
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Синоќа се одигра уште едно неверојатно Ел Класико – овој пат со огромни влогови на масата, а на крајот, Барселона триумфираше. Откако каталонскиот клуб поведе преку Педри во првото полувреме, Реал Мадрид успеа да го сврти резултатот во второто полувреме. Славењето на мадридскиот тим траеше кратко, бидејќи голот на Торес во 84-тата минута го одведе натпреварот во продолжение. По грешката на Лука Модриќ во 116-тата минута, Кунде ја искористи ...
Денвер Нагетс ги победија ЛА Клиперс со 101:99 со забивањето на Арон Гордон во последната секунда и израмнија во првото коло од НБА плејофот на 2:2. Натпреварот беше обележан и со конфликт меѓу играчите на паркетот, а еден од оние што спречија да прерасне во општа тепачка беше Ивица Зубац. Конфронтацијата се случи на самиот крај од втората четвртина кога Браун, додека се обидуваше да му ја одземе топката од рацете на Џејмс Харден, ненамерно го ...
Барселона повторно излезе како победник во дуелот со Реал. Со голот на Кунде во 116-тата минута и по грешката на Модриќ, Барса го освои Кралскиот Куп, a претходно го освои и Суперкупот. Со сето тоа, Барса е се поблиску до освојување на титулата бидејќи има +4 во споредба со Реал Мадрид, а е во игра и за трофејот во Лигата на шампионите бидејќи игра полуфинале со Интер, додека Реал претходно беше елиминиран од Арсенал. Ова е тешка ноќ за Мадрид, ...
Барселона го освои Кралскиот Куп по 32-ри пат во историјата. Во лудото Ел Класико го победи Реал Мадрид со 3:2 по продолженијата. Каталонците водеа по првото полувреме со голот на Педри, но во рок од седум минути во вториот дел, Реал направи пресврт преку Килијан Мбапе и Аурелиен Чуамени. Сепак, Феран Торес постигна гол за продолжението, а во 116-тата минута Кунде постигна гол за прослава на Барселона. По голот на Кунде, Реал со сите сили се ...
Денвер Нагетс ги победија ЛА Клиперс со 101:99 со забивањето на Арон Гордон со звукот на сирената, по еден вид асистенција на Никола Јокиќ. Нагетси сега израмнија на 2-2 во плеј-оф серијата. Неверојатниот Никола Јокиќ го изведе победничкиот шут, а тој се покажа како асистенција. Топката го промаши целиот обрач и отиде малку блиску до кошот. Кога се чинеше дека ќе биде големо промашување, Арон Гордон „долета“ ја заби топката во обрачот за голема ...
И повторно Ханси Флик покажа дека не знае да загуби финале. Уште еднаш, вечерва со Барселона германскиот стратег триумфираше во едно големо финале. Сепак ударна вест од Севиља, а ексклузивно ја пренесуваат медиумите во Шпанија е таа дека Карло Анчелоти по завршување на сезоната оди од Реал Мадрид и веќе ја прифатил понудата на Фудбалската конфедерација за селектор на “слекао“. „Договорот е постигнат, остануваат само уште некои детали да се ...
Спектакл на “Ла Картуха“ во Севиља, во финалето на Копа Дел Реј на вечерашното Ел Класико во кое триумфираше Барселона со 3:2. Имаше од се по нешто во ова блескаво финале кое беше решено во судското продолжение во 116.минута со голот на Кунде. Мега – спектакл во Севиља, но секогаш е така кога играат Барса и Реал Мадрид. Барса водеше со 1:0, Реал ја сврте средбата на 1:2, за да Барса сепак победи со 3:2. Пехарот за Барса, солзите за Реал и ...
На радост на љубителите на фудбалот, во финалето во Копа Дел Реј ќе се играат продолженија, а можеби ќе има пенали. Барселона – Реал Мадрид 2:2 по регуларните 90.минути и судиското продолжение вечерва на „Ла Картуха“ во Севиља. Педри донесе водство за Барса во 28.минута, Мбапе и Чуамени во второто полувреме направија пресврт во корист на Реал, за да Феран Торес израмни на 2:2 во 84.минута за продолженија. Во судиското продолжение Барса беше ...
Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски заедно со неговиот Ал – Ахли ќе игра во полуфиналето во Лигата на Шампионите на Азија. Во четвртфиналето Ал – Ахли успеа да го победи Бурирам од Тајланд со 3:0. Џани беше стартер на оваа средба и до таа 70.минута кога го напушти теренот, беше еден од најдобрите во редовите на својот тим. Противни на Џани и Ал – Ахли во полуфиналето ќе биде Ал – Хилал. Секако дека играњето на Џани е добра вест за сите ...
Вечерва на „Ла Картуха“ во Севилја се игра Ел Класико, се игра финалето во Копа Дел Реј. По првите 45.минута Барса води со 1:0 со прекрасниот гол на Педри во 28.минута. Претходеше идеално додавање на Јамал, а Педри со “бомба“ од околу 20 метри ја затресе мрежата на немоќниот Куртоа. Генерално Барса беше подобра, имаше и неколку шанси, веројатно можеше да добие и пенал во 18.минута кога Валверде играше со рака во својот шеснаесетник. Во ...
Ракометарите на РК Алкалоид вечерва го одработи и последниот тренинг пред утрешниот реванш меч од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Откако експедицијата на нашиот клуб пристигна во Сандефјорд, Норвешка, под водство на стратегот Кирил Лазаров, ракометарите тренираа и работеа во салата на Рунар. Познато е дека Алкалоид на првиот меч во Скопје оствари победа со пет голови разлика, сепак ќе видиме утре од 17 часот, за кога е закажан реваншот тоа ...
Сега сите признаваат, иако онака намрштено по скопски. Сега сите сфаќаат дека Гоце Седлоски е идеалниот човек за клупата на Вардар. Едноставно овој човек си ја знае својата работа. Го донесе Вардар оваа пролет до рекордни 13 меча без пораз во низа, или повторување на рекордот од таа 2019/2020 година. А кој ли само можеше да претпостави дека Вардар денеска по победата над Беса со 3:1 ќе “грмне“ и тоа силно… “Ова е Вардар…“. Како прво по очајната ...
Јанта Волеј – Работнички 3:2 за 1:0 во финалната серија за шампион на Македонија во женска одбојка. По сетови резултатот се движеше 20-25, 25-19,11-25,25-20, 15-13. Значи одбојкарите на Работнички двапати водеа а Јанта Волеј двапатио израмнуваше и успеа да го добие петтиот и решавачки сет за победа од 3:2 и за водство во финалната серија од 1:0. Најинтересно беше во последниот петти решавачки сет. Се водеше израмнета борба, но Работнички во ...
Уште еден тим максимално ја искористи предноста на домашен терен во четвртфиналето на плеј-офот. МКК Куманово одигра одличен меч против Кожув, иако играше пред празни трибини, сепак теренот беше предност, на крајот славеше со 90-72 и се најде на чекор до полуфиналето. Избраниците на Марин Докузовски не им дозволија на гевгеличани да помислат на победата, после две четвртини поведоа со 53-31 и до крајот ја имаа полесната задача – рутински да го ...
Познат е првиот патник во завршницата на Купот на Македонија. Не е изненадување дека Вардар 1961 е победник во својата група. Во финалето „црвено-црните“ славеа против вториот тим на Пелистер со 28-25. Пинто Мигуел имаше девет гола, додека Срдановиќ шест кај победникот. Во редовите на поразениот состав најдобар беше Белистојановски со шест гола. Овој дуел беше решен после првото полувреме, Вардар 1961 со серија од 6-0 поведе со 15-7, но ова не ...
Иако Астон Вила важеше за фаворит, сепак тимот на Унаи Емери не успеа да дојде до финалето во ФА Купот. Пораз од 0:3 од Кристал Палас за тимот од Бирмингем, тоа е епилогот од овој прв полуфинален меч во најстарото фудбалско натпреварување во Англија. Па така сега Кристал Палас го чека својот ривал во големото финале, а тоа ќе биде Нотингем Форест или Манчестер Сити, меч кој се игра утре, исто на “Вембли“ од 17.30 часот. Палас беше далеку ...
Димитар Митровски е двоен стрелец за својот Вараждин во вечерашниов дуел против Локомотива, и победата од конечни 2:1. Нашиот репрезентативец и интернационалец имаше одлична вечер на домашен терен и на два пати стрелаше во противничката мрежа. Најпрво израмни на 1:1 во 61. минута откако гостите поведоа уште во првиот дел, а потоа во 84. минута ги постави и конечните 2:1. Овие два гола за Митровски се шести и седми сезонава во ХНЛ, што го става ...
По повод хуманитарниот фудбалски меѓународен натпревар помеѓу Бугарија и Македонија кој што ќе се одржи во Варна, нашата експедиција попладнево пристигна во овој убав град на приморјето на нашиот источен сосед. Во пријатна и срдечна атмосфера плејадата на нашите и бугарски ветерани предводени од Горан Пандев од наша и генерацијата од Мундијалот од 1995 година од страна на Бугарија викендов ќе се дружат и ќе евоцираат спомени од некои дамнешни ...
На само неколку часа од стартот на Куп финалето на Шпанија помеѓу Реал Мадрид и Барселона, атмосферата „врие“. Навивачи на сите страни, имаше и инциденти и уапсени, а секој во својот табор пробува максимално да се мотивира. Кај Барселона, првиот човек на клубот, Жоан Лапорта во еден момент се најде во близина на навивачите на клубот, и без размислување ја прифати нивната песна. Почна да навива и по неговиот гест може да се увиди колку сака и ...
Со триумфот над Беса, тимот на Вардар попладнево на свој терен ја продолжи низата на мечеви на кои освојува бодови пролетва, и нормално веќе нема никакви грижи и проблеми кога станува збор за статусот во овогодинешниот ПМФЛ шампионат. Цели тринаесет мечеви Вардар е без пораз. На ваква низа на позитивни резултати, можат да се пофалат само екипи кои што се борат за титула за највисок пласман, а ете токму тоа во моментов го остваруваат и момците ...
Попладнево се одиграа уште четири меча од 34.коло во Премиерлигата. Се разбира дека најинтересно беше на дуелот меѓу Брајтон и Вест Хем. До 89.минута “чеканите“ водеа со 1:2 и тогаш дојде до лудило, какво што само може да се случи во Премиерлигата. Прво Митома израмни на 2:2 во 89.минута, за да во 90+2. погоди Балеба за победа на домашните, за еуфорија на трибините. Њукасл го победи Ипсвич и го испрати официјално во Чемпионшип, а со оваа победа ...
Попладнево се одиграа сите осум средби од 26.коло во ВМФЛ. Дербито се играше во Штип, каде силите ги одмерија Брегалница и Македонија ЃП, меч кој заврши без победник и без голови, 0:0. На кого му одговарав ваков исход тешко е да се каже. Башкими киксна и тоа во Кочани, каде од домашниот состав Осогово беше поразен со 1:0. Сега кумановци се втори, но со бод помалку од лидерот, Македонија ЃП а трет е Арсими со бод помалку од Башкими. Арсими пак ...
Уште еден тим поведе со 2-0 во плеј-оф четвртфиналната серија. МЗТ Скопје и на втората средба против Феникс ја оправда фаворитската улога, славеше со убедливи 87-55 и се најде на победа до полуфиналето. Феникс добро се држеше во првите две четвртини, по кои имаше негатива од 42-32. Кошаркарите на МЗТ Скопје дуелот го отворија со серија од 10-1. Актуелниот првак целата задача ја заврши во третиот период кој го доби со 33-11 и стави печат на ...
Сензација или не? Новак Ѓоковиќ попладнево уште на стартот на турнирот во Мадрид доживеа непријатна елиминација и по поразот од Матео Арналди. Во сетови беше 2:0 за Италијанецот а во гемови 6:3 и 6:4. Јасно се виде дека најдобриот во историјата и на овој меч беше далеку од своето, посакувано ниво. Арналди во сите елементи беше подобар од Србинот и затоа и победи. Со овој пораз Новак Ѓоковиќ, по само еден одигран меч, го заврши својот настап на ...
Во стратниот дуел од новото 29. коло од ПМФЛ шампионат, тимот на Вардар ја совлада Беса на домашен терен на комлексот Петар Милошевски во Скопје со конечни 3:1. Творец на оваа победа секако капитенот, Горан Закариќ кој во првиот дел го реализираше досудениот пенал за домаќинот носејќи водство од 1:0, а потоа и во 58. минута кога прекрасно реализираше од дистанца за двојно водство. Беса за момент се понадева на поволен развој на настаните за ...
Баерн Минхен на свој терен, во меч од 31.коло во Бундеслигата успеа да го победи Мајнц со 3:0, но сепак не ја официјализира својата 34.титула ако се знае дека и Леверкузен успеа да победи. Па така на три кола до крајот“баварците“ имаат осум бода предност. Тоа ќе се случи најверојатно следното коло и тогаш Хари Кејн ќе го урне проклетсвото, тој ќе го освои првиот трофеј во својата кариера. Инаку на овој меч Томас Милер го запиша 500-тиот меч во ...
Дека Барселона и Реал Мадрид се големи ривали, тоа е јасно. Дека Винисиус е играч кој е најомразен во Шпанија и тоа е јасно. Но нејасно е навистина, па и шокантно и крајно невкусно, што скандираа денеска во Севиља дел од фановите на каталонскиот гигант во пресрет на големето финале во Копа Де Реј. „Винисиус, умри…“ ова беше само дел од навредливите скандирања на фановите на Барселона. Несфатливо. Страшно. Ова навистина не е навивање за својот ...
Марк Маркес, не само што победи на денешниот спринт во Херез, туку испиша и историја. Имено ова за него беше петтиот триумф оваа сезона во исто толку одржани трки во спринт во Мото ГП. Ова претходни никогаш никој го нема направено. Претходно рекордот го држеше Хорхе Мартин со четири победи во низа. Инаку на денешната спринт трка во Херез за ГН на Шпанија, Марк победи пред својот брат Алекс Маркес на патеката „Анхел Нието“. Трет заврши Франческо ...
Голема, огромна тензија се створи пред вечерашниот меч помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Популарното Ел Класико овојпат се игра во форма на Куп финалето во Шпанија, а на него му претходеа редици на вести од најразличен карактер. Од поплаки за арбитрите, закана за неодигрување на мечот, па се до официјална апстиненција односно кам бек на поедини играчи од двата тима. Конечно, не може ваков меч да пројде без инциденти помеѓу навивачите, па затоа ...
Попладнево на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон, составот на Челзи во меч од 34.коло во Премиерлигата, успеа да слави против Евертон со 1:0. Победничкиот гол беше дело на Џексон на додавање на Фернандез во таа 27.минута. Ова е голема победа, големи три бода во битката за пласман во Лигата на Шампионите. Сега “сините“ од Лондон имаат 60 бодови и се наоѓаат на 4.место на табелата. Сепак треба да се каже дека гостите, тимот на Евертон може да жали зошто ...