Фудбалската федерација на Македонија денес го осуди однесувањето на албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку по вчерашниот натпревар со Хрватска. Даку кој по натпреварот го зеде навивачкиот мегафон и заедно со публиката упатуваше пцовки за Македонците и за Србите. – Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската ...

Џердан Шаќири постигна гол на шестиот голем меѓународен турнир по ред. Швајцарскиот фудбалер од средниот ред и член на Чикаго Фајр, го израмни резултатот во 26. минута на синоќешниот натпревар на Европското првенство 2024 против Шкотска (1:1). Шаќири постигна гол на секое од последните шест Светски и Европски првенства – почнувајќи од 2014 година. Тој е единствениот играч кој успеал да се запише во листата на стрелците на шест последователни ...

Македонскиот ракометен клуб Вардар го засили својот тим со нов играч. Младен Крсманчиќ, српскиот среден бек, е најновото засилување за „црвено-црните“. Крсманчиќ потпиша договор со Вардар и се очекува да донесе нова динамика и сила во тимот. Крсманчиќ, кој досега настапуваше за неколку реномирани клубови, ќе го зајакне средниот ред на Вардар со своето искуство и талент. Овој трансфер доаѓа како дел од стратегијата на клубот да го зајакне својот ...

Италијанскиот напаѓач и член на Наполи, Џакомо Распадори, изрази оптимизам пред дербито со Шпанија на Европското првенство во Германија. Обете репрезентации започнаа со победи, правејќи го натпреварот критичен за одредување на водечката позиција во групата Б. Распадори коментираше за силниот настап на Шпанија против Хрватска, нагласувајќи дека Шпанците покажале импресивен интензитет и притисок на противникот. Сепак, тој верува дека Италија има ...

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) остро реагираше на скандирањата на навивачите за време на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска на Европското првенство, каде резултатот беше 2:2. Скандирањето содржеше повици насочени кон Србите, што предизвика гнев кај ФСС. Јован Шурбатовиќ, генерален секретар на ФСС, најави барање до УЕФА за строги казни против Албанија и Хрватска, укажувајќи дека сојузот ќе разгледа и можност за напуштање на турнирот доколку ...

Во Хамбург, вчера се одигра напнат натпревар меѓу Албанија и Хрватска кој заврши со резултат 2:2. Иако Албанија прво поведе, Хрватска успеа да се врати во игра и да израмни резултатот, со конечно изедначување од страна на Албанците во 95-тата минута. Наместо фокусот да биде на играта, поголемо внимание привлече однесувањето на навивачите и одредени инциденти надвор од играта. Навивачите на Албанија и Хрватска заеднички скандираа провокативни ...

Во драматичен натпревар помеѓу Далас Маверикс и Бостон Селтикс, Лука Дончиќ беше принуден да го заврши мечот порано поради повреда. Мечот се одигра во рамките на финалната серија, каде што Бостон успеа да обезбеди клучна победа, носејќи ги на само чекор до титулата. Дончиќ, кој е познат по своите извонредни кошаркарски вештини и лидерство на теренот, мораше да го напушти натпреварот во втората половина поради непријатна повреда на ногата. Овој ...

УЕФА експресно донесе одлука за казната за ФФС поради случувањата на натпреварот меѓу Србија и Англија на Европското првенство. Поради “фрлање предмети и испраќање пораки кои не се прикладни на спортски настани” ќе мора да платат казна. Поради фрлање предмети ќе платат казна од 4.500 евра, додека дополнително ќе треба да издвојат 10.000 евра поради скандирање. Во истото соопштение кое се наоѓа на сајтот на УЕФА е објавена и одлуката во врска со ...

Џамал Мусијала, еден од најталентираните млади фудбалери во светот, моментално игра за Баерн Минхен и е единствениот играч на ЕВРО 2024 кој двапати постигна голови на турнирот. Интересно е што неговите први чекори во фудбалот ги направил под водство на Македонец. Неговиот тренер бил Бранко Миленковски, кој го водел Мусијала во клубот ТСВ Ленерц Бамбини. Мусијала започнал да тренира на четиригодишна возраст, а Миленковски сè уште се сеќава на ...

Германија го осигура своето место во следната фаза на ЕВРО 2024, постигнувајќи уште една победа како домаќин во групата А, со 2-0 против Унгарија. Иако не беа толку енергични како во нивниот прв меч против Шкотска, Германците со смиреност ја завршија задачата, оставајќи го противникот без поени. Германските играчи беа стрпливи од стартот, чекајќи ги правите моменти за напад. И покрај неколку нецелосно искористени прилики пред голот на Унгарија, ...

Серхио Рамос и Кристијано Роналдо би можеле повторно да играат за истиот клуб, пренесуваат медиумите во Шпанија. Според различни информации, поранешниот дефанзивец на Севиља и Реал Мадрид ќе добие понуда од саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср, каде настапува капитенот на репрезентацијата на Португалија. Медиумите во Шпанија тврдат дека лично Роналдо и спортскиот директор Фернандо Иеро го убедуваат Рамос да игра во саудиското првенство. Самиот ...

Македонските фудбалски екипи Тиквеш и Шкендија ќе настапат во квалификациите за Конференциската лига, а денеска ги дознаа своите можни ривали во второто коло. Тиквеш, кој го освои македонскиот Куп, ќе се соочи со екипата на Дрига од Косово доколку успее да го елиминира Брејдаблик во првото коло. Ова претставува голем предизвик за Тиквеш, кој се надева на успешен настап и напредување во натпреварувањето. Од друга страна, Шкендија ќе игра против ...

Хрватска и Албанија ги поделија бодовите во Хамбург во второто коло на Европското првенство играјќи нерешено 2:2 и со тоа двете селекции се оддалечија од пласман во осминафиналето на Европското првенство. Иако Хрватска имаше далеку поголем посед на топката во првото полувреме, избраниците на Златко Далиќ не успеаја да создадат ниту една сериозна прилика. Од друга страна, Албанија беше многу поконкретна и поопасна, која поведе веќе во 11. минута ...

Чави Пасквал од денеска е новиот тренер на Веспрем, откако унгарскиот ракометен гигант официјално ја објави соработката со трофејниот шпански стратег. Пасквал, кој во последниот месец интензивно се споменуваше како главен фаворит за оваа позиција, го напушти кормилото на Динамо Букурешт и се пресели во Унгарија. Со потпишување на договор на четири години, Веспрем јасно покажува дека има долгорочни планови со Пасквал на чело на тимот. Во својата ...

Во Германија се појавуваат стравувања дека терористички напади слични на оној во концертната сала Крокус во Москва би можеле да се случат на Европското првенство во фудбал 2024 година. Германските власти објавија дека постои сериозна закана од терористички напади, слична на неодамнешниот напад во Москва. Министерката за внатрешни работи, Ненси Фесер, истакна дека Европа, а со неа и Германија, се под постојана мета на џихадистичките организации ...

Килијан Мбапе го скрши носот за време на натпреварот против Австрија и мораше порано да го напушти теренот. Иако првичните прогнози беа загрижувачки, лекарскиот тим на Франција и самиот фудбалер излегоа со смирувачки пораки. Мбапе се соочува со непријатна фрактура, но е подготвен да ризикува и со скршеница да го доигра Европското првенство, по што би направил хируршки зафат за целосно решавање на проблемот. Селекторот Дидие Дешамп откри дека ...

Србија пред неколку дена беше воодушевена од големата одлука на Никола Јокиќ да игра за репрезентацијата на Олимписките игри во Париз летово. Додека се чека најдобриот светски кошаркар да и се приклучи на српската репрезентација, што поради правилата на НБА нема да може да се случи веднаш на почетокот на собирот, Јокиќ се уште „лумпува“ на одмор. View this post on Instagram A post shared by Snezana Sulovic (@snezanasulovic) Неодамна Јокиќ ...

Косовскиот новинар Арлинд Садику доби забрана за присуство на остатокот од Европското првенство, откако ги испровоцира српските навивачи на натпреварот помеѓу Србија и Англија во Гелзенкирхен. Садику беше под трибината со српските навивачи и им го покажа симболот на „Голема Албанија“, двоглав орел. После тоа, одредени предмети одлетале кон него од трибините, но ниту еден не успеал да го погоди. UEFA has banned Kosovar journalist Arlind Sadiku ...

Португалците синоќа по пресврт ја совладаа Чешка со резултат 2:1 во првото коло од групата Ф на Европското првенство во Германија. Чесите поведоа во 62. минута со голот на Лукаш Провод, а седум минути подоцна Робин Хранач си постигна автогол за 1:1. I absolutely love this version of Cristiano Ronaldo man 🤣😂 pic.twitter.com/k9cP8V9mfJ — Preeti (@MadridPreeti) June 19, 2024 Франциско Консеисао е во 90+2. минута и ги донесе сите три бода на ...

Руската тенисерка Јулија Авдеева се најде во несекојдневна ситуација откако беше удрена во глава од главниот судија на мечот на Ролан Гарос. Во првото коло на турнирот Авдеева играше против Американката Коко Гауф и беше убедливо поразена со 6:1, 6:1, а во една ситуација кога главниот судија ја проверуваше патеката на топката, случајно ја удри во глава. . Руската тенисерка на почетокот не се чувствувала добро, но прифатила извинување, по што ...

УЕФА ги одбра четирите најубави голови од првата фаза од ЕУРО 2024-та и остави простор фановите да гласаат кој од нив е најубав. Во конкуренција се два на турските репрезентативци, постигнати на мечот со Грузија, Мулдур и Ѓулер, потоа Станчиу од Романија против Украина и Барела против Албанија. Што мислите вие? 4 brilliant goals! Tap below to vote for your favourite? 🗳️👇 🇹🇷 Mert Müldür vs Georgia 🇷🇴 Nicolae Stanciu vs Ukraine 🇮🇹 Nicolò ...

Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер постигна гол на вчерашниот натпревар со Грузија (3:1) на Европското фудбалско првенство 2024. 5 farklı dilde Arda Güler’in golü pic.twitter.com/HPd5o1fPwq — mustafa  𝕏 (@fbimustafayedek) June 19, 2024 Играчот од средниот ред на Реал Мадрид во листата на стрелците се запиша со 19 години и 114 дена и стана најмладиот турски играч кој постигнал гол на Европско или Светско првенство. Ѓулер го надмина и ...

Денеска во Хамбург со почеток од 15:00 часот се игра евро-натпреварот од групата Б помеѓу Хрватска и Албанија, а пред натпреварот владее исклучително пријателска атмосфера меѓу навивачите на тие селекции. И додека претходните денови бевме сведоци на некои немили сцени од улиците на германските градови пред евро-игрите, пред дуелот меѓу Хрватска и Албанија, љубовта и пријателството се проширија низ Хамбург. Хрватите и Албанците од вчера пеат ...

Несекојдневна сцена се случила на загревањето пред натпреварот меѓу Германија и Шкотска (5:1) кога напаѓачот на „Елф“, Никлас Фулкруг со силен шут му ја скрши раката на навивач зад голот, објави Билд. Имено, на загревањето, напаѓачот на Борусија упати силен удар покрај голот, но случајно удри навивач на трибините, кому во таа прилика му беше повредена раката. После тоа, несреќниот навивач веднаш бил пренесен во болница, а самиот се огласил на ...

Ждрепката за првото квалификациско коло од новото издание на Лигата на шампионите на УЕФА за сезоната 2024/25 беше извршена денеска во седиштето во Нион. Македонскиот тим Струга Трум Љум ќе има тешка задача против Слован Братислава (Словачка) со кој се среќава во првото коло. Оваа сезона, Лигата на шампионите ќе се одвива во нов формат со 36 екипи во една групна фаза, при што секоја екипа ќе одигра осум натпревари против други тимови. ...

Турција и Грузија одиграа фантастичен и воздбудлив меч, кој на крајот заврши со победа на Турците од 3:1. По 25 минути игра Мулдур носи преднос на Турција, а израмни Микаутадзе во 32-та. Во вториот дел, барем до 2:1, целосен притисок на Турција врз голот на Грузија. Иницијативата резултираше со фантастичен гол од далечина на 18-годишниот играч од Реал Мадрид, Арда Ѓулер. По ова неколку добри шанси на Грузијците, кои погодуваат еднаш статива и ...

Репрезентацијата на Португалија направи пресврт и забележа крајно драматична победа од 2:1 над Чешка во натпревар од групата Ф на двете селекции на ЕП 2024. Иако „морнарите“ целосно доминираа на натпреварот, Чесите изненадувачки поведоа преку Лукаш Провод во 62. минута. Иберијците сепак успеаја да израмнат по автоголот на Робин Хранац во 69. минута, а во продолжението дефанзивецот направи кикс, што го искористи Франциско Консеисао и на тој ...

Англискиот дефанзивец Киеран Трипие (33) имаше проблем со грчеви на мечот со Србија, а камерите во еден момент го забележаа како пие мистериозен пијалок, по што набрзо се врати на теренот. That’s not Trippier giving himself a sneaky injection is it? Not be a grass, but @wada_ama 👀 pic.twitter.com/gfSQeYGsGg — Neil Macfarlane (@ByNeilMac) June 16, 2024 Чудотворен лек? Можеби затоа што беше откриено што користел Англичанецот. Во еден момент од ...

Вечерва се игра финалето во ЛШ во ракомет, помеѓу Барселона и Алборг со почеток во 18:00 часот. Она што е битно за нас во Македонија е тоа што финалето ќе го суди македонската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои вечерва ќе влезат во историјата како први македонски судии кои суделе ракометно финале. Секако ова е уште едно признание за нив од многубројните важни мечеви на кои ја делеле правдата. Претходно Начевски и Николов ја делеа ...

Бразилскиот фудбалер Нејмар на необичен начин реши да му се одмазди на соиграчот кој му ги врзал патиките, така што му ги дупнал автомобилските гуми. Бразилецот, кој се опоравува од повредата на вкрстените лигаменти и менискусот на левото колено, одговори на шегата на соиграчот од Ал Хилал, Ренан Лоди, но далеку порадикално од очекуваното. Нејмар мислел дека е смешно да ги пробие гумите на теренецот на Лоди со нож, а се е снимено на камера и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
64%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.85
52%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
86%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
44%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
64%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 14ᴼ
0.45
57%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62