Денес времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. — реклама — Минималната температура ќе се движи од 10 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. — реклама — — реклама — Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 16 степени, додека дневната ќе достигне до 36 степени. Денес времето ќе биде ...

„Во 21 век да се случи вакво загадување на водоводот со колиформни бактерии е рамно на катастрофа. Обично вакви случаи има при поплави или други елементарни непогоди. Сите што имаат одговорност треба да одговараат“, рече потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во вестите на Телевизија 24, посочувајќи дека случајот со Гостивар покажува сериозни пропусти на оваа валст како и во лошата институционалната комуникација. „Кога зборуваме за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го напушти Вашингтон задоволен, откако по неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп американскиот Сенат со големо мнозинство го поддржа продолжувањето на постапката за усвојување нов пакет санкции против земјите што со купување руска нафта го финансираат руското воено дејствување во Украина. Според „Политико“, Зеленски го следел гласањето од галеријата на Сенатот, што претставува ...

Министерството за внатрешни работи денеска спроведе акциска контрола на територијата на Македонија, насочена кон санкционирање на возачи кои не пропуштаат возила со првенство на минување. Контролата се реализирала во периодот од 7:00 до 12:00 часот, при што биле изречени вкупно 43 санкции за овој вид сообраќаен прекршок. — реклама — — реклама — Од МВР информираат дека за време на акцијата биле санкционирани и уште 123 други сообраќајни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови остри закани кон Иран по последните ракетни напади врз американските сили на Блискиот Исток. „Ќе ги претепаме… Ќе ги удриме силно, ќе добијат добар ќотек“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“. — реклама — Ова не е првпат Трамп да испрати заканувачки пораки кон Техеран во текот на повеќемесечните тензии меѓу двете земји, иако дел од неговите претходни изјави не беа проследени со воена ...

СДСМ денеска обвини дека проблемот со загадената вода за пиење продолжува и дека по неколку градови, фекални бактерии се пронајдени и во селата Рич и Белотино. Од партијата посочуваат дека по случаите со белата пена во реките Лепенец и Вардар, сега се појавуваат нови случаи кои, според нив, ја отвораат дилемата за безбедноста на водата за пиење. — реклама — Во соопштението, СДСМ тврди дека Владата и надлежните институции не обезбедуваат ...

Македонскиот актер Игор Џамбазов е годинашен добитник на наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност, што ја доделува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. — реклама — Признанието му се доделува како признание за неговата исклучителна актерска дарба, препознатливиот хумор и долгогодишниот придонес во развојот на македонската театарска и културна сцена. — реклама — — реклама — Свеченото ...

Големиот шумски пожар што беснее во неколку региони во Франција се доближи на само 15 километри од Бордо, предизвикувајќи сериозна загриженост кај властите и жителите. Во борбата со огнената стихија досега се повредени најмалку 75 пожарникари, кои со денови се обидуваат да го стават пожарот под контрола. — реклама — — реклама — Пожарот, потпомогнат од високите температури и силниот ветер, продолжува брзо да се шири, а противпожарните екипи ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот С.Р. од селото Камењане, Општина Боговиње, поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“. — реклама — Според Министерството за внатрешни работи, пријавениот измамил едно лице за сума од 5.150 евра, уверувајќи го дека ќе посредува за неговата сопруга да оствари право на туѓа нега, како и за обезбедување социјален стан. — реклама — — реклама — По преземените мерки и целосното ...

Владата, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, донесе одлука со која до крајот на 2026 година ќе се овозможи вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи. Од Министерството за здравство соопштија дека со оваа мерка се вложува во младите лекари и се создаваат услови тие својата професионална кариера да ја продолжат во домашниот здравствен систем. — реклама — Со новите вработувања се очекува да ...

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Јавното обвинителство да отвори постапка и да ги испита наводите дека во 2021 година биле евидентирани повеќе од 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар, без, како што рече, да бидат преземени соодветни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за критиките од опозицијата во врска со состојбата во Гостивар, Мицкоски упати остри обвинувања кон СДСМ и нивните ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм поради очекувани високи температури кои ќе ја зафатат земјава во периодот од 29 јули до 2 август 2026 година. Според најавите на УХМР, во следните денови ќе преовладува многу топло време, а во поголем дел од државата се очекуваат екстремно високи дневни температури. — реклама — Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во најтоплиот дел од денот, да избегнуваат ...

Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека вчера биле потврдени уште три нови случаи на западнонилска треска во Македонија. Тој информираше дека двајца од пациентите се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а еден е хоспитализиран на Клиниката за неврологија. Кај пациентот на Неврологија, засега инфекцијата е потврдена само со еден тест, додека се спроведуваат дополнителни лабораториски испитувања. — реклама — „Кај овие ...

До 13:00 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои три се активни, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите кај селото Јурумлери во Општина Гази Баба, каде гори ѓубре, кај селото Сарандиново во Општина Долнени, каде е зафатена сува трева, како и кај селото Бошава во Општина Кавадарци, каде гори ниска вегетација и сува трева. — реклама — — ...

Пожар избувнал ноќеска во објект во изградба во кругот на поранешната фабрика „Тетекс“ во Тетово, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен во СВР Тетово околу 1:40 часот, а според првичните информации, биле зафатени даски во објектот. — реклама — — реклама — На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово, која го локализирала и изгаснала пожарот. — реклама — Во инцидентот нема ...

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила во полиција дека била физички нападната од своето момче, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, нападот се случил вчера околу 18:30 часот пред зградата во која живее во населбата Блок 70, а како осомничен е посочен Б.И. од Тетово. — реклама — — реклама — Од МВР информираат дека утрово осомничениот сам се пријавил во полициска станица. — реклама — По целосно документирање ...

По реакциите на мајките кои се пожалија дека со месеци се соочуваат со доцнење на исплатите за породилно отсуство, „Скопје1“ побара одговори од Фондот за здравствено осигурување. Од Фондот велат дека исплатите се реализираат согласно законските процедури и дека само во текот на јули биле исплатени 420,3 милиони денари, што, според нив, е највисокиот месечен износ исплатен по овој основ. На прашањето дали постои законски рок за исплата на ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) соопшти дека заклучно со 28 јули 2026 година исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци за боледување. Од вкупната сума, 420,3 милиони денари се исплатени за породилни отсуства, што, според Фондот, претставува највисока месечна исплата за оваа намена досега. За останатите видови боледувања исплатени се 140,6 милиони денари. — реклама — Од ФЗОМ нагласуваат дека нема застој во ...

СДСМ денеска преку соопштение побара од надлежните институции да ги објават анализите и официјалната документација врз основа на која било утврдено дека техничката вода во Гостивар е безбедна за употреба. Од партијата велат дека јавноста сè уште не добила документи, резултати од анализите, ниту информација кој ја донел одлуката и со свој потпис гарантирал дека водата е технички исправна. — реклама — „Кој ги изработил анализите на водата? Кои ...

Иран разгледувал можност за напад врз украинско поморско пристаниште како одговор на украинскиот напад врз ирански товарен брод во Каспиското Море, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на ирански и западни официјални претставници. Според изворите, Техеран анализирал повеќе сценарија за одговор, меѓу кои и можност за лансирање балистичка ракета со помала боева глава кон украинска територија, со цел да испрати политичка и воена порака, а не да ...

Јорданските системи за противвоздушна одбрана рано утрово пресретнаа и соборија пет ракети истрелани од Иран, соопштија вооружените сили на земјата. Според јорданските власти, ракетите биле насочени кон нивната територија, но биле навреме откриени од системите за надзор и уништени пред да предизвикаат штета. Државната агенција „Петра“ објави дека нема жртви ниту материјална штета. — реклама — Во меѓувреме, иранската државна телевизија ИРИБ, ...

Во текот на изминатото деноноќие во државата биле регистрирани 16 пожари на отворен простор, а до 7:00 часот утрово сите се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, во моментов нема активни пожари, ниту пожари кои се ставени под контрола. — реклама — Пожарите биле локализирани и изгаснати на повеќе локации низ земјава, меѓу кои во општините Прилеп, Радовиш, Гостивар, Куманово, Сарај, ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДС применува двојни стандарди во однос на состојбата со загадената вода во Гостивар и дека лидерот на партијата, Венко Филипче, не бара одговорност од функционерите на СДС во локалната власт. Од партијата потсетуваат дека Филипче јавно го поддржал кандидатот Валбон Лимани на повторените локални избори во Гостивар, наведувајќи дека локалната власт, во која, според нив, учествуваат СДС, ДУИ и Арбен ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја загубил иницијативата во војната, оценувајќи дека развојот на украинската воена технологија значително ја променил состојбата на бојното поле. Во интервју за „Фокс њуз“, Зеленски посочи дека Украина од почетокот на војната изградила силен воено-технолошки сектор со околу 500 компании кои развиваат современи технологии, особено во областа на ...

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). — реклама — Најголема фреквенција на возила утрово е забележана на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 40 минути. — реклама — — реклама — Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при ...

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во близина на Сараево, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот бил регистриран во 4:21 часот по локално време, а неговиот епицентар се наоѓал на околу 12 километри источно од Сараево, на длабочина од шест километри. — реклама — — реклама — Земјотресот бил почувствуван од голем број жители на главниот град на Босна и Херцеговина и ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денес ќе ја одржи 37. седница, на која, меѓу другото, ќе се избира нов заменик-претседател на Комисијата. — реклама — Покрај оваа точка, членовите на ДКСК ќе расправаат и за повеќе предмети што се во нивна надлежност, како и за други прашања и предлози поврзани со работата на институцијата. — реклама — — реклама — На дневниот ред се предвидени и предмети поднесени од укажувачи, по кои ...

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес (29 јули), поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на патот кон Долно Лисиче. — реклама — — реклама — Прекинот е предвиден од 09:00 до 15:00 часот, а ќе ги опфати корисниците на потегот кај Трејд, Делта МКС и Про Авто Маркет. — реклама — Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес (29 јули), поради планирани работи на ...

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денес поради поврзување на старата со новата водоводна мрежа на крстосницата меѓу улиците „Софиска“ и „Петар Драганов“, ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од Општина Карпош. — реклама — Без вода ќе останат корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“. — реклама — — реклама — Прекинот ќе започне во 9:30 часот и ќе трае до ...

Поранешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи се прости од легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски. — реклама — Груевски објави стара фотографија на која, покрај Тодоровски, се и Игор Џамбазов и дел од актерската екипа која настапувала во култната претстава „Чија си“. — реклама — — реклама — Во објавата тој напиша: „In Memoriam Гоце Тодоровски Од некои дамнешни времиња… Нека почива во мир!“ Поранешниот премиер Никола ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
44%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
5.8
52%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.18
76%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.19
48%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
48%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.0
87%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.47
41%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.61
52%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
38%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
5.81
56%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
1.79
42%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Алуминиум

3.34

Иридиум

252383.36

Сребро

2102.98

Кобалт

56.29

Платина

56328.11

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Паладиум

43853.62

Бакар

13.36

Злато

141498.65

Калај

56.16