
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



На 2 јуни годинава, системот за брза патека на Европската унија ја алармирал словенечката Агенција за храна и ветеринарство за високото ниво на канцерогената хемикалија акриламид во производ произведен во Косово. Производот беше Випа чипс. Пратката е испратена од Косово на италијанскиот пазар, но некои примероци се земени за анализа за време на транзитната рута во Словенија. Резултатите покажале дека количината на акриламид била три пати ...
Ким Џонг-Ун, лидерот на Северна Кореја, допатува во Русија на самит со претседателот Владимир Путин, објави „Гардијан“. Претходно на Самитот говореше рускиот претседател Владимир Путин кој изјави дека Русија развива ново оружје. Оклопниот воз на Ким пристигна на станицата Хасан, главната железничка станица што се поврзува со рускиот далечен исток од Северна Кореја, објави јапонската новинска агенција Кјодо, цитирајќи неименуван руски официјален ...
Македонските министри сосе премиерот Димитар Ковачевски упорно повторуваат дека Македонија ќе влезе во ЕУ до 2030 година. Дадоа тие датум и сега само за тоа верглаат. Ама реален е датумов или ќе биде сета работа како и со датумите кои цела деценија ни ги дава ЕУ? Македонската јавност е се поскептична и не верува во датумов на кој ќе сме добиле датум по кој, што би рекол еден евробирократ – „би излегле од џунглата и ќе влеземе во рајската ...
Колумна на Никола Тасев: Да не ви се верува – Во Македонија постои фирма што произведува тревници за стадиони. Прилично успешно ја извезува македонска фудбалска трева низ цела Европа. Дури и дел од стадионите на Светското првенство што се одржа пред 6-7 години во Русија биле со „нашата“ трева. Неодамна дознав за ова. Многу пријатно се изненадив… ракоплескав на оваа успешна бизнис приказна. И замислете покрај таква фирма – македонската власт ...
Венеција следната година воведува влезна такса за туристи од пет евра на ден. Целта е обид да се управува со протокот на туристи привлечени од историските канали на овој познат град во северна Италија, соопшти Градското собрание. – Сите посетители постари од 14 години ќе треба да платат влезница. Намерата е ново урамнотежување меѓу правата на оние кои живеат, студираат и работат во Венеција и посетителите на градот. Ова не е потег за заработка ...
На интернет се појавија снимки од безбедносните камери кои, според „Џерусалим пост“, се направени неколку минути пред смртоносниот земјотрес, во Маракеш, Мароко во петокот навечер во кој загинаа 2.100 луѓе. На снимката се гледа чуден блесок на небото. Камерата која ја снимила мистериозната синкава светлина, околу три минути пред да започне земјотресот, била поставена во куќа во областа Маракеш. Како што се посочува, иако се уште не е позната ...
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата, среде неговата „чудна“ презентација за „третиот свет“ и неговиот разговор со кинескиот премиер Ли Чијанг. Бајден одговараше на голем број прашања за време на посетата на виетнамскиот главен град Ханој, пред да им каже на новинарите дека „оди во кревет“. Потоа, сепак, продолжи да одговара на дополнителни ...
Препукувањето помеѓу познатиот борец Конор Мекгрегор и неговиот австралиски колега со македонско потекло, Александар Волкановски, трае подолго време. Деновиве Мекгрегор во негов стил на „големина“ повторно го навреди Волкановски. Имано, за време на УФЦ 293 натпреварувањето, кое се одржа викендов, Мекгрегор давал свои предвидувања за борбите, и без посебен повод го спомнал и силниот Волкановски, кој воопшто не се натпреварува, нарекувајќи го ...
Новак Ѓоковиќ продолжи да ги поместува границите во светот на тенисот. Со освојувањето на Ју-ес опен, тој стигна до 24. Грен слем титула и со тоа се одалечи од своите најголеми ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер. Во финалето Ѓоковиќ го победи Данило Медведев со 3:0 во сетови и со тоа му се одмазди за поразот од 2021 година. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оддржа прес-конференција по освојувањето на четвртата титула на Ју-ес опен. Интересен ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вчера стигна во Малта каде утре ќе го одигра вториот натпревар од септемврискиот циклус во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија. По ремито на домашен терен против Италија (1-1) „црвено-жолтите“ во одлична атмосфера стигнаа во Малта каде се надеваат дека ќе се борат да освојат три бода. По стигнувањето на аеродромот во Малта, вработените веднаш тргнаа по „селфи“ со ...
Скоро и да нема месец во кој не се одржува некој си историски самит, конференција… на која политичарите од регионот заедно со западните тутори не го решаваат проблемот на населението во т.н. Западен Балкан. Блазе си ни, што ете, имаме среќа некој толку многу да мисли и работи за наше добро. Овој месец таквиот самит се падна да биде во Скопје. И тоа денеска. Европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите се очекува да бидат ...
Последните информации велат дека бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.122 лица, соопштија вчера вооружените сили на земјата. Повредени се најмалку 2.421 лице. Граѓаните се фрустрирани што помошта не стигнува до градовите и селата во руралните планински области јужно од Маракеш. Асни е на само 50 километри од Маракеш, а луѓето велат дека итно им е потребна помош. – Немаме храна, немаме леб, зеленчук. Немаме ништо. Никој не ...
Шведска ги враќа печатените учебници и вежбањето на ракописот во училишта. На ваква одлука е донесена откако беше увидено дека иако учениците од оваа земја се над европскиот просек за способност за читање, меѓународната проценка за нивото на читање на четвртоодделенците укажува на пад на способноста на децата во Шведска помеѓу 2016 и 2021 година. Додека децата се враќаа во училиштата во Шведска минатиот месец, многу наставници ставија акцент на ...
Најуспешниот тенисер на сите времиња, 36-годишниот Србин Новак Ѓоковиќ, ја освои својата 24. Грен слем титула победувајќи го Русинот Дањил Медведев во финалето на УС Опен со 6-3, 7-6 (5), 6. -3, и така според бројот на поединечни Грен слем трофеи врзани со австралиската Маргарет Корт. Во своето десетто финале во Њујорк, Ѓоковиќ стигна до својот четврти трофеј (2011, 2015, 2018, 2023) и стана најстариот победник на последниот Грен слем во една ...
Прашањето за опстанокот на Црноморскиот договор е детално дискутиран на самитот на Г-20 овој викенд, но секоја иницијатива што ја изолира Русија веројатно нема да биде одржлива, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција. Русија, Украина и Турција ќе продолжат да разговараат за договорот и животот, додаде Ердоган. Претседателот на Турција претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да го испрати житото во ...
Индија е потресена од последниот случај на групното силување на четиринаесетгодишно девојче. Имено, во Раџастан неколку мажи го силувале девојчето и живо го запалиле. Девојчето исчезнало откако излегло од дома за да ги чува козите, а нејзиното тело го идентификувал нејзиниот брат кој и го открил накитот во печката во која била запалено. Индиската полиција обвини 11 мажи за нападот во Раџастан. Полицајците за „Тајмс оф Индија“ изјавија дека ...
За разлика од другите национални книжевности кои имаат негативни иксуства заради присуството на култот на водачот во книжевните текстови, македонската современа книжевност има позитивно искуство. Затоа што Македонија, македонската историја и македонската книжевност и култура го имаат Гоце Делчев. Водачот чие име со пиетет го пееме и во државната химна и во навивачките песни во кои ја искажуваме гордоста што сме негови потомци. Заради култот кон ...
Познато е дека американската Влада е таинствена кога станува збор за случаите на НЛО, но американското Министерство за одбрана сега се обидува да биде потранспарентно. Министерството објавило документ кој ги открива жариштата на случаи на НЛО низ светот. Била направена мапа која ги покажува областите каде што биле забележани најмногу случаи на НЛО од 1996 до 2023 година.Меѓу другото, мапата укажува на жаришта на НЛО во Нагасаки и Хирошима, ...
Елиф Елмас одигра уште еден брилијантен натпревар во дресот на македонската репрезентација. Неговиот обид во 75.минута, кога топката за малку заврши крај голот, беше најава за голот на Барди со кој Македонија одигра 1:1 против Италија. – Секогаш е тешко кога играш против европски првак. Игравме дисциплинирано и во првото и во второто полувреме. Тактички игравме дисциплинирано. Кога го примивме голот моравме да ја смениме концепцијата, видовте ...
Тешката сообраќајна несреќа во Грција, во која загинаа три лица, се случила кога возачот на автомобил со грчки таблички заспал на воланот и удрил во автобус со српски туристи, изјави за „Н1“ директорот на националната асоцијација на туристичките агенции во Србија, ЈУТА, Александар Сеничиќ. Како што рече, по судирот, возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел. При превртувањето дошло до судир со друг автомобил. ...
Македонија успеа да освои бод против актуелниот европски шампион Италија. Натпреварот во квалификациската група Ц, за пласман на Европското првенство заврши без победник 1:1. Вечерашниот натпревар беше четврти меѓу овие репрезентации, Македонија и Италија имаат по една победа, два натпревари завршиле без победник. Очекувано, новиот селектор на Италија, Лучано Спалети не отстапи од својата филозофија, неговиот тим да биде тој пто ќе ја има ...
Научници од институт во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од ембрион на свиња, што го отвори патот за производство на органи за донација. Тимот предводен од Лиангсуе Лаи од Институтот за биомедицина и здравје ја објави студијата во научното списание Матични клетки. Нивната работа зависела од исклучување на дел од гените во ембрионите со помош на алатка која се опишува како генетски ножици. Тоа ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв финалист на гренслем турнирот УС Опен. Тој во полуфиналната пресметка во три сета го совлада домашниот тенисер Бен Шелтон. Во финалето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Данил Медведев. Ѓоковиќ, сепак, немаше лесен меч против американската сензација Шелтон. Го доби првиот сет со 6:3, во вториот му дозволи само два гема на ривалот, но кога се очекуваше и комплетно да го скрши, Шелтон ...
Мароканска телевизија јави дека бројот на загинати во земјотресот достигна 632, а повредени се 329 лица, пренесува новинската агенција Ројтерс. Голем број луѓе во Мароко излегоа на улиците во страв од последователни потреси и останаа да спијат тука. Во земјата владее паника по разорниот земјотрес. Французинот Мајкл Бизе за новинската агенција АФП изјави дека бил во кревет кога се случила катастрофата. – Мислев дека мојот кревет ќе одлета. ...
Во далечната островска земја – Куба тамошните власти уапсија 17 лица осомничени за поврзаност со синџир за трговија со луѓе кои дејствуваат од Русија за да регрутираат мажи за војната во Украина. Кубанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека работи на „неутрализирање и разоткривање на мрежата за трговија со луѓе што дејствуваат од Русија за да вклучат кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од Куба, во воените операции во ...
Македонија и нејзините граѓани денеска го слават денот кога сите заедно сторија историски чин: пред 32 години, на референдумот, донесоа одлука таа да биде самостојна и независна држава. Тоа беше израз на заедничките вековни стремежи, остварување на соништата за кои многу генерации дале големи жртви. Заедништвото, всушност, е вградено во темелите на македонската држава и никогаш не треба да се заборава. Како сега стоиме со заедништвото во ...
Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Скопје ќе ги одмери силите со европскиот првак Италија во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство кое се игра догодина во Германија. Македонската спортска чета најавува силна борба за потребните бодови. Александар Трајковски во интервју за торинскиот спортски весник „Тутоспорт“ посочува дека повторно би сакал да го реши мечот помеѓу Италија и Македонија, потсетувајќи на тој начин ...
Колумна на Никола Тасев: Почна од синоќа прославата на независноста на Македонија. Звуците на Филхармонијата и говорот на Премиерот, под мотото „Гласник на слободата“ го отворија бледо организираното славје што денес продожува со други скромни настани. Ќе пукнат, можеби, силно и плотуни од артилерискиот батаљон на Армијата во свечена стрелба. Но, она што треба силно да пукне, да одекне и одѕвони во ушите е прашањето: Дали имаме независност? Дали ...
Македонија денеска слави голем ден. Денот кога пред 32 години над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава – МАКЕДОНИЈА. Тогаш се оствари сонот на многуте претходни генерации кои и животи даваа за конечно осамостојување. Голем празник. Но, утрово Скопје е некако тивко, нема некоја празнична атмосфера… Зошто? Властите не направија празникот да изгледа посвечен или на граѓаните не им е до славење? За ова ...
Научниците од институтот во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од свински ембриони, што го отвори патот за „производство“ на органи за донирање. Тимот, предводен од Лиангзуе Лаи од Институтот за биомедицина и здравје, ја објави студијата во научното списание Cell Stem Cell. Нивната работа зависела од „гасење“ на гените SIX1 и SALL1 во ембрионите со помош на Crispr/Cas – алатка која често се ...