Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува дека во деновите на општ траор во земјава заради пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој 59 наши млади сограѓани ги загубија животите, се интензивирани заканите кон новинарите и медиумите на социјалните мрежи. Тие веднаш и непосредно ја загрозуваат нивната безбедност и може да поттикнат насилство со несогледливи последици. Пораки со заканувачка содржина се испратени до ...

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 34 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. ...

Министерството за здравство соопшти дека е во постојана комуникација со болницата во Кочани и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население. Како што се посочува во соопштението, медицински тимови се зајакнати особено денеска, за време на погребот. Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти. -Во соработка со ...

Републичкиот Црвен крст соопшти дека досега се собрани околу 42,7 милиони денари хуманитарна помош за настраданите во пожарот во Кочани и нивните семејства и оти продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош. „Досега се обезбедни вкупно: 42.739.931,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и ...

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 17 март привремено одзело четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета македонска бригада“ во Скопје. „По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се привремено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во ...

Кога некој ќе го блокира вашиот телефонски број, нема да добиете никакво известување. Првиот начин да проверите дали сте блокирани е да ја повикате таа личност и ако по едно ѕвонење одите директно на говорна пошта, постои можност да сте блокирани. Некои оператори немаат ни говорна пошта во овој случај, но наместо тоа веднаш „те оставаат“ или звучи како да е зафатено. Друг „тест“ би можел да биде испраќањето пораки на Google има RCS, па веројатно ...

Бунтовниците поддржани од Руанда го зазедоа рударскиот центар во провинцијата Северен Киву „речиси без борба“, објави Радио Окапи, радио служба на Обединетите нации во Демократската Република Конго. Безбедносни извори во областа денеска го потврдија заземањето на градот за новинската агенција АФП. Фистон Мисона, граѓански активист во Валикале, за новинската агенција Ројтерс рекол: „Бунтовниците сега се видливи во центарот на градот. Има најмалку ...

Според неформалната група на студенти во Ниш, тие најпрво ќе им оддадат почит на жртвите во Нови Сад со 15-минутно молчење од 11:52 до 12:07 часот, објавува МИА. Потоа студентите ќе им доделат медали на оние коишто пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, а ќе организираат и изложба по повод 100-те дена од блокадата. Истовремено ќе собираат пари за помош на семејствата на повредените во пожарот во Македонија. Студентите ...

Во Скопје и денеска им се оддава почит за загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Бројни граѓани палат свеќи на плоштадот „Македонија“ во чест на починатите во ужасната трагедија. Денеска во Кочани, Штип, Облешево, Скопје се одржуваат погребните церемонии за починатите. Погребната церемонија во Кочани, од каде потекнуваат најголем дел од починатите, беше закажана во 12 часот, а со неа чиноначалствува поглаварот на Македонската ...

Шестмина малолетници има меѓу загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најмладиот е на возраст од 16 години. Основното јавно обвинителство објави податоци за возраста на 59-те лица кои трагично го загубија животот во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Овие податоци се доставени од Институтот за судска медицина. Меѓу загинатите, шест лица се малолетни, на возраст од 16 и 17 години. Најмладите жртви имаат само 16 ...

Во Службата за трансфузија на Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац, уште од осум часот утринава, имаше голема гужва. Студентите истакнаа дека на овој начин сакаат да помогнат на повредените пациенти од Северна Македонија, но и да ги поттикнат сите граѓани да се приклучат на оваа хуманитарна акција и да даруваат крв. Собраните единици крв првенствено ќе бидат наменети за повредените државјани на Северна Македонија, додека сите ...

Фестивалот започна синоќа со палење на огнови, употреба на пиротехнички средства, па дури и експлозивни направи од домашна изработка. И покрај предупредувањата на полицијата, која најави дека ќе користи беспилотни летала за следење на употребата на експлозиви, регистрирани се повеќе смртни случаи. Најмногу повредени во Техеран и Азербејџан Според иранските медицински служби, меѓу повредените 18 лица се во критична состојба, а најмногу инциденти ...

Возачот на Итната медицинска помош кој почина откако од Кочани превезе неколку повредени лица на скопските клиника, ќе биде постхумно одликуван. Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска изјави дека следната недела ќе го одликува починатиот возач за неговиот огромен придонес во спасувањето на жртвите од големата трагедија. „Немам информација колку часа работел возачот, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на ...

„Повеќето од повредените се подобруваат. Од вкупно 20 кои беа во критична состојба, 10 сè уште се потешко повредени, но се надвор од животна опасност. Во моментов, во државата се лекуваат 72 пациенти,“ изјави Таравари. Министерот потврди дека пред испис сите пациенти ќе поминат токсиколошки анализи, како што одлучил Кризниот штаб. Во државните болници се хоспитализирани 61 пациент: 34 на Клинички центар, 15 во ГОБ „8 Септември“, 11 во „Св. Наум ...

Претставниците на на Русија и на Соединетите Амерички Држави ќе разговараат за деталите на договорите постигнати по разговорите на претседателите на двете земји, Владимир Путин и Доналд Трамп, во недела, 23 март, во Џеда, соопшти е специјалниот претстваник на претседателот на САД, Стив Виткоф. Тој нагласил дека САД очекуваат Украина да ги поддржи тие договори и прецизирал дека нацрт договорот за прекин на огнот помеѓу Киев и Москва се однесува ...

По долго чекање, Apple се подготвува да го заземе своето место на пазарот на преклопни уреди. Сепак, тоа нема да се случи оваа година. Аналитичарот Џеф Пу тврди дека има информации дека Apple ќе започне со масовнo производство на своите преклопни уреди во втората половина на 2026 година. Apple е познат по поставувањето на стандарди во индустријата, а влегувањето во сегментот на преклопни уреди би можело да значи нова ера за мобилните и ...

Советот, со кој претседавал градоначалникот Љупчо Папазов, требало да ги координира локалните институции, да анализира можни безбедносни ризици и да се грижи за квалитетот на животот во заедницата. Сепак, токму тие институции што требало да работат превентивно – потфрлија. Членови на Советот се началникот на Одделението за внатрешни работи во Кочани, основниот јавен обвинител, претседателот на Основниот суд, како и пратениците во парламентот од ...

На видеото, зад актерот Раде Шербеџија се гледа голем ЛЕД телевизиски екран на кој се емитува програмата на ТВ Н1 која ги пренесува протестите во Белград на 15 март. Актерот ја искористил приликата да испрати порака за поддршка на студентите порачувајќи им: „Не се откажувајте млади мои, не се откажувајте нова генерацијо“. Шербеџија со видеото стави и опис кој гласи: „Секоја младост, во своите бунтови и желби да ја промени реалноста во која ...

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 19 март 2025 година, околу 21:25 часот, кога граѓани пријавиле дека во паркот е испукан огномет, иако важи владината одлука за воздржување од вакви активности. Полициските службеници веднаш реагирале и утврдиле дека огнометот бил запален во рамките на роденденска прослава во угостителски објект во паркот. Лицата инволвирани, М.Ф. (18) и М.Ф. (18), се приведени и задржани во полициска станица. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на седум федерални агенции, меѓу кои и Американската агенција за глобални медиуми (USAGM), која ги надгледува медиумските куќи како „Гласот на Америка“ (Voice of America), „Радио Слободна Европа“ и „Радио Слободна Азија“. Оваа одлука резултираше со тоа што сите вработени во „Гласот на Америка“ беа ставени на платен административен одмор, со што се замолчи 83-годишната ...

Според информациите од Центарот за управување со кризи, погребите ќе започнат во 11 часот во Штип, продолжуваат во 12 часот во Кочани, а во 13 часот во Облешево. Останатите жртви ќе бидат погребани во текот на утрешниот ден во различни временски периоди. Свештениците од локалните цркви веќе ги контактираат семејствата за деталите околу церемониите. Министерството за внатрешни работи објави дека Агенцијата за цивилно воздухопловство воведе ...

Според досегашните наоди, трагедијата однесе 59 животи, а околу 200 лица се здобија со тешки повреди. Дискотеката, во моментот на несреќата, била исполнета со околу 500 посетители, иако официјално биле продадени само 250 влезници. Истражните тимови утврдиле дека објектот не поседувал доволно противпожарна опрема, немал хидрантска мрежа и користел нелегални пиротехнички средства, што според првичните извештаи било причина за пожарот. ...

Советот за безбедност на Обединети нации на 21 март повторно ќе одржи консултации зад затворени врати за ситуацијата во Босна и Херцеговина. Како што објави сараевскиот портал Кликс (Klix.ba), состанокот го побарала Словенија во договор со други европски земји-членки на СБ на ОН. Ситуацијата во БиХ пред СБ на ОН ќе биде претставена од американската дипломатка Розмари ди Карло. Порталот наведува дека делегацијата на БиХ во ОН, предводена од ...

Современиот начин на живот со себе донесе бројни нови болести, а една од нив е адреналниот замор, кој може да се дефинира како нарушување на надбубрежните жлезди. Татјана Поповиќ, здравствен тренер и нутриционист, ги објаснува симптомите на замор на надбубрежните жлезди и како да се справите со него. „Хронично сте уморни, често поспани и ви требаат големи количини на кофеин за да го поминете денот. Раздразливи сте, безволни и незаинтересирани, ...

Тој сподели случка од 2015 година, кога за време на Рамазан бил на состанок во Дојран и единствениот кој постел. Како што раскажува, ифтарот бил во 20 часот, но вечерата била закажана за 18:30, поради што очекувал да јаде сам. „Но, кога дојде време за вечера, ме пречека нешто неочекувано. Иако никој од останатите не постеше, сите колеги се договориле меѓусебно и со хотелскиот персонал вечерата да се послужи во 20:00 – за да можам да јадам заедно ...

Тој ја доби Нобеловата награда за неговото истражување спроведено со помош на вештачка интелигенција и предупредува дека технолошкиот напредок ќе ги „изгасне“ луѓето. Загрижен за неверојатната брзина на развој на вештачката интелигенција, тој рече дека во следните десет години таа ќе се претвори во суперсила за оние кои разбираат како да ја користат и дека ќе има цветање на креативноста. „Но, тука е прашањето што ќе се случи следно“, додаде тој. ...

Постојат три навики кои можете да ги правите секој ден за да го одложите појавувањето на брчките без скапи третмани. Појавата на првите брчки на лицето Со текот на времето, на лицето дефинитивно ќе се појават брчки, а тоа никој не може да го избегне. Ниту употребата на ботокс, филери, ниту естетските процедури не можат да го подобрат здравјето на кожата, ниту да го забават нејзиното природно стареење, но секако има работи кои можат да го забават ...

Националниот архив ги објави овие документи по наредба на поранешниот претседател Доналд Трамп. Според извештаите, оваа објава предизвикала итна реакција во Министерството за правда, чии правници работеле преку ноќ за да ги проверат документите. Според Белата куќа, објавувањето на документите ќе им овозможи на Американците да дознаат повеќе за настаните од 1963 година. Меѓу документите има и нови детали кои досега беа цензурирани. Иако многу од ...

Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево од Воената болница Ниш се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во тој град, јави МИА. Како што соопштија од Универзитетскиот клинички центар Ниш, пациентите на возраст од 18 и 24 години се пренесени на континуирана хируршка нега и нивните витални параметри се стабилни. Вкупно тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Во моментов во ...

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
53%
1011
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
64%
1008
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
87%
1012
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
8.75
40%
1009
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.1
61%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
91%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.12
33%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
41%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
60%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
59%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
43%
1012
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56