Девојка која секогаш те слуша, го прави она што го сакаш и никогаш нема лош ден звучи примамливо, нели? Либерти Витерт, професорка по практики на наука за податоци на Олин школата за бизнис, на Универзитетот во Вашингтон во САД, има еден вид ритуал со своите студенти на почетокот на секоја академска година. Ги прашува за нивната употреба на социјалните мрежи. Овој ритуал служи како барометар за најновите трендови кај младите. Како и да е, еден ...

Благодарение на напорите на производителите и безбедносните механизми што ги развија, хакирањето на мобилни телефони, без разлика дали се iOS или Android, стана многу скапо. Техниките за хакирање на апликации како WhatsApp сега вредат милиони долари. Неодамна руската компанија Operation Zero. која продава и купува софтверски недостатоци непознати за производителите (т.н. нулти ден), на својата сметка на Телеграм и сметката на социјалната мрежа ...

Популарната апликација WhatsApp ја тестира функцијата на тајни кодови за заклучени разговори. WhatsApp ја претстави функцијата „Chat Lock“ во мај оваа година. Како што сугерира името, оваа функција ви овозможува да заклучите одредени разговори во безбедна папка до која можете да пристапите само вие. WhatsApp сега работи на нова функција „passcode“ која ќе додаде уште еден слој на безбедност на вашите заклучени разговори. Оваа функција е ...

Apple соопшти дека планира да ги исполни барањата за тестирање на радијација на Франција со објавување ажурирање што ќе го спречи iPhone 12 да користи повеќе енергија кога уредот е во контакт со статични површини. Apple ги оспори наодите на француските регулатори дека iPhone 12, кој е на пазарот веќе три години, емитувал повеќе од дозволената количина на зрачење и ја прекинал продажбата на уредот, објави Ројтерс. Американската компанија го даде ...

Sony официјално ги претстави новите модели на конзолата PlayStation 5. Станува збор за модели со отстранливи читачи на Blu-ray дискови, а сепак ќе има два модели – еден со читач на дискови и Digital Edition без читач, но ќе може да се додаде читач за 120 евра. Новите модели на PlayStation 5 ќе бидат за 30% помали од претходните, а ќе имаат четири страни. Исто така, моделите PS5 Slim ќе доаѓаат во пакет само со држач за хоризонтална положба, ...

Од објавувањето на iPhone 15, Apple се обидува да ги поправи проблемите што се појавија со постојани ажурирања. iOS 17.0.3 требаше конечно да го реши често цитираниот проблем со прегревање, но само неколку дена по неговото објавување, неколку корисници веќе се жалат дека нивните телефони се исклучуваат додека се полнат ноќе и имаат проблеми со (не)работење на Wi-Fi. Ниту споменатите проблеми со прегревање, се чини, не се решени, бидејќи iPhone ...

На кинеските социјални мрежи се „шушка“ дека интерфејсот MIUI заминува во историјата. Xiaomi наводно ќе го замени со MiOS, кој допрва треба да биде претставен. Според информациите објавени на мрежата Weibo од доверлив дојавувач Digital Chat Station, Xiaomi планира да го замени MIUI со сосема нов MiOS. Кинеската компанија веќе ги патентирала правата на името „MiOS“ и доменот mios.cn во Кина, а наводно веќе е протечена и бета верзијата на новиот ...

Функцијата моментално е достапна за секого, без оглед на статусот на верификација на платформата X. Нов ден и ново ажурирање за платформата X (поранешен Твитер) што го ограничува она што можете да го правите на платформата без да платите претплата на Илон Маск и да добиете ознака за верификација. Објавата на официјалната сметка X покажува дека корисниците сега можат да го ограничат одговарањето на објавите, кои ќе доаѓаат само од проверени ...

Се ближи претставувањето на процесорот од 14-та генерација на Интел, што значи дека стигнавме до фазата кога се појавуваат првите информации. Овој процесор би требало да биде претставен следната недела, а на социјалните мрежи кружат внатрешни слајдови кои покажуваат како Интел ги извршил тестовите. Првиот таков слајд потекнува од Јапонија и ги прикажува гејмерските броеви на Intel на 1080p во споредба со водечкиот процесор на AMD, Ryzen 9 ...

Хакерите се секогаш чекор понапред од речиси се и многу лесно можат да дознаат се за вашиот живот, а еве неколку знаци кои ќе ви кажат дали некој ве следи. Голем е бројот на корисници кои обрнуваат многу внимание на тоа дали некој ги прислушува, следи и шпионира додека ги користи нивните телефони и други уреди. Со напредокот на технологијата, напреднаа и техниките што хакерите ги користат за прислушување и следење на уредите, што сега стана ...

Цените на видео игрите продолжуваат да растат на пазарите во Турција и Јужна Америка, а сега на ред се игрите на новата аквизиција на Microsoft – Activision. Цените за скоро сите Call of Duty игри и нивните додатоци нагло се зголемија на Steam во Турција и Бразил. 20 години стариот Call of Duty во Турција од вчера е десет пати поскап отколку што беше во сите овие години. Другите игри, како што се Prototype, Crash Bandicoot или Spyro, исто така ...

WhatsApp конечно ви дава можност да испраќате гласовни пораки без да се грижите дали ќе бидат снимени или споделени. Една од најпопуларните апликации за пораки е воведување функција која ви овозможува да поставите гласовни пораки за да може да се репродуцираат еднаш и потоа да се самоуништуваат, пренесува WABetaInfo. Новата функција работи слично како кога поставувате фотографија испратена преку WhatsApp да се избрише откако ќе се отвори. Кога ...

Лансирањето на серијата iPhone 15 не помина толку глатко како што мислеше Apple, при што корисниците се соочија со мноштво проблеми кои се движат од проблеми со изгорување на екранот до прегревање на телефоните без причина (иако некои од нив веќе се поправени). Сепак, покрај ова, многу корисници на iPhone 15 пишуваат на форумите дека и по ажурирањето на iOS 17.1, проблемите со Wi-Fi мрежата опстојуваат. Сè започна пред две недели, кога сè повеќе ...

Компанијата Мета се извини откако го вметна зборот „терорист“ во описот на профилот на некои палестински корисници на Инстаграм. Од Мета за ова ја обвинија „грешката во автоматскиот превод“. Проблемот ги погоди корисниците на кои во описот на нивниот профил е напишан зборот „Палестинец“, палестинското знаме и зборот „elhamdulilah“ на арапски. „Фала му на Бога, палестинските терористи се борат за својата слобода“, гласи реченицата по автоматскиот ...

Intel Core i9-14900KF штотуку е пуштен во продажба и веќе руши рекорди кога станува збор за оверклокување. Тимот на Asus го вклучи најновиот процесор на Intel и го собори својот претходен рекорд за оверклокување на процесорот со едно јадро, достигнувајќи 9,1 GHz користејќи течен хелиум. Тимот на Asus е веќе легендарен кога е во прашање процесот на оверклокување и тие постојано уриваат нови рекорди. За овој потфат, тие поставија Intel Core ...

На 25 октомври, во 20 часот, во „Станица 26“, ќе се случи интергалактичка промоција на новата книга „Цепај сине“ од авторот на бестселери „Зоран Спасов-Ѕоф“. Во улога на водител ќе го видиме Александар Микиќ, а за убавата атмосфера ќе се погрижат специјалниот гостин Драган Мијалковски и групата „The Ringtones“. „Цепај сине“ е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Се работи за толковен заебантски речник во манирот на ...

„Нетфликс“ потпиша повеќегодишен договор со „Скајденс анимација“ за развој на анимирани играни филмови, кои ќе бидат објавени исклучиво на „Нетфликс“, соопшти стриминг-гигантот во средата. Џон Ласитер, поранешен шеф за анимација на „Волт Дизни“ и коосновач на „Пиксар“, ќе ја води продукцијата на филмовите. Ласитер почна да работи во „Скајденс анимација“ во 2019 година откога зеде отсуство од „Дизни“ во 2017 година. Тој беше движечка сила зад ...

Играње игри на мобилниот телефон е посебен сегмент, како за самите мобилни уреди, така и за игрите. Кога зборуваме за паметните телефони воопшто, обично разговараме за спецификациите и бројките. Но, кога зборуваме за игри, обично помислуваме на моќен десктоп компјутер со сета опрема. Сепак, со текот на времето се појавува нов сегмент за гејмање, имено, на паметните телефони. Секако, имаме специјални уреди за оваа дисциплина, но со воведувањето ...

Индија има за цел да испрати астронаути на Месечината до 2040 година, соопшти владата оваа недела, додека премиерот Нарендра Моди издаде инструкции до Министерството за вселенски работи кои вклучуваат планови за вселенска станица до 2035 година. Вселенските амбиции на Индија добија поттик кога таа стана првата земја што слета вселенско летало во близина на неистражениот јужен пол на Месечината во август, само неколку дена откако слична руска ...

Сондата Јуно на НАСА сними нови фотографии од вулкански најактивното тело во Сончевиот систем. На 15 октомври леталото прелета покрај Јупитеровата месечина Io, приближувајќи и се на само 11.680 километри. На новите снимки можеме да го видиме северниот поларен регион на Месечината, како и вулканските облаци кои виселе над ерупциите. Io е исклучително вулкански активно тело, научниците проценуваат дека околу 150 од 400 познати вулкани еруптираат ...

Стриминг платформата Нетфликс вели дека нејзиното укинување на споделување лозинка и сметки, заедно со понудата за поевтина услуга поддржана од реклами, и донела на компанијата многу нови претплатници. Бројот на претплатници е зголемен за 8,76 милиони во последниот квартал. Тоа беше значително подобро од нешто помалку од 6 милиони колку што очекуваше Нетфликс. Сега се планира зголемување на цената на некои варијанти на претплата за корисниците ...

Од денеска, 19 октомври, ќе можеме да возиме по балканските патишта во видео играта Euro Truck Simulator 2 на компјутер. Помина долго време за оваа експанзија – всушност, поминаа повеќе од две години откако беше објавена последната, бидејќи онаа наречена „Heart of Russia“ беше откажана во меѓувреме (од очигледни причини). Откриена е и детална мапа што ќе се најде во проширувањето. Севкупно, мапата на Западен Балкан содржи 30 градови, а цената ...

Верзијата на Маск на Twitter, или сега платформата X, го оправдува воведувањето на наплата како „борба против ботови“, но експертите веруваат дека членарината може да доведе до уште поголем егзодус на постоечките корисници. Илон Маск, сопственикот на X, минатиот месец објави дека платформата најверојатно ќе воведе претплата за сите нејзини корисници. Во изминатите неколку дена, приказната доби дополнителен пресврт откако Bloomberg објави дека ...

Истражувачите за сајбер безбедност пронајдоа седум Android TV box уреди и еден таблет со инсталиран опасен софтвер. Кога купувате телевизор за стриминг, има одредени работи што можеби не ги очекувате од него. Не би требало тајно да биде полн со малициозен софтвер или да започне да комуницира со серверите во Кина кога е вклучен. Дефинитивно не треба да дејствува како центар на шемата за организиран криминал што заработува милиони долари преку ...

Бришењето на последните 15 минути од историјата на пребарување буквално се врши во неколку чекори. Инкогнито режимот на Google Chrome е идеален начин доколку сакате безбедно да сурфате на интернет, но понекогаш може да се случи да заборавите да го отворите или да сакате да направите индивидуално приватно пребарување за нешто што ве интересира за кратко време. Идеална помош во вакви ситуации може да биде нова функција во апликацијата Google. Ви ...

Популарниот гејмер Нинџа (вистинско име Тајлер Блевинс) се уште има армија лојални гледачи со кои често влегува во вербални конфликти. Иако најчесто игра Fortnite, Нинџа неодамна најмногу го нервираат фановите на серијалот Call of Duty. За време на неодамнешниот пренос, публиката постојано го спомнуваше новиот Call of Duty: Modern Warfare III во разговорот. Но, беше јасно дека не е задоволен од тоа, па во еден момент не издржа повеќе и почна да ...

Asus наводно се подготвува да објави графичка картичка со интегрирано решение за складирање податоци. Во текот на летото, Asus демонстрираше прототип на графичка картичка RTX 4060 Ti со слот M.2 2280 SSD на задната страна. Презентацијата беше на кинески, што го отежнува преводот, но според VideoCardz, Asus сфатил како да му даде некои PCIe ленти за поддршка за SSD. Овој дизајн му овозможува на системот да ги искористи предностите на вентилаторот ...

Windows 12 би можел да биде претставен на јавноста во втората половина на следната година. Microsoft веќе работи на следната генерација на Windows, наречена Windows 12, со кодно име „Next Valley“. Компанијата тврди дека ќе биде спој на локален оперативен систем и оној базиран на cloud и на претплата, вклучително и многу искуства подобрени со вештачка интелигенција. Според моментално достапните информации, Windows 12 би можел да биде претставен ...

Google Maps за Android добива нова функција која постои со години на оперативниот систем iOS. Станува збор за опција за прикажување на временските услови на местото што го гледа корисникот на мапата, која наскоро ќе биде достапна на Android платформата. Како што сподели уредникот Наил Садиков на Телеграм каналот Google News, корисниците на Android верзијата на Google Maps наскоро ќе можат да видат уште една под полето „Search“ на која ќе се ...

Во најголем дел, новите процесори од 14-та генерација на Intel претставуваат освежени модели од претходната генерација, со исклучок на процесорот Core i7-14700K. Интел од 17 октомври ќе ги пушти во продажба најновите процесори од 14-та генерација, предводени од премиум моделот Core i9-14900K. Оваа серија се вика Raptor Lake Refresh, а интересно е што годинава Интел одлучи да ги задржи истите цени за 14-та генерација процесори Core i9, i7 и i5 ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.1
48%
1009
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.45
75%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.89
56%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.37
55%
1010
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.54
48%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
69%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
59%
1007
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.61
54%
1009
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.03
58%
1009
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.34
55%
1012
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.79
33%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.05
44%
1010
Currency

61.53

Currency

54.6759

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62