Во Херцег Нови, Црна Гора, се одржува 39. Монтенегро Филм Фестивал. Во неговата главна натпреварувачка програма за долгометражни играни филмови има 10 остварувања од регионот, по избор на селекторот Вук Перовиќ. Во три од нив, Македонија е еден од копродуцентите. Се работи за наградувани филмови на светските филмски фестивали чии автори се жени. Станува збор за филмовите: „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, „17“ на Косара Митиќ и ...
Филмот „ 17“ на режисерката Косара Митиќ, кој на филмскиот фестивал во Сараево освои 4 награди, публиката на фестивалот во Херцег Нови го оцени како одличен и дека треба да биде дел од образовната програма за средношколци. Овој филм е еден од трите во кои Македонија е еден од копродуцентите, што се натпреваруваат за наградите „Златна мимоза“ на фестивалот. Филмот „ 17 “ на режисерката Косара Митиќ, кој од светската премиера на „Берлинале“ до ...

