Иако односите помеѓу Русија и САД не се на добро ниво, сепак двете големи сили одлично соработуваат кога е во прашање вселената. Имено, двајца Руси и еден Американец полетаа со руско летало од космодромот Бајконур во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб и астронаутот на НАСА Лорал О’Хара. О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, а Кононенко и Чуб ќе останат таму ...

На отворањето на Европското првенство во ракомет македонските ракометари ќе играат прд повеќе од 50.000 гледачи а што ќе биде рекордна посетеност на еден ракометен натпревар. Германската ракометна федерација, која го организира идното Европско првенство, потврди дека на првиот ден на фудбалскиот стадион во Дизелдорф, на кој првенството ќе го отвори Македонија во дуел со Франција, ќе има повеќе од 50.000 гледачи. Толку билети се продадени во ...

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш вчера ги пофали напорите за поддршка на Глобалниот југ на меѓународната арена отворајќи го самитот на групата Г77 на земјите во развој и Кина со домаќинот Куба. Фокусот на самитот е на научниот и технолошкиот јаз меѓу богатите и сиромашните земји и неговото влијание врз развојот. Гутереш рече дека поголема меѓународна еднаквост е клучна за градење консензус потребен за решавање на ...

Македонската машка кошаркарска репрезентација се спушти шест места на најновата ранг-листа која денеска ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Со 187.4 поени, македонските кошаркари на најновиот ФИБА ранкинг се на 59. место во светски и на 30 место во европски рамки. Ранг-листата која ФИБА ја објави пет денови по завршувањето на Светското првенство ја предводи американската репрезентација, иако остана без мундијалски медал и се ...

Платформата „ТикТок“ е казнета со 345 милиони евра поради кршење на законите за приватност поврзани со употребата на личните податоци на децата во ЕУ, објави регулаторното тело на Унијата одговорно за усогласување со прописите за заштита на приватноста. Кинеската платформа, која во последниве години се здоби со голема популарност меѓу тинејџерите ширум светот, прекршила повеќе закони за приватност на ЕУ во периодот од 31 јули 2020 година до 31 ...

Од денеска на српските патишта можно е возачите да останат без своите автомобили, бидејќи стапи на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот, според кој 18 прекршоци можат да бидат причина надлежните да им го одземат автомобилот на несовесните учесници во сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград. Со новиот Закон, регулирана е и областа на користење на електричните тротинети, кои досега беа законски „невидливи“, а предвидена е можноста ...

Дојде време да се замени доминантниот дискурс во Европската унија. Сега е водена од прогресивна и либерална елита незаинтересирана за главните проблеми на граѓаните на ЕУ, како што се желбата за семејства и одгледување деца. Ова го изјави Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Демографскиот самит во Будимпешта Орбан се осврна на претстојните избори за Европскиот парламент и порача дека конзервативната струја сака да постигне значително подобар ...

Вчера во Албанија уапсени се 233 лица во рамки на акцијата против дилери на дрога. Според нивните изјави, се трага по уште 82 лица. Тие дрогата покрај другите места ја продавале и во близина на училишта. Истиот ден беа одобрени решенија за претрес на 356 објекти. Според директорот на државната полиција, Мухамет Румбулаку, во рамките на оваа акција биле погодени 23 криминални групи. – Дваесет и три криминални групи вклучени во дистрибуција на ...

Многу население на планетата е гладно. Имено, повеќе од 700 милиони луѓе се несигурни кога или дали повторно ќе јадат, а побарувачката за храна незапирливо се зголемува како што пресушува хуманитарната помош, рекоа во одговорните во за храна во Обединетите Нации. Извршната директорка на Светската програма за храна (WFP), Синди Мекејн, на седницата на Советот за безбедност на ОН рече дека поради недостиг на финансии, агенцијата била принудена да ...

Бројот на загинати во либискиот крајбрежен град Дерна се искачи на 11.300, додека потрагата по преживеани продолжува по големите поплави предизвикани од пробивањето на две брани за време на обилните дождови, соопшти либиската Црвена полумесечина. Генералниот секретар на либиската Црвена полумесечина изјави за „АП“ дека уште 10.100 луѓе се водат како исчезнати во тој медитерански град, пренесува „Танјуг“. Канцеларијата на Обединетите нации за ...

Поет и публицист, општественик, револуционер, учесник во Илинденското востание, преведувач, филмолог…, сето ова е она што го правел во текот на својот живот и по што се препознавал Арсени Јовков. А во тоа ја имал само една идеја-водилка: љубовта кон Македонија и посветеност неговата татковина еден ден да биде слободна и самостојна држава на македонскиот народ. На таа цел и го посветувал сето она што го правел и што создавал како неговото ...

Две наводни фосилизирани вонземски тела беа изложени пред политичарите на специјална седница на Мексиканскиот конгрес. Наводните тела биле изложени во стаклени кутии, а ги презентирал новинарот и самопрогласен уфолог Хаиме Маусан. Тој тврди дека биле испорачани од Куско, Перу и се вели дека се стари 1.000 години. – Овие примероци не се дел од еволуцијата на нашиот свет. Ние не сме сами во огромниот универзум, мораме да ја прифатиме оваа ...

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, министерот за правда Марко Ковач и министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ го посетија станот од кој беше пробиен тунелот до Вишиот суд во Подгорица. Црногорскиот весник „Вијести“ соопшти дека случајот против кавачкиот криминален клан е еден од претресените во депото на Вишиот суд во Подгорица, откако мафијата нашла начин да влезе во просториите на таа институција. Тунелот се копал најмногу месец и ...

ЕУ и нејзиното проширување се тема која со години ја преокупира македонската јавност. Се нешто се најавува прочирување, ама се нешто има пречки околу тоа. Се нешто ни се даваат датуми кога ќе дојде датумот за прием на нови членки, се нешто датумите ги нема… Во Унијата деновиве засилено се зборува околу проширување со повеќе нови земји. Ама некакослушајки ги најавите – како да има разногласие. „Реформи па дури потоа проширување“, „напоредно ...

Бројот на загинати од разорните поплави што ја погодија источна Либија може да достигне 20 илјади само во градот Дерна, изјави градоначалникот Абдулменам Ал Гаити. Официјално 5.300 луѓе се загинато, додека околу 10 илјади се водат како исчезнати. -Очекуваме многу голем број жртви. Може да достигне од 18 илјади до 20 илјади смртни случаи врз основа на уништените области во Дерна, изјави вчера градоначалникот. Повеќе од 5.300 луѓе загинаа во ...

Македонската влада не престанува да гради патишта низ земјава. Многу табли и каментемелници се поставија. Еве за денеска е најавено дека премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми ќе се обратат на настан по повод градежни активности за изградба на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10-д. Ова е нова патна делница на која треба да ...

Пелистер беше надигран и совладан во првиот меч од новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите, откако норвешкиот Колстад предводен од Сандер Сагосен стигна до убедлива 22:31 (10:16) победа. Ова беше прв меч во Лигата на шампиони на норвешкиот клуб, додека Пелистер се враќа во европската елита по 18 години. Одбраната на Колстад беше супер-моќна на почетокот на мечот, и на Пелистер им беа потребни 10 минути да го постигнат вториот гол од мечот, и ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, вечерва на домашен терен ќе ја отворат сезоната во Лигата на шампионите. Екипата од Битола, во А-групата ќе игра против Кјелце, Кил, ПСЖ, Загреб, Олборг, Пик Сегед и Колстад. Прв противник на Еурофарм Пелистер ќе биде норвешки Колштад. Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ ќе започне во 18.45 часот. „Колштад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентацтивец. ...

Три лица загинаа денеска во експлозија во фабрика во близина на градот Киети во централниот дел на Италија. Експлозијата се случила околу пладне во компанијата Есплоденти Сабино, која произведува експлозиви, а врши и деактивирање на бомби, мини и други експлозивни направи. Медиумите јавуваат дека во несреќата може да има повредени. Ќе биде отворена истрага за утврдување на причините за несреќата. Во таа фабрика веќе имаше експлозија во која ...

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА можеби откри доказ за знак на живот на далечна планета, пренесе Би-би-си. Телескопот потенцијално открил молекула наречена диметил сулфид (ДМС), која, барем на Земјата, ја произведуваат живи организми. Истражувачите нагласуваат дека сè уште немаат цврсти докази дека навистина се работи за детекција на ДМС на планета оддалечена 120 светлосни години и дека се потребни повеќе податоци за да се потврди ...

Католичката црква во Швајцарија денеска ги претстави резултатите и фактите од пилот студијата за историјата на сексуалната злоупотреба во Католичката црква во Швајцарија од средината на 20 век. Сеопфатната, долгорочна студија ги анализира случаите на сексуална злоупотреба од страна на претставници на Римокатоличката црква во Швајцарија при што открила 1002 такви случаи од средината на 20 век. Проектот траеше една година и е спроведен од ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во нејзиниот годишен говор за состојбата на Европската унија денеска изјави дека е потребна визија за успешно проширување, која се заснова на заслуги и која треба да се одвива паралелно со процесот на продлабочување на Европската унија. Таа рече дека иднината на Украина, Западен Балкан и Молдавија е во ЕУ, a за неа тоа претставува – повик на историјата. Според неа, ЕУ е повторно во ...

Ситуацијата за проститутките во Германија во моментов, изјави пратеничката на парламентарната група демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) во германскиот Бундестаг Дороти Бар која повика на забрана на проституцијата. Според проценките кои ги изнесе, во таа земја во моментов има околу 250.000 проститутки, од кои повеќето доаѓаат од странство. Само десет отсто од нив се пријавени, додека останатите живеат во илегала, наведува „Билд“. Проституцијата во Германија ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес го пречека корејскиот претседател Ким Џонг Ун на космодромот Восточни на далечниот исток на Русија. Во воведните изјави при средбата со Ким, Путин му изразил добредојде на севернокорејскиот лидер. Путин навел дека на дневен ред на разговорите ќе биде економска соработка, хуманитарни прашања и ситуацијата во регионот. Од официјален Кремаљ велат дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг не треба да ги ...

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе отвори истрага за импичмент на претседателот, Џо Бајден, изјави републиканецот Кевин Мекарти, пренесува Би-Би-Си. Мекарти додаде дека истрагата покажала дека Џо Бајден ги лажел Американците дека не знаел ништо за работите на членовите на неговото семејство. Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти објави дека започнува истрага за импичмент на Џо Бајден, обвинувајќи го ...

И градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон го прогласи септември за месец на македонско-американското наследство, откако неодамна и гувернерката на Мичиген Гречен Витмер повика македонската култура да се слави во оваа сојузна држава во текот на септември, јави Гласот на Америка. – Чикаго е дом на горда и динамична македонско-американска заедница која го зацврсти градот во делот на уметноста и музиката, бизнисот и финансиите, правото и владата, ...

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски не го криеше задоволството по победата на гостувањето кај Малта од 2-0 со кои нашата најдобра селекција се врати во игра за второто место кое води на Европско првенство. По ремито со Италија во Скопје, македонските фудбалери остварија победа на гостувањето кај Малта каде со голови на Елмас и Манев славевме со 2-0. -Честитки за фудбалерите за одиграното, најважен е пристапот и со ваков ...

Новиот проект за археолошки ископувања во Ерусалим откопа скалила невидени повеќе од 2000 години, на место каде што Господ Исус Христос излекувал слеп човек. Израелската управа за антиквитети, Израелската управа за национални паркови и фондацијата „Градот Давидов“ на почетокот на оваа година објавија дека бањата Силоам, библиско место кое го почитуваат и Христијаните и Евреите, ќе биде отворено за јавноста во блиска иднина за прв пат по 2.000 ...

Повеќе од две илјади луѓе загинаа, а околу шест илјади се водат за исчезнати во Дерна, Либија каде што под притисок на поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ се урнаа две брани, пишува Си-ен-ен. Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“. -Како резултат на тоа, се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на ...

Шест лица загинаа во престрелка во Атина во населбата Артемида. Како што првично објавија грчките медиуми, три лица биле застрелани во автомобил, а другите три во куќа во наведената населба. Сепак, последните информации велат дека пресметката се случила во автомобил на улицата „Арионос“. Пет лица загинаа во автомобил, додека едно е пронајдено покрај возило со германски регистарски таблички, јавува „Прототема“. Според грчките медиуми, станува ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
53%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
52%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 22ᴼ
2.06
54%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 19ᴼ
1.54
40%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.52
44%
1013
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
0.51
73%
1010
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
48%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
39%
1012
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
50%
1012
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
59%
1013
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
46%
1010
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
44%
1012
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484