Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Епидемиолошката состојба во Гостивар покажува знаци на подобрување, со значително намалување на бројот на лица кои побарале лекарска помош, информира Министерството за здравство. Според последните податоци, во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи, што е речиси двојно помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов во болница се лекуваат четворица пациенти. Од почетокот на следењето на ...
Полицијата работи на расчистување на случај на физички напад што се случил по расправија за паркинг простор во Тетово. — реклама — Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 јули во 16:25 часот во СВР Тетово, 27-годишниот К.Ј. од Тетово пријавил дека на улицата „Димо Гавровски Кара“, по претходна расправија околу паркинг место, бил физички нападнат од И.И. (54) од селото Боговиње. — реклама — — реклама — Од МВР ...
Едно лице загина, а три лица се повредени, меѓу кои и 10-годишно дете, во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска, кратко по полноќ, се случила во местото Степоевац, во општина Лазаревац. Во несреќата учествувале два автомобила, а повредените веднаш биле пренесени и згрижени од екипи на Итната медицинска помош. — реклама — Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата за да ги утврдат причините и околностите под кои дошло до судирот. — ...
СДСМ преку соопштение обвини дека институциите сè уште не утврдиле одговорност за загадувањето на водите, иако, како што велат од партијата, последиците ги чувствуваат граѓаните во повеќе делови од земјата. Од партијата посочуваат дека, според неофицијални информации, во реките Лепенец и Вардар завршила хемикалија што се користи при производство на детергенти, додека, како што наведуваат, од Државниот инспекторат за животна средина сè уште ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопшти дека со ребалансот на Буџетот за 2026 година се предвидени дополнителни средства за капитални инвестиции, локален развој, инфраструктура и проекти од областа на животната средина. Според партијата, средствата се насочуваат кон проекти што треба да донесат конкретни резултати за граѓаните, при што капиталните расходи се зголемуваат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси 46 милијарди денари. Истовремено, ...
ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение тврди дека во периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство, Министерството располагало со стотици анализи кои укажувале на неисправна вода за пиење, а јавноста не била навремено информирана за потенцијалните ризици. Од партијата наведуваат дека станува збор за околу 400 анализи во кои биле утврдени различни неправилности во квалитетот на водата, при што, според нив, не биле преземени соодветни мерки ...
СДСМ преку соопштение ја повика Владата јавно да ги објави сите извештаи и анализи за квалитетот на водата за пиење во Гостивар, оценувајќи дека граѓаните добиваат спротивставени информации, наместо јасни и проверливи податоци. Од партијата потсетуваат дека министерот за здравство Сашо Клековски најавил дека до крајот на неделата водата во Гостивар ќе биде безбедна за пиење, додека, според нив, премиерот Христијан Мицкоски подоцна изјавил ...
Два силни земјотреси, секој со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија централниот дел на Перу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според достапните информации, епицентарот на двата потреса бил на длабочина од 154 километри. — реклама — — реклама — Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета. — реклама — Очевидци, чии сведоштва се објавени на веб-страницата на ...
Во јавните здравствени установи во Гостивар во текот на вчерашниот ден лекарска помош побарале вкупно 73 пациенти. „Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле извршени 45 нови прегледи. Од нив, 26 пациенти биле прегледани на Инфективното одделение, при што двајца биле задржани на болничко лекување, а 18 прегледи се реализирани на Одделението за педијатрија. — реклама — — реклама — Во моментот на Инфективното одделение се ...
Екстремните горештини годинава предизвикаа рекорден број смртни случаи во Германија и Велика Британија, при што, според официјалните проценки, во двете земји досега починале речиси 13.000 луѓе како последица на високите температури. Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека до 19 јули во Германија се регистрирани околу 9.800 смртни случаи поврзани со жештините, што е највисок број за истиот период од 2016 година наваму. Повеќе од 5.000 од овие ...
Министерството за здравство упати јавен повик до сите специјализанти по медицина да го пријават својот интерес за вработување во јавните здравствени установи. Како што информираат од Министерството, целта е да се добијат информации за областите на специјализација и моменталниот статус на вработување, со што ќе се овозможи подобро и навремено планирање на потребниот специјалистички кадар во здравствениот систем. — реклама — Заинтересираните ...
Основното внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против Б.М. (27) од Скопје поради сомнение дека го сторил кривичното дело „телесна повреда“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во авто камп на струшкото крајбрежје, каде што пријавениот физички ја нападнал својата девојка. — реклама — — реклама — Во нападот, жената се здобила со телесни повреди. — реклама — По целосното документирање на ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Ф. (21) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи. — реклама — Според информациите од МВР, осомничениот на 24 јуни 2026 година извршил обљуба врз 12-годишно девојче. — реклама — — реклама — По целосното документирање на случајот, против 21-годишникот е поднесена кривична пријава, а за ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13:00 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, два се активни, еден е ставен под контрола, а два се целосно изгаснати. Активни се пожарите во Општина Долнени, кај селото Вранче, каде што гори нива со жито, како и во Општина Кичево, зад Спортската сала „Јанчица“, каде што е зафатена сува трева. — реклама — — реклама — Под ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски да објасни зошто Владата, како што рече, не ги објавува резултатите од анализите за квалитетот на водата во повеќе општини и зошто граѓаните не добиваат навремени и јасни информации за состојбата. Филипче истакна дека во повеќе градови, меѓу кои Гостивар, Валандово и Скопје, се појавиле проблеми со водата за пиење и праша ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната собраниска седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски да одговори кој ќе сноси одговорност за, како што рече, загадената вода за пиење во повеќе делови од државата. Филипче оцени дека станува збор за сериозен проблем што директно го засега јавното здравје и ја обвини Владата за недоволна транспарентност и недостиг на информации кон граѓаните. „Водата е загадена во ...
На денешната прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски обвини дека за време на мандатот на Венко Филипче како министер за здравство институциите располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, без јавноста да биде навремено информирана. Манасиевски изјави дека, според нив, постоеле резултати од приближно 400 испитувања на вода за кои не било постапено, ниту граѓаните биле предупредени да не ја ...
Седумдесет и четиригодишен жител на Пробиштип е лишен од слобода по пријава дека се самозадоволувал пред осумгодишно девојче, информира Министерството за внатрешни работи. — реклама — Според информациите од МВР, на 29 јули околу 16:30 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го привеле В.С. (74) од Пробиштип, откако било пријавено дека се самозадоволувал пред осумгодишна малолетничка од градот. — реклама — — реклама — Осомничениот бил ...
Во раните утрински часови денеска на подрачјето на Скопје беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според него, активностите ќе продолжат и утре, во согласност со Годишната програма, законските обврски и Елаборатот подготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје. Во текот на изминатите месеци беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и ...
Најмалку три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, додека во Каиро продолжуваат разговорите за целосно спроведување на мировниот план поддржан од САД. Според локалните здравствени власти, во воздушен напад врз камп со шатори во Кан Јунис, на југот од Газа, загинале маж и осумгодишно девојче. Во одделен напад врз куќа во бегалскиот камп Бурејџ, во централниот дел на енклавата, загинало 18-месечно дете, ...
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека Ормускиот Теснец нема повторно да биде отворен сè додека продолжуваат, како што наведува, заканите од Соединетите Американски Држави и нивното мешање во поморскиот сообраќај во регионот. „Ормускиот Теснец не може повторно да биде отворен додека продолжуваат заканите и запаливата реторика на американските претставници, како и нивното мешање во поморскиот сообраќај во регионот“, се наведува во ...
Во ирански напад е погоден објект на кинеска компанија во северниот дел на Кувајт, при што зградата е сериозно оштетена, а еден работник загинал, соопштија кувајтските вооружени сили. Нападот се случил само неколку часа откако јорданската противвоздушна одбрана пресретнала пет проектили лансирани од Иран. Претходно, американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека успешно завршила нов бран воздушни напади врз Иран, како одговор на ...
Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека институциите нема да дозволат водата во Гостивар повторно да се користи за пиење и подготовка на храна сѐ додека не се добијат три последователни исправни резултати од анализите. Тој посочи дека секојдневно се земаат мостри од повеќе локации и оти не може да се прогнозира кога ограничувањата ќе бидат укинати. — реклама — — реклама — „Сакаме да бидеме максимално сигурни пред да дозволиме ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во текот на ноќта руските сили извршиле масовен ракетен и беспилотен напад врз повеќе делови на Украина, при што загинало цело семејство во областа Дњепропетровск. Според Зеленски, во населбата Радушне, балистичка ракета погодила семејна куќа, при што животот го загубиле двајца родители и нивните три деца. Под урнатините биле пронајдени уште две деца, кои биле извлечени живи. „Тоа беше ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопшти дека ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон развој и инвестиции, оценувајќи дека дополнителните средства ќе бидат вложени во проекти што, според партијата, ќе придонесат за економски раст и подобрување на инфраструктурата. Според партијата, со ребалансот вкупните буџетски приходи се зголемуваат за 4,575 милијарди денари, односно за 1,2 проценти, и ќе достигнат 379,5 милијарди денари. Расходите, ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение остро реагира на одлуката на Владата да го именува поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, за специјален пратеник за Европската Унија во Брисел, оценувајќи дека станува збор за награда за неодговорност. Од партијата велат дека наместо да понесе одговорност за, како што тврдат, неисполнувањето на своите обврски додека беше член на Владата, Фетаи добил нова државна функција. ...
Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Како што посочуваат, поради летната туристичка сезона, зголемена е фреквенцијата на возила на граничниот премин Богородица во правец на излез од државата, како и на граничниот премин Табановце за влез во земјата. — реклама — — реклама — И покрај засилениот сообраќај, од македонска страна на ...
По речиси една недела пауза, американската војска повторно изведе воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Регионалната команда на САД – ЦЕНТКОМ. Според американската страна, акцијата била одговор на иранските обиди претходниот ден да изврши ракетни напади врз американски воени бази во регионот. Во соопштението се наведува дека биле погодени воени командни центри, постројки за ракети и беспилотни летала, како и објекти за крајбрежен надзор и ...
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил лоциран на околу шест километри од Сисак, на длабочина од девет километри. — реклама — Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета. — реклама — Според сведоштвата на граѓаните, објавени на страницата на EMSC, потресот бил силен и јасно почувствуван. ...
Од ЕВН Македонија информираат дека утре (30 јули) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Ѓорче Петров. — реклама — Прекинот е планиран во периодот од 10:00 до 13:00 часот, а без струја ќе биде дел од улицата „Исаија Маџовски“. — реклама — — реклама — Од ЕВН посочуваат дека прекинот е поради планирани технички активности на електродистрибутивната мрежа. Од ЕВН Македонија информираат дека утре (30 јули) без електрична ...