Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на отворањето на регионалниот семинар во Скопје посветен на истрагите за перење пари и управувањето со нелегално стекнат имот, истакна дека следењето на финансиските текови и одземањето на криминално стекнатиот имот се клучни алатки во борбата против организираниот криминал. На настанот, организиран со поддршка на Франција, учествуваат претставници на полициски, обвинителски и судски ...
Обвинувања за корупција, мито и блокирани европски фондови го отворија фронтот во Собранието против министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Опозициската СДСМ преку интерпелација бара политичка одговорност, тврдејќи дека земјоделскиот сектор е доведен во состојба на неизвесност и недоверба. Расправата се одвива во сенка на сериозни обвинувања за нетранспарентно трошење на јавните средства и суспензијата на програмата ИПАРД 3. ...
Полицијата синоќа во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, уапси 43 годишен велешанец кој претходно се обидел да ограби црква но и побегнал на полицијата. „На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидел насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото“, ...
Во Вишиот суд во Белград се одржуваат завршни зборови на судењето на родителите на момчето К. К., кое на 3 мај 2023 година уби девет ученици и еден обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“. Обвинителството, за време на своите завршни зборови, побара максимални казни за родителите на момчето. Како што објавува РТС, на денешното судење, обвинителството, одбраната и оштетените ќе ги изнесат своите завршни зборови, по што судот ќе ...
Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. Ова претставува 92% реализација на кредитната линија што ...
Во текот на денешниот ден, предметот за правосилната затворска казна за Стевче Јакимовски ќе биде распределен на судија за извршување санкции во скопскиот кривичен суд. Потоа почнува да тече рокот од 30 дена во кој судијата треба да упати упатен акт за издржување на казната до поранешниот градоначалник на на Карпош Јакимовски. Рокот за испраќање упатен акт е 10-ти јули иако судот има право тоа да го направи и пред истекот на рокот, а ...
Здружението на хумани граѓани „Јорданчо Џамов“ организира хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ , кој ќе се одржи на 15 јуни во Градскиот пар во Кочани. Настанот како што најавуваат организаторите има за цел да ја обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за: изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ и помош и поддршка за ...
Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието да не ги користи како демократски декор, поради тоа што повторно бира по непознати критериуми, и предлага член кој не дели никаква вредност со она што треба да го брани. Реакцијата на мрежата доаѓа откако Собранието на 4-ти јуни во постапката за избор на член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го предложи Исмаил Синани за член на Комисијата за спречување и заштита од ...
„Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во којшто сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните“ – порача Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), кој заедно со членовите на комисијата одржа состанок со ...
Додека времето одминува до првиот натпревар на Холандија на Светското првенство, земјата повторно е зафатена од портокалова треска. Никаде еуфоричното расположение што се спушта во делови од оваа земја секој пат кога нејзината репрезентација игра на Светско првенство не е поочигледно отколку на Марктвег во Хаг, каде што локалната заедница се собира за да здроби што е можно повеќе портокал во практично секој квадратен сантиметар од улицата. ...
Денеска во Софија министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), посветен на одбележувањето на 30-годишнината од оваа значајна регионална иницијатива. – Во своето обраќање нагласив дека ПСЈИЕ останува една од највредните автентични рамки за регионална соработка, создадена од регионот и водена од уверувањето дека заедничките ...
Иран започна напади врз локации во Бахреин, Кувајт и Јордан откако САД претходно започнаа воздушни напади, откако го обвинија Техеран за падот на американскиот напаѓачки хеликоптер. Борбени авиони од воздухопловните сили и морнарицата на САД ги извршија нападите во Иран, соопшти Централната команда на американската војска, насочени кон „воздушна одбрана, станици за контрола на копното и радарски локации за надзор“. Иран ги призна нападите ...
Спомениците на природата во Македонија се соочуваат со запуштеност, спорни модели на управување и недоволна институционална заштита. Случајот со Куклите од Кратово повторно го отвора прашањето дали државата ефикасно ги чува природните богатства или тие стануваат жртва на приватни интереси и негрижа. Анкета: Може ли приватен концесионер подобро да ги заштити спомениците на природата од државата? Да/Не Спомениците на природата во Македонија се ...
Пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Во ...
Порано кога ќе се сменеше звук при телефонските разговори со крчење мислевме дека така изгледа прислушувањето и дека сме мета, а кога Обвинителството или судот ќе нареди прислушкување кое се одвива преку Оперативно-техничката Агенција или скратено ОТА. Регулирано е со Закон, а треба да се внимава и да не се прекршат човековите права. Најтазе се случаите од оваа и ланската година како оној кога со употреба на таканаречените ПИМ Мерки во ...
Преку објава на социјалните мрежи пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, соопшти дека побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни обврски и заштита на информации“. –Како што може да се ...
Илјадници Албанци маршираа низ главниот град Тирана против проектот за развој на туризмот поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. На 10-тиo по ред протест, демонстрантите држеа транспаренти и извикуваа слогани против проектот за кој екологистите велат дека би можел да го оштети уникатниот екосистем и живеалиште на заштитената област Звернец-Нарта Лагуна. Владата вели дека развојот би бил трансформативен, ...
Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во Законодовниот дом. Оваа интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство e поднесена од пратничката група предводена од СДСМ, кои наведуваат дека се поднесува поради сериозни сомнежи за системска корупција во ресорот, потврдена со апсења на високи функционери за примање мито и директно загрозување на ...
Kомеморативна монета од 2 евра во Бугарија, посветена на бугарската азбука, е блокирана по приговор од неидентификувана земја-членка на ЕУ, според документите што циркулираат во Советот на ЕУ, објави Новините. Монетета иако е со планиран тираж од еден милион парчиња, сега е блокирана и не може да продолжи во својата сегашна форма без целосно одобрение од институциите на ЕУ. Одлуката произлезе откако Бугарија го поднесе дизајнот на 19 мај 2026 ...
Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург предлагаат Европската Унија да размисли за привремено ограничување на некои права на глас на идните членки, како и за воведување посилни механизми за заштита на владеењето на правото, објавува Ројтерс. Со оглед на тоа што Црна Гора се надева дека ќе се приклучи на ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија се залагаат за напредок во нивните кандидатури за пристапување, во тек се ...
За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. Првиот дел ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа. На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу. Без конкретни очекувања е премиерот Христијан Мицкоски, од посетата на ...
Соединетите Американски Држави извршија серија воздушни напади врз ирански воени цели откако американски патролен хеликоптер беше соборен во близина на Ормутскиот Теснец. Според американската војска, цел на нападите биле системи за противвоздушна одбрана, радарски станици и контролни центри. Техеран возврати со лансирање дронови и ракети кон американски бази во регионот, при што Иран соопшти дека биле погодени цели во Бахреин и Јордан. ...
Брутален регрес во етничките права, како што тврди ДУИ или исчекор кон професионална јавна администрација, како што аргументира ВРЕДИ? Дали новиот закон за прaвична застапеност става крај на злоупотребите или на принципите на позитивна дискриминација? Како ќе се балансира балансерот? Во Топ Тема вечерва дебата со Дритон Сулејмани, заменик – министер за образование од ВРЕДИ и Арта Биљали Зендели, поранешна пратеничка на ДУИ. Гледајте Топ Тема ...
Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе продолжи со големиот проект за развој на крајбрежјето поврзан со Џеред Кушнер, зет на американскиот претседател, Доналд Трамп и покрај големите протести против него. Во интервјуто за Асосијејтед Прес, Рама ги отфрли еколошките забелешки како резултат на дезинформации и рече дека проектот ја претвора Албанија од земја што некогаш била игнорирана од инвеститорите во земја „во која сакаат да дојдат ...
Заменикот министер за образование од коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави дека новото законско решение за соодветна и правична застапеност конечно ќе стави крај на долгогодишните манипулации со етничката припадност при вработување во државната администрација. Според Сулејмани, клучната разлика помеѓу досегашниот дигитален механизам, познат како „балансер“, и новото решение е во тоа што ...
Во последното издание на емисијата „Топ Тема“, поранешната пратеничка од редовите на ДУИ, Арта Биљали Зендели и владиниот претставник Дритон, ги соочија ставовите за новиот предлог-закон за правична застапеност. Централниот спор се водеше околу тоа дали мерит-системот (компетентноста) целосно ќе ја потисне адекватната етничка застапеност во државната администрација. Поранешната пратеничка Биљали Зендели упати остри критики до новиот законски ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер во близина на Ормускиот теснец, додавајќи и дека е неопходно САД да одговорат на нападот. Двајцата членови на екипажот на хеликоптерот „Апачи“, кој се урна по нападот, биле спасени од американските сили. „Станува збор за двајца пилоти, и двајцата се безбедни и неповредени“, напиша претседателот на својата платформа Truth Social. „Сепак, Соединетите ...
Се до оној миг додека министерот Љутков не спомена дека причините за мојата оставка се лични, немав намера да ги споделам медиумски, затоа што тоа го сторив на начин кој мене ми прилега со допис до надлежните институции каде точно ги наведувам причините, вели професор Груевска- Маџоска, поранешната претседателка на Советот за македонски јазик. Вели дека Јавната расправа за Националната стратегија за култура и тоа што таа го содржи без никаква ...
-Дали се лутам на судиите? Не се лутам. Нека се живи и здрави. Знам дека работат под притисок, вели поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. Ни апелационите судии не се налутија, ама на Стевче Јакимовски наместо како што наслушнал дека целиот предмет ќе биде вратен назад, правосилно му пресудија една година затвор за бесправно градење. Тој дел од обвинението се однесува на зградата односно бараката во која беше сместена општина ...