
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Напаѓачот на Реал, Рудриго, беше критикуван по неговите последни настапи. Според извори блиски до клубот, доколку пристигне соодветна понуда ова лето, играчот ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, пишуваат шпанските медиуми. Тренерот Карло Анчелоти не е задоволен од играта на напаѓачот, кој постигна само четири гола на 30 одиграни натпревари оваа сезона. И покрај довербата што му беше укажана на почетокот на сезоната, неговиот недостаток на ...
Македонија има богата фудбалска историја полна со ѕвезди, некогашни екстра играчи а дел од нив биле светски и европски прваци. И кога тие ќе ги повикаш да бидат дел од нешто значајно во мак – фудбалот, што го правиш или сакаш да го правиш, тогаш си завршил голема работа. Кога ќе ја погледнеш оваа фотографија ќе знаеш дека во неа има голем дел од една фудбалска историја и тоа на едно место. Овие или ваквите моменти не се случајни, а ...
Интернационалецот од Србија, Лука Јовиќ не е потешко повреден, и наскоро ќе се врати на тренинг. Ќе му се стави на располагање на тренерот на Милан, Серџо Консеисао. Пред дуелот со Венеција на гостински терен, Јовиќ беше планиран да стартува, но почувствува болка во грбот и беше одстранет. Сепак, веднаш е констатирано дека не се работи за нешто посериозно и дека со неколкудневни терапии, тој целосно ќе биде фит. Јовиќ до крајот на неделата ќе ...
Уште кога пристигнуваше во ноември минатата година, беше јасно дека овој мандат на Клаудио Раниери како тренер на Рома ќе биде еднократен и до лето. Иксусниот стратег се врати од пензија за да го спаси тимот од многу лоша резултатска ситуација, во тоа успеа на најдобар можен начин и како херој во јуни ќе се врати во пензија. Од друга страна пак, управата на Рома погоди со неговото активирање, но сега мора да погоди и со неговата замена која е ...
Поради парцијално кинење на задниот менискус на левата нога, дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер ќе мора да паузира од шест до осум недели. Секако за ова ќе биде потребна мини операција, што практично вели дека за него сезонава дефинитивно е завршена. Ова е секако уште еден удар во редицата кои Реал Мадрид ги доби периодов, а главни нормално се испаѓањето од Лигата на Шампионите, губењето на Купот на Шпанија од Барселона, дефинитивното ...
Македонското олимписко теквондо одново потврди дека е носечки индивидуален спорт во Македонија.На турнирот Астерикс Е3 кој се одржа во Ниш, Србија Македонија освои пет медали. со победа над Лудович Скалера (2:0) и пораз во финалето од Денис Коц (0:2). Антонио Негријовски – 45 кг, јуниор (ТК Феникс) сребро директен влез во финале поради добар ранкинг и пораз од Лампис Филипо Мариа кој е трет на светсата ранг листа. слободен во прво коло поради ...
Тимот на ДЦ Јунајтед од Вашингтон ќе биде најверојатно следниот тим на Пол Погба. Некогаш еден од најдобрите фудбалери на светот, падна во заборав по допинг скандалот и суспензијата која што му се случи и нема настап од 2023 година, но сеуште планира да биде активен. Па така, 32. годишниот офанзивец е виден веќе во САД, на мечевите на овој клуб, кој ги има правата да потпишен професионален договор со Погба. Погба е без клуб откако го напушти ...
Вака одлучи денешната ждрешната ждрепка со која нашиот финалист во ЕФХ купот, тимот на Алкалоид ќе се сретне со грчкиот претставник од Атина. Токму таму, АЕК и Алкалоид ќе го играат првиот од двата финални дуели,на 18/19 мај додека пак реваншот во Скопје ќе се игра секако една недела подоцна. Ова е секако добра вест за нашиот претставник, иако не мора и да биде правило дека вториот меч е подобро да се игра дома. Алкалоид е правиот пример за ...
Демиан Лилард заработи тешка повреда. Ја скина ахиловата тетива на левата нога и за него сезоната е завршена, и големо е прашање кога тој ќе се врати повторно на терен. Повредата е сериозна, потребна е операција и рехабилитација, и пред се време за заздравување. Оваа информација ја потврди и самиот клуб, откако Лилард ги направи потребните детални прегледи и стана јасно за што станува збор. Бекот се повреди за време на поразот од Индијана ...
Огнен Чак Дојчиновски Фудбалската Федерација на Македонија и новото нејзино раководство јасно стави до знаење дека приоритет ќе биде младинскиот фудбал, младинските репрезентации, и нивно подобрување што е можно повеќе. Тоа е макотрпен процес, кој не дава веднаш резултати, па нормално е да помине извесен период. На домашна сцена тоа значи пред се подобрување на инфраструктурата, санација на она што не функционирало во системот, правилна ...
Раководството на Атлетико Мадрид има големи амбиции за летниот преоден рок. Диего Симеоне прави напор “јорганџиите“ да се засилат барем со двајца екстра квалитетни играчи. Се споменуваат Енцо Фернандез, потоа Кристијан Ромеро и Алекс Баена. Но за тоа да се случи ќе требаат пари, па затоа медиумите во Шпанија почнаа со шпекулации дека Симеоне е подготвен да го продаде еден од своите најдобри или клучни играчи. Планира да го стави Родриго де Пол ...
Хуманитарниот натпревар одигран во Варна, помеѓу фудбалските легенди на Бугарија и Македонија, а во насока на собирање средства за настраданите и нивните семејства во трагедијата во Кочани имаше голем ефект. Собрани се преку 60.000 евра, јавноста овој меч го проследни со големо внимание, особено кај нашиот источен сосед и целта е постигната. Нашата експедиција секако доби соодветен пречек, односно внимание од домаќинот, а во таа улога се најде ...
Жоан Лапорта неодамна уживаше во успехот на тимот на Ханси Флик во Кралскиот куп, а во понеделник требаше да го прослави триумфот на фудбалерите на Барселона во младинската Лига на шампиони. Сепак, плановите на претседателот на каталонскиот клуб беа попречени од големиот неуспех што ја погоди Шпанија. Голем прекин на електричната енергија ја погоди Западна Европа, вклучувајќи ги Шпанија, Португалија и делови од Франција. Ова секако има влијание ...
Раководството на Ливерпул официјално објави дека шампионската парада на тимот на Арне Слот ќе се одржи во понеделник на 26 мај. Ова е ден по последното коло во ПЛ. Во него “Редси“ го пречекуваат Кристал Палас на „Енфилд“, а по последниот судиски свиреж трофејот ќе го подигнат Ван Дајк, Салах и другарите. 26 мај е државен празник во Велика Британија, па ова ќе им даде можност на многу фанови на тимот од целата земја и од различни делови на ...
Кливленд го елиминира и гпонижи Мајами. Кавалирс го остварија својот четврти триумф совладувајќи го тимот од Флорида со 138:83. Мичел со 22 и Хантер со 19 поени го предводеа Кливленд во оваа неверојатна победа. Никола Јовиќ го одигра натпреварот на сезоната за Мајами со 24 поени, пет скока и две асистенции. Кливленд се пласираше понатаму во четири натпревари, постигнувајќи вкупно 122 поени. Тоа е еден поен повеќе од претходната рекордна серија ...
Пишува: Зоран Ѓоршоски Во неколку наврати сме истакнувале, критизирале, посочувале, давале совети,но бадијала. Дури сега се гледа дека полноќните објави на ФБ страната на Гостивар, некогаш и во 01.30 часот за промоција на тренер или нов играч, се ништо во споредба со она што Гостивар го направи и прави последните денови, недели и месеци. Па, кој нормален на полноќ на своите социјални мрежи врши промоција? Или она со Нани или Валбуена, прво се ...
Тимот на Интер има сезонава огромна шанса за стигне до трофејот во Лигата на Шампионите. Сепак, за да го стори тоа, мора најпрво да го мине полуфиналниот двомеч против тимот на Барселона. За него, тренерот Инзаги не може да смета на дефанзивецот Бенџамин Павард, кој што се повреди на дуелот против Рома изминатиот викенд. Од друга страна пак, во тимот се враќа Маркус Турам по повредата на адукторот. Во игра се и Дамфрис и Зиелински кои што ...
Лацио – Парма 2:2 е епилогот од вечерашниот меч од 34.коло во Серија А. Јасно е дека овој бод е премалку за тимот од Рим кој води битка за пласман во Лигата на Шампионите, но треба да се знае дека до 79.минута гостите од Парма имаа сензационално водство од 0:2 и два зицери за 0:3. И кога тоа не го искористија на сцена стапи искусниот Педро кој со два гола, во 79. и 84.минута, успеа на Лацио да му донесе бод на “Олимпико“ во Рим. Инаку Шпанецот ...
По поразот од Барселона во финалето на Копа Дел Реј, сега на сите им е јасно што ќе прави Флорентино Перез. Веднаш по мечот одекна “бомба“ дека Карло Анчелоти е новиот селектор на Бразил, а Дон Флорентино веќе им кажал на своите соработници дека Чаби Алонсо и дефинитивно ќе ја преземе екипата за следната сезона. Според медиумите во Шпанија и Германија, Чаби Алонсо најавил дека наскоро ќе објави дека го напушта Леверкузен и дека се сели во ...
Момент кој е “фатен“ од нашиот фотограф вчера на Маџари откако играчите на Гостивар по наредба на газдата, стоеја пред влезот во соблекувалните во исчекување на тоа што тој конечно ќе каже. Ќе се игра или? И дојде официјалното НЕ, откако претходно тој им нареди да се повлечат од теренот и да го прекинат дербито со Работнички. Ова е фото за паметење, ова е фото кој го одбележа ова 29.коло, нема што срамен гест или чин на првиот човек на ...
По тешка битка во пет сета, актуелниот шампион Струмица оствари победа од 3:2 над екипата на Штип УГд и поведе со 2:0 во финалната серија од домашниот одбојкарски шампионат. По првиот успех на гости, струмичани овој пат успеаја да слават и пред своите навивачи и да дојдат на само една победа до освојување на нова шампионска круна. Гледајќи го текот на мечот, Струмица многу лесно го отвори првиот сет и експресно гоз атвори со водство од 1:0 ...
Некогашниот стратег на Ливерпул,Јирген Клоп им честиташе на “Редси“ за освојувањето н титулата во Премиерлигата. Клубот од Мерсисајд вчера, откако го декласираше Тотенхем со 5:1 пред своите фанови, и маетематички ја потврди својата 20-та титула во најсилната лига во светот во клуската историја. Германецот на своите социјални мрежи испрати порака до Ливерпул: “Исклучително сум благодарен за минатото. Многу, многу сум среќен за сегашноста и многу ...
Вечерва во меч од 34.коло во Серија А, Удинезе и Болоња одиграа без победник и без голови. Освоија по бод, само прашање е на кого оваквиот исход повеќе му одговараше. Веројатно за домашните ако се знае дека Болоња бие битка за пласман во Лигата на Шампионите, па така сега како петта има само бод повеќе од забревтаната Рома. Во второто полувреме гостите преку Орсолини имаше две големи шанси, посебно таа во 89.минута е за истанување, но сепак на ...
Јасно е дека Работнички ќе добие службени 0:3 од гостувањето кај Гостивар вчера во меч од 29.коло. Гостивар во 85.минута го напушти терено при резултат 1:2 за Работнички. По се ова вечерва и клубот од Градски парк се огласи со соопштение кое ви го пренесуваме во целост: “Фудбалскиот клуб Работнички жали што вчерашниот натпревар од 29.коло во Првата лига беше прекинат и фудбалерите на ФК Гостивар го напуштија теренот. Ние секогаш ќе се залагаме ...
Македонскиот дефанзивец Антонио Илиески игра во одлична форма во елитната лига на Косово. Тој денеска беше стрелец на првиот гол за својот Феризај, меч кој заврши со победа на домашниот состав од 2:1 против Дрита. Ова беше негов трет гол сезонава иако е дефанзивец. Голот падна во 48.минута за 1:0. При резултат 1:1, гол за победа на “македонски погон“ за Феризај. Филип Глигоров асистираше а Фатјон Јусуфи му донесе победа на домашниот состав од ...
Победа над Беса во доминантна игра и тоа со 3:1, одличен настап на Вардар и продолжувње на серијата која сега стигна до 13 меча во низа без пораз. Токму затоа Гоце Седлоски според „СпортСпорт“ е тренер на ова 29.коло. Во неколку наврати сме истакнале, ама треба уште и уште. Се покажа дека Гоце Седлоски е идеалното решение за клупата на Вардар. Оваа пролет нашиот најтрофеен клуб е страв и трепет за сите во ПМФЛ. Остварен е пласман и во финалето ...
Данило Брестовац засега има сезона за памтење во Катар. Поранешниот македонски селектор до сега освои три пехари. Последниот го подигна вчера, откако со неговиот тим Ал-Араби го победи Ал Рајан (каде тренер на голманите е Петар Мисовски) во битката за титулата. Брестовац на врвот на катарската Супер-лига стигна со 17 победи и само еден пораз. Македонскиот тренер на Ал-Араби му ја донесе третата титула во историјата, последен пат овој клуб бил ...
Владимир Ивеља, поранешен кошаркар на Фени и Кожув, е посочен како еден од кошаркарите, вкупно седуммина, за местење на натпревари. Според соопштението на КСС сите седуммина се гонат и сите се процесуирани пред органите на федерацијата. Од КСС искочија со официјлно соопштение во кое се вели дека тие се залагаат за фер и чист спорт. „КСС најостро ја осудува секоја форма на местење натпревари, бидејќи таквите малверзации директно ја нарушуваат ...
Горан Закариќ без конкуренција е играч на ова 29.коло во ПМФЛ. Играчот за врска од БиХ, капитенот на нашиот најтрофеен клуб уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите фудбалери во нашата елитна лига сезонава.Вардар има среќа што овој некогашен член на Динамо Загреб, Партизан, Железничар го носи “црвено – црниот“ дрес. Едноставно одигра одличен меч против Беса во саботата, беше двоен стрелец во тие 3:1 и затоа е играч на колото според ...
Игор Стефановски Иџе трката во Австрија од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја заврши на подиум. Иџе го освои третото место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе изминатиов викенд во новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја возеше втората трка во Австрија. Легендарната патеката Рехберт важи за една од најценетите и најстари патеки во ...