Утринава околу 5 часот во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода изби пожар пред влезот на објектот. Станарите се рабудиле од силниот звук по што панично ја напуштале зградата. МВР информира дека настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли. -Денеска (12.06.2026) околу 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли. Пожарот е изгаснат од ...

Утринава околу 5 часот во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода изби пожар пред влезот на објектот. Станарите се рабудиле од силниот звук по што панично ја напуштале зградата. МВР информира дека настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли. -Денеска (12.06.2026) околу 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли. Пожарот е изгаснат од ...

Привремена забрана за капење на локацијата „Акротири“ во населбата Пефкохори поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод. Како што пренесе Прототема, општинските служби веднаш реагирале и почнале со санација, а истекувањето набрзо било запрено, по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на подрачјето. Надлежните служби, вклучувајќи ја и дирекцијата за јавно здравје и Центарот за унапредување на ...

Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа. – Денеска 11.06.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа ...

Светска банка прогнозира дека светската економија во 2026 година ќе забележи раст од само 2,5 отсто, што е најслаб резултат од периодот на пандемијата на Ковид-19. Институцијата ја намали својата претходна прогноза поради последиците од конфликтот со Иран, зголемената инфлација и растот на цените на енергенсите. Според извештајот, нарушувањата во поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец довеле до поскапување на нафтата и дополнителен ...

Четиринаесетмесечно бебе од Куманово е хоспитализирано во кумановската болница откако се затруло со средство за чистење. Инцидентот се случил на 10 јуни, а детето било донесено во болница околу 20:14 часот. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека од Општата болница Куманово било пријавено оти детето било затруено по контакт со хемиско средство. По пријавата, полициски службеници извршиле разговор со мајката и бил направен увид на ...

Портпарол на иранското министерство за надворешни работи, во телефонски разговор во живо на државната телевизија изјави дека текстот на договорот е „претежно финализиран“. Тој рече дека медијаторите се активни, но ништо не е кончено за да се стави крај на конфликтот што започна на 28 февруари кога САД и Израел заеднички го нападнаа Иран. И предупреди дека „противречностите“ во ставот на САД предизвикале „турбуленции“ во процесот. –Најновата ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека САД се блиску до потпишување договор со Иран за завршување на војната, а договорот ќе биде потпишан во Европа, во наредните денови. Трамп рече дека новиот договор е „многу силен меморандум за разбирање“ . Истака дека Техеран сака да го склучат договорот многу повеќе од него. Трамп во повеќе наврати во последните неколку недели велеше дека завојуваните страни се на прагот на договор, но досега ...

Предлог-законот за игрите на среќа помина во прво читање во Собранието. 59 пратеници дадоа поддршка за за да се воведат построги правила за работењето на казината, обложувалниците и другите приредувачи на игри на среќа. Една од клучните измени е воведувањето забрана казина и објекти за игри на среќа да се наоѓаат на растојание помало од 500 метри од училиштата. Се предвидува и забрана за рекламирање на излозите на коцкарниците, како и забрана ...

Гласна музика, журки, викање, стартување на мотори и автомобили од блиското кафуле секоја вечер веќе десет години ги оставаат без сон жителите на Капиштец. Дневни и ноќни забави: по шест забави неделно, 52 недели во годината. Некогаш најмирната населба сега е претворена во модерна џунгла. Вечерва се собраа за да изразат протест против дивеењето, но и против непреземањето на мерки од страна на надлежните. „Навечер ечат музики, техно забави се ...

Со изгореници по екстремитетите и вдишан чад сопственик на викендица во штипската населба Кумлак заврши во болница. Сакајќи да го изгасне огнот од кровот на објектот за малку ќе и настрадал, го спасиле пожарникарите и доброволците, кои попладнево интервенираа на новиот пожар во оваа населба, кој се закануваше на 15 викенд куќи и триесетина лозови и овошни насади. „Спасен е човекот не е во животозагрожувачка состојба и најодговорно тврдам и ...

Од изборните визии за модерен, одржлив, еколошки прифатлив град администрацијата на Скопје се враќа на нулта точка, како да го одржи елементарно функционален. Што може да испорача скопската власт? Во Вин-Вин интервју со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Вин-Вин со Оливера Трајковска на Телма Од изборните визии за модерен, одржлив, еколошки прифатлив град администрацијата на Скопје се враќа на нулта точка, како да го одржи ...

По инцидентот со пропаѓањето на тротоарот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави иницијатива за законски измени со кои би се зајакнал надзорот над градилиштата и би се подобрила безбедноста во градот. Тој оцени дека постојниот систем не овозможува ефикасна контрола, посочувајќи дека градот нема сопствена градежна инспекција, а општините располагаат со ограничени кадровски ресурси. „Како претседател ...

На Западниот Балкан има талент, претприемачки став и стратешка позиција да се биде повеќе од обичен корисник на новите технологии. Овој регион може да придонесува кон економијата на иновациНи која ја оформува иднината. САД се посветени да бидат партнер во тој напор. Американските компании го предводат светот во вештачката интелигенција, „клауд компјутинг“, сајбер безбедност и дигиталната иновација. Заедно ја имаме можноста да направиме ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека приоритет во неговиот мандат е воспоставување функционален систем во градот и подобрување на комуналните услуги, оценувајќи дека Скопје со години се соочувало со сериозни инфраструктурни и организациски проблеми. Тој во емисијата „Вин-Вин“ посочи дека уште пред да ја преземе функцијата бил свесен за финансиската состојба на градот, за загубите во водоводната мрежа и за недостатокот на ...

Две лица го загубија животот, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи денес околу 13 часот на експресниот пат Градско – Прилеп, по исклучокот за Кавадарци. Според СВР Велес , несреќата се случила при судир помеѓу две прилепски возила- „Шкода Октавија”, управувана од Ж.Р. (51) од Прилеп и „Фолксваген Голф”, управуван од Т.М. (39) од Прилеп. На местото на несреќата починале возачот на Шкодата и неговата сопатничка Б.Б. ...

Студентите сместени во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе седум дена се оставени без топла вода објави студентската платформа „Студентарија“. Според нивни информации причината за проблемот е недостиг на нафта за загревање на водата во домот. Оттаму наведуваат дека како привремено решение на студентите им е понудено користење на гостинска соба со бојлер на струја, но оценуваат дека во дом во кој престојуваат повеќе студенти ваквото ...

Aгенцијата за обезбедување „Рубикон“, нејзиниот формален сопственик Јане Јанчевски, и неформалниот сопственик како што тврди обвинителството Александар Нацев беа денеска во фокусот на докзаита за трагедијата во кочанската дискотека Пулс. За вистинскиот сопственик Јане Јанчевски беа презентирани низа документи на коишто тој има ставено потпис, но за неформалниот сопственик Нацев само неколку. Тој никаде не фигурира во Централниот регистар во ...

По писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц за брз прием на Украина во ЕУ, па дополнувањето со нон-пејперот од Германија и Франција како тоа да се направи и со Западниот Балкан, во продолжение – Франција и Германија, заедно со Холандија, Белгија и Луксембург ставија потпис и на нон-пејпер со кој се бараат промени во идните договори за пристапување во ЕУ, со аргумент, дека пресликување на претходните договори на новите членки не е доволно. ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска во вчерашната ТОП ТЕМА, соопшти дека одредени министри направиле реализација на нивните расходи во првата половина од годинава па поради тоа и реализацијата на дефицитот во првата половина од годинава е поголема. Вели дека сега во разговорите со минитрите кои доаѓаат во Министерството за финансии на консултации за ребалансот на буџетот кои идната недела се очекува да го помине владиниот ...

Пациентите со траен инвалидитет да не одат на комисија на секои шест месеци за да им се потврди инвалидитетот. Сега, министерот за здравство ја рзгледува можнота да ја укине оваа обврска. Иако законот дозволува овие пациенти да не се појават на Комисија, ова не се применувало во пракса, поради што непотребно биле оптоварувани и пациентите и здравствениот систем. Обврска која според проценките ја чини државата два милиони евра. „Некои пациенти ...

Тишина во училниците, пенкала в раце и погледи вперени кон тестовите. Матурантите продолжија да полагаат државна матура. Во неколку реда еден зад друг, под будното око на тестаторите и набљудувачите, го полагаа задолжителниот испит по мајчин јазик. Повеќе од 12 илјади ученици одговараа на прашања по македонски, албански, турски или српски јазик и литература. Тестовите треба да го измерат знаењето стекнато во изминатите четири години. Дел од ...

Скоро 44 милиони евра заработило Министерството за внатрешни работи од издавање на лични документи на граѓаните во изминатите пет години, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Според истражувањето, граѓаните за пасоши, лични карти и возачки дозволи платиле 73 милиони евра, додека тоа го чинело МВР 29 милиони евра, и сето тоа врз основа на тендер стар 21 година, кој цела деценија се продолжува под непознати услови. МВР ...

Пред завршување е, вели државниот обвинител Ненад Савески за предистрагата за сомнежите дека вработен во кабинетот на претседателката Силјановска копирал документи и информации од информатичкиот систем на претседателскиот кабинет. Сите видео снимки од надозрните камери се анализираат во обвинителството, а последните активности се однесуваат на анализата на податоци од одземените компјутерски и телефонски уреди. Савески потврди дека и самиот ...

Државниот обвинител Ненад Савески ги слуша и не сака да ги коментира изјавите на политичарите меѓу кои и оние на премиерот кој порача дека трпението му е при крај за дел од обивнителството што смислува изговори. Според Савески природно е јавноста да има очекување од обвинителството да даде разултати но впечатокот му е дека обивнителите го даваат максимумот во сите предмети. По изјавата на Мицкоски дека не разбира што е чудно што се слушнал со ...

Докази поврзани со агенцијата за обезбедување Рубикон, изведувани на денешното рочиште за ПУЛС, има ли докази за неформалниот сопственик Нацев, борба меѓу обвинителството и одбраната. Што бил Нацев во Рубикон само консултант или неформален сопственик на Рубикон – се докажуваа одбраната и обвинителството. Aгенцијата за обезбедување „Рубикон“, нејзиниот формален сопственик Јане Јанчевски, и неформалниот сопственик како што тврди обвинителството ...

Две претстави беа изведени на шестиот ден на 60. Македонски театарски фестивал „ Војдан чернодрински“ во Прилеп. Македонскиот народен театар со „ Страв и надеж“ настапи во натпреварувачката програма, а во офф програмата беше прикажана претставата „ Драга Јелена Сергеевна“. Се одржа и трибина, насловена „Колку е современ театарот во Македонија“. Хиперреалистичен приказ на стварноста, во која современиот човек е исправен меѓу стравот за ...

ЕСМ да подигне кредит, државата да биде гарант. Ова е начинот на кој се планира да се соберат потребните пари за изградба на Чебрен. Барем ваква информација добила министерката за финансии Кочоска од премиерот која во вчерашната ТОП ТЕМА, кажа дека додека до нејзе не се обратат од ЕСМ и додека не биде готова физибилити студијата не може да се соопштат повеќе детали за реализацијата на хидроцентралата на Црна Река, која деновиве повторно се ...

Пожарот што вчера изби над градот Штип е целосно изгаснат, потврди градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Огнената стихија била ставена под контрола околу полноќ, по што екипите на Територијалната противпожарна единица останале на терен за да спречат повторно разгорување. Во акцијата учествувале 23 пожарникари со пет возила, како и 12 доброволци од Доброволното противпожарно друштво – Штип, кои помогнале на тешко пристапниот терен. ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија однапред ја исплатило целата сума од околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот Исток, иако законските правила предвидуваат аванс до најмногу 20 проценти од вредноста на договорот, се вели во анализата на Центарот за граѓански комуникации. Додаваат дека плаќањата биле извршени пред реализација на услугите и без соодветни гаранции. Во постапката за јавна набавка за ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.55
58%
1022
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
71%
1022
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.5
73%
1021
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
2.05
53%
1024
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.02
75%
1020
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
89%
1022
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
65%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.81
60%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.4
49%
1020
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.58
80%
1020
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
85%
1019
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 18ᴼ
5.76
93%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Бакар

12.52

Иридиум

253540.09

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Злато

131337.93

Платина

53756.05

Паладиум

39545.42

Цинк

0.00

Родиум

257205.97