Возач на автобус на ЈСП бил нападнат од патник на постојка во Скопје. - Вчера во СВР Скопје, М.С.(59) од село Бардовци, скопско, пријавил дека на 29.07.2026 околу 22:00 часот, додека извршувал работни задачи како возач на автобус, сопственост на ЈСП, на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое се превезувало во автобусот, соопштија од МВР во дневниот билтен. Се преземаат мерки за ...

15-годишник од Скопје е лишен од слобода откако бил затекнат како управува патничко возило без да има право за управување. Како што информира Министерството за внатрешни работи, ноќеска околу 1:10 часот на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, при редовна сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „ленд ровер“ со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека зад воланот се наоѓал 15-годишник, кој управувал со ...

59-годишна битолчанка се здобила со тешки телесни повреди откако била прегазена на пешачки премин на булеварот „1 Мај“ во Битола. Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера околу 6:45 часот, кога патничко возило „лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот П.Ш. од Битола, удрило во 59-годишната М.М. од Битола. Повредената била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ ...

Министерството за здравство соопшти дека заклучно со вчерашниот ден, во државата биле потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби биле хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници. Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи за видео надзор и алармна ...

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди" во видео-објава на Фејсбук сподели дека вработените на Општина Бутел пронашле прегладнато куче со скршена нога покрај река, на кое му помогнале. „Го пронајдоа во река, без сила, прегладнет и со стара повреда од скршена нога. Некој можеше да продолжи да поминува покрај него, но некој избра да застане“, велат од Анима Мунди. Од таму посочија дека не можат да ги спасат сите, но тие што ќе бидат ...

Последниот викенд од јули и првите денови од август носат комбинација од мирна, интуитивна енергија и нов бран мотивација. Photo by Aditya Saxena on Unsplash Петок е одличен за искрени разговори, размена на идеи и носење важни заклучоци. Во сабота можеби ќе почувствувате потреба да забавите и да си дадете повеќе простор за одмор, без чувство на вина. Од попладнето, кога Месечината ќе премине во Овен, енергијата постепено се менува – се буди ...

Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување, при што бројот на пациенти кои побарале медицинска помош продолжува да се намалува. Според последните податоци, во текот на вчерашниот ден во Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болнички ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен – информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица за излез од државата и на Табановце за влез, но засега нема поголеми задржувања на македонската страна. Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите ...

Во врска со дебатите за цените во Скопје, како и во Охрид во екот на летната сезона кои периодов се актуелни на социјалните мрежи, на „Х“ (поранешен Твитер), беше споделено последно искуство со цените во Ница, Франција, но и искуство со цените во Охрид, кои отворија прашалници во главата кај многумина. Имено, профилот со псевдоним „Талогот на општеството“ сподели свое искуство од центарот на Ница, каде што вели дека јадел бифтек со пире и за ...

Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено ...

Општина Карпош информираше дека продолжува со спроведување на мерките за финансиска поддршка на семејствата со новородени и посвоени деца. Како што посочија оттаму, до средината на јули биле поднесени околу 140 барања. „95 барања се одобрени за вредносен ваучер од 3.000 денари за новородено или посвоено дете. 30 барања се одобрени за еднократна парична помош од 8.000 денари, согласно утврдените критериуми“, наведуваат од Општината. Воедно, ...

Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено ...

Општина Гази Баба продолжува со инвестиции во предучилишното образование преку изградба на четири нови детски градинки, со цел да се обезбедат повеќе места за згрижување на децата и да се намали недостигот од капацитети. Првиот човек на општината Бобан Стефковски информираше дека изградбата на градинката во Трубарево е целосно завршена и веќе згрижува 60 деца. Во Инџиково, пак, градежните работи се во завршна фаза, а новата градинка со ...

Во врска со дебатите на социјалните мрежи кои што периодов се актуелни за цените во Скопје, како и во Охрид во екот на летната сезона, на „Х“ (поранешен Твитер), беше споделено и искуство со цените во Ница, Франција. Имено, профилот со псевдоним „Талогот на општеството“ сподели свое искуство од центарот на Ница, каде што јадел бифтек со пире и за тоа платил 22 евра, а со тоа добил и бесплатно кафе и вода. Притоа, бифтекот го оцени како ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека е започна целосна реконструкција на сите детски и спортски игралишта на територијата на општината. Според него, ќе бидат санирани сите оштетени и неупотребливи делови, со цел игралиштата повторно да бидат безбедни и функционални за најмладите и за сите рекреативци. „Детските и спортските игралишта се наша заедничка грижа и мораме да ги чуваме. Тоа се места каде што растат ...

Утрово во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.С.(58) од село Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана ...

Граѓаните ќе имаат продолжен викенд по повод големиот државен празник Илинден – Денот на Републиката. Бидејќи 2. Август се паѓа во недела, согласно Законот за празници, понеделник, 3 август, ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија. Со тоа, вработените ќе имаат три последователни слободни денови – сабота, недела и понеделник, што за многумина ќе биде можност за краток одмор или патување. Илинден е еден од најзначајните државни ...

Жител на струмичко село предивикал пожар во дворот и на улицата на која живее, по што е уапсен. - На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил ...

Министерството за здравство информираше дека го задолжило Центарот за јавно здравје – Скопје вчеравечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје – Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна ...

Општина Карпош информира дека во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, ја спроведува услугата „Итно копче“, наменета за жители на Општина Карпош над 65 години кои живеат сами или со брачен партнер со нарушена здравствена состојба. Со едно притискање на копчето, корисникот воспоставува контакт со обучен оператор, кој ја проценува ситуацијата и дава соодветни насоки. Доколку е потребно, се обезбедува: тим за прва помош во домот и ...

Хемикалија за производство на детергенти е неофицијално супстанцата која пред една недела ги побеле реките Лепенец и Вардар, пренесе ТВ Сител. Извештајот изработен во лабораторијата на ЈП Водовод и канализација е завршен и веќе е испратен до Државниот инспекторат за животна средина и ресорното министерство. Сител јавува дека нема информација кој е сторителот и покрај тоа што уште првиот час по појавата на пената, градот со своите инспектори ...

Во недела, на 2 август, односно на 20 јули според Јулијанскиот календар, православните верници го одбележуваат празникот посветен на Светиот пророк Илија, во народот познат како Илинден. Свети Илија живеел околу девет века пред Исус Христос и потекнувал од градот Тесвит, поради што е познат и како Илија Тесвиќанец. Според христијанското предание, животот го поминал во молитва, пост и борба против идолопоклонството, направил повеќе чуда, а на ...

Од ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради дефект на огрлица ф-250 милиметри на крстосницата Водњанска/Бел Камен, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците: Водњанска,дел од Бел Камен и дел од Шарски Одред. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот. Од ЕВН Македонија исто така известија дека денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на Центар и Карпош. Како што најавија од таму, ...

70-годишен маж од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди откако со мопед излетал и паднал на коловозот на магистралниот пат Прилеп – Битола. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 19:56 часот. На магистралниот пат Прилеп – Битола, Д.М. (70) од Прилеп, управувајќи мопед „томос“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот. Во несреќата мопедистот ...

Ова е период кога интуицијата е особено силна, а малите гестови на внимание можат да направат голема разлика. Photo by David Eiselt on Unsplash Месечината денес влегува во Риби, носејќи повеќе емпатија, чувствителност и желба да им помогнете на луѓето околу себе. Сепак, квадратот меѓу Месечината во Риби и Уран во Близнаци може да донесе немир, нетрпеливост и неочекувани пресврти. Наместо да реагирате избрзано, обидете се да правите мали, ...

Со концертот „Звук што расте“ вечерва (30 јули), со почеток во 20:30 часот, во Сули ан, свечено ќе биде затворено 47. издание на фестивалот „Скопско лето“, еден од најзначајните културни настани што со децении го збогатува летниот живот на главниот град. Завршната вечер е посветена на голем јубилеј – 40 години од основањето на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“. Под диригентската палка на Иван ...

Август носи моќни астролошки промени – Венера влегува во Лав, Меркур повторно станува директен, а младата Месечина во Девица отвора врати за нови почетоци. Photo by Brooke Cagle on Unsplash За секој хороскопски знак постои еден ден кога ѕвездите ќе бидат особено наклонети. Овен – 3 август Месечината во Овен во сојуз со Сатурн ви носи фокус, самодоверба и можност да направите важен чекор кон долгорочна цел. Бик – 11 август Венера, вашата ...

Обновата на култниот и препознатлив споменик „Македониум“ отвори нов бран полемики на социјалните мрежи. Дел од граѓаните сметаат дека критиките доаѓаат предоцна, посочувајќи дека со години никој не реагирал на неговото одржување, по што неговата сосотојба била очајна слика за секој посетител. Еден од нив е и новинарот и активист Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит, кој овие реакции и политички препукувања ги оцени како „трагикомедија ...

Зоолошката градина во Прага употреби тони мраз за да ги разлади животните среде новиот топлотен бран што ја погоди Европа, бидејќи температурите достигнуваат 38 степени Целзиусови. Поларните мечки Алеут и Грегор веднаш се тркалаа на големи купови коцки мраз откако излегоа надвор, кои служат за нивно разладување и збогатување на нивната секојдневна средина, изјави портпаролот на зоолошката градина Филип Машек, објави АП. Пред две години, ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
0.45
34%
1012
weather icon

Загреб

39ᴼ / 39ᴼ
0.5
21%
1012
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.43
20%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
21%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
27%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
36%
1011
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
20%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
6.32
25%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
34%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
2.24
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1012
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Злато

136962.18

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Сребро

1994.05

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Паладиум

43499.96