Власта не се грижи за македонскиот јазик, обвини опозициската СДСМ, поднесувајќи ургенција до претседателот на собранието, Африм Гаши за да се овозможи оддржување на надзорната расправа за Законот за употреба на македонскиот јазик. Ова не е политичка битка – ова е битка за зачувување и унапредување на македонскиот јазик, рече пратеничката и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната прес конференција. ...

Лишен од слобода 26-годишен скопјанец, кој не застанал на знак за запирање, со мотоцикл удрил во мотоцикл на МВР и повредил полициски службеник, а по лишувањето кај не го е пронајдена дрога На 10.06.2026 во 18:50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје. Претходно, околу 18:20 часот на бул.„Партизански одреди“ тој со ...

На 235 корисници на социјална заштита во 2024 година неосновано им биле исплатени околу 236 илајди евра, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Најголемиот дел од овие пари или 175 илајди евра биле исплатени по основ на гарантирана минимална помош. Ревизорите утврдиле и дека Центарот за социјална работа и Агенцијата за вработување не се ефикасни во активирањето на невработените корисници на гарантирана минимална помош. „Поради ...

Од Независниот синдикат на судската администрација реагираат дека предлог законот за судска служба е влезен во собраниска процедура без во него да бидат вметнати нивните забелешки. Претседателот на независниот синдиакт на државна администрација Горан Ристески чија членка е и синдикатот на судска администрација на денешната прес конференција информираше дека по најавените протести биле повикани во Министерството за правда на средба на која им ...

„Влегуваме во втората половина од мандатот и политички умно е да бидете подготвени на секакви сценарија. Ние сме кажале дека наша опција која ја преферираме во Влада е редовни избори во 2028 година но сме подготвени секогаш како политичка партија доколку тоа опозцијата го бара да излеземе на терен и да победиме на избори“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Претходно зборувајќи за средбата на претседателката Силјановска Давкова со бугарската ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје против странски државјанин и правно лице, поради сомнежи за злоупотреби при реализација на проектот за „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“, финансиран преку ИПА програмата и државниот буџет. Според наводите, при извршување на договорот со Министерство за финансии на Република Македонија и Европската Комисија, ...

Обвинителството на денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ презентираше докази поврзани со агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“ и нејзините ангажмани во објектот. Во судницата беа изведени документи за вработените, лиценците, планот за надзор и материјали од претрес на просториите на агенцијата. Судењето продолжува со доказна постапка, додека Судот дополнително ќе одлучува по приговорите на одбраната за дел ...

Во текот на претпладнето, надлежен судија за извршување на санкции во скопскиот Кривичен суд изготвил упатен акт за издржување на затворската казна за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакикомски- потврдија за Телма од судот. Според претставници на судот, упатниот акт е издаден за 2-ри јули односно до тој датум Јакимовски треба да се јави на издржување на казната во затворот Скопје, во Шутка. Апелациониот суд во Скопје во вторникот ...

На 10.06.2026 од страна на Мобилен тим од Мобилна единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција постапено е на подрачје на СВР Куманово, односно движејќи се во правец од Куманово кон Крива Паланка околу 16:15 часот забележано е товарно возило ,,мерцедес бенз’’ со косовски регистарски ознаки и истото е сопрено. Од извршената контрола констатирано е дека товарното возило е управувано од Т.Б.К.(26) од Турција, додека ...

Денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и на преземени и непреземени обврски. Изведени беа фотодокументација и докази ...

Под мотото „Очи широко затворени“, синоќа, 10 јуни, во Тетово започа 15-то издание на Меѓународниот филмски фестивал WatchOut!, кој ќе трае до 12 јуни. Официјалното отворање се одржа во 20:00 часот, на Амфитеатарот пред Музејот на Комунистичката партија во Тетово. Свои поздравни говори имаа претставници на Гете-институтот и директорот на Центарот LOJA за балканска соработка, Бујар Лума. А вечерва ќе бидат доделени награди на победничките ...

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, имаше прес-конференција во Мексико Сити за почетокот на Светското првенство. Медиумскиот центар беше сведок на тешки прашања поврзани со американскиот визен режим, геополитичките тензии и енормните цени на билетите. Инфантино по тие прашања ја повика јавноста едноставно да се релаксира и да ужива во фудбалот, но неговите изјави наидоа на сериозни критики поради очигледните двојни стандарди. Новинарите на ...

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. -Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од ...

Фактот што ниту една турска граѓанска организација оваа година не доби поддршка од буџетот во износ од 17 милиони денари, наменет за здруженија и фондации од страна на Министерството за односи меѓу заедниците, предизвика големо разочарување и оправдана загриженост кај турската заедница. Од Партијата за движење на Турците потенцираат дека меѓу 36-те проекти кои добија финансиска поддршка нема ниту еден проект насочен кон турската заедница. Ова ...

291 одобрение за градење, издадени се во април што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одбренија за градење, 83, издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4. 577. 429. 000 ...

Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра на влез во државата на граничниот премин Богородица. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиja претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката ...

Претседателот на САД Доналд Трамп ги прифати податоците што покажуваат дека инфлацијата се зголемила за повеќе од 4%, изјави дека ја „сака“ инфлацијата и повтори дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната со Иран. Прашан за податоците на американската влада што покажуваат дека во мај инфлацијата се зголемила со најбрзо темпо за три години и дали тоа би можело да биде пречка за неговите колеги републиканци само неколку месеци пред ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во следните три до четири месеци, или можеби и порано, ќе поднесе оставка, нагласувајќи дека тоа ќе биде дел од пошироки политички промени во земјата. Тој додаде дека размислува и за можна кандидатура за премиер, како и за нови решенија во рамки на владејачката Српска напредна странка, која наскоро ќе ја претстави својата листа за претстојните парламентарни избори. Српскиот претседател најави ...

Најголеми досега беа протестите кои синоќа се одржаа во Тирана против изградбата на луксузно одморалиште на јадранскиот брег во јужна Албанија, планирано од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Ова беше11-ти протест по ред, траеше повеќе од четири часа, со учество и на Албанци надвор од Албанија, што доби сенационален карактер. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Албанија не е на продажба“ „Рама во ...

Минатата година поставена е нова насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара, се наведува министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на министерската функција. – Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и ...

Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација, посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите температури. Тој ги ...

Пратениците денеска во Собранието треба да разгледаат повеќе предлог-одлуки за избор и именувања во институции и тела, меѓу кои избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и избор на членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Судскиот совет. На дневен ред се и повеќе предлог-одлуки за изменување на ...

Денеска стратува Светското првенство во фудбал 2026, чии домаќини се САД, Канада и Мексико. Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечерва во 21 часот почнува фудбалската светска треска. Мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк. Во текот на следниот месец, најголемиот светски спектакл ќе го заземе централното место во 16 градови домаќини низ САД, Мексико и Канада. Новиот, проширен формат носи 48 репрезентации ...

САД и Иран втор ден по ред разменија напади на Блискиот Исток, дополнително зголемувајќи ги тензиите и покрај прекинот на огнот договорен во април. Американската Централна команда соопшти дека извела напади врз воени, радарски и надзорни цели во јужен Иран. Како одговор, Иран нападна американски воени објекти во повеќе земји од регионот, меѓу кои Бахреин, Кувајт и Јордан. Иранските власти тврдат дека биле погодени и нафтени танкери во ...

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со бугарската претседателка Илијана Јотова. Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања во билатералните односи и македонскиот евроинтегративен процес. Соговорничките разменија ставови за можните решенија за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, при што беа изнесени ...

Околу полноќ пожарот над штипската населба Кадидаре беше ставен под контрола. Гром кој удрил во близина на викенд населбите Плуждино и Новакова Чешма е причината за огнената стихија, која зафати неколку ридови, а огнот драматично се доближуваше до неколку штипски населби и беше видлив од високите зони на градот. Пожарникари, доброволци и месното население учествуваа во гаснењето на пожарот. Проблеми при гаснењето им правеше ветерот, но и ...

Со 62 гласа „против“ и 21 „за“ пратениците не ја изгласаа интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата беше поднесена од пратениците на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кои обвинија за лоши резултати во земјоделството, намалени субвенции, неисполнети ветувања и незадоволство кај земјоделците. Во своето обраќање, Трипуновски ги отфрли обвинувањата како ...

Првиот поголем пожар оваа сезона се шири вечерва на отворен простор во околината на Штип. Огнената стихија ги зафати ридовите во близина на градот а според информациите од терен гори сува трева и ниска вегетација. На терен веќе интервенираат противпожарни екипи, во обид да го локализираат огнот и да го ограничат неговото ширење. Засега нема информации за повредени лица во пожарот или за опожарени објекти. Ова е прв поголем пожар во регионот а ...

Целодневна дебата и меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата ја одбележаа собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Прекин на ИПА проекти, наводни нерегуларности, коруптивни активности и незадоволството на земјоделците беа меѓу главните теми на денешната седница. Најострата расправа ја водеа поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник од СДСМ, ...

Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во Европската Унија. Ова го изјави претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, на средба со претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. Двете соговорнички разговараа во рамки на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј домаќин беше Бугарија, соопшти кабинетот на бугарската претседателка. Јотова истакна дека ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.55
58%
1022
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
71%
1022
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.5
73%
1021
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
2.05
53%
1024
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.02
75%
1020
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
89%
1022
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
65%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.81
60%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.4
49%
1020
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.58
80%
1020
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
85%
1019
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 18ᴼ
5.76
93%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.48

Платина

53756.05

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Калај

51.97

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Бакар

12.52

Сребро

2072.63