Дека „Apple“ може да продаде буквално сè, најдобро сведочи нивниот нов производ — додаток за "iPhone" кој не е ни гаџет, но предизвика хистерија каква обично се гледа кога ќе излезат нови патики или кога луксузен моден бренд претставува ограничена колекција. „iPhone Pocket“, носив држач за телефон создаден во соработка со јапонската модна куќа „Issey Miyake“, беше распродаден за само неколку минути! Многумина му се смееја на овој премиум ...

Сокот од целер последниве години стана еден од најпопуларните велнес-трендови, но многумина сè уште не знаат како неговата секојдневна консумација навистина влијае врз организмот. Редовното пиење носи бројни придобивки — но и можни ризици. Хидратација и побрзо закрепнување на телото Целерот е составен речиси целосно од вода, па затоа сокот од целер значително придонесува за хидратација. Покрај водата, содржи и електролити како калиум, кои се ...

Украинскиот копнен борбен робот „Droid TW 12.7“ направи значаен чекор напред во примената на роботски системи на бојното поле откако еден и пол месец самостојно држел позиција, целосно заменувајќи го човечкиот воен екипаж. Командантот на јуришната чета „NC13“ на 3-та јуришна бригада известил за успешното работење на роботот, пренесе порталот „Militarnyi“. „Droid TW 12.7“ бил задолжен за задачата да контролира стратешка раскрсница во близина ...

Пејџ (29), на TikTok позната како „@paigeynora“, е свршена со речиси двојно постар и многу богат партнер – а на социјалните мрежи отворено го прикажува својот екстравагантен нов живот. Нејзиниот свршеник, 55-годишниот стоматолог и претприемач Џејми, ја запросил само пет месеци по нивното запознавање во март минатата година. Денес живеат заедно во неговата вила во Далас, а Пејџ често зборува за обвиненијата дека е „подготвена на сè за пари“. ...

Крцкавите печени компири полнети со печурки, кашкавал и сушено месо се совршен избор за семеен ручек. Овој едноставен рецепт е лесен за подготовка, а резултира со сочни и ароматични закуски што ќе ги задоволат сите во домаќинството. Потребни состојки: • 4 големи компири; • 250 гр свежи печурки (шампињони или други печурки); • 1 кромид; • чешне лук; • 100 гр сушено месо; • 100 гр кашкавал; • 2 лажици маслиново масло; • 50 гр урда или фета; • ...

Кога се зборува за најскапите супстанции на светот, повеќето луѓе замислуваат дијаманти, растопено злато и ретки минерали. Но, бесконечно поскапа и многу поезотерична „работа“ се крие во светот на напредната физика – станува збор за антиматеријата. Антиматеријата е материја составена од античестички. Во природата секоја честичка има своја античестичка – кога тие ќе се судрат, меѓусебно се поништуваат ослободувајќи огромна енергија во форма на ...

Извесен астрофотограф „улови“ спектакуларен скок на падобранец, совршено усогласен со огнената површина на Сонцето, што создало впечаток дека авантуристот „паѓа“ низ вакуумот на вселената. Ендру Мекарти, фотограф од Аризона кој е специјализиран за фотографирање на Сонцето, снимил неверојатна глетка која ја нарекол „Падот на Икар“, пишува „Лајв саенс“ (Live science). Како што изјавил на социјалната мрежа Икс, таквата снимка барала „апсолутно ...

Кралицата Ранија од Јордан одбра модна комбинација што е многу повеќе од еден аутфит – тоа е ода на традицијата, но на нејзин начин, со доза модерност и елеганција. Во понеделникот, 17-ти ноември, кралицата Ранија од Јордан ги воодушеви сите со модната комбинација што ја носеше на средбата во Ум Ал-Џимал со група од преку сто жени ангажирани во општествени, културни и образовни активности во регионот. Бидејќи за неа тоа било исклучително ...

Доколку барате брз и едноставен десерт кој воодушевува со изглед и вкус, оваа еурокрем торта е вистинскиот избор. Нема печење, подготовката е брза, а резултатот е кремаста, слатка торта со богати слоеви еурокрем и бисквити. Идеална е за секој ден или како брза торта за неочекувани гости. Основни информации Подготовка: 15 минути Печење: не е потребно Количина: 8 – 10 порции Подготовка: лесна Состојки За кремот: 250 г маскарпоне сирење ...

Истражување покажува дека хиперактивноста на базолатералната амигдала е поврзана со патолошки емоции и нарушувања во социјалното однесување Научници идентификуваа специфична група неврони во амигдалата кои директно предизвикуваат анксиозност, а нивната хиперактивност е поврзана и со развојот на депресија и нарушувања во социјалното однесување, според нова студија на Институтот за невронауки во Шпанија, објавена во списанието „iScience“. Тим ...

Корисничките проблеми би можеле да бидат последица на поширок проблем, но официјална потврда засега нема. Платформата „X“ (поранешен Twitter), во сопственост на Илон Маск (54), повторно предизвика незадоволство кај корисниците поради проблеми со вчитување на содржината и пристап до сервисот. Страницата "DownDetector", која регистрира вакви прекини, забележа нагло зголемување на пријави, а паралелно и „Cloudflare“ официјално потврди дека ...

Јури Толочко има бурна и разновидна историја на љубовни врски, но неговата последна објава можеби е најизненадувачка. Казахстанскиот бодибилдер ја пронашол љубовта со келнерот Михал, откако претходно се оженил со секс-кукла. Врските честопати имаат свои тешки периоди и секако е нормално да се променат повеќе партнери/ки пред да се пронајде „вистинскиот/ка“. Но, љубовниот живот на Јури Толочко е толку драматичен што во споредба со него ...

Казуки Мотојама, автор и илустратор на „Kodansha“ инспирирана од "Super Mario Bros.Manga", почина на 69-годишна возраст. Веста ја потврди неговата сестра, Риса Мотојама, на својот официјален профил на "Instagram". Иако точниот датум на смрт не е наведен, според времето на објавата се претпоставува дека Мотојама починал во текот на октомври. Информацијата брзо се прошири на социјалните мрежи откако еден вирален пост на платформата „X“ ...

Данската престолнина Копенхаген и шведскиот град Малме ги поврзува единствен пат – осум километри долгиот мост Ересунд којшто на вештачкиот остров продолжува во подводен тунел. Ересундскиот мост е еден од најфасцинантните во светот затоа што станува збор за комбинација на мост и подводен тунел, а за потребите на неговото градење направен бил и цел вештачки остров. Воедно, ова е најдолгиот мост на светот којшто поминува државна граница. ...

Секоја компанија би била погодена доколку „балонот на вештачката интелигенција пукне“, изјавил Сундар Пичаи, шеф на матичната фирма на „Google“ – „Alphabet“. Говорејќи ексклузивно за „BBC News“, Сундар Пичаи изјавил дека иако вложувањата во вештачката интелигенција (AI) било „неверојатен момент“, сепак постои одредена „ирационалност“ во моментот на цветање на вештачката интелигенција. Ова доаѓа среде стравот во Сицилиумската долина и ...

Премногу луѓе се заробени на токсични работни места, проблем кој и работодавците и вработените треба да го сфатат посериозно. Џефри Фефер, професор по организациско однесување на Универзитетот Стенфорд, кој ја напиша книгата „Умирање за плата“, преку своето истражување откри дека лошото управување во американските компании сочинува до 8 проценти од годишните трошоци за здравство и е поврзано со 120.000 смртни случаи секоја година. Ако не ја ...

Претходните препораки ги советуваа луѓето со атријална фибрилација – најчестото нарушување на срцевиот ритам што предизвикува неправилно и често забрано чукање на срцето – да избегнуваат кафе. Меѓутоа, една нова студија донесува сосема поинаков заклучок. Резултатите покажуваат дека дневна шолја кафе може да го намали ризикот од повторно појавување на ова нарушување, и тоа за дури 39 отсто. Со тоа се доведува во прашање долгогодишниот страв ...

Елсворт Верхам бил кардиохирург којшто бил познат по тоа што се залагал за здрава исхрана врз основа на растенија. Овој доктор имал 95 години кога се пензионирал, а до тогаш активно оперирал луѓе. Кога заминал во пензија, тврдел дека тоа не било поради старост или немоќ туку тоа што морал „да им го отстапи местото на младите“. Во текот на децениската работа на кардиохирургија, д-р Верхам видел многу работи. „Артериите на месојадите како да се ...

Дубаи продолжува да ги поместува архитектонските граници. Највисокиот хотел во светот, „Ciel Dubai Marina“, беше отворен на 15 ноември, пречекувајќи ги своите први гости на 377 метри. Хотелот, управуван од компанијата „The First Group Hospitality“ е дизајниран од наградуваната архитектонска фирма „NORR“, со 82 ката и висина од 377 метри, и има форма на „иглено уво“. Хотелот има 1.004 луксузно опремени соби и апартмани, сите со стаклени ...

Секоја година компанијата „Resonance Consultancy“ прави ранг-листа од 100 најдобри градови на светот. Лондон останува на врвот на листата на градови, а Њујорк и Париз го следат на високите позиции. „World’s Best Cities“ е годишен натпревар којшто го организира канадската компанија „Resonance Consultancy“, бирајќи 100 градови кои, според мислењето на експертите се најпривлечни за жителите, туристите и деловните луѓе. При оценување се земаат ...

Актерката Џенифер Лоренс била една од најдобро облечените дами на доделувањето на наградите „Governors Awards“, а кога се појавила на црвениот тепих ги засенила сите со својата бела креација во стилот на грчка божица. Во Лос Анџелес било одржано доделувањето на наградите „Governors Awards“, а меѓу најстилизираните гости биле Џенифер Лопез, Сидни Свини и Џенифер Лоренс. Младата оскаровка го потврдила статусот на една од најстилизираните ...

Сè поголемата побарувачка за моќни чипови наменети за операции поврзани со вештачката интелигенција може веќе наредната година да предизвика недостиг на чипови за автомобили, телефони и различна потрошувачка електроника. Според аналитичарите, ваквата ситуација неминовно ќе доведе до раст на цените. Производителите на меморија денес заработуваат значително повеќе од производство на скапи, напредни мемориски чипови за AI сервери, отколку од ...

Мегаградови потопени со растот на морето. Планини соголени, без глечери кои некогаш ги краселе нивните врвови. Ледени плочи кои се урнуваат во океанот. Морско дно покриено со застрашувачки скелети на мртви корални гребени. Ова не е сценарио од филм за катастрофа, туку реална слика на светот кон кој брзаме, додека глобалното загревање расте, а политичката волја за решавање на климатската криза ослабува, предупредуваат научниците. Низа извештаи ...

Природните гумени бонбони од мед, ѓумбир и лимон се вистински хит во текот на зимските месеци. Се подготвуваат за само 10 минути, содржат само 3 состојки и претставуваат вкусен начин за зајакнување на имунитетот и намалување на ризикот од настинка. Ако сакате природен и пријатен начин да го зајакнете имунитетот на целата фамилија, овие домашни бонбони се идеални за тоа. Се прават од само 3 основни состојки, лесни се за подготовка, здрави се и ...

Угледниот гастроентеролог од „Harvard“, д-р Саураб Сети, ги повика луѓето да ги преиспитаат своите навики при пиење чај, бидејќи тие можат штетно да влијаат врз цревата и црниот дроб. Според податоците на „UK Tea & Infusions Association“ (UKTIA), 84 проценти од жителите на Обединетото Кралство пијат чај секој ден – повеќе од 100 милиони шолји дневно, односно околу 36 милијарди годишно. На својот профил на „Instagram“, каде има 1,3 милиони ...

Ролат од банана, или како што популарно се нарекува „мачкини очи“, е десерт кој го привлекува вниманието со својот изглед и име. Доста лесно се подготвува, а рецептот го најдовме на „YouTube“ каналот „Kuhinja za 10“, каде што можете да го најдете истиот рецепт и во ванила верзија. Потребни состојки: • 400 мл (+100 мл) млеко за пудинг; • 8 лажици шеќер за пудинг; • 2 кесички чоколаден пудинг; • 100 гр чоколадо за готвење; • 6 јајца; • 6 ...

"Google DeepMind“ за првпат ги надмина службените временски прогнозери– нивниот АИ-модел предвидува урагани побрзо, поевтино и сè поточно. Кога тропската бура Мелиса се формираше јужно од Хаити, метеорологот Филип Папин од американскиот „National Hurricane Center“ (NHC) беше уверен дека пред него се раѓа вистинско „чудовиште“. Како главен метеоролог во смена, предвиде дека за само 24 часа Мелиса може да премине во ураган од четврта категорија ...

На почетокот, некој те гледа како да си центар на неговиот свет. Сè се врти околу тебе — погледот, насмевката, допирот. А потоа, речиси неприметно, сè се менува. Како да си само случаен минувач кој прашал за правец. Наизглед, сè е исто: делите простор, маса, садови... но нешто е скршено. Изгубена е топлината, како некој да го исклучил радијаторот во срцето на вашиот дом. Женското срце тоа прво го чувствува, иако разумот уште се обидува да ...

Американската актерка Сидни Свини го привлече целото внимание на 16-то издание на „Governors Awards“, во фустан кој го нагласил нејзиното деколте. Станува збор за креација на „Miu Miu“ украсена со светкави детали. Актерката се одлучила за шминка во природни нијанси и виткана фризура, а изгледот го надополнила со нежен накит. Многу дами, вклучувајќи ја и Свини, на овој настан се појавија во фустани во бела боја, која очигледно е моден хит ...

Доктор Дејан Чубрилo ја наведува најдобрата и најлошата храна за појадок, а на вас е да започнете со здрави навики. Многу луѓе веруваат дека овесната каша или тост со малку џем и кафе - се совршен здрав појадок. Но, се покажало дека оваа слатка навика е нешто најлошо што можете да му го направите на вашето тело. Доктор Дејан Чубрилo вели: „“Најголема заблуда е дека утрото треба да се започне со шеќер." Докторот наведува дека сладок појадок ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
61%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
59%
1020
weather icon

Загреб

10ᴼ / 3ᴼ
2.57
50%
1021
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
53%
1019
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.8
65%
1021
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
2.21
60%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
5.36
74%
1010
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
43%
1013
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
69%
1022
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
50%
1023
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
8.75
75%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Цинк

3.19

Алуминиум

3.36

Рутениум

56199.51

Калај

47.03

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Кобалт

66.14

Родиум

366518.51

Паладиум

50058.71

Платина

66937.85

Иридиум

258288.78

Бакар

11.49