Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(48) од Прилеп, се наведува во полицискиот билтен. Според информациите, 48-годишниот З.С. ќе одговара кривично поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Имено, пријавениот, во повеќе наврати во август 2026 година извршил обљуба врз неговата поќерка. СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(48) од Прилеп, се наведува во ...
Скопјанец вчера нападнат од жена откако настанало недоразбирање за паркинг простор. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во СВР Скопје, З.В.(45) од Скопје пријавил дека околу 12:30 часот на подрачјето на Центар, поради претходно недоразбирање за паркинг простор, бил физички нападнат од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Скопјанец вчера нападнат од жена откако настанало недоразбирање за паркинг ...
Македонија продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во Таранто, а нашите репрезентативи досега освоија вкупно пет медали. По трите одличја освоени од македонските борачи, нова бронза за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ, додека боксерот Ален Рустемовски со фантастичен настап се пласираше во полуфиналето и веќе има загарантирано најмалку бронзен медал. Вероника Консевиќ го освои бронзениот медал во категоријата до 57 ...
Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за ...
Продолжуваме со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред во Општина Аеродром. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини, извести градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески. „Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно ...
Одбележувајќи седум години под брендот А1, А1 Македонија отвора ново поглавје во својот развој и ја претставува новата комуникациска платформа. Со неа, компанијата уште повеќе се доближува до корисниците и ја отсликува суштината на брендот и неговата најважна определба, според која зад секоја иновација, услуга и технолошки напредок, секогаш стојат луѓето и нивните вистински потреби. Оваа определба е заокружена во пораката „Твој А1“. Новата ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска започнале градежните активности за реконструкција на улицата „519“ во населбата Керамидница - оценувајќи ја како проект кој носи значајно подобрување на патната инфраструктура и условите за секојдневно движење на жителите. „Улицата 519 претставува една од клучните сообраќајни артерии во Керамидница и нејзината реконструкција е од особено значење за подобрување на ...
Почнува изградбата на најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 километри ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии на комплексен ридско-планински терен кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите, изјави директорот на Јавното претпријатие Коце Трајановски на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце. „Денес не поставуваме само ...
Вчера во 17:00 часот во струмичкото село Банско, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Е.Н.(21) и Џ.М.(29), двајцата од село Банско. Од МВР информираат дека при претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со марихуана и стебло од растението канабис, додека при преглед на Џ.М., кој бил затекнат во домот на Е.Н., била пронајдена марихуана. За настанот бил известен јавен обвинител од ...
Општина Карпош информираше дека во интерес на јавното здравје, ги исклучиле четирите фонтани на нејзината територија. „Во насока на преземање активности за справување со вирусот на западнонилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања“, велат од Општината. ...
ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на населба Хром. Оттаму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-200 милиметри на улица Воин Драшкоци бб (за ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните ...
По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во петок (28 август), ќе биде организиран дополнителен превоз за верниците и посетителите кои ќе присуствуваат на манастирската слава во Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка. Покрај редовната автобуска линија број 60, по потреба ќе сообраќа и дополнителен автобус до Полициската станица Матка. Од оваа локација, посетителите ќе бидат превезувани со минибус до најблиската ...
Општина Карпош информираше дека во интерес на јавното здравје, ги исклучиле четирите фонтани на нејзината територија. „Во насока на преземање активности за справување со вирусот на западнонилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања“, велат од Општината. ...
Плоштадот „Млечен“ во Карпош вчеравечер повторно беше место за дружење, музика и добра атмосфера во рамки на „Карпошово културно лето 2026“. Посетителите уживаа во настапот на Balkan Jam Band, со познати македонски евергрини и балкански поп-рок хитови. Денеска (среда) во рамки на „Карпошово културно лето 2026“ се предвидени повеќе културни и забавни содржини на различни локации во општината. Програмата започнува во 14:00 часот на платото ...
Водно добива нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и создавање здрави навики кај сите генерации. Новиот моторички парк е изграден од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. Наместо да завршат како отпад, дрвјата добија нова намена преку создавање простор со природни препреки и реквизити за развивање рамнотежа, координација, агилност и физичка подготвеност. Просторот е наменет за ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Вредноста на проектот е 222 милиони евра, а изведувач е „Гранит АД Скопје“. Предвидено е изградбата да трае четири години. Новата делница треба да се поврзе со веќе изградените 1,5 километри од патот Скопје–Блаце, во близина на граничниот премин Блаце, со што ќе се создаде целосна патна врска кон границата ...
По повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организира традиционална крводарителска акција во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Долна Матка. Акцијата ќе се одржи во два термини: 27 август (четврток): 28 август (петок): Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на акцијата и со ...
Голема Богородица - заштичниката на Скопје ќе се слави на повеќе локации во градот и околината, со црковно-народни собири. По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Горно Коњари во општина Петровец ќе се одржи голем црковно-народен собор. На 27 август (четврток), вечерната богослужба ќе започне во 18 часот, по што заеднички ќе биде ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Утрово во 03:00 часот завршија теренските активности за вонредно прскање против комарци на територијата на општина Гази Баба, информира градоначалникот, Бобан Стефковски. Во текот на ноќта екипите поминаа низ Керамидница, Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, Автокоманда и ...
Господ, Кој на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај ги таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. Јован имаше дом на Сион во Ерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да ...
Со свечено отворање кај Порта Македонија, денеска во Скопје ќе започне манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“, која ќе се одржува до 5 септември по повод 10-годишнината од канонизацијата на светицата родена во македонската престолнина. Манифестацијата ја организираат Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов и Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Огранок Скопје, а програмата опфаќа духовни, ...
Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, вчера спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка, извести Општина Карпош. „Целта на оваа ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корсниците на Петровец, Центар и Ѓорче Петров. - Во периодот од 08.00 до 10.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од село Летевци, село Брезница и Тунел Катланово; - Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица Козара бр. 27А; - Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ...
Денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. Денеска во официјална посета на Македонија ќе ...
Полесно ќе се разбирате со другите, а доброто расположение може да ви помогне да ги решите и малите недоразбирања. Photo by Clay Banks on Unsplash Месечината во Водолија денес формира хармоничен тригон со Венера во Вага, носејќи пријатна енергија во односите со другите. Денот е поволен за дружење, љубов, разговори и време поминато со луѓето што ви значат. Овен Денот носи пријатни средби и можност да поминете убаво време со блиските. Во ...
Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во Таранто, а со денешната убедлива победа над Ариол Зенели од Албанија обезбеди место во полуфиналето и со тоа го осигура својот медал. Рустемовски уште од самиот почеток на четвртфиналната борба наметна силно темпо, ја презеде контролата над рингот и не му остави многу простор на својот противник. Со доминантен настап стигна до победа со технички ...
Околу 14.500 првачиња досега се запишани во учебната 2026/2027 година, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа нагласи дека бројката не е конечна, бидејќи уписот на децата кои го пропуштиле редовниот рок продолжува во текот на август и септември. Photo by Nathan Cima on Unsplash Според Јаневска, во моментов во основното образование има околу 200 паралелки помалку, додека во средното образование бројот е ...
Септември ќе биде особено важен месец за Бикот, особено кога станува збор за пари, работа и материјална сигурност. Photo by Mathieu Stern on Unsplash По период во кој можеби имало застој, несигурност или чувство дека вложениот труд не се враќа доволно брзо, работите почнуваат да се движат во поповолна насока. Можно е зголемување на приходите, нов извор на заработка, подобра деловна понуда или конечно наплата на нешто што долго се очекувало. ...
Денеска (25 август) во 04:10 часот наутро во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од село Кучевиште, скопско. При сообраќајна контрола на булеварот „Илинден“, полицајците сопреле автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека малолетникот го управувал возилото без да стекне право на управување. По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. ...