Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Стотици луѓе загинаа во Авганистан во земјотрес со сила од 6,0 степени според Рихтеровата скала што го погоди источниот дел од земјата на 31 август. Според Геолошкиот завод на САД, Џалалабад беше епицентарот на земјотресот, пишува Радио Слободна Европа. „Според нашите најнови информации за синоќешниот земјотрес во провинциите Кунар и Нангархар загинаа 610 лица, 1.300 беа повредени, а голем број куќи беа уништени“. Во провинцијата Нангархар, ...
Со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, синоќа беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под Ат Пазар во Битола. Како што соопштија од Општина Битола, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски заедно со потомци од семејството Турунџиеви, пред бројните битолчани, гости го открија споменикот на војводата на што претходеше ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески во интервју за Радио Слободна Европа најавува законски измени за пониски банкарски провизии од 2026 година. Во однос на банките, и самите рековте дека имаат значителна ликвидност, а податоците покажуваат и раст на профит. Тоа е делумно и преку наплата провизии. Вие неодамна повикавте на правичен однос кон граѓаните, некои банки и ги намалија провизиите, но дали е тоа доволно? „Мислам дека пораката ...
Општина Битола ја информира јавноста дека во врска со спомен – плочата посветена на Александар Турунџев се појавија јавни реакции поради визуелниот изглед на користениот фонт. Забелешките беа насочени кон тоа дека буквите изгледаат како да се напишани со туѓа ортографија. Сепак, стручната лингвистичка анализа покажува дека не станува збор за туѓа ортографија, туку за типографско решение во декоративен стил, каде одредени форми повеќе ...
Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи Владата, со усвојување на Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одредени видови стоки, ги ограничи маржите на до 20 проценти, пишува агенцијата МИА. Околу 20.000 производи ќе имаат нова пониска цена. Новите правила ќе важат за сите трговски субјекти кои во 2024 година оствариле приходи од над 4,5 милијарди динари или ...
Во изминатите 24 часа најмногу дожд 18 л/м2 наврнаа во Охрид, Лазарополе, 16 Маврови Анови, 14 Попова Шапка, 10 Пожаране, 8 Куманово, Претор, 7 Крива Паланка, Крушево, 5 Скопје-Петровец, Пожар, 4 Прилеп, Виница, 3 Битола, Штип, Велес, Тополчани, Демир Капија, 2 Тетово, Берово, 1 Гевгелија. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен западен ветер. ...
Добро организираниот еколошки јавен транспорт за многу современи градови е една од алатаките за справување со зголемениот степен аерозагаденост во зимските месеци. Тоа што некаде можеби е борба за позитивна оценка од Европската Унија, за граѓаните претставува позитивна и корисна политика. Државниот завод за статистика неелава објави дека е намален бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз кога се споредува со лани, но зголемен е ...
Министерот Златко Перински потврди дека се прават напори Законот за локална самоуправа, кој е блокиран во Парламентот, да се донесе до 12 септември, кога е закажана последната парламентарна седница пред изборите. Тој истакна дека пред да биде предложен законот во Собранието, биле потрошени повеќе од шест до седум месеци на консултации и дебати со сите засегнати страни, вклучително и со координаторите на противничките групи во Парламентот. ...
Претпладне сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во ...
За времето на посетата на РЕК Битола каде што беше на прославата на Денот на рударите, од премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, побаравме коментар за изјавата на претседателот на СДСМ дека изрази жалење што не се донесоа измените на Изборниот законик оти власта не обезбедила мнозинство. „Не би сакал да го коментирам тоа што е кажано од страна на СДСМ, бидејќи тоа е практично истиот оној фолклор кој што го слушаме еве веќе 15 ...
На почетокот на септември уште една седница на Советот на Општина Битола. Една од темите за политички пресметки, односно „билдање“ на рејтинзите пред локалните избори ќе бидат парите, односно извршувањето на Буџетот за вториот квартал. Малку точки на дневен ред за 57-та седница. Пред советниците ќе се најде кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2025 година. Ќе го проблематизира ли некоја од ...
Во 68 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 8, 11, 12, 13, 17, 31 и 35. Извлечено беше и црвеното топче кое што ја дуплираше вредноста на добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше три шестки, секоја од нив вредна по 269.310,00 денари. Фондот за седумка во следното коло е 45.694.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е 2, 0, 5, 0, 6, 9. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше. Очекуваниот фонд за добивка со шест ...
На последната седница на Советот на Општина Битола каде на дневен ред беа основните училишта, советникот Бојкоски во реплика до Корлевски од СДСМ, кажа дека тие занаеле да прават, а соевтниците од СДСМ имале само желба. „Во делот каде што велите дека вие сте дале поддршка, вие не дадовте поддршка за игралиштата, стои записник. Ниту гласавте ребаланс, ниту развојна програма, ниту економски развој, ниту една програма не ја поддржавте вие. Ниту ...
Пакистанските власти неделава евакуираа повеќе од еден милион лица од нивните домови во покраината Пенџаб, соопштија официјални лица, бидејќи најлошите поплави во последните четири децении опустошија стотици села и поплавија полиња. Обилните монсунски дождови и испуштањето вишок вода од браните во Индија ги зголемија нивоата на трите реки што течат низ источната покраина, принудувајќи ги властите да ги прелеат своите брегови на некои места – ...
На последната седница на Советот на Општина Битола каде на дневен ред беа основните училишта, советникот Корлевски во реплика до Бојкоски, кажа дека „ќе“ е ништо. „Разговараме за училиштата во овој период од четири години. Политика, ќе имате време и простор во кампањата, се надевам ќе разговарате. Сега разговарате во Советот на Општина Битола, со парите на граѓаните што направивте. Вие велите ништо, ќе, оти ќе е ништо, ќе направиме, а ...
Центарот за управување со кризи информира дека на ден 28/29.08.2025 година до 08:00 часот на територијата на Македонија има 4 пожари на отворен простор и истите сe под контрола. Се работи за пожарот во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума), потоа во Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар), Општина Желино 1: с. Мерово (мешана шума) и Општина Желино 2: с. Церово (ниска вегетација и мешана шума). ...
Центарот за управување со кризи информира дека на ден 28/29.08.2025 година до 08:00 часот на територијата на Македонија има 4 пожари на отворен простор и истите сe под контрола. Се работи за пожарот во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума), потоа во Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар), Општина Желино 1: с. Мерово (мешана шума) и Општина Желино 2: с. Церово (ниска вегетација и мешана шума). ...
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека руските вооружени сили вршат напади исклучиво на воени цели и објекти кои служат за поддршка на Вооружените сили на Украина (ВСУ). „Сакаме уште еднаш да нагласиме дека руските вооружени сили гаѓаат исклучиво воени цели и објекти за логистичка поддршка на ВСУ. Штетата на цивилната инфраструктура е последица на дејствувањето на украинската ...
Русија во текот на изминатата ноќ истрела 598 дронови и 31 балистичка и крстосувачка ракета во масовниот напад врз Украина, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од француските медиуми, а пренесува МИА. Според прелиминарните податоци, 563 борбени и дронови мамки, како и 26 ракети, биле соборени или нивните сигнали биле блокирани, соопштија украинските воздухопловни сили во соопштението. Украинскиот систем оператор соопшти дека ...
Српската влада на седница ја усвои Уредбата за посебни услови за вршење трговија со одредени видови стоки, со која се ограничуваат маржите во малопродажните синџири за основни прехранбени производи и други стоки важни за снабдување на граѓаните. Уредбата, која стапува на сила на 1 септември и ќе важи шест месеци, ќе ги ограничи маржите на максимум 20 проценти за производи класифицирани во 23 категории, објави владата. Меѓу производите што ќе ...
Долгогодишна традиција продолжи и денеска во РЕК Битола денеска каде свечено беше одбележан 28 август, Денот на рударите. На прославата присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и битолските пратеници Пеце Милевски и Силвана Ангелевска. Меѓу гостите беа и членови на управниот и надзорниот одбор на АД ЕСМ, градоначалниците на Битола, Новаци и ...
За време на денешната посета на РЕК Битола на владината делегација, а по повод одбележувањето на 28 август Денот на рударите, премиерот Христијан Мицкоски направи обиколка и на кујната од која вработените во коминатот ќе добиваат топол оброк. Директорот на „ЕСМ Молика“ Горан Исков вели дека со голем труд и заложби ја ставаат во функција кујната за вработените во РЕК “Битола” и ќе биде отворена кон крајот на септември по предвидениот тест ...
Градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски денеска присуствуваше на свеченоста во РЕК Битола, по повод Денот на рударите. „Денес имав чест да присуствувам на одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола, настан на кој заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски им оддадовме признание и благодарност на сите рудари – хероите што со својот труд и пожртвуваност ја движат нашата татковина напред“ вели Стевановски. Во чест на ...
Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија професионално и во потребните рокови го завршија процесот на реновирање и приспособување на стадионот „Петар Милошевски“ за одигрување на меѓународни натпревари од високо ниво, информираат од Општина Битола. Како што стои во информацијата, стадионот ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, што вклучува меѓународни натпревари и на ...
Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на одбележувањето на 28 август Денот на рударите, од РЕК Битола упати честитки за големиот празник Голема Богородица. „Ја користам оваа прилика да на сите православни христијани им го честитам големиот верски празник, Голема Богородица, а на сите граѓани во Македонија да им посакам пред сè здравје, среќа, љубов за нив и за нивните семејства бидејќи тоа е она коешто на сите нам ни е ...
По информацијата од пред неколку дена дека „Алта Банка“ АД Белград има намера да даде понуда за преземање до 100% од обичните акции со право на глас издадени од „Стопанска банка “а.д. Битола, а што беше обајвено на интернет страницата на Македонската берза, сега на истата таа страница како ценовно чувствителни информации, а согласно Правилата за котација, објавено е известувањње за промена на преземачот во рамите на истата групација. ...
Тринаесет рудари од различни рудници низ земјата денеска беа одликувани со признанија за својата пожртвувана работа, во рамки на свеченоста што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја организираше по повод Денот на рударите. Меѓу нив е и Страшо Маневски од РЕК Битола – човек со речиси четири децении искуство, кој започнал како сменски инженер, а долгогодишно работел и како технички директор. Признание доби и Златко ...
Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема ...
Страстен љубител на мачки, фан на култната серија The Office и сопственик на еден од најоригиналните музички псевдоними на денешницата – Baby Lasagna доаѓа на Get EXITed журката во Струмица! По неговиот сензационален настап со кој речиси ја освои Евровизија и стана апсолутен победник во очите на европската публика, како и енергичното отворање на нултиот ден од EXIT фестивалот минатата година, тој зачекори на најголемите светски сцени и ...
Денеска заврши првиот уписен рок за пријавување студенти на прв циклус студии на битолскиот унивезитет „Св. Климент Охридски“. Како што информираат од ректорката управа во првото пријавување кое траеше од 19 до 27 август се пријавиле вкупно 864 кандидати, односно идни бруцоши. Ова значи дека УКЛО не само што успеа да го задржи зголемениот интерес од минатата година, туку и благо да го зголеми. Ланската година во првиот уписен рок биле ...