот од четвртиот натпревар од плејоф серијата во првото коло на НБА против Минесота Тимбервулвс. Натпреварот заврши со победа на Минесота со 112:96. Инцидентот се случи на 2,1 секунди до крајот, кога Џејден Мек Дениелс постигна кош со неговиот тим поведе со 14 поени разлика. По инцидентот, на Јокиќ и Џулиус Рендл им беа изречени технички грешки и ...

Денес на армискиот полигон „Криволак” беше реализиран Денот за високи гости на вежбата „БЛЕСОК 26″. На настанот присуствуваа: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување-Грција генерал-потполковник Григориос Боунтлиакис, началникот на Ј-9 на ...

Демократската Република Конго ќе формира паравоена единица за обезбедување на своите рудници, што ќе биде финансирана од Соединетите Американски Држави и Обединетите Арапски Емирати, соопшти Генералната инспекција за рударство на земјата. Според соопштението, за реализација на плановите ќе бидат вложени сто милиони долари и до декември ќе бидат распоредени до три илјади вооружени регрути. Интенција е до 2028 година единицата да брои 20 илјади ...

Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхашките критериуми, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од армискиот полигон Криволак, во изјава за медиумите. Таа беше дел од Денот на високи гости на вежбата „Блесок 26“. Освен Сиљановска-Давкова како врховен командант на Вооружените сили, пред присутните се обратија и министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на ...

Традиционалната атлетска трка HalkEco Skopje Run 10K 2026 влегува во својата завршна фаза на пријавување, со последен рок до 29 април 2026 година (среда) или до пополнување на предвидениот број на учесници. Организаторите упатуваат финален повик до сите љубители на трчањето и активниот начин на живот да го обезбедат своето место на една од најмасовните градски трки во Скопје. Настанот, кој ќе се одржи на 10 мај со почеток во 9.00 часот на ...

На 26.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, В.Н.(54) од Скопје пријави дека неговиот 13-годишен син, додека бил со петмина свои другари, на 25.04.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од поголема група малолетници, при што бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите настанот го снимал со мобилен телефон. Исто така, другар на нападнатиот малолетник, пријавил дека напаѓачите се обиделе и него да ...

Соединетите Американски Држави се „понижени“ од Иран, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска, предупредувајќи дека конфликтот веројатно нема да заврши наскоро. „Иранците се очигледно посилни од очекуваното, а Американците очигледно немаат навистина убедлива стратегија во преговорите“, рече Мерц за време на посетата на училиште во Марсберг, град во неговиот роден регион Зауерланд. „Проблемот со ваквите конфликти е секогаш: не мора ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10.03.2026 до 12.03.2026 довела во заблуда повеќе луѓе така што лажно прикажувала факти преку социјална мрежа, односно преку профил со кој менаџирал ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозициската СДСМ дека уставни измени мора да има сега веднаш, затоа што државата, односно оваа Влада нема европска перспектива, дека граѓаните живеат лошо, изјави: „Можев да го видам оној настан, што вчера го организираше СДСМ во рамките на македонското Собрание и да ја слушнам таа ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН ВЛЕН ја смета за несериозна и самосаботирачка денешната иницијатива на ДУИ, која повеќе наликува на сатирична пародија отколку на нешто што вреди сериозно да се разгледа. ДУИ сериозно ја навредува ЕУ и Албанците кога Блерим Беџети зборува за европски вредности. Го потсетуваме јавноста дека Блерим Беџети, како долгогодишен функционер на ДУИ, е синоним за политика спротивна на секоја европска вредност. Како ...

Институт за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) денеска информираше дека согласно Одлуката на Владата, за нов директор на нивната институција избран бил Газменд Алиу за период од четири години. „Со голема чест и задоволство го поздравуваме стапувањето на функцијата на новиот директор. Во следното поглавје на Институтот, сите заедно очекуваме добра соработка, континуитет во зајакнувањето на нашата улога во општеството и ...

По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Добитник на првата награда за 2026 година е авторот Стефан Таневски, за трудот со наслов „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?” (Can Institutional Integration of Western ...

На 29.04.2026 (среда), во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Швајцарската конфедерација, Н.Е. г-дин Ги Пармелен. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, велат од МВР. На ...

Согласно одлуката на РКЕ од вечерва на полноќ цената на дизел горивото се намалува за два и пол денари, додека бензините поскапуваат за два денари. Со тоа, новите максимални цени ќе изнесуваат: еуросупер БС-95 – 82,50 денари за литар; еуросупер БС-98 – 84,50 денари за литар; еуродизел – 91,50 денари за литар; екстра лесно масло – 96,00 денари за литар; мазут – 46,656 денари за килограм. Од РКЕ додаваат дека како и досега, станува збор за ...

Шокантна сцена ги пречекала семејствата на починатите на градските гробишта во скопската населба Синѓелиќ, каде наместо достоинствени вечни почивалишта на своите најблиски, затекнале забетонирани основи врз ковчезите, поместени гробни места и нови ископани парцели на минимално растојание пишуваше 4news.mk. Револтирани граѓани сведочат дека просторот бил целосно нарушен, а пристапот до гробовите речиси невозможен. „Вчера во 18 часот дојдовме ...

Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација. „Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи,” порача градоначалникот Горан Герасимовски. Со повикот се опфатени студенти и/или ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните работи на Универзална сала, при што истакна дека проектот конечно добива на динамика по долг период на застој и, како што рече, „перипетии од минатото“. Тој нагласи дека реконструкцијата на објектот е дел од пошироките подготовки за проектот „Европска престолнина на културата 2028“, потенцирајќи дека Скопје има обврска навремено да ја заврши клучната инфраструктура. „Очекувам во ...

Ученичка од шесто одделение во осноно училиште во Ѓорче Петров била брутално малтретирана од неколку други девојчиња. Настанот се случил кон крајот на март оваа година во паркот во Ѓорче Петров во старото вовче кое на 50 метри од полициската станица. Според пишувањата на Вечер, групата ја тепала, ја горела со цигари и ја присилувала на деградирачки постапки, а дел од насилството било снимено со мобилен телефон. Снимките потоа биле ...

Јас немам што повеќе да додадам од тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот, рече премиерот Христијан Мицкоски при увидот на реконструкцијата на Универзална сала „Очекувам во рамките на рокот да биде завршен овој објект бидејќи проектот „Европска престолнина на културата” после сите оние застои во минатото, конечно добива на некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Така што еден од тие објекти е и ...

„Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за одржување на ценовната стабилност и предвидливоста во економијата”, истакна вицегувернерот Игор Величковски на Годишното собрание на Здружението на финансиски пазари АЦИ Македонија. Во обраќањето беше истакнато дека со последните измени на оперативната монетарна рамка се заокружува значаен процес на нејзино ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека „прекумерните барања“ на Соединетите Американски Држави довеле до неуспех на мировните преговори одржани во Исламабад. По слетувањето во Русија, Арагчи им рече на локалните новинари дека ќе разговара за актуелниот конфликт на Блискиот Исток со руските сојузници. Во изјава на персиски јазик, споделена преку неговиот Телеграм канал, тој истакна дека разговорите во Исламабад ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор 27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија. 9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија. Тоа беше организиран обид за државен удар, во режија на ВМРО и Никола Груевски. Во Собранието влегоа насилници со јасна намера – да убијат ...

Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година, се наведува во извештајот на Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но пораснале за 14 отсто во Европа и за 8,1 отсто во Азија и Океанија. Трите најголеми потрошувачи – САД, Кина и ...

Дојави за бомби изутринава повторно биле испратени до неколку гимназии во Загреб, по што се спроведуваат нови евакуации на основни и средни училишта во западниот дел од градот. Дојавите за поставени бомби биле испратени и на адреси на медиуми. Хрватска минатата недела се соочи со серија лажни дојави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земјата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и градинки, како и некои трговски ...

Кина остро го критикуваше планот на Европската Унија насочен кон зајакнување на индустријата во рамките на блокот, предупредувајќи на можна ескалација на трговските тензии. Пекинг денес се закани со контрамерки доколку ЕУ усвои нови правила познати како „Произведено во Европа“, кои се насочени кон стратешките сектори кои се соочуваат со силна кинеска конкуренција. Што предвидува европскиот план? Европската Унија во март ги претстави новите ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
20%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
32%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
29%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
27%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.27
40%
1020
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
39%
1017
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
6.26
44%
1017
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
26%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
21%
1016
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
29%
1021
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
29%
1020
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
7.72
47%
1021
Currency

61.64

Currency

52.5826

Currency

71.0589

Currency

37.4809

Currency

38.4582

Currency

66.8122

Currency

7.69168

Currency

0.6967

Currency

0.33132

Currency

0.52501

Currency

1.16811

Currency

0.5579

Цинк

0.00

Родиум

323115.00

Калај

50.46

Сребро

2439.04

Злато

151548.67

Платина

64944.51

Бакар

12.12

Кобалт

45.39

Рутениум

53788.20

Иридиум

253540.09

Паладиум

47550.95

Алуминиум

3.60