Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во центарот на Скопје, кај крстосницата која се наоѓа кај Собранието и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, при што, според првичните информации, повредени се две лица. Екипа на Итната медицинска помош веднаш пристингала на местото на несреќата и им укажала прва помош на повредените, по што тие биле пренесени во болница за понатамошен третман. Во судирот учествувале две патнички возила, кои ...
При претрес во Куманово, пронајдена била дрога и лишено од слобода било едно лице. Како што информираат од МВР, вчера во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. При ...
24-годишен скопјанец бил лишен од слобода во Тетово, откако неговата мајка пријавила дека физички ја нападнал и употребил тврд предмет. Како што информираат од МВР, ноќеска во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го привеле Р.Џ. (24) од Скопје. Тој бил пријавен од неговата 41-годишна мајка, која навела дека претходно вечерта околу 23:30 часот, во семејниот дом во Тетово, физички ја нападнал, при што употребил и тврд предмет. ...
Екипите на „Лајка“ во текот на изминатата недела спроведоа теренски активности за заловување и третман на бездомни кучиња на повеќе локации низ Скопје. - Акциите беа реализирани на територијата на општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари и Центар, согласно пријавите од граѓаните и проценките направени на терен, информираа од јавното претпријатие. Од ЈП „Лајка“ апелираат граѓаните и понатаму да ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице - сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Според информациите на Финансиската полиција, првопријавениот М.Д., како сопственик и управител на компанијата, во 2021 година преку ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека Општината започнува реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија. Станува збор за, како што вели, првиот проект од ваков вид во Македонија, кој ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство. Во рамки на проектот, на сите седум општински основни училишта ќе бидат поставени фотоволтаични ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски утрово информираше дека градинката „Кочо Рацин“ добива нов потпорен ѕид, со што значително ќе се подобрат безбедноста и условите во рамки на неа. Во објавата на Фејсбук, тој посочи дека паралелно, се реализираат и други проекти во образованието – нова енергетски ефикасна фасада во ООУ „Кирил и Методиј“, подготовка за изградба на спортски сали во ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“, ...
Како изгледал скопскиот плоштад пред 70-ите години?! Ова е стара фотографија од центарот на Скопје, направена пред земјотресот во 1963 година. Во преден план се гледа Плоштад Македонија со кружниот тек и тогашниот сообраќај, а десно е препознатливата зграда на НАМА (Народен магазин), која во тоа време била една од најмодерните трговски згради во градот. Во позадина се гледаат делови од тогашниот плоштад и околните објекти, а на хоризонтот се ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат во наредната недела. Во изминатата недела ЕУРОСУПЕР БС-95 се продаваше за 93 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 95 денари, додека цената на дизелот изнесуваше 98,50 денари за литар. Останува да се види дали денеска ќе следува поскапување, поевтинување или цените ќе останат непроменети. Регулаторната комисија за енергетика денеска треба ...
Водата за пиење во Скопје е здравствено безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Според неделниот извештај, во периодот од 27 до 31 јули, Секторот за санитарна контрола земал 195 примероци за физичко-хемиска анализа и 195 примероци за микробиолошка анализа од вкупно 42 мерни места на територијата на Град Скопје. Од претпријатието ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. ...
Млада девојка од Скопје е тешко повредена во сообраќајка со мопед во Кисела Вода. - На 02.08.2026 околу 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје С.М.(22) од Скопје додека управувал мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(21) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија ...
Македонската полиција трага по 73-годишна државјанка на Словенија, која по влезот во државата не е достапна на телефонските повици. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2. август во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Република Словенија на 1. август влегла во Македонија преку граничниот премин „Табановце“, по што ѝ се губи трагата. Според пријавата, по влегувањето во државата таа повеќе не била ...
На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу 30 минути, додека на „Богородица“ за излез од земјата времето на чекање е приближно еден час, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини од македонска страна во моментов нема поголеми задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата. Според информациите на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки и по суви ...
Полицијата приведе 52-годишен жител на Струга поради инцидент што се случил за време на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката во селото Ташмаруништа. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека С.Г. (52) бил лишен од слобода завчера во 14:15 часот, по претходна пријава дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, по што упатувал вербални навреди кон јавни личности присутни на ...
Македонската полиција трага по 73-годишна државјанка на Словенија, која по влезот во државата не е достапна на телефонските повици. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2. август во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Република Словенија на 1. август влегла во Македонија преку граничниот премин „Табановце“, по што ѝ се губи трагата. Според пријавата, по влегувањето во државата таа повеќе не била ...
Во текот на изминатиот викенд (31 јули – 3 август), полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, 23 лица биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, деветмина возеле под дејство на алкохол, едно лице управувало ...
Над 17.000 лица ја напуштиле Македонија во последните 24 часа преку граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ кон Грција, додека во истиот период во државата влегле околу 16.000 патници, покажуваат најновите податоци на Министерството за внатрешни работи. Поради зголемената фреквенција на возила, во текот на денот се создадоа долги колони на двата гранични премини, а најголем метеж беше забележан кај „Дојран“, каде што колоната возила се ...
26-годишен државјанин на Египет со престојувалиште во Гостивар пријавил во полиција дека бил физички нападнат од продавач на тезга за овошје и зеленчук, а во нападот се приклучило и женско лице. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 август 2026 година околу 19 часот, инцидентот се случил на улицата „Илинденска“ во Гостивар, пред тезга за овошје и зеленчук. Случајот бил пријавен во Полициската станица Гостивар во ...
Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запали додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар. Според првичните информации, пожарот избувнал за време на движењето на автобусот. На социјалните мрежи и во медиумите се појави видео од инцидентот, на кое се гледа автобусот зафатен од пламен. Поради интервенцијата, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар се одвивал отежнато во изминатите часови. Причините за пожарот засега се непознати. ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во наредните денови Продолжува периодот на сончево и многу топло време со ...
Ова е добар ден прво да завршите сè што бара иницијатива, а потоа да се посветите на создавање мир и ред. Photo by Minh Pham on Unsplash Денот започнува со хармоничен секстил меѓу Месечината во Овен и Марс во Близнаци, кој носи енергија, брзи одлуки и желба за акција. Подоцна, Месечината преминува во Бик и го насочува вниманието кон стабилноста, финансиската сигурност и практичните решенија. Овен Денот започнува динамично и ќе имате доволно ...
Август е месец што не бара совршенство, туку искреност. За некого ќе биде време на ослободување, за друг на трпение, а за трет на храбри одлуки. Еве која е најважната лекција што ѕвездите ја подготвуваат за секој хороскопски знак. Овен Вашата лекција е дека не мора секоја битка да биде ваша. Понекогаш најголемата сила е да знаете кога да се повлечете и да ја зачувате енергијата за она што навистина вреди. Бик Август ве учи дека сигурноста ...
Пожарот во атарот на кавадаречкото село Раовец повторно се активираше во текот на попладневните часови, а огнот се шири кон непристапен предел во близина на Тиквешкото Езеро, што дополнително ја усложнува интервенцијата на пожарникарските екипи. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во вонредна изјава до јавноста информираше дека веднаш се мобилизирани два ер трактори, а во акцијата ќе се приклучат и ...
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија оствари убедлива победа од 33:23 против Италија на Европското првенство 2026, кое се одржува во Србија. Македонските ракометари уште во првото полувреме ја презедоа контролата врз натпреварот и на паузата заминаа со предност од 17:13. Во продолжението ја зголемија разликата и без поголеми проблеми стигнаа до заслужен триумф. Селекторот Горан Кузманоски им даде можност за настап на сите ...
52-годишен мотоциклист од Скопје излетал од пат. Со тешки повреди завршил во градската општа болница „8-ми септември“. - На 02.08.2026 година во 23:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат село Ростуше – село Битуше се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Н.(52) од Скопје, излетал од коловозот. Возачот со возило на Итна медицинска помош од Здравствениот дом ...
Вчера пред полноќ се запалил „голф“ во движење во тетовско. - На 02.08.2026 година во 23:40 часот во СВР Тетово е пријавено опожарено патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки на регионалниот пат Тетово – село Брвеница. Возилото било управувано од Р.М.(30) од село Теново, која изјавила дека пожарот избувнал во предниот дел кај моторот додека била во движење, информираа од МВР. Нема повредени лица, додека пожарот е целосно ...
4-годишно дете од Скопје било прегазено од возило на улица во Гостивар. Пренесено е на скопските клиники. - Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од село Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје. Во сообраќајната незгода детето се здобило со тешки ...
Две малолетни лица од Скопје биле физички нападнати во апартман на кеј „Македонија“ во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен вчера во 21:25 часот во СВР Охрид, во присуство на членови на семејството и претставници на Центарот за социјални работи Охрид. Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава Две ...
Министерството за здравство соопшти дека нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Според информациите од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето. Од Министерството информираат и дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска. Министерството за здравство наведува ...