Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Во време на изострени односи меѓу Европа и Русија, словачкиот премиер Роберт Фицо повика на обнова на соработката и враќање на добрите билатерални врски. Тој ја критикуваше политиката на ЕУ за ограничување на руската енергија и потенцираше дека тоа може да ѝ наштети на европската економија и конкурентност. Фицо исто така ја нагласи потребата од конструктивен дијалог и посочи дека Словачка останува зависна од руските енергетски ресурси, додека ...
Затворањето на Ормутскиот теснец предизвика големи нарушувања во светскиот транспорт, а враќањето на нормалната пловидба ќе трае долго и по повторното отворање на преминот. Меѓународниот транспортен форум предупредува дека на глобалниот транспорт ќе влијаат повеќе фактори, вклучувајќи ја довербата и инфраструктурните проблеми. Дополнително, кризата влијае и на зголемување на цените на авиогориво и откажани летови ширум светот. Затворањето на ...
По налог на американскиот претседател Доналд Трамп, Пентагон објави голем број доверливи документи поврзани со неидентификувани летачки објекти и необјаснети воздушни феномени, отворајќи досега најголем увид во случаи што со децении предизвикуваат мистерии и шпекулации. Меѓу објавените материјали има сведоштва од астронаути на Аполо 11, воени пилоти, разузнавачки службеници и извештаи од различни американски институции. Трамп: „Луѓето сами ...
Поради пристигнувањето на крузерот „MV Hondius“, во Тенерифе се спроведуваат силни безбедносни подготовки, откако на бродот беа потврдени случаи на опасниот андес сој на хантавирус, од кој досега починаа три лица. Бродот, на кој има речиси 150 патници и членови на екипажот од 23 држави, треба да пристигне во индустриското пристаниште Гранадилја утре во раните утрински часови. Големи подготовки во пристаништето На пристаништето се поставуваат ...
Норвешката компанија „Morrow Batteries“ требаше да произведува околу 20.000 автомобилски батерии годишно, но банкротираше за помалку од две години. Повеќе од двесте вработени веројатно ќе ги изгубат своите работни места, а речиси 500 милиони евра јавни и приватни инвестиции се изгубени. Само пред една година, истото се случи и со шведскиот производител на батерии „Northvolt“, за кој се очекуваше да биде европски конкурент на азиските гиганти ...
Актерката и пејачка Селена Гомез пристигнала на премиерата на документарецот на Нетфликс и покрај сите коментари што одвреме-навреме ја следат. Иако поминала низ вистински пекол и сега конечно ужива во бракот со Бени Бланко, Селена и понатаму се соочува со критики. За да го сврти вниманието од сето тоа, блеснала на црвениот килим и тоа во фустан покрај кој не ви е потребен никаков накит, пишува „Marie Claire“. Малиот црн фустан со миди ...
Русија денеска со воени паради и државни церемонии го одбележува Денот на победата над фашизмот, а централниот настан традиционално се одржува на Црвениот плоштад во Москва. Сепак, годинашната парада се разликува од претходните, бидејќи на неа нема да продефилира тешка воена техника, ниту ќе учествуваат дел од кадетите и питомците од воените училишта. Од руското Министерство за одбрана велат дека „отсуството на опрема и некои единици од ...
Диеталниот газиран сок наместо обичен сок изгледа како разумна алтернатива, бидејќи не содржи шеќер, калории и не создава чувство на вина. Сепак, да видиме што всушност се случува ако ги пиете овие пијалаци секој ден. Диеталните газирани пијалаци долго време се дел од популарната култура. Тие ветуваат „сладост без последици“, поради што многумина ги сметаат за компромис помеѓу задоволството и здравјето. Според сајтот „Real Simple“, интересот ...
Експертите предупредуваат дека омилените утрински пијалаци можат значително да го намалат дејството на лековите против алергија. Одредени пијалаци можат да влијаат на ефикасноста на фексофенадинот – антихистаминик што често се користи за ублажување на симптомите на поленска алергија, но и за смирување осип и чешање по убоди од инсекти, пренесува „Food Bible“. Пијалаци што го намалуваат дејството на лековите за алергија Поголемиот дел од ...
Војната со Иран почна директно да го удира џебот на потрошувачите и во развиените економии, принудувајќи ги домаќинствата да ги кратат своите заштеди за да го задржат основниот животен стандард. Главниот глобален економист на УБС Велт Менаџмент, Пол Донован, во изјава за Си-Ен-Ен предупреди дека компаниите веќе ефикасно ги префрлаат сите зголемени трошоци предизвикани од конфликтот директно врз крајните потрошувачи. Тој ја објасни ...
Крузерот „MV Hondius“, на кој тројца патници починаа од инфекција со хантавирус, се очекува утре рано наутро да пристигне на шпанскиот остров Тенерифе, соопшти операторот на бродот. Од компанијата наведоа дека во тек се обемни подготовки поврзани со пристигнувањето, карантинот и процедурите за медицинска проверка на сите патници и на екипажот, како и плановите за нивните понатамошни патувања. Во координацијата се вклучени институции од ...
Здружението на германски аеродроми (ADV) упати сериозно предупредување дека во блиска иднина може да дојде до откажување на голем број летови, што директно ќе погоди милиони патници. Како главни причини се наведуваат недостигот на авионско гориво и енормното зголемување на цените на авионските билети. Стравот од пад на капацитетите станува реалност „Стравуваме дека ќе бидат откажани дополнителни летови, особено кај нискобуџетните ...
Секое модно издание на принцезата од Велс е вистинска инспирација и се споредува со најголемите икони на 20 век, а овојпат британските медиуми забележале дека Кејт можеби барала инспирација во фотографиите на Одри Хепберн. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон организирале забава во градината на Бакингемската палата во петокот, во име на кралот Чарлс III, а принцезата од Велс повторно воодушевила со елеганција. Кралскиот пар изгледал елегантно ...
„Nokia“ со години важеше за синоним за издржливи и сигурни телефони, но еден модел остана запаметен како еден од најголемите промашувања во историјата на компанијата – „Nokia 7600“. Овој телефон се појави во 2003 година и веднаш предизвика поделени реакции. Додека поголемиот дел од производителите во тоа време се обидуваа да создадат што попрактични и поедноставни мобилни телефони, „Nokia“ реши да експериментира со необичен дизајн. Моделот ...
Потврдата дека на крузерот „MV Hondius“ е регистриран андски сој на хантавирус, единствениот за кој е докажано дека во ретки случаи може да се пренесува од човек на човек, повторно го отвори прашањето дали на светот му се заканува сценарио слично на коронавирусот. Дополнителна загриженост предизвика веста дека здравствените служби на повеќе земји се обидуваат да пронајдат дел од патниците кои претходно го напуштиле бродот, но епидемиологот ...
Потврдени се шест случаи на хантавирус од осум сомнителни случаи пријавени по избивањето на заразата на крузерот „MV Hondius“ во Атлантскиот Океан, објави Светската здравствена организација (СЗО). „До 8 мај вкупно се пријавени осум случаи, вклучувајќи три смртни случаи (стапка на смртност од 38 проценти). Шест случаи се лабораториски потврдени како инфекција со хантавирус, а сите се идентификувани како последица на вирусот Анда, за кој се ...
Во современиот туризам сè повеќе патници се свртуваат кон концептот „патување како мачка“, начин на патување што подразбира бавно темпо, љубопитност, избирање дестинации на кои се чувствуваат сигурно и опуштено. Наместо трка по атракции и густи маршрути, фокусот е на доживувањето, атмосферата и слободата местото да се открива со сопствен ритам. Овој пристап е особено изразен во регионот, каде што сè повеќе градови и крајбрежни места се ...
Додека поголемиот дел од Европската унија постепено се оддалечува од американскиот претседател Доналд Трамп, Политико пишува дека Грција оди во спротивна насока и сè поотворено гради политички и економски врски со круговите блиски до движењето МАГА (Make America Great Again – Да ја направиме Америка повторно голема). Американската амбасадорка во Атина, Кимберли Гилфојл, ја поттикнала идејата Трамп ова лето да одржи говор на Акропол по повод ...
Беше позната како „Cryptoqueen“ – жена која ветуваше финансиска револуција, а на крајот се покажа дека стои зад една од најголемите измами во историјата. Ружа Игнатова, Бугарка со германски пасош, и понатаму се наоѓа на листата на најбарани бегалци на „FBI“, со награда од пет милиони долари за информација што ќе доведе до нејзино апсење Ружа Пламенова Игнатова е родена на 30 мај 1980 година во Русе, Бугарија. Нејзиното семејство по падот на ...
Еден од најголемите хакерски скандали на денешницата се случи во октомври 2020 година, кога податоците на дури 33.000 пациенти на компанијата „Vastaamo“ се најдоа на мета на хакери. Кога Мери-Туули Ауер го отворила мејлот што завршил во нејзината „spam“ папка, веднаш знаела дека не станува збор за обична измама. Пораката го содржела нејзиното целосно име и фински матичен број – клучен личен податок што се користи за банкарство и пристап до ...
Нова измама со помош на вештачка интелигенција се појави во Франција. AI може да ви го клонира гласот за само неколку секунди, а потоа да изнуди пари од вашите најблиски доколку се јавите на непознат број. Во Франција се појави нов вид измама преку вештачка интелигенција (AI), со чија помош се клонира гласот на жртвата за подоцна да се искористи за изнуда на пари од семејството и пријателите. Како што наведува „Connexion France“, искусни ...
Москва тортата е познат белградски десерт создаден во 1974 година во хотелот „Москва“, а ја осмислила Аница Џепина. Позната е по тенките кори со ореви или лешници, богатиот жолт фил и освежителното овошје, како вишни и ананас. Иако оригиналниот рецепт е заштитен, домашните верзии многу верно го доловуваат нејзиниот препознатлив вкус – кремаст, лесен и овошен десерт, идеален за свечени пригоди. Основни информации Вид на десерт: овошна ...
Стан покрај море обично е празен осум до девет месеци годишно, а трошоците за одржување за имот од 50 квадратни метри се помеѓу 1.150 и 1.700 евра годишно. Купувањето стан на Халкидики или Паралија за 80.000 евра изгледа како разумна пресметка. Но, вистинското прашање, кое ретко се поставува пред потпишување, гласи поинаку - колку чини тој стан кога во него нема никој? А тоа, реално, е осум до десет месеци годишно. Одговорот не е ...
Во германската влада и разузнавачката заедница владее сериозен судир околу тоа колку отворено јавноста треба да се предупреди за растечкиот ризик од ирански напади на германска територија. Според информациите на „Њујорк тајмс“, канцеларот Фридрих Мерц и министерот за внатрешни работи Александер Добринт јавно го признаваат постоењето на ирански закани, но ги претставуваат како главно хипотетички. Од друга страна, шефовите на разузнавачките ...
Звучниците „Marshall“ во последно време станаа многу популарни бидејќи комбинираат препознатлив ретро дизајн со модерни безжични технологии, што ги прави и стилски и функционален додаток за секој дом. Нивната популарност дополнително ја зголемува брендот поврзан со рок културата, па многу купувачи избираат токму „Marshall“. „Marshall“ е име кое звучи како легенда во светот на музиката. Гитари, рок-сцени, засилувачи што ги тресеа стадионите и ...
Заборавете на Санторини и летниот метеж, бидејќи американските медиуми го препорачуваат најголемиот хрватски остров како совршена медитеранска оаза. Го истакнуваат како дестинација што нуди тиркизно море и недопрена природа, успешно избегнувајќи ги замките на масовниот туризам. Да се најде плажа на Медитеранот која во екот на сезоната не е преполна со туристи стана вистински предизвик, но Црес се покажува како исклучок. Станува збор за ...
Авиокомпанија предупредила на скапи грешки при резервирање на лет. Со прецизна проверка можете да избегнете трошок и до 160 евра по карта. Патниците кои патуваат со компанијата „Ryanair“ се предупредени на една од најскапите грешки која може да ги чини и до 160 евра пред самиот лет. Станува збор за навидум безопасен пропуст кој лесно може да се избегне со внимателна проверка на податоците при резервирање на билет. Во желбата што побрзо да ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е подготвен да дијагностицира пациенти заразени со хантавирусот кој е откриен на крузерот во Јужен Атлантик, иако засега нема таква опасност за македонските граѓани, уверува директорката Марија Андоновска. Таа вели дека во овој момент кај нас нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност ниту пак ризик за ширење на вирусот. „ИЈЗ е подготвен со протоколи доколку има потреба од каква било ...
Фокусирањето само на бројот на часови поминати во кревет ја занемарува клучната компонента – квалитетот на сонот. Немирниот и прекинат сон, дури и ако трае препорачани седум или осум часа, нема да обезбеди чувство на свежина и одмор. Широко распространетото мислење дека осум часа сон секоја ноќ се клучот за здравје и виталност е длабоко вкоренето во современата култура. Со години таа бројка се претставуваше како идеален стандард за одмор, но ...
Урмата, едноставен и наизглед скромен плод, во последниве години повторно стекнува репутација на една од најразновидните намирници. Нејзината сладост крие изненадувачко богатство од хранливи материи, поради што многумина ја опишуваат како природна „мини аптека“. Според мислењето на стручњаците, урмите можат да го поддржат организмот на повеќе нивоа, од енергијата до варењето. Новак Ѓоковиќ пред две години изјавил дека за време на паузите ...