По повеќегодишна упорна борба на екоактивистите, конечно е започната демонтажата и изнесувањето на цевките од малите хидроцентрали Пена 84 и Пена 85 кои се градеа во долината на Лешница користејќи ги водите од реката Пена. Демонтажата на малите хидроцентрали започува на Светскиот ден на заштита на природата, што само се надоврзува на големиот успех и залагање на Националниот Парк „Шар Планина“, велат од институцијата.. „На денешниот Светски ...

Законот за јавни набавки нема да важи за трошењето на парите за проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028“. За овој проект се предвидени 21 милион евра од кои 95 отсто се средства од државниот буџетот и буџетот на Град Скопје, а 500.000 евра од Европските фондови. Постапките ќе ги спроведува Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата“, каде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за директор го назначи ексдиректорот на ...

Велешанка е касната од пајакот црна вдовица на 22 јули во велешкото село Еловец и побарана е помош кога веќе отровот почнал да делува, потврдија од Велешката болница. „Жена од Велес на 61-годишна возраст е донесена во Ургентниот центар во вечерните часови. Додека била во поле ја каснал пајак на левата надлактица. Пациентката се јавила со болки во раката и грбот, вртоглавица и грчеви по целото тело. Истата е згрижена, дадена соодветна терапија ...

Смирена е акутната фаза на епидемијата на заразна болест во Гостивар, но во консултација со Комисијата за заразни болести решивме да одредиме засилен здравствен надзор за постакутната фаза, рече денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Водата во Гостивар е забранета за пиење од 17 јули, откако инстутуциите утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Заразени се 4.303 граѓани, од 19 јули е прогласена ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека политиките на Владата довеле раст на економијата за 3,5 проценти, што е за два проценти повеќе од растот во Европската Унија. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање кажа дека кредитот кој Владата го зеде од Унгарија бил добар двигател но економијата и довело до пораст на бруто домашниот производ. „Ако го анализирате третиот квартал 2024 година, којшто е прв наш квартал како Влада, заклучно со ...

Министерот за здравство Сашо Клековски апелираше на голема внимателност кај граѓаните кои патуваат во Африка и регионот на Индискиот Океан, особено Занзибар и Малдиви, по зголемениот број на случаи со преносливи болести од комарци. Клековски рече дека во опсервација се четири вектор преносливи болести: маларија, денга, зика и западнонилска треска. Сите се пренесуваат со комарци, меѓутоа сите имаат различни од тек, па сè до епидемиолошки ...

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) не дала дозвола за конзерваторските работи на споменикот Македониум да се постават металните решетки и утре ќе отидат инспектори во Крушево, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорката Весела Честоева. Споменикот Македониум во Крушево, кој со години протекува, почна превентивно да се заштитува со метална конструкција на галериите со витражи и стакла. Директорката на Завод и музеј-Прилеп Мимоза ...

Справувањето со големиот шумски пожар во југозападна Франција наликува на борбата меѓу „Давид и Голијат“, рече портпаролот на Противпожарната служба. Пожарот во регионот Жиронд се наоѓа на само 14 километри од периферијата на Бордо, но надлежните велат дека градот засега не е загрозен. Пожарникарите западно од Бордо имале релативно мирна ноќ, при што пожарот е стабилизиран, но сè уште не е ставен под контрола. Тој рече дека Франција се ...

Во 1960 година, во велешката гимназија „Кочо Рацин“ за првпат од постоењето на најстарата среднообразовна институција во Македонија била формирана педагошка паралелка. Овој податок е малку познат, но повторно оживеа благодарение на сеќавањата на тогашните ученици, денес пензионери, меѓу кои и Трајко Јанев. „Се запишавме во 1960 година. Мислам дека имаше пет паралелки. Јас веќе имав завршено прва година во гимназијата, но кога дознав дека се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега ги запрел најновите напади врз Иран за да им даде уште една можност на тековните преговори. „Водиме многу сериозни разговори со Иран“, изјави Трамп за веб-страницата Аксиос. Во исто време, тој се закани со нови напади ако разговорите не дадат резултат: „Ако не успеат, ќе се вратиме на многу силна воена акција“. Трамп изјави дека не им остава „многу време“ на преговорите да успеат. ...

Советот на Општина Велес едногласно ја усвои иницијативата Народниот музеј во Велес повторно да добие статус на национална установа. Со тоа би му се вратиле надлежностите што ги имаше до 2005 година, кога беше трансформиран во локална институција. „Ова е неопходен чекор, бидејќи Музејот изминатите години, по пензионирањето на стручниот кадар, се доведе во состојба да остане без кустоси и други стручни лица. Пред две години во институцијата ...

Француската полиција го уапси мажот кој денеска со кујнски нож рани три жени во Париз, од кои две се во критична состојба, објави министерството за внатрешни работи. Нападот се случи околу 11:30 часот на Порт де Клиши, во северозападниот дел на француската престолнина. Напаѓачот извадил нож од торба во близина на локален бар и прво нападнал жена која стоела до трамвајска станица, забивајќи ѝ го сечилото во пределот на колкот. Потоа го ...

Тешко е повреден 21-годишник од Штип кој како сопатник испаднал од отворен прозорец на автомобил во движење. Задржане на лекување во штипската Клиничката болница. Несреќата се случила на 27 јули во 2 часот на раскрсницата од улиците Сремски фронт и Солидарност во Штип кога, според полцисикиот извештај, Н. А. (21) испаднал од отворениот прозорец на „ауди“ што го возел Б. С. (22). Жители од оваа населба кои биле сведоци на несреќата велат дека ...

Центарот на модернистичкиот балтички пристаништен град Гдиња, изграден речиси од нула во текот на двете децении меѓу Првата и Втората светска војна, денеска е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО, токму додека градот ја одбележува својата стогодишнина. Сместен северно од историскиот град Гдањск (родното место на полското синдикално движење „Солидарност“) и приморското одморалиште Сопот, Гдиња долго време локално се сметал за ...

Полска побара од САД да го екстрадираат поранешниот министер за правда Збигњев Зиобро, кој е во бегство и се соочува со 26 обвиненија, главно поврзани со наводна злоупотреба на средства од фондот за помош на жртви на кривични дела за политички цели, соопштија обвинителите. Полска сака да покрене постапка против Зиобро, кој беше идеен творец на промените во полскиот правосуден систем – промени за кои Европската унија оцени дека го поткопале ...

Пратеникот Фатмир Битиќи, поранешен вицепремиер за економија, на денешната расправа за предложениот ребаланс на Буџетот рече СДСМ ќе го гласа ребалансот, нема да реплицира, ама побара министерката за финансии, премиерот, власта, да ветат дека утре во 8 часот ќе им ги исплатат субвенциите на земјоделците. Побара и да не ги лажат дека СДСМ ги блокира субвенциите. Тој по експозето на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска зеде збор ...

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна „Енерџи Еколинк“ зголемувањето е во ...

Во 2026 година, а заклучно со 27 јули, во Македонија се регистрирани осум случаи на западно-нилска треска, стои во новиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен. „Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во ...

Водата во Крушево беше заматена бидејќи еден саат не работел хлорниот инструмент поради прекин на струја, кажа денеска Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. На 23 јули, Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека водата за пиење во Крушево е микробиолошки неисправна. Од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Прилеп изјавија дека по примероците земени на 20 ...

Водата во Општина Гостивар може да се користи како техничка вода, односно може да се користи за бањање и за сите останати потреби во рамки на домаќинството, но не и за пиење. Сè уште ги немаме потврдено согласностите и уверенијата дека водата може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување на храна, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски е раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување ...

Бразил го повлече својот амбасадор од Буенос Аирес откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеј упати навреди кон бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, нарекувајќи го крадец и осуденик. Милеј ги даде изјавите за време на собир во Сао Паоло за почетокот на претседателската кампања на десничарскиот кандидат Флавио Болсонаро за изборите во октомври. Без директно да го спомне името на Лула да Силва, аргентинскиот лидер зборуваше ...

Животот во средниот тек на реката Пчиња постепено се обновува откако кон крајот на минатата година беше отстранета бетонската бариера. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на живиот свет во реката, спроведено од проф. д-р Милица Ристовска од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, заедно со нејзините соработници. Истражувањето е дел од проектот на „Еко-свест“, која во соработка со Општина Куманово ја ...

Споменикот Македониум во Крушево, кој со години протекува, почна превентивно да се заштитува со метална конструкција на галериите со витражи и стакла. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов пред празникот 2 Август-Илинден, а металната конструкција ќе биде поставена на вкупно 8-те галерии со стакло и на галериите со витраж од надворешната страна на првото и на второто ниво ...

Властите во Венеција оваа сезона собраа повеќе од 5 милиони евра од таксата за влез што се наплаќа од дневните посетители на оваа популарна италијанска дестинација. Таксата, која изнесува меѓу 5 и 10 евра, се наплаќа во текот на 60 одбрани денови со најголема посетеност во главната туристичка сезона, од април до јули. Оваа сезона таксата ја платија повеќе од 650.000 посетители. Во останатиот дел од годината, дневните посетители можат да ...

Гемијата, чамец што пловел по Вардар пред повеќе од еден век, а чија реплика беше изработена во 2014 година, треба да биде поставена на Вардар во центарот на Велес и да стане туристичка атракција, предлага Ангелче Гушев од извидничкиот одред кој е организатор на Вардарската регата, за чии потреби беше изработена гемијата. Гемијата била чамец со кој во 19 век велешките трговци ја пренесувале стоката по Вардар до Солун. „Потребно е гемијата да ...

Американската полиција уапси еден осомничен и трага по уште еден по пукањето на преполн фестивал за храна во Сиетл, при што загинаа три лица, а четворица се ранети, меѓу кои и двегодишно дете дете. Истражителите веруваат дека двајцата осомничени пукале еден кон друг и, иако едниот сè уштее на слобода, помошникот-началник на полицијата во Сиетл, Тајрон Дејвис, на прес-конференција синоќа изјави дека не постои тековна закана за јавноста. ...

Младите од Велес ќе ги мапираат институциите што се непристапни за лицата со попреченост. Во наредните шест месеци тие ќе го реализираат проектот „Дигитален зелен пристап“, кој има цел да понуди решение за долгогодишниот проблем со непристапноста на јавните институции поради физичките бариери. Проектот е насочен кон подобрување на пристапноста за лицата со физичка попреченост, родителите со детски колички, лицата што користат помагала за ...

Почина популарниот актер Гоце Тодоровски, потврдија од Драмски театар, неговата матична куќа. Имаше 75 години. Роден е на 30 април 1951 во Кичево. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, во класата на професорот Илија Џувалековски, се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар. Одиграл над 50 популарни и наградувани театарски улоги ...

Германската полиција соопшти дека припадници на безбедносните служби го застрелале и убиле осомничениот исламист, којсиноќа со комбе влета во луѓето на големата Парада на гордоста во Берлин. Нападот со возило се случи во паркот Тиргартен, во близина на Бранденбуршката порта, синоќа околу 22:00 часот, недалеку од една од најголемите годишни европски прослави за ЛГБТК-заедницата, Ден на улицата Кристофер. Според надлежните, едно лице загинало, ...

Светлосно е уреден Безистенот во Штип и има нов ноќен лик. Овој културно-историски објект од 16. века со својата архитектура се издвојува од останатите понови градби во центарот на Штипи одамна е значајно обележје на градот. Општина Штип најавува дека наскоро ќе се осветлат и други значајни културно-историски обележја, па вакво светлосно уредување ќе имаат Саат кулата, стариот Каменик мост на реката Брегалница кој датира од 1672 година и ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.91
42%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
67%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.27
52%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.83
44%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
44%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.48
82%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
4.02
52%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
42%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.63
51%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
3.13
57%
1019
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
45%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
5.89
100%
1018
Currency

61.52

Currency

53.5828

Currency

71.7146

Currency

37.4553

Currency

38.2956

Currency

66.6502

Currency

7.92601

Currency

0.67262

Currency

0.32982

Currency

0.52674

Currency

1.13108

Currency

0.56153

Злато

130316.62

Платина

51151.84

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

12.79

Калај

54.24

Цинк

0.00

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Паладиум

39834.77

Сребро

1847.27

Алуминиум

3.18