
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Легендарниот Пет Рајли, прави планови како да го донесе Лука Дончиќ во Мајами Хит. Мајами Хит во наредниот период, до 6.февруари, планираат да се разделат со првата ѕвезда Џими Батлер. Планот на Мајами е јасен, со заминувањето на Батлер, франшизата ќе ослободи голема сума пари в селери капот. Доколку Батлер остане во Мајами и наредната сезона, Хит ќе мора да му плати 52,4 милиони долари. Мајами Хит прават стратешки планови за летото 2026 ...
Несреќен случај е хеликоптерската несреќа, во која меѓу другите загина и сопственикот на Лестер, Вичај Шривадханапраба, на 27 октомври 2018 година. Ова го соопшти истражната порота за несреќата во која загинаа пет лица. За потсетување, хеликоптерот се урна по полетувањето во близина на стадионот „Кинг Пауер“ по ремито на Лестер со Вест Хем. Во пресудата се наведува дека хеликоптерот ги поседувал сите сертификати и дека пилотот ги користел сите ...
Филаделфија, Хјустон, Голден стејт и Портланд забележаа победи во натпреварите одиграни изминатата ноќ во НБА лигата. Ѕвездата на вечерта без сомнение е Тајрис Макси. Бекот на Филаделфија против Лејкерси постигна 43 поени, па Филаделфија. Без Џоел Ембид и Пол Џорџ, Филалделфија ги победи Лејкерси со 118:104. Макси има просек од над 30 поени на последните десет натпревари. Леброн Џејмс постигна 31 поен за Лејкерси, Дејвис се повреди во првото ...
Поранешениот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан беше уапсен во понеделникот во полициска акција против шверц на дрога. Наинголан е обвинет за учество во криминална организација и по сослушувањето во Брисел е пуштен со кауција, објавија неговите адвокати. 36-годишниот играч од средниот ред на белгискиот второлигаш Локерен и поранешен играч на Рома и Интер беше уапсен со уште 17 лица во голема операција на белгиската полиција против шверц ...
Диерон Фокс, како што стојат работите, наскоро ќе ги напушти Сакраменто Кингс. Според добро информираниот НБА инсајдер Шамс Чаранија, тимот од Калифорнија сака да го трејдува Фокс пред 6. февруари, последниот ден од преодниот рок. Тој тврди дека голем број на тимови се заинтересирани за Фокс, но дека тој на ум го има летото 2026 година кога му истекува договорот и дека соодветно ја крои својата желба за следната дестинација. Засега не се знае ...
Франција во драматична завршница го победи Египет со 34:33 (18:14) и се пласира во полуфиналето на 29. Светско првенство во ракомет. Херој на Франција е ветеранот Лука Карабатиќ, кој голот за победа, инаку него единтвен на мечот го постигна на две десетинки до крајот. Франција, актуелен европски првак, многу потешко од очекувањата успеа да го победи африканскиот шампион Египет. Првиот дел Французите рутински го одиграа, најчесто имаа предност ...
Германскиот шампион Баер Леверкузен би можел да остане без напаѓачот Виктор Бонифејс и активно бара замена за Нигериецот кој е пред преселба во саудиската Про лига. „Скај Спорт Германија“, тврди дека Саудијците за 24-годишниот фудбалер ќе платат 60 милиони евра. Нигериецот на тој начин му го носи на Баер вториот најголем профит во историјата – трансферот на Каи Хаверц во Челзи во 2020 година за 80 милиони евра се уште е без конкуренција. ...
Хрватската ракометна репрезентација е првиот полуфиналист на Светското првенство, откако во Загреб ја совлада селекцијата на Унгарија со 31:30 (16:16). Откако Хрватска во последните шест минути ја стигна предноста од четири гола, натпреварот го реши Шипиќ со гол во последната секунда. По изедначениот старт, Унгарците дојдоа до четири гола предност на половина од првото полувреме (10:6). Не подлегнаа Унгарците на жешката атмосфера во салата. ...
Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ нема да потпише нов договор со Јувентус, пренесува „Газета дело Спорт“. Влаховиќ во вторник го слави својот 25 роденден, додека италијанските медиуми пишуваат дека тој нема да ја продолжи соработката со „Старата Дама“. Пред точно три години пристигна од Фиорентина за 70 милиони евра плус бонуси, а доколку нема изненадувања во последните денови од рокот, до понеделник Влаховиќ и Јуве ќе треба да се потрудат да ...
Елиф Елмас има нов клуб. Се најавуваше дека тој ќе ја засили Валенсија, лии дрес го носи Столе Димитиревски, но во последен момент ја смени дестинацијата. Елмас до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Торино. Елмас пред една година се пресели во Лајпциг од Наполи за сума од 24 милиони евра. Кон крајот на минатата година водечкиот германски спортски медиум „Билд“ објави дека Лајпциг е подготвен да го продаде за истата сума. Македонскиот ...
Арсенал е заинтересиран за потписот на играчот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс. „Топџиите“ не се откажуваат од шампионската трка со Ливерпул. За да го одржат чекорот со лидерот итно им е потребно засилување, во ситуација кога Букајо Сака е повреден. Вилијамс има договор со тимот од Билбао до 2027 година, но од друга страна може да ги напушти Баскијците доколку некој ја плати откупната клаузула од 58 милиони евра. И Барселона минатото лето се ...
Во фудбалскиот клуб Манчестер сити добиле информација дека ќе им бидат одземени 40 поени доколку биде прогласен за виновен за кршење на правилата за финансиски фер-плеј (ФФП). Од Англија доаѓаат информации кои би можеле да го сменат текот на сезоната во Премиер лигата. Според порталот „goal.com“, Сити би можел да загуби дури 40 бода, со напомена дека „автоматското испаѓање од Премиер лигата не е опција“. Останува нејасно како загубата од толку ...
Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас го прекина молкот и конечно проговори за актуелните прашања. Најмногу зборуваше за „случајот Олмо“. По неколку недели без медиумски настапи, првиот човек на Ла Лига одговараше на прашања од интерес на јавноста. „Продолжуваме да се бориме против говорот на омраза, не само против расизмот. Се бориме и против хомофобијата, нетолеранцијата…“, започна Тебас. После тоа следеше прашањето кое најмногу ја ...
Пол Погба во март ќе му се врати на фудбалот, откако четиригодишната казна поради позитивен допинг тест беше намалена на 18 месеци. Францускиот играч за врска беше суспендиран бидејќи беше позитивен на на допинг по натпреварот Удинезе-Јувентус на 20 август 2023 година. Кога дозна дека четири години нема да може да игра фудбал, Погба сакаше да стави крај на кариерата во која играше само за два клуба, Манчестер Јунајтед и Јувентус. Англиските ...
Марио Балотели до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Џенова, во која пристигна пред три месеци. Марко Отолини, директорот на тимот од северна Италија најави дека се обидуваат да најдат најдобро решение за сите страни. „Марио има скромна минутажа. Се надевам дека ќе му најдеме клуб во кој ќе може да игра повеќе“, истакна Отолини. Балотели пристигна во Џенова на крајот на октомври минатата година како слободен играч, а една од главните ...
Дербито на израелското првенство меѓу Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив, беше прекинат во 15. минута од судиското надополнување на првото полувреме. До тој момент, навивачите во неколку наврати фрлаа пиротехничка на теренот. Посебно на удар беше голманот на домаќините Шареф Кеуф, околу него паѓаа факели, некои и го погодија, а ситуацијата се искомплицира кога беше досуден пенал за гостите. Дејвид Тургеман постигна гол, а потоа реши да слави пред ...
Завршниот турнир на Евролигата ќе се игра од 23. до 25. мај во Абу Даби. Во соопштението се наведува дека Евролигата, Одделот за култура и туризам – Абу Даби и Етихад арената потпишале договор за домаќинство на Ф4 Евролигата во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Првото полуфинале е закажано за 23. мај од 16 часот по средноевропско време. Второто полуфинале ќе се игра истиот ден од 19 часот. Финалето е закажано за 25. мај во 18 ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) го започна одбројувањето до следното Светско првенство. Светското првенство во 2026 година, 23-то по ред, ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11. јуни до 19. јули. ФИФА објави видео најава на точно 500 дена пред почетокот на првенството. 🗓️ The countdown to #WeAre26 is on! 🇨🇦🇲🇽🇺🇸 There's only 500 days to go until #FIFAWorldCup 26! — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) January 27, 2025 Ова ќе биде ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е блиску до трансфер во Валенсија. Незадоволен од статусот што го има кај тренерот Марко Росе, Елмас сака да биде во клуб каде што ќе игра. Во Лајпциг од почетокот на сезоната доби 44 минути во Бундес лигата и 15 во Лигата на шампионите. Германските медиуми пишуваат дека челниците на Валенсија се договориле со Клермон, Максимилијан Кауфријес да се врати во Франција, шест месеци пред крајот на неговата ...
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ отфрлил профитабилна понуда од Саудиска Арабија, според која требало да стане нов играч на Ал Наср и соиграч на Кристијано Роналдо. Според информациите на познатиот италијански новинар Џанлука ди Марцио, Влаховиќ не ни размислувал за опцијата да ја напушти Европа, иако финансиската понуда била крајно примамлива. Шпекулациите за иднината на напаѓачот на Јувентус продолжуваат, а приказната за неговиот потенцијален ...
Нејмар спгодбено се раздели со Ал-Хилал од Саудиска Арабија.32-годишниот фудбалер пристигна во Ал Хилал од Пари Сен Жермен во 2023 година за 90 милиони евра, како големо засилување, но за две години успеа да одигра само седум натпревари. Нејмар долго време беше надвор од терените поради повреда, па никогаш не успеа да ги оправда огромните пари што Саудијците ги вложија во него. Имаше плата од 150 милиони евра годишно. „Клубот му изразува ...
Во Рабат се одржа ждрепката за групите за Африканскиот куп на нации, кој ќе се одржи во Мароко од 21. декември 2025 до 18. јануари 2026 година. На африканското првенство ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи по четири селекции. Група А: Мароко, Мали, Замбија, Комори Група Б: Египет, Јужна Африка, Ангола, Зимбабве Група Ц: Нигерија, Тунис, Уганда, Танзанија Група Д: Сенегал, Конго, Бенин, Боцвана Група Е: Алжир, Буркина Фасо, ...
Поранешниот англиски фудбалски судија Дејвид Кут (42) откри дека е геј во своето прво интервју откако му беше забрането да суди во англискиот фудбал. Кут е познат по скандалот, кога беше објавено видео во кое тој го навредува Јирген Клоп, поранешниот тренер на Ливерпул. Се појави и видео како шмрка бел прав за време на Европското првенство. Како што изјави во интервју за британскиот таблоид „Сан“, својата хомосексуалност ја криел од јавноста ...
Кајл Вокер (34) стана нов играч на МиланИталијанскиот клуб го донесе на позајмица од Манчестер сити до крајот на сезоната, со опција потоа да го откупи неговиот договор. Вокер беше претставен во Милано, а на прес-конференција зборуваше за неговиот последен разговор со Пеп Гвардиола, тренерот на Сити. „Очигледно беше дека ситуацијата во Манчестер сити не е добра и дека не играм колку што сакам. Дојдов во голем клуб, Милан, надевајќи се дека ќе ...
Винисиус Жуниор, во август минатата година преговарал за трансфер во Саудиска Арабија, а разговорите продолжија во декември. Иако самиот играч и тренерот на Реал, Карло Анчелоти се обидуваат да ги демантираат гласините за потенцијален договор, „АС“ открива детали од понудата што Флорентино Перез „нема да може да ја одбие“. „АС“ детално пишува за мега трансферот како зделка која може да ги сруши сите рекорди. Рекордот и понатаму го држи на ...
Трипл-дабл на Никола Јокиќ и пораз на Денвер Нагетс веќе не е изнендување во НБА лигата. По дебаклот во дуелот со Минесота, Нагетс загубија и во Чикаго. Булс славеа со 129:121. Натпреварот во Чикаго домаќините го решија во последната четвртина со серија 13:2. Денвер се доближи во 124:121, но потоа Лавин го реши дуелот. Јокиќ блескаше во Чикаго со 33 поени, 12 скока и 14 асистенции и некарактерситчно за него имаше пет забивања. Ова е шестти ...
Хрватскиот тренер Нико Ковач наскоро би можел да стане нов тренер на Борусија Дортмунд. Членовите на бордот на Борусија сакаат да го доведат Ковач како замена за Нури Шахин, кој беше отпуштен во средата. Германските медиуми јавуваат дека челниците на Борусија одлетале за Салцбург на тајна средба, со намера да постигнат договор со 53-годишниот тренер за краткорочен договор. „Дортмунд сака да го доведе Ковач, но поранешниот тренер на Баерн и ...
Фудбалскиот клуб Наполи е заинтересиран за играчот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми. Германските медиуми пренесуваат дека Борусија е подготвена да му дозволи на Адејеми да го напушти клубот за отштета од 50 милиони евра. Преговорите меѓу двата клуба се во тек, а трансферот треба да биде комплетиран до крајот на неделата. Се очекува Адејеми (23) да биде замена за Хвича Кварацхелија, кој во неделата дебитираше за Пари Сен Жермен. Тој е член ...
Според весникот „Хералд Сан“ од Мелбурн, српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа на стадионот на кој се одржува „Австралија Опен“. Оваа желба ја најави и Крег Тајли, директор на првиот Грен слем во сезоната, а причината е логична – Ѓоковиќ е рекордер на турнирот со десет титули. – Ѓоковиќ тоа го заслужува – истакна Тајли. Комплексот Мелбурн Парк, веднаш до арената Род Лејвер, има серија статуи на различни великани на играта, главно ...
Фудбалскиот клуб Јувентус го контактираше Чави Ернандез и оствари информативен разговор за потенцијалната соработка. Оваа вест ја лансираше францускиот весник Екип, кој тврди дека Чави е кандидат да го замени Тијаго Мота на клупата на Јувентус. Не може да се каже дека Мота ги исполнил очекувањата, иако токму минатиот викенд го доживеа првиот пораз во Серија А, поголем проблем е огромниот број на нерешени резултати и само петтото место на ...