
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Македонскиот шампион Струга Трим Лум доживеа пораз (0:1) од Брејдаблик во првиот меч од плејоф колото за пласман во групната фаза од Конференциската лига. Стружани беа подобар ривал, но гостите со минимален триумф заминуваат од „Билјанини извори“ во Охрид. Стрелец на победничкиот гол беше Хоскулдур Гунлаугсон во 35.минута. Тој влезе во шеснаесетникот од десната страна и шутираше силно во спротивниот агол. Претходно, Буњамин Шабани постигна гол, ...
рера стигна до четврти триумф во новата сезона од Првата фудбалска лига. Струмичани славеа против Тиквеш со 2:0 на домашен терен. Стрелец на водечкиот гол беше Христијан Малески, новото засилување кое пристигна од Струга ТЛ. Малески со удар со глава го совлада Столе Димовски во 72.минута од мечот по корнерот на Рибаудо од десната страна. Претходно, младиот напаѓач ја погоди и гредата со шут од 15 метри. Во судиското продолжение, Мартин ...
Државните болници ширум Англија денеска ќе престанат со работа поради уште еден 48-часовен штрајк на постарите по стаж и позиции болнички лекари поради спорот околу платите со Владата. Илјадници болнички лекари велат дека ќе пружат само итна помош. Денешната акција е најновата во серијата штрајкови на лекарите, медицинските сестри и другиот клинички персонал во последните месеци, кои бараат подобри плати во услови на криза во Велика Британија. ...
Се очекува Индија да го забрани извозот на шеќер следната сезона за прв пат по 7 години, што веројатно ќе ги зголеми цените на пазарите во Њујорк и Лондон, кои веќе се движат околу повеќегодишните максимални вредности. Индија ќе им забрани на фабриките да извезуваат шеќер од почетокот на октомври бидејќи недостатокот на дожд ги намали приносите на трска, изјавија три владини извори за „Ројтерс“. Поради и онака високите цени на меѓународните ...
Целта е да избориме опстанок и евентуално да се обидеме да излеземе во Европа преку освојувањето на Купот, изјави денеска Александар Васоски, новиот тренер на ФК Вардар. На прес-конференцијата со новиот спортски директор Ѓоко Хаџиевски тој рече дека чувствувал одговорност да помогне кога е најтешко. – Огромна чест и задоволство што се вратив во клубот кој ми дал многу во кариерата и чувствував одговорност да помогнам сега кога е најтешко. За ...
Норвешкиот престолонаследник Хакон денеска ја отвори најголемата пловечка електрана на ветер во светот во близина на нафтената платформа Гулфакс Ц во Северното Море. Електраната ќе снабдува електрична енергија пет платформи за нафта и гас за да се намалат нивните емисии на јаглерод диоксид. – Денес правиме историја“, рече премиерот Јонас Гар Сторе на отворањето, пренесе новинската агенција НТБ. „Иако проектот е скап, некој мораше да биде лидер ...
Повеќе од 40 земји изразија интерес за приклучување кон БРИКС, велат јужноафриканските власти, а 22 меѓу нив Иран, Венецуела и Алжир и официјално побарале прием, пренесува „Ројтерс“. Лидерите на блокот БРИКС на водечките земји во развој, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, договорија механизми за разгледување на нови членки, изјави денеска министерот за надворешни работи на Јужна Африка. Договорот за проширување го отвора патот за ...
Најмалку пет лица загинаа во пукање во моторџиски бар во округот Оринџ во Калифорнија, а шест лица се повредени и се во болница, јави Си-би-ес Лос Анџелес. Според локалните медиуми, полицијата одговорила на повикот од барот „Кукс корнер“ околу осум и пол навечер и на местото на настанот затекнала масакр. Два извори за овој весник, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека напаѓачот бил пензиониран полицаец од округот Вентура. Наводно, негова цел ...
„Евгениј Пригожин е мртов“, објави синоќа руската Управа за цивилно воздухопловство. Освен ова, во соопштението се додава дека во авионот што вчера се урнал бил и Дмитриј Уткин, актуелен командант на групата „Вагнер“ кој, исто така, загинал. – Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер Дмитриј Уткин беа на летот, се вели во соопштението на Управата за цивилно воздухопловство објавено синоќа околу 22 часа. Основачот на руската платеничка група ...
Вардар водеше два пати на денешното дерби со Силекс, но не успеа да стигне до првата победа и покрај фактот што голем дел од средбата ја играше со фудбалер повеќе. „Црвено-црните“ поведоа со голот на Мицевски од пенал, по што Љамалари беше и исклучен, но Вардар не успеа да ја задржи предноста подолго од 52. минута. Анѓелески израмни и ги врати гостите на почеток, за осум минути подоцна Велковски да донесе нова радост за домашните фанови. Сепак, ...
Леворакиот бек Виктор Алонсо Гарсија (33) потпиша договор со Вардар и сезонава ќе настапува во „црвено-црниот“ дрес. Тој дебитираше за тимот на турнирот во Струга каде вардарци го освоија првото место. Виктор Алонсо Гарсија е поранешен шпански репрезентаивец, и минатата сезона ја мина во италијанскиот тим Ромања. Алонсо потекнува од некогашниот шпански гигант Портланд Сан Антонио и ги мина сите младински категории во „фуријата“. Во татковината ...
Американската компанија Мудис, која се занимава со анализа на ризици од природни катастрофи, денеска објави дека проценетата финансиска штета од неодамнешните пожари на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари. Одделот за управување со ризици на оваа компанија во својот извештај наведува дека се очекува најголем дел од штетата да биде покриена со осигурување, во опсег од околу 75 проценти или повеќе, пренесуваат британските медиуми. ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на забрзано проширување на БРИКС, групата земји што ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Кинескиот лидер оцени дека светот минува низ „големи промени“ и дека влегол во нова фаза на „турбуленции и трансформација“, пренесуваар британските медиуми. -Треба да дозволиме повеќе земји да се приклучат на семејството на БРИКС за да го направиме глобалното владеење ...
Вселенското летало на Индија, „Чандрајаан 3“ успешно слета на јужниот пол на Месечината. Индија со тоа стана првата нација што слета вселенско летало на јужниот пол на Месечината, неколку дена откако руската сонда се урна во истиот регион. Сите претходни мисии на Месечината беа во близина на екваторот, но истражувањето на јужниот пол е клучно за потрагата по вода. Научниците сега се надеваат дека ќе распоредат ровер за испраќање слики и податоци ...
Минатиот месец во Палермо на Сицилија, седум момчиња силувале 19-годишна девојка. Судењето е во тек, а италијанските медиуми ги објавија нивните изјави пред судот. Кристијан Маронија (19) кој беше уапсен заедно со шест пријатели, го признал делото и се расплакал пред судот. – Си го уништив животот, извинете. Тажен сум поради тоа што се случи, исе извинувам на девојката и на нејзиното семејство. Ми рекоа дека девојката се согласила. И јас имам ...
Колумна на Никола Тасев: Македонија и ЕУ – е тема која непрестано се вергла 20 години. Убава приказна е тоа, ама како се развиваше така многу заплети доби, многу тешки сцени за нас Македонците има. А и крајот на сторијата не и се гледа, иако ни беше ветено дека нема да биде предолга и ќе е со среќен крај. Засега се среќни само одредени наши политичари и оние од ЕУ. Дури Европската Унија и Западен Балкан прославија 20 години од, како што го ...
Грчките пожарникари веќе петти ден се борат да ги сопрат пожарите во Еврос, Александрополис и во шумата Дадија. Како што јави „Екатимерини“, пожарите сè уште беснеат во другите региони на земјата, а главните фронтови, каде што пожарникарите се борат со пламените јазици, се во Евија, Самотраки, Макракоми и во Родопи на истокот од земјата. Во градот Менида од три дома за стари лица превентивно се евакуирани 150 лица. – Огнот проголтува сè пред ...
Големи пожари беснеат во различни региони на Грција, а последиците од огнената стихија се видливи на стотици километри. На плажата на едно од најпопуларните летувалишта во Грција се чувствува мирис на чад, крпите се бели од пепелта што пристигнала носена од ветрот од далечина, а чадот се чувствува и во водата, пишува Спутник. Неверојатна глетка беше кога облак чад го покри сонцето, а тоа наеднаш стана црвено. Главните фронтови каде грчките ...
Една од пет трудници во САД била жртва на малтретирање и понижување од страна на медицинскиот персонал за време на бременоста или породувањето, се истакнува во најновата студија за грижата за бременоста во САД. Меѓу најчестите пријавени злоставувања се одбивање или игнорирање да се помогне, викање и критикување, нарушување на физичката приватност, закани дека трудницата нема да добие третман или пак се принудени на третман што пациентите не го ...
Индискиот вселенски брод „Чандрајан-3“ цели кон површината на Месечината пред нејзиниот историски обид за слетување, правејќи патем и слики од својата патеката. Вселенското летало треба да го почне спуштањето Месечината денеска околу 14:15 часот по македонско време. Доколку успее, Индија ќе биде првата вселенска сила која ќе изврши тн. меко слетување на Јужниот Пол на единствениот природен сателит на Земјата. Со ова контролирано слетување на ...
Фудбалскиот клуб Вардар денеска и официјално соопшти дека Александар Васоски повторно е шеф на стручниот штаб на Вардар, а во клубот се враќа и легендарниот тренер Ѓоко Хаџиевски, овојпат во улога на спортски директор на „црвено-црните“. Со тоа Васоски е наследникот на доскорешниот тренер Бобан Грнчаров, додека Хаџиевски седнува во директорската фотелја што до неодамна му припаѓаше на Александар Бајевски. Во објавата на официјалниот профил на ФК ...
18 јагленосани тела се пронајдени во шума во селото Дадија во Еврос, Грција. Шумата гори од вчера, а како што јави „Прототема.гр“, пронајдените тела се на мигранти. Телата на жртвите се пронајдени во две групи, а истрагата е во тек. Според претставникот на противпожарната служба, Ѓанис Артопиорос, „се истражува можноста тие да влегле илегално во земјата“. Пожарот во шумата Дадија избувнал вчера напладне, а противпожарната единица се обидела да ...
Европол во заедничка акција со хрватската, српската, шпанската и италијанската полиција уапси членови на криминална организација која преку Канарските острови шверцувала големи количества кокаин од Јужна Америка во Европа. Истрагата идентификуваше значајна закана, зголемената способност на криминалните организации тесно да соработуваат и да распоредуваат членови на различни локации на подолги периоди за да овозможат трговија со дрога од големи ...
Долгонајавуваниот самит на земјите-членки на БРИКС почнува во Јужноафриканската Република (ЈАР). Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република со својата асоцијација-блок се обидува да се наметне како противтежа на доминацијата на Западот во глобалните работи во светот. Безбедноста е зголемена околу градот каде што јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса ќе биде домаќин на својот кинески колега Си Џинпинг, индискиот премиер ...
Во период кога многу фактори сакаат да ја сменат македонската историја, добро е граѓаните на Македонија да се навратуваат на својата историја, да се потсетуваат на своите херои. Таква хероина вредна за споменување е Оливера Вера Јоциќ. Таа е младата партизанка која во 1944 година херојски загинува ослободувајќи ја Македонија од фашистичкиот окупатор. Јоциќ е родена на вчерашен ден (21 август) во 1923 година, односно пред 100 години. По ...
Кражба на автомобили или ограбување на возила е омилена работа на криминалците. Но, тоа премногу зачестило во САД, особено во прекрасниот град Сан Франциско. Објавено е видео на социјалните мрежи од страна на локален новинар кој следел крадци. На видеото се гледа како дрски крадци со автомобил буквално крстосуваат по улиците и застануваат до секој автомобил кој го таргетираат иако е дреде бел ден иако е на прометна улица. Ако автомобилот е ...
Трите најголеми аеродроми во Москва рано утринава го прекинаа пристигнувањето и полетувањето на авионите, јави руската новинска агенција ТАСС. – Воздушниот простор е затворен над Внуково, Шереметјево и Домодедово. Влезните летови се запрени, а појдовните летови се одложени, изјави неименуван функционер. Вчера и денеска Русија извести за серија напади со украински беспилотни летала, вклучително и над Москва. Градоначалникот на Москва, Сергеј ...
Грција се бори со нов бран смртоносни пожари, втори за еден месец. Пожарите веќе однесоа два животи и принудија многу жители да се евакуираат. Неконтролирани пожари беснеат на североистокот на земјата, на островите Евбеја (близу Атина) и Китнос и во провинција северно од Атина, придружени со опасна комбинација на силен ветер и температура до 41 Целзиусов степен. – Имаме девет активни фронтови, изјави за АФП портпаролката на противпожарната ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ќе биде нов член на италијанскиот второлигаш Тернана, открива „Газета дело Спорт“. Напаѓачот постигнал договор со новиот клуб, а набрзо треба трансферот да биде и официјализиран. Тернана претходно ќе треба да се ослободи од двајца напаѓачи, Ровања и Феранте. За Илија Несторовски летово постоеше интерес од неколку клубови од Серија Б, пред сѐ Венеција и Козенца, но на крајот тој одлучил да ...
Лековите со семаглутид како што се „оземпик“ (Ozempic) и „вегови“ (Wegovy) се проучуваат за да се види дали тие можат да помогнат во други состојби, пишува „Гардијан“. Инаку, „оземпик“ и „вегови“ станаа многу популарни бидејќи можат да им помогнат на луѓето да изгубат повеќе од 10 отсто од нивната телесна тежина. Тие го освоија светот на славните како лек за слабеење и станаа витално средство за управување со дијабетесот тип 2. Сега се ...