Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево од Воената болница Ниш се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во тој град, јави МИА. Како што соопштија од Универзитетскиот клинички центар Ниш, пациентите на возраст од 18 и 24 години се пренесени на континуирана хируршка нега и нивните витални параметри се стабилни. Вкупно тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Во моментов во ...

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар ...

Ова доаѓа по еден од најсмртоносните денови во конфликтот од октомври 2023 година, кога во израелските напади загинаа повеќе од 400 Палестинци, со што беше нарушено примирјето што преовладуваше од јануари. Израелската војска соопшти дека нејзините операции ја зајакнале контролата над Коридорот Нетзарим, кој го пресекува Појасот Газа, и дека создаваат делумна безбедносна зона помеѓу северот и југот на енклавата. ОН го обвини Израел дека извршил ...

Агенцијата за цивилно воздухопловство ја прошири листата на населени места каде што е забрането користење дронови, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според официјалното соопштение, забраната за летање на воздухоплови без екипаж (дронови) важи за следните подрачја: Од МВР предупредуваат дека неовластеното и некоординирано управување со дронови во овие зони може да загрози воздушниот сообраќај и да предизвика сериозни последици по ...

Во соопштението се вели дека кучето робот може да донесува одлуки и да презема активности за да постигне конкретни цели како вистински кучиња, наместо само да извршува задачи, објави Ројтерс. Нагласено е дека IntuiCell ќе користи тренер за кучиња за да ја научи Луна да се движи во зависност од тоа како невроните ги обработуваат информациите. „Она што го создадовме е првиот софтвер кој им овозможува на машината да учи како луѓето и животните“, ...

Воените и цивилните здравствени установи во Република Србија во моментов лекуваат 30 пациенти кои беа тешко повредени во пожарот во Кочани, соопшти српското Министерството за одбрана. Анестезиологот потполковник доцент д-р Горан Рондовиќ од Клиниката за анестезија и интензивно лекување на Воено медицинската академија (ВМА) изјави дека во системот за воено здравствено лекување во ММА и Воената болница Ниш има 12 пациенти, нагласувајќи дека ...

Сите повредени во несреќата во Кочани се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство. Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри, соопшти денеска ...

Русија и Украина денеска размениле затвореници, што како потег беше финализирано за време на вчерашниот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот Владимир Путин, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Во соопштението за медиумите се наведува дека 175 украински војници биле разменети за 175 руски војници. Москва, исто така, предаде 22 тешко ранети украински затвореници на кои им е потребна итна ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на осум општини. Тоа се: Кочани, вклучувајќи ги и селата Оризари, Тркање и Зрновци, Штип со околните места, Општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи ги селата Соколарци и ...

Асоцијација „Салвиа“ што е единствената организација во Грција за изгореници и лица со изгореници, нуди помош и поддршка за повредените со изгореници во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во грчките болници, јави дописничката на МИА од Атина. Преку социјалните мрежи информираа дека веднаш штом дознале дека дел од повредените со изгореници ќе бидат транспортирани во Грција, стапиле во контакт со Министерството за здравство, како и со ...

Унгарскиот парламент вчера по брза постапка донесе закон со кој се забранува одржување на Парадите на гордоста. Законот, исто така, им дозволува на властите да користат софтвер за да ги идентификуваат учесниците на потенцијалните собири на ЛГБТК заедницата. Законот беше усвоен со 136 гласа за и 27 гласа против. Беше поддржан од партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан и демохристијаните, нејзиниот малцински коалициски партнер. Законот ...

Претседателот на ДР Конго, Феликс Цисекеди, вчера во Катар се состана со неговиот колега од Руанда, Пол Кагаме, за да разговораат за бунтот во источна Демократска Република Конго, регион богат со минерали. Состанокот, кој беше со посредство на Катар, е прв од овој вид откако ескалираше конфликтот на истокот на ДРК и откако во јануари бунтовниците М23, поддржани од Руанда, зазедоа два големи града. И ДР Конго и Руанда ја потврдија својата ...

Ги минавме првите критични 72 часа без нови смртни случаи, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари на прес-конференција претпладнево. „Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека да зборуваме колку пациенти си одат дома“, изјави Таравари. Тој го даде и последниот пресек на бројките на пациенти во домашните и во странските болници. Како што истакна, во македонските ...

Kонцертот на Националниот џез оркестар (НЏО) на 25 март во Националната опера и балет сепак ќе се одржи, беше објавено на неговата официјална фејсбук страница. На концертот ќе гостува Марија Мендеш, португалска пејачка и композиторка која живее во Холандија, а настанот ќе биде хуманитарен. „Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Во фоајето ќе бидат поставени и кутии за донации ...

Германија ќе ја предложи германска министерка за надворешни работи во заминување Аналена Баербок за претседавач на Генералното собрание на Обединетите нации, за едногодишен мандат што треба да започне во септември, изјавил за агенцијата AFP извор блиски до властите. Баербок е шефица на германската дипломатија од декември 2021 година и наскоро ќе ја напушти таа функција по одржаните парламентарни избори во февруари во Германија. Конзервативниот ...

Обдукцијата и идентификацијата на телата на 59-те жртви на страотниот пожар заврши во Институтот на судска медицина во Скопје. Се прават последните подготовки за нивното последно испраќање. Триесетте жртви од Кочани ќе бидат погребани утре, во различен временски период. Ќе присуствуваат голем број свештени лица од синодот, изјави влaдиката Иларион. Андреј Ѓорѓиески, пејачот од дуото ДНК, ќе биде погребан на градските гробишта Бутел. Неговата ...

Вкупно 12 пациенти со изгореници од пожарот во Кочани во текот на ноќта се пренесени на лекување во три европски држави – Белгија, Холандија и Грција, јавува МИА. Четворица од пациентите се пренесени на лекување во Белгија, четворица во Холандија и четворица во Грција. Според информациите кои ги пренесува дописникот на МИА од Брисел, четворицата повредени се префрлени во Белгија со специјален авион на вооружените сили на Романија, со кој ...

Унгарскиот парламент го усвои законот за забраната за одржување на геј паради во земјата. Како што пренесуваат РИА Новости, опозицијата се обидела да ја попречи расправата – пратениците запалиле димни бомби и викале: „Нема да го дозволиме тоа“. Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакнал дека „во Унгарија правата на децата за здрав физички, ментален, интелектуален и морален развој се на прво место“. Минатата година Орбан рекол дека сè повеќе земји ...

Белгиското обвинителство соопшти дека подигнало обвиненија против пет лица во врска со истрагата за корупција и врски помеѓу Европскиот парламент и кинеската компанија Хуавеј. Како што пренесува Ројтерс, тие лица биле уапсени минатата недела. Против четворицата е подигнато обвинение за корупција и учество во криминална организација, додека петото лице е обвинето за перење пари и пуштено на условна слобода. Обвинителството не ги открило имињата ...

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети. – Со цел да не се создаваат поголеми гужви во моменти кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации, големи собири по кампуси нема да се организираат, ...

По повик од студентите, граѓаните на Нови Сад вчера вечер на Плоштадот Слобода, кај споменикот на Светозар Милетиќ, запалија свеќи за жртвите на трагедијата во Кочани. Повеќе десетици граѓани во тишина оддадоа почит на настраданите. Студентите вчера на протест пред собранието на градот развија транспарент „Седница на ден жалост“, по што оставија венец за настраданите во пожарот во кој загинаа најмалку 59 луѓе, додека повеќе од 195 се повредени. ...

Министерството за здравство доцна синоќа излезе со соопштение за состојбата на пациентите кои настрадаа во пожарот во Кочани и кои се лекуваат во земјава и во странство. На Клиника за пластична хирургија во моментот се хопитализирани – 10 пациенти, На Клиника за токсикологија – 10 На Торакална – 4 на трауматологија – 2, на Детска хирургија – 4, на КАРИЛ – 13, На Клиника за пулмологија – 2 Во ОБ Штип – 2 Во ГОБ 8 септември -17 Во Хируршката ...

Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници од двете страни, изјави претседателот Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп. -Путин објави дека на 19 март руската и украинската страна ќе разменат по 175 затвореници, се вели во соопштението на Кремљ. Белата куќа, од своја страна, објави дека Трамп и Путин се договориле за 30-дневен прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот ...

Двајца новинари на ТВ21 и еден на Ројтерс вечерва беа приведени од полицијата во Скопје откако со дронови го снимале собирот одржан на плоштадот Македонија. Новинарите, меѓу кои и еден репортер на Ројтерс со српско државјанство, биле задржани во полициската станица повеќе од час и половина. Собирот, предизвикан од разорниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, кој однесе 59 животи, привлече значително регионално и меѓународно внимание, што го ...

Граѓаните на Делчево вечерва се солидаризираа со настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со палење свеќи во Градскиот парк, тие ја изразија својата почит кон загинатите во Кочани, а воедно упатија молитви кон повредените посакувајки им поскоро оздравување. Во Делчево во текот на вчерашниот ден беше отворена и Книга на жалост во црквата Св. Кирил и Методиј, а од страна на свештенството беа отслужени mолитви за покојните и потоа ...

Бидејќи неговата битка со ракот продолжува во 2025 година, откако му беше дијагностицирана минатата година, Чарлс се чини дека се свртел кон медицинскиот канабис. Имајќи предвид дека некои истражувачи веруваат дека медицинскиот канабис може да ги уништи или забави клетките на ракот без да им наштети на здравите клетки, овој чекор не е неочекуван за 76-годишникот. „Чарлс ги пробува сите лекови, а сега некои што не ги пробал досега. Дијагнозата на ...

Во ноќни клубови, во магацини и фабрики што спаѓаат во категориите со висок ризик, како и во објекти за рециклирање, собирање на опасен или неопасен отпад за кои потребен е сертификат за (активна) противпожарна заштита во Грција ќе се спроведат вонредни контроли за почитување на мерките и средствата за противпожарна заштита, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Надлежните служби во ...

Во Полска попладнево беа пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница. „Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија“, се наведува во објавата. Претходно, чешкиот амбасадор во земјава ...

Францускиот институт во Скопје известува дека Неделата на франкофонски филм, предвидена да започне оваа недела, се одложува поради трагичниот настан во Кочани. За новите датуми на одржување на манифестацијата дополнително ќе информираат. -Францускиот институт во Скопје и целиот негов тим изразуваат длабока тага поради трагедијата што се слуќи ноќта помеѓу сабота и недела во Кочани. Во знак на почит, покрај Неделата на франкофонски филм, сите ...

Носејќи транспаренти со натписи „Слобода за нашите херои“ и „Херои со лавовски срца“, демонстрантите истакнаа дека приведените обезбедувачи се луѓе кои спасувале животи за време на пожарот во дискотеката, каде трагично загинаа 59 лица. Според сведоштвата на граѓаните, станува збор за фирма за обезбедување која вршела редовни патроли низ повеќе угостителски објекти во Кочани. Во моментот на пожарот, нивните припадници се нашле во близина и веднаш ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
53%
1010
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
84%
1009
weather icon

Загреб

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
86%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
38%
1009
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.76
62%
1008
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
93%
1012
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
1.79
37%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
60%
1011
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
63%
1009
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
83%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
50%
1011
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78