
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Во Виена денеска стапува во сила нов пакет мерки поврзани со движењето на електричните тротинети по улиците. Компаниите што ги даваат овие возила за изнајмување мора да ги исполнуваат релевантните технички услови – возилата мора да бидат опремени со трепкачи, регистарски таблички, со звучен предупредувачки сигнал, две сопирачки, стабилен држач и QR код. Однесувањето на возачите, паркирањето на електричните тротинети и нивната техничка опременост ...
Извршното тело на Европската унија (ЕУ) објави дека е одобрена „Comirnaty XBB.1.5 адаптираната вакцина против Ковид-19, развиена од BioNTech-Pfizer“ за да им овозможи на земјите-членки на ЕУ навреме да се подготват за вакцинациите за нивните кампањи есен-зима. -Ковид-19 ќе циркулира паралелно со сезонскиот грип во текот на претстојната есенска и зимска сезона, предупреди еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес. Таа нагласи дека најновата ...
Здравствените власти во Париз за прв пат ги означија областите на француската престолнина за да ги убијат тигарските комарци кои носат болести. Експертите веруваат дека климатските промени го поттикнале брзото ширење на овие инсекти низ Северна Европа. Патиштата беа затворени во југоисточниот дел на Париз вчераутро, а властите побараа од жителите да останат внатре, бидејќи се прскаше со инсектицид на дрвја, тревници и други области за ...
Проширување. На што прво ве потсетува овој збор? Да, да на тоа дека ЕУ во своите редови ќе прима нови членки. Е за тоа проширување се вергла нон-стоп, ама тоа никаде го нема. Се прошируваат само објаснувањата зошто го нема датумот кога ќе ни го дадат датумот на кој датум ќе станеме членка на Унијата. Секако, се прошируваат и условите кои ги бараат од Македонија Еве, деновиве засилено пак се зборува за проширувањето на ЕУ. И пак се даваат датуми. ...
Сопственик на стан во Смедерево, Србија, синоќа се разнел со експлозивна направа, тешка неколку килограми, по расправија со станарите околу киријата, пренесуваат српските медиуми за екплозијата што вчеравечер ги вознемири граѓаните. Станува збор за 56-годишен маж, што наводно подолго време се обидувал да го исели четиричленото семејство-кираџии, бидејќи не му плаќале кирија. Тој од силината на експлозијата загинал, а поголем дел од петтиот ...
Норвешка е најпогодна земја за живот во пензија, според новата листа на „Глобал ритајрмент индекс“. На списокот се најдоа 40 земји од цел светот, каде што според показателите, пензионерите живеат најдобро. При составувањето на листата, биле анализирани неколку фактори, износот на пензијата, здравствената заштита, квалитетот на животната средина и општите услови за живот. Така, во првите пет држави се и Швајцарија, Исланд, Ирска и Австралија. ...
Поради обложувалниците спортот генерално станал многу поагресивен, потензичен за професионалните спортисти, смета најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. По победата врз Шпанецот Запата Мираљес во второто кола на престижниот тенски турнир Ју-Ес Опен, на прес-конференцијата за медиумите Ѓоковиќ зборуваше за повеќе теми, меѓу кои и за се поголемиот број на кладилници и за тоа како тоа влије врз спортскиот и светот воопшто. Во веста што ја ...
Македонија има мака со многу злобни и лоши луѓе. Се крши општествен имот, се пали и краде што ќе се стигне, агресивност на секој чекор… Лошотилокот крај нема… И државата (читај – институциите) како да се навикнуваат на сето тоа, па затоа и бледа е реакцијата по вчерашната грозоморна сцена на убиена мечка и две мали мечиња фрлени на ѓубриште во Жировница. Ужас!!! Злобникот кој ова го сторил е непознат. Од надлежните се добива вообичаената ...
Германската полиција го пронајде телото на Дорота, која пред седум години била пријавена за исчезната во градот Ахен. Одделот за убиства во овој германски град претпоставува дека Дорота, која тогаш имала 29 години, била задавена од нејзиниот сопруг на 18 октомври 2016 година, денот кога таа ненадејно исчезнала. Години по убиството го сокрил нејзиното тело во торба, пренесува Билд. Речиси седум години по нејзиното исчезнување, дојде до решавање ...
Најмалку едно лице загина, а повеќе од 400.000 луѓе останаа без струја поради ураганот Идалија, кој ги погоди американските сојузни држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина, јавува Си-Ен-Ен (Си-Ен-Ен). Човекот загина кога врз него паднало дрво во округот Лоундес, Џорџија, изјави шерифот на округот Ешли Полк за Си-Ен-Ен. Автопатската патрола на Флорида објави дека две лица загинале во сообраќајни несреќи за време на невремето, а гувернерот Рон ...
Колумна на Никола Тасев: Прилично жешко е во Македонија. Врие дури и во партиските штабови на СДСМ и ДУИ, а и во Владата, која ја претворија во партиски штаб. Иако се вклучени скапите еркондишни на најсилно, се печат министрите, оти и најзаслепените прогледаа дека приказните за двотретинско мнозинство се само нереални басни и оти дале ветување кон ЕУ, што не можат да го исполнат. Сфатија, ама не покажаа доблест да го слушнат гласот на народот, ...
Најмалку 60 лица загинаа, меѓу кои и дете на две или три години, во пожар што избувна во зграда во центарот на Јоханесбург. Портпаролот на службите за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека пожарникарите добиле повик за пожар околу 1.30 часот, пренесува локалниот весник „Тајмс“. – Се работи за зграда на пет ката која се запали во раните утрински часови. „Успеавме да ги евакуираме луѓето кои беа во зградата веднаш штом пристигнавме, рече тој. ...
Ова беше еден навистина возбудлив натпревар, но молам без еуфорија, порача синоќа македонскиот одбојкарски селектор Јошко Миленковски. Тој не можеше да го сокрие задоволството од победата над Данска од 3-1 на стартот од Европското првенство 2023 кое се одржува во Скопје. Во Групата Ц, Македонија дојде до првата значајна победа која ги отвора амбициите за пат кон осминафиналето. Миленковски повикува дека не смее да има еуфорија затоа што се уште ...
Предводени од фантастичниот Александар Љафтов, Македонија стигна до фантастична 3:1 (22:25, 25:22, 25:19, 25:22) победа над Данска во прекрасна атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за совршен почеток на третиот обид да се стигне во осминафиналето на континенталниот шампионат. Првиот сет не беше најдобар за тимот на Јошко Миленковски, откако Данците се одвоија од 12:12, и го освоија првиот сет. Во вториот сет, беше апсолутно израмнето до ...
Српскиот ракометен репрезентативец и поранешен европски првак, Богдан Радивојевиќ, е нов член на Еурофарм Пелистер. Од РК Еурофарм Пелистер информираат дека десното крило Радивојевиќ потпиша едногодишен договор со македонскиот ракометен шампион, а во Битола доаѓа како етаблиран ракометар кој 13 години по ред игра во Лигата на шампионите. Радивојевиќ во својата ракометна кариера настапувал за ПИК Сегед, Партизан, Флензбург и Рајн Некар Левен. ...
Македонија е домаќин на Европското првенство во одбојка, заедно со Италија, Бугарија и со Израел, а нашиот национален тим вечерва (20 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го почнува настапот на шампионатот. Противник е селекцијата на Данска, која е во рангот на оние селекции против кои момците на Јошко Миленковски можат да се надеваат на победа. За пласман во вториот круг, на Македонија ќе и бидат потребни две победи во групата, каде се наоѓаат и ...
Пожарот во Еврос на северот на Грција е најголемиот пожар во земјите на ЕУ во последните неколку децении и изгореа 808,7 квадратни километри, соопшти Европската агенција за вонредни состојби „Коперник“. Пожарот во Еврос уништи најмалку 808,7 квадратни километри, што е површина поголема од Њујорк, кој зафаќа 778,2 квадратни километри и е најголемиот пожар во ЕУ од 2000 година, покажуваат податоците на „Коперник“. Пожарот избувна во близина на ...
Во африканската држава Габон, армијата ја превзеде власта односно изврши државен удар. Воени офицери се појавија на националната телевизија во Габон и соопштија дека ја презеле власта во земјата. Офицерите соопштија дека ги поништуваат резултатите од саботните избори на кои претседателот Али Бонго беше прогласен за победник, јавува Би-би-си. Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека за Унгарија и Србија нападот на „Јужен тек“ би бил земен како повод за војна. По минирањето на гасоводот „Северен тек“, Унгарија и Србија предупредија дека ќе го разгледаат навлегувањето во рутите што ги користат за испорака на руски гас како причина за војна, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор со американскиот новинар Такер Карлсон. Уништувањето на „Северен тек“ Унгарија веднаш го ...
Повторно воен удар во Африка. Имено, група високи офицери на војската на Габон рано утринава преку тамошната национална телевизија изјави дека ја презела власта откако изборното тело на земјата објави дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат. Војните лица истакнаа дека ги претставуваат сите безбедносни и одбранбени сили во државата и дека резултатите од изборите се поништени. Било соопштемо и дека сите граници се затворени, а повеќето ...
Што ќе се случи во 2030-та година? Ново проширување на ЕУ или нова неисполнета најава на евробирократите во однос на земјите од т.н. Западен Балкан? Оваа дилема се појави откако завчера првиот човек на Европскиот совет Шарл Мишел испрати порака дека за седум години ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување. Но, брзо дојдоа и други – поразлични пораки. Францускиот претседател Емануел Макрон истиот ден во Париз кажа дека приоритет сега треба ...
На младите луѓе треба да им се забрани да купуваат тутунски производи до 22-годишна возраст, сугерираат научниците откако истражувањето покажало дека оние кои почнуваат да пушат пред 20-тата година потешко се откажуваат од цигарите. Научниците веруваат дека законското зголемување на минималната возраст ширум светот може да ја намали зависноста од никотин. Тимот од Јапонија набљудувал 1.382 пушачи кои посетиле клиника за откажување од пушење во ...
Индискиот лунарен ровер потврди присуство на сулфур на јужниот пол на Месечината, објави вселенската агенција на земјата. Минатата недела Индија стана првата земја која успешно слета вселенско летало во близина на главно неистражениот Јужен пол и четвртата земја што воопшто слета на Месечината. – Инструментот за спектроскопија на ласерска индуцирана плазма на роверот „Чандрајан-3“ ги направи првите мерења на непроменета положба на хемискиот ...
На девизните берзи . Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,57 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,85 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 146,35 на 146,15 јени, пренесуваат регионалните медиуми. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото ...
Тешко парализирана жена, благодарение на вештачката интелигенција може да зборува преку дигитален аватар, со кој ѝ се преточуваат нејзините мозочни сигнали во говор и изрази на лицето, пренесува „Гардијан“. Напредокот во технологијата, во иднина би можеле да им го трансформира животот на луѓето, кои ја изгубиле способноста да зборуваат, поради состојби како што се мозочни удари и амиотрофична латерална склероза (АЛС). Досега, пациентите мораа да ...
Македонецот Горјан Гого Славески стана светски шампион во бокс со голи раце во велтер категорија. Во мечот за светската титула на турнирот што се одржа вчеравечер (25.08) во Мајами, тој го победи Американецот Џејк Лидзи и беше прогласен за нов шампион во велтер категоријата. – За мојот народ никогаш да не збориш во деминутив. Светски успех. Успеавме. Шампион!“, напиша Горјан по победата, a по мечот тој изјави:- Радувајте се Македонци, остваривме ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) попладнево со жрепка ги одреди двојките за шеснаесетфиналето во националниот куп. Бранителот на трофејот Македонија ЃП, како и ланските полуфиналисти и финалисти – Струга Трим Лум, Шкендија и Силекс, натпреварите ќе ги почнат од осминафиналето. КУП на Македонија, 1/16 финале: Јанг Тим – Победа Новаци 2005 – Брегалница Башкими 1947 – Скопје Аресими 1973 – Тиквеш 1930 Кожуф Гевгелија – БРЕРА Струмица ...
Продажбата на влезници за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против актуелниот европски првак Италија во Скопје во рамки на квалификациите за ЕУРО 2024 ќе почне утре, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 500 денари. ФФМ објави дека „продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко ...
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер кон крајот на оваа недела ќе настапи на силен Меѓународен турнир во Турција во рамки на завршните подготовки за новата сезона во која битолскиот клуб ќе ја брани домашната титула и ќе дебитира во групната фаза во Лигата на шампиони. – Нашиот клуб е почестен со поканата за учество на „Турнирот на пријателството“ во турскиот град Сакарија, како еден од четирите учесници, заедно со унгарски Веспрем, ...
По големите горештини, Швајцарија во последните неколку дена ја зафатија обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони од кал, а во понеделникот падна и снег на Алпите. – Температурата драстично се намали за четири дена. Во четвртокот термометарот покажа 31,2 степени Целзиусови. Во 11:15 часот беше 0,5 степени. Границата меѓу дождот и снегот е помеѓу 2.000 и 2.400 метри во остатокот од швајцарските Алпи“, објавено е на платформата „X ...