Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја. Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како и на отстранување на ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
Соопштение на Левица: Труењето на граѓаните во Гостивар не е само резултат на погрешна техничка одлука или индивидуален пропуст. Според досегашните наоди од истрагата, во водоснабдителниот систем била пуштена непречистена вода, Институтот за јавно здравје утврди присуство на фекални колиформни бактерии, а анализите покажаа и покачени концентрации на резидуален хлор, што укажува на обид за санирање на веќе настанатата контаминација. Ова е ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата”. Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП „Национални Шуми”, ...
На ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје денеска беше пуштено во употреба целосно реконструираното Одделение за трауматологија, во чија обнова се инвестирани речиси 230.000 евра. Како што истакна директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, капацитетот на одделот изнесува 26 кревети, каде што девет хирурзи трауматолози годишно изведуваат речиси 1.100 ...
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули”. во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево. На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР Кичево, ...
Клиничка болница – Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион пациентите кои се со скршеници во наредните денови да не ги препраќаат или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетатa од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час падна дел од кровната конструкција на Клиничка болница-Штип. -Ве известуваме дека поради ...
Долгогодишниот претседател на Никарагва, Даниел Ортега, најави дека во таа централноамериканска земја повеќе нема да се одржуваат избори, со што се анулира можноста за изборни промени во земјата по истекот на неговиот мандат следната година. „Повеќе нема да има избори, на кои тие би се обиделе да ја преземат владата и власта“, рече Ортега во обраќањето по повод годишнината од сандинистичката револуција од 1979 година, во која учествуваше во ...
Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција, информираат од ЕВН Македонија. Нагласуваат дека засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја да санираат дури 90 отсто од ...
Професионалната јавна администрација не се гради само со закони. Таа се гради со јасни правила, објективни критериуми и алатки што секојдневно ќе се применуваат во институциите. Токму во таа насока, Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, по вчерашното невреме што го зафати Скопје и предизвика материјални штети и паднати дрвја, порача дека природата е „најголемиот контролор“ на сѐ што е изградено од човекот и дека нејзината проверка е објективна и неселективна. Ангелов наведува дека природните непогоди на најсуров начин покажуваат дали при изградбата на објектите се почитувани законите, прописите и ...
Според експертите, фиксните камери не можат да снимаат на стотици метри одалеченост. Нивните системи работат во точно определена зона на мерење, во која ја регистрираат брзината на возилото и, доколку има прекршок, го фотографираат. Еден од најраспространетите системи во Европа е „GATSO RT4“. Тој ја мери брзината на приближно растојание од 10 до 100 метри, што значи дека уредот може да го евидентира прекршокот откако возилото ќе влезе во тој ...
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, кој Владата вчера го усвои по комисиската расправа во Собранието можеби изгледа како вообичаена финансиска операција со која се коригираат приходите и расходите на државата. Но, подеталниот поглед покажува дека зад бројките се крие многу поширока политичка и економска стратегија. Од министерството за финансии денеска го соопштија начинот на кој се распределуваат дополнителните средства кои ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна: „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на ...
На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ помош по вчерашното невреме побарале 22 пациенти, од кои двајца се на болничко лекување, а на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) 11 лица, од кои тројца се со посериозни скршеници. – Од 22 пациенти во „Св. Наум Охридски“, двајца се примени на болничко лекување, другите се ...
Исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности регистрираше Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР) во текот на вчерашното невреме, врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици. На повеќе локации во државата, според податоците на УХМР, беа регистрирани оркански удари на ветер со брзина од над 130 километри на час, што претставува редок и разорувачки ...
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата. -Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ, рече Рокас, обраќајќи се на седница на Националниот совет за ...
Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност. Граѓаните мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. Сите здравствени институции ...
Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период ...
Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче на седница на Националниот совет за евроинтеграции На денешната седница е да поразговараме за повеќе аспекти на процесот на проширување на Европската Унија, кои се актуелни во изминатиот период, процесите кои со многу голема динамика се случуваат во Европската Унија. Проширувањето, како еден од врвните приоритети на што се става акцент од страна на Европската Унија во изминатите месеци, со ...
Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди. Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и ...
Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Младите масовно ја напуштаат Македонија. Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив. Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата. Неговото семејство е со обезбедена европска иднина, ...
Воените операции против Иран досега ги чинеле САД 37,5 милијарди долари, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на сослушување пред Конгресот. Тоа претставува зголемување од речиси осум милијарди долари во однос на последната јавно објавена проценка на трошоците. Хегсет пред американските законодавци изјави дека во сумата се вклучени и очекуваните трошоци до 30 септември. Ова е првпат Хегсет јавно да одговара на ...
Во Музејот на град Скопје денеска е откриен споменик на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија. Споменикот е откриен во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со претседателката Гордана ...
Критичните минерали стануваат едно од клучните прашања за економската и индустриската политика на водечките светски економии. Во најновата анализа на Европскиот парламент „Политиките на САД за критични минерали и импликациите за стратешката автономија на ЕУ“ се наведува дека обезбедувањето сигурни извори на минерални суровини е од суштинско значење за конкурентноста, технолошкиот развој и геополитичката стабилност. Во Македонија, пак, ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, за чија реализација е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–Обединети нации (India-UN Development Partnership Fund). Во присуство на претседателката на Република Индија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ...
САД извршија нов бран воздушни напади врз цели во Иран, додека Вашингтон порача дека е подготвен за дијалог и преговори со Техеран, но и дека ќе преземе мерки за заштита на своите интереси и интересите на сојузниците. Централната команда на вооружените сили на САД (СЕНТКОМ) соопшти дека операцијата против Иран завршила во 00:15 часот по Гринич, односно во 03:15 часот по локално време. Според соопштението, во текот на ноќта биле погодени воени ...
Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, со кои се обезбедија дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски ги претстави можностите за индиски инвестиции во македонскиот агросектор на Македонско-индискиот бизнис-форум, одржан во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, на Северна Македонија. Во своето обраќање, Серафимовски оцени дека посетата на индиската претседателка е силен поттик политичките односи меѓу двете земји да се ...
За задоволување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Гостиварската болница, обезбедена е вода од цистерни. Од управата општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар, информираат дека од синоќа во кругот на болницата е поставена цистерна со вода. Возилото е обезбедена преку соработка со ЈКП „Тетово“ – Тетово и ќе биде на располагање наредниов период. -Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за ...