Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Книгата „Скарбо“, со сите раскази за возрасни на Јадранка Владова, ќе биде промовирана денеска во 13 часот, во Салата за состаноци на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Кон делотo на значајната македонска универзитетска професорка, писателка и критичарка Јадранка Владова (20.4.1956 – 11.12.2004) ќе се осврнат: Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска и Трајче Стамески. Книгата „Скарбо“ ги спојува двете подзагубени збирки раскази на ...
Предисториски предмети од македонските локалитети Врбјанска Чука, Шуплевец и Милци се дел од археолошката изложба „Првите благородници во Европа“ која деновиве беше отворена во Канадскиот музеј на историјата во Гатино, Отава. Во поставката се застапени 700 други наоди од Балканот преку кои се претставува клучната улога на овој регион во долгата и комплексна трансформација од најраните земјоделски заедници до првите европски кралства. Ова е ...
Ова е моја прва посета на Македонија и по долги години патувањa на саеми на книги од Лос Анџелес до Рејкјавик, од дното на душата сум почестен што можам да го посетам и Саемот на книгата во Скопје, вели Рослунд Во својата работа користам многу фантастични истражувачки алатки на новинарството. Можам да сретнам криминални банди во Стокхолм или нарко-босови во Колумбија или бездомници кои живеат во тунели на 20 метри под градските патишта, да ги ...
Неработните денови за претстојните избори, 24 април и 8 мај училиштата ќе ги одработат во две саботи. Министерството за образование и наука веќе ги известило училиштата дека часовите од 24 април ќе бидат одработени во сабота, на 18 мај, а часовите предвидени за 8 мај ќе бидат одработени во сабота, на 1 јуни. Ќе биде одработен и неработниот ден даден на 30 ноември поради одржувањето на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Овој ден училштата ќе го ...
Иако Владата ги прогласни 24 април и 8 мај за неработни денови за цела држава поради изборите, деновите пред гласањето (23 април и 7 мај) ќе бидат работни денови за сите, соопшти Министерството за образование и наука. Многумина сè прашуваа дали 7 мај ќе се спои со пролетниот распуст кој завршува заклучно со 6 мај, а 8 мај е веќе неработен ден. – Иако гласањето е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат ...
Дванаесет нови наслови, специјалната понуда која вклучува повеќе од 50 наслови по цена од само 150 денари, попустите до 60%, пакетите плати 5 одбери 6 и бесплатната достава за сметки над 1200 денари за сите оние кои не се во можност да го посетат саемот – ова е само дел од понудата на Книжевниот центар „Антолог“ за Саемот на книгата. Од денес до 24 април издавачката куќа за овој саем на книга направи избор за сите вкусови и за сите џебови. За ...
Добитник на наградата за најдобар европски филм што ја доделува Европската филмска академија, француската крими драма „Анатомија на падот“ од денеска ќе игра и во кината ширум земјава. Во Скопје се прикажува во кината „Милениум“, „Синеплекс“ и во Кинотека. По „Златната палма“ во Кан, филмот го освои европскиот Оскар, а се закити и со наградите за најдобар режисер и сценарист што ги освои Французинката Жистен Трие, како и со наградата за ...
Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и продукција на Скопје Филм Студио ќе биде премиерно прикажан вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје. Филмот ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од почетокот на 20 век, посебно кусата ера на брутализмот. Што е она што доведе до овој подем во време ...
Повик за учество во регионалниот уметнички проект Echo Curve e отворен за млади уметници до 30 години од Скопје, Нови Сад и Загреб. Крајниот рок за пријавување е 30 април. Проектот се реализира преку соработка на три организации – Здружението на уметници EXP Projekat (Нови Сад), Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ (Скопје) и Автономниот културен центар „Attack“ (Загреб). Проектот е поддржан ...
Премиерата на претставата „Хеда Габлер“ работена по текст на авторот Хенрик Ибзен, а во режија на Васил Христов, е закажана задутревечер (20 април) во 20 часот, на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар во Скопје. Класичниот текст на Ибзен доби нов живот со адаптацијата на Викторија Рангелова – Петровска и режисерот Христов, кој се погрижи и за сценографијата, а костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска. Насловната ...
Попусти до 80 отсто и понуда на над 600 наслови најавува Книжевниот центар ТРИ на Саемот на книгата што почнува денеска. Во фокусот ќе бидат домашните писатели и автори од регионот со кои читателите ќе можат да се сретнат. Саемското искуство ќе биде исполнето со одличната агенда – средби со Румена Бужаровска, Лидија Димковска, Венко Андоновски, Срѓан Драгојевиќ и Маја Волк, како и други домашни автори, што ќе можете да ја најдете на ...
Изложбата In Vinica veritas е отворена во Центарот за култура во Крива Паланка, а на ена се претсавени 50-те најуспешни селектирани карикатури од светски познати автори. Изложбата е дело на истоимениот Меѓународен фестивал за хумор и сатира, а се организира во соработка со Домот на култура ,,Тошо Арсов“ од Виница. Темата на 15. издание на конкурсот за карикатура е „Нештата стануват возможни“. – Годинава на меѓународниот конкурс учествуваа ...
Гран при за животно остварување на Остен биеналето 2024 година го доби италијанскиот уметник и теоретичар Микеланџело Пистолето. Тој е ден од основачите и главен протагонист на Арте повера, радикално италијанско уметничко движење од минатиот век, чии уметници истражуваа низа неконвенционални процеси и примена на нетрадиционални „секојдневни“ материјали. Наградата „Светско културно наследство“ му се доделува на Вангел Наумовски, еден од ...
По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, влезот ќе биде слободен во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, со што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава. Отворени ќе бидат вратите на националните установи: заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и во Струмица; Стоби ...
Новата книга на д-р Неле Карајлиќ, „Солунска 28“ (III дел) ќе биде промовирана денеска во 18 часот, на штандот на „Арс Ламина“, во арената „Борис Трајковски“, Скопје. Со овој настан, издавачката куќа „Арс Ламина“ официјално го означува почетокот на своето претставување на Саемот на книгата 2024. По промоцијата ќе следува коктел, потпишување на книгата и дружба со авторот. На најголемата книжевна манифестација, која се одржува од 18 до 24 ...
Под мотото „Приказна се чита“, до 24 април спортскиот центар ќе се претвори во книжевен епицентар за масовната публика Со поголема шанса за малите издавачи кои на годинашниот Саем на книгата ќе имаат центарлни позиции во салата „Борис Трајковски“ во Скопје денеска напладне почнува најмасовната манифестација посветена на книгата во Македонија. Под мотото „Приказна се чита“, до 24 април спортскиот центар ќе се претвори во книжевен епицентар за ...
Проф. д-р Оливер Бакрески е новиот декан на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој ќе ја води институцијата во мандатниот период од 2024 до 2027 година. Бакрески е избран денеска, со мнозинтство гласови од присутните. Тој доаѓа на местото на проф. д-р Ратко Дуев кој во два мандата раководеше со Филозофскиот факултет. Бакрески е редовен професор на доаѓа од Институтот за безбедност, одбрана и мир и досега ја вршеше функцијата продекан за ...
Во рамките на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД Скопје организира две работилници по повод Светскиот ден на планетата Земја. Со цел да ги поттикнат значењето на заштитата на животната средина и воспитувањето на еколошката свест, „Халкбанк“ ќе организира две работилници во Градскиот парк, во близина на летната сцена „Лепеза“, на 21 април, со почеток од 11 часот. Првата работилница, насочена кон ...
Утрешниот детски книжевен клуб со Ана Голејшка-Џикова во Europe House Скопје е посветен на другарството, нашата слобода и слободата што им ја даваме на другите. Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 12 до 16 години, а за учество е задолжителот да се пријавите на линкот. – Низ прекрасно напишаниот роман „Магла“ на Марта Палацези, ќе се запознаеме со Клеј, момче кое живее како валкан бандит, но кога ќе дојде циркусот во градот, тој ...
Камерниот ансамбл „Алтус“ вечерва во 20 часот во малата сала на Филхармонија ќе одржи концерт во рамките на „Денови на македонската музика“. Диригент е Паскал Галоа, а солистички ќе настапат сопраните Гонца Богоромова-Краповски и Милена Дамњановиќ. Покрај нив во ансамблот членуваат: Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Марко Виденовиќ – виола, Паскал Краповски – виолончело, Антоние Весковски – ударни ...
Чест е да се биде национален претставник на можеби најзначајната и најстарата светска манифестација од областа на визуелните/ликовните уметности. Но, исто така е и многу одговорна задача, вели за Умно.мк уметницата Славица Јанешлиева во пресрет на отворањето на Македонскиот павилјон на 60. Венециското биенале на уметност. Изложбата „Помеѓу надеж и страв“ (Inter spem et metum/Between hope and fear) ќе биде официјално отворена утре во 18 часот ...
„Приказна се чита“ е мотото на 32. Саем на книга што ќе биде отворен утре во 12 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Од петок саемот ќе биде отворен од 10 часот, а ќе трае до 24 април. Новини во однос на поставеноста на штандовите, нови програми најавија организаторите Скопски саем и Македонската асоцијација на издавачи. Влезот чини 100 денари, за учениците 50 денари, а ќе има и билет за три влеза кој ќе изнесува 250 денари. Од нив, 15 ...
Бронзен медал освои средношколката Миша Веселински на Европската женска математичка олимпијада што деновиве се одржа во Цхалтубо, Грузија. Ова е подобар вкупен резултат како тимски пласман за нашата репрезентација во однос на минатата година, извести водачот на нашиот тим, Анета Брндаревска-Гацовска. Освен Веселински, Македонија на овој важен натпревар ја претставија и: Емилија Николовска, Нина Ламева и Сара Тошевска, а заменик-водач беше ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола вчера го промовира првиот број на „Нови хоризонти“ – списание за студентски истражувања. Исто така беше промовиран и Зборникот на трудови од Студентската универзитетска конференција На промоцијата, главниот и одговорен уредник на научното списание „Нови хоризонти“, проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ од име на ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и раководството на УКЛО го изрази ...
Отворен ден на Qinshift Academy ќе се одржи утре од 17.30 часот. Заинтересираните ќе може да дознаат повеќе за програмата, активностите и праксата во рамките на академијата. – Ќе имате можност да разговарате со нашите ментори, асистенти и поранешни студенти од академијата, а ќе можете да прашате се’ што ве мачи во врска со кариера како програмер. Ќе има одлична дружба, интересни прашања и по некој подарок – велат организаторите. Сите ...
Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младински културен центар. Со претставување на двајца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја ќе биде во фокусот на шестата „Литера“. Во рамките на „Литера“ ќе биде организиран Саем на литература за деца, на кој македонски издавачи ќе ги претстават своите најнови изданија, а ќе ...
Со книжен фонд од околу 8000 книги – лектирни изданија, книги и сликовници за деца, белетристика и научна литература, библиотеката „13 Ноември“, клон на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје продолжува да работи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Библиотеката вчера беше официјално отворена за своите читатели. Првите посетители беа првачињата од ООУ „Круме Кепески“, а по нив и неколкумина повозрасни жители, ...
Во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, вчера ѝ се судеше на книгата „Птици во аквариум“ и на нејзините автори Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ. Судијата Владимир Мартиновски беше исправен пред тешка одлука: Дали оваа книга со самиот свој наслов претставува убиство на разумот и логиката и со тоа заслужува тешка казна и тргнување од продажба, како што бараше јавниот обвинител Венко Андоновски? Дали да им ...
Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ од Скопје е еден од 50-те финалисти на фестивалот New European Bauhaus Project, каде што се доделуваат престижни награди за иновативни, одржливи или инклузивни проекти од цела Европа. Фестивалот се одржува по четврти пат во организација на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. „Лабораториум“ беше номиниран поради својата иновативност при пренаменување на стар индустриски ...
Во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, вчера ѝ се судеше на книгата „Птици во аквариум“ и на нејзините автори Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ. Судијата Владимир Мартиновски беше исправен пред тешка одлука: Дали оваа книга со самиот свој наслов претставува убиство на разумот и логиката и со тоа заслужува тешка казна и тргнување од продажба, како што бараше јавниот обвинител Венко Андоновски? Дали да им ...