Нико Ковач нема немара да толерира недисциплина во својот тим. Па така Борусија Дортмунд на препорака на својот тренер го казни Карим Адејемми. Офанзивецот ќе плати висока казна за неговиот прекршок на натпреварот против Борусија Менхенгладбах. Ѕвездата на Борусија Дортмунд беше казнета со голема сума по кризниот состанок што се одржа веднаш штом тимот пристигна во нивниот зимски тренинг камп во Марбеља. Одлуката беше донесена во луксузниот ...

Нејтан Аке си оди од Манчестер Сити и тоа уште во текот на овој зимски преоден рок? Холанѓанецот секако дека сака да игра на Мундијалот ама ако и натаму не е стандарден кај Пеп Гвардиола, тогаш јасно е дека мора нешто да стори. А тоа е да оди каде што ќе биде стандарден. И, за да ја претставува Холандија, мора да игра во клуб, а тоа не е случај. И тоа е она што му го истакнува Роналд Куман. „Всушност, неколку пати ми кажа дека сака да играм ...

Играчот од средниот ред на Лацио, Матео Гендузи, е блиску до трансфер во Фенербахче. Турскиот клуб доставил официјална понуда за 26-годишниот играч од средниот ред вредна 25 милиони евра, а според новинарот Јагиз Сабунџуоглу, дополнителни 2 милиони евра би можеле да бидат исплатени во бонуси. Фенербахче веќе постигна договор за соработка со играчот, кој сака да се пресели во Турција. Гендузи одигра 14 натпревари во Серија А оваа сезона, ...

“Жолтата подморница“ си гази. Вечерва дојде до четвртата победа во низа на гости.Во натпреварот од 18-то коло од шпанската Ла Лига, Виљареал славеше кај Елче со 1:3. Со оваа победа, Виљареал се искачи на третото место на табелата со 38 бода, додека Елче останува на деветтата позиција со 22 освоени бода. Виљареал одлично го започна овој натпревар и се чинеше дека ќе имаат полесна работа. Во седмата минута, гостите ја освоија топката во ...

Се до утре попладне, кога се игра дербито од 20.коло во Премиерлигата, Арсенал ќе има +7 бодови, но и меч повеќе од Манчестер Сити кој се среќава со Челзи и е трет, а +6 бодови пред втората Астон Вила. Ова е поради победата вечерва на лидерот на табелата на тешкото гостување кај Борнмут и тоа со 2:3. Да, четата на Микел Артета не блескаше, но сепак одигра сосема квалитетно за да дојде до големи три бода со кои е поблиску до титулата во ...

Јувентус – Лече 1:1 е исходот од првиот меч и за двете екипи во новата 2026. Во натпревар од 18.коло во Серија А, гигантот од Торино на свој терен го заврши со голем кикс.Ретко кој можеше да претпостави дека тимот на Лучиано Спалети нема да слави и тоа на свој терен. Јуве имаше шанси, имаше и зицери за победа, имаше и пенал во 66.минут, но Дејвди не успеа да го реализира. Јилдиз во судиското продолжение ја погоди и стативата, па така на ...

Поранешниот тренер на германскиот бундеслигаш Вердер, Александар Нури, во иднина ќе работи во „Мекдоналдс“. Како што објавија германските медиуми, некогашниот бундеслигашки тренер ќе се фокусира на бургери наместо на играта на фудбалерите на теренот. Од почетокот на 2026 година, поранешниот тренер на Вердер Бремен и берлинска Херта ќе управува со два ресторани на „Мекдоналдс“ во Северна Рајна-Вестфалија. Нури има 46 години, семејство, две ...

Фудбалската репрезентација на Сенегал е првиот патник во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации во Мароко. Селекцијата, која заедно со Мароко е главен фаворит за освојување на турнирот, со пресврт дојде до победа над Судан во Казабланка со 3:1 и ќе се бори за полуфиналето со подобриот тим од дуелот меѓу Мали и Тунис, кој ќе се игра вечерва во 20:00 часот. Судан ги шокираше сите на стадионот веќе во четвртата минута, кога Абдала постигна ...

Газдата на Панатинаикос, познатиот Димитрис Јанакопулос, тешко го „преџвака“ тешкиот пораз од најголемиот ривал Олимпијакос во дербито на Евролигата. Десеттиот пораз по ред во големото атинско дерби го налути Јанакопулос, кој денеска се појавил на тренингот на екипата и имал што да им каже на скапо платените ѕвезди во тимот. „Почитувајте го клубот и вашите договори, илјадници навивачи не спиеја поради вас. Има натпревари чија важност мора да ...

Фантастичниот цепелин на Никола Митревски и Дејан Манасков на натпреварот од 5. Коло во ракометната Лига на шампиони против екипата на Барселона е прогласен за најдобар погодок на ракометните терени во 2025 година. „Ремек-делото“ на ракометарите сосема заслужено го добива признанието и од Европската куќа на ракометот. Фантастичниот цепелин на Никола Митревски и Дејан Манасков на натпреварот од 5. Коло во ракометната Лига на шампиони ...

По шест натпревари без победа, конечно радост и за навивачите на Брајтон. Попладнево во првиот меч за 2026 година, популарните „галеби“ остварија победа на домашен терен против екипата на Барни од 2:0. Со голот на Рутер во 29. минута, Брајтон успеа да обезбеди водство од 1:0, а во финишот на полувремето имаше уште неколку добри позиции и да ја удвои предноста. Сепак, вториот гол дојде на отворањето на второто полувреме кога Ајари во 47. ...

Вечерва во шпанското првенство ќе се одигра едно интересно градско деби меѓу екипите на Еспањол и Барселона. Барселона е на врвот, четири бода пред Реал Мадрид, додека Еспањол е на 5-то место, два бода помалку од местото што води во Лигата на шампионите. Ова е најдобриот почеток на тимот од „Монжуик“ од 1995 година. Еспањол летово мораше да го продаде голманот Жоан Гарсија во Барселона, но трансферот беше лошо прифатен од навивачите на ...

Мини преодниот рок на Одбојкарската федерација на Македонија во паузата во првенството ќе биде активен од 3. до 17. јануари 2026 година. Во овој период домашните играчи ќе можат да ја менуваат клупската средина во пресрет на продолжението од сезоната. Овој трансфер период е наменет и за пријавување на странски играчи со меѓународен ФИВБ сертификат, како и за домашни играчи кои играле во странство во првиот дел од сезоната. Вториот дел од ...

Играчот на италијанската Пескара, која во моментов е дел од Серија Б, Елиот Телен е еден од преживеаните во трагедијата која што се случи во зимскиот ски центар Кран Монтана. Во истиот загинаа преку четириесет луѓе, стотина се повредени или се водат како исчезнати во големиот пожар кој што зафати еден ноќен клуб. Капитенот на У19 репрезентацијата на Луксембург имал голема среќа и поминал само со мали повреди. Оваа информација ја пренесе за ...

Фудбалерите на Селта ja „потопија“ Валенсија во Виго победувајќи со 4:1 во натпреварот од 18-то коло на шпанската Примера. Тимот на Клаудио Жиралдес оствари убедлив триумф над „лилјаците“ кои сега се во голема опасност повторно да се најдат во зоната за испаѓање. Борха Иглесијас со гол од пенал во 33-тата минута ги донесе домашните до 1.0, откако претходно Валенсија промаши удар од белата точка. Искусниот напаѓач повторно се истакна со уште ...

Некогашниот македонски младински репрезентативец Александар Мишов не е повеќе дел до тимот на Тиквеш. Тој спогодбено го раскинува договорот со клубот од Кавадарци и на пролет ќе го гледаме во друг клуб. Тој направи кам бек во Тиквеш по настапите во странство, а сега според она што Спортспорт го дознава повторно има шанси да замине надвор од македонскиот шампионат. Мишов беше дел од бугарски Етар, како и казахстанскиот Туран, а имаше епизода ...

Екипата на Астон Вила е победник на првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата во која на домашен терен со 3:1 го совлада тимот на Нотингем Форест. Домаќинот доминираше на овој дуел, со погодокот на Оли Воткинс во финишот на првиот дел, а потоа и на МекГин со кој што поведе и со 2:0. Гостите за момент се вратија во игра со голот на Гибс Вајт и намалија на 2:1, но МекГин во 73. минута со вториот гол ги реши дилемите и ги постави ...

Голем, огромен триумф на тимот на Ренџерс во мега шкотското дерби против тимотнан Селтик и тоа на гостински терен. Тимот на нашиот Бојан Миовски кој патем влезе во финишот на мечот, предмалку триумфираше со 1:3 во една од многуте епски пресметки на овие два тима. Селтик пред своите гледачи поведе со голот на Хјун Јун во 19. минута, но во вториот дел Ренџерс направи комплетен пресврт. Двата гола на Чермити и на крајот оној на Мур на гостите ...

Во составот на селекторот, Кирил Лазаров за престојното Европско првенство се најде дебитантот Самоил Ристевски. Кружниот напаѓач е еден од најмладите ракометари во редовите на македонската ракометна репрезентација. Имаше шанса да дебитира на неофицијален натпревар, против Хрватска во Пореч каде и се запиша во листата на стрелци. Неговиот сон стана реалност, подготвен е да го даде максимумот, а со тоа да придонесе во националниот тим. „Да се ...

Никола Јокиќ се опоравува од повредата на коленото, а неговиот тим, Денвер Нагетс, ја следи ситуацијата со голем оптимизам. „Никола Јокиќ се опоравува добро и сè оди во вистинската насока“, објави американската новинарка Касиди Хабард. Иако првичните информации велеа дека Јокиќ ќе отсуствува четири недели и нема да игра до крајот на јануари, начинот на кој се движи дава причина за оптимизам. Најдобриот кошаркар во светот патува со тимот на ...

Тимот на Комо забележа домашен минимален триумф од 1:0 во рамките од новото Серија А коло против тимот на Удинезе. На отворањето на денешната програма Комо со голот на Да Куња од пенал во 18 минута успеа да ги освои посакуваните три бода. На стартот на второто полувреме гостите преку Заниоло постигнаа гол кој што беше поништен поради офсајд. Комо има одлична сезона и е шести со 30 бодови, додека Удинезе со своите 22. е на единаесеттата ...

Швајцарката Камил Раст е победник на денешната велеслаломска трка во самките од Светскиот куп која што се одржа во словенечкиот ски центар во Крањска Гора. Таа имаше најдобро време и по првото возење, а во продолжението ја потврди денешната доминација со вкупно време од 2:00:09. На втората позиција се пласираше Џулиа Шаиб од Австрија со заостанување од 20 стотинки, додека трета на пиедесталот се искачи Паула Молцан од САД со 47 стотинки ...

Бугарските медиуми попладнево ја пренесоа информацијата дека на 80. годишна возраст почина најдобриот фудбалски селектор кој оваа земја го имала, Димитар Пенев. Со него Бугарија го оствари најголемиот успех во историјата кога на Мундијалот во 1994 година во САД го освоија четвртото место со легендарната генерација на Христо Стоичков. Пенев тогаш беше селектор и влезе во фудбалските анали на нашиот источен сосед. Тој поголемиот дел од својата ...

Македонскиот репрезенаттивец Бојан Миовски на време се опорави од настинката и покачената телесна температура и денеска е во составот за својот тим Ренџерс, кој што на програмата го има големото шкотско дерби против Селтик. Се знае што значи овој меч за двата клуба, па секако дека на Ренџерс им се потребни сите сили за да се спротивстават на вечниот ривал. Тоа нормално го подразбира и нашиот напаѓач кој што ќе чека шанса од клупата. Мечот ...

Новогодишните празници се време кога се прави мала ретроспектива на она што поминало во старата година, и она што се очекува да ни донесе новата. Импресии, впечатоци, планови и секако желби. Се во едно. Помешани емоции за она што се случило и за она што допрва треба да се пристигне. За Столе Димитриевски, еден од нашите репрезентативни капитени изминатата 2025 година на клупски план не беше успешна. Она што требаше да биде круна на неговата ...

Легендарниот италијански тенисер Адријано Паната верува дека неговиот сонародник Јаник Синер планира да ги освои сите четири Гренд слем турнири следната година. Само Род Лејвер, во 1969 година, успеал да ги собере сите титули во една сезона. Новак Ѓоковиќ бил блиску во неколку наврати, освојувајќи три, последниот пат во 2023 година кога го „пропушти“ Вимблдон. „Јаник има скриена агенда, да освои Гренд слем. Неговата одлука да продолжи со ...

ФК Вардар годината ја започна со продолжување на соработката со фудбалери од актуелниот состав. Од таборот на „црвено-црните“ известија дека Михаил Маневски потпишал нов договор, со важност до јули 2028 година. Манаевски кој добро се снаоѓа на позиција лев бек и лево крило, во Вардар дојде во 2024 година од таборот на Тиквеш. Во својата кариера има настапувано за Брегалница, Академија Пандев, Гостивар и Шкендија. Со своите игри покажа дека е ...

Македонската ракометна репрезентација ја делат нецели две недели со стартот на Европското првенство. Нашите момци подготовките ги одработуваат во Скопје, во салата Автокоманда. Пред да заминат за Хернинг, ќе одиграат три контролни меча во Швајцарија, по што ќе се уптат кон Данска. Еден од лидерите во нашиот состав се очекува да биде Марко Митев. Вели дека настапот на Светското првенство им дава дополнителна самодоверба за да одиграат на ...

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ се враќа во Евролига. Во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Баерн, откако побара раскин на договорот со Зенит. Димитријевиќ денеска треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот со германскиот тим, предводен од Светислав Пешиќ. Дебито во дресот на новиот тим треба да го има седми јануари на домашниот терен против Басконија. Македонскиот ...

Антонио Ридигер повторно ја искористи паузата во сезоната за да им помогне на другите. Дел од одморот го помина во Сиера Леоне, земјата на неговата мајка, за да ја посети хуманитарната фондација што ја основал за да им помогне на оние на кои им е потребна помош во таа земја. Тоа беше трета посета на дефанзивецот на Реал Мадрид и германската репрезентација на Сиера Леоне. Еден од најважните моменти од посетата беше големата програма за помош ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
65%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.0
71%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.71
74%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
93%
1016
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
4.47
63%
1015
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1012
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
81%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
70%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.45
61%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
66%
1016
Currency

61.6238

Currency

53.8225

Currency

71.3668

Currency

37.7252

Currency

39.2671

Currency

68.1485

Currency

7.80626

Currency

0.66674

Currency

0.33746

Currency

0.52523

Currency

1.21814

Currency

0.58224

Сребро

2840.84

Цинк

3.27

Алуминиум

3.42

Калај

48.18

Злато

166450.52

Бакар

11.40

Иридиум

259874.72

Кобалт

66.14

Платина

65169.56

Паладиум

49383.55

Родиум

369733.59

Рутениум

56199.51