Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Владата зема заем не само од Македонска навигација (М-Нав), туку и од Државна лотарија, МЕПСО за Јавното претпријатие за државни патишта, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање за што ќе бидат наменети средствата од М-НАВ за во Државни патишта, Мицкоски на настанот кај Момин Попок во Скопје одговори: „Не се само од Македонска навигација. Таму имаме средства и од Лотарија, имаме средства и од МЕПСО и сопствени ...
Во Германија е во тек голема потрага по осомничениот напаѓач, откако властите во Берлин инцидентот на берлинската Парада на гордоста го третираат како исламистички терористички напад. Министерот за внатрешни работи Александар Добринт денеска изјави дека осомничениот употребил мачета по нападот со намерно удирање со комбе, при што загина една жена, а 29 лица беа повредени, некои од нив тешко. Осомничениот напаѓач, по кого трага германската ...
Седумдесет и пет отсто од радежните работи на клучката кај Момин Поток во Скопје се реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова Година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сигурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 отсто експропријација, а сега експропријацијата е 100 ...
Животот во средниот тек на реката Пчиња постепено се обновува откако кон крајот на минатата година беше отстранета бетонската бариера. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на живиот свет во реката, спроведено од проф. д-р Милица Ристовска од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, заедно со нејзините соработници. Истражувањето е дел од проектот на „Еко-свест“, која во соработка со Општина Куманово ја ...
Силното невреме што на 21 јули го зафати Куманово ги потсети граѓаните на катастрофалната поплава што се случила на истиот датум пред 50 години. Тогаш поројните дождови предизвикале излевање на потокот Серава, кој носел сѐ пред себе и предизвикал огромни штети на градот. (Архивски фотографии) Во поплавата две лица загинале од удар на гром, а 87 биле повредени. Водената стихија уништила 876 станбени единици со вкупна површина од 62.460 ...
Гори парк-шумата во скопската општина Гази Баба. Чадот се забележува од повеќе места во Скопје. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопштија дека екипи на Скопската пожарна се на терен. „Пожарот е ставен под контрола“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Гори парк-шумата во скопската општина Гази Баба. Чадот се забележува од повеќе места во Скопје. Од Центарот за управување со ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски очекува Северна Кореја да ѝ обезбеди на Русија дополнителни војници и тешко вооружување за војната против Украина, изјави тој синоќа во своето вечерно видеообраќање. Меѓу другото, тој рече дека Русија се подготвува да распореди уште 30.000 севернокорејски војници во регионот Воронеж. Пјонгјанг, исто така, има намера да ѝ испорача на Русија дополнителни лансирни рампи за балистички ракети, рече тој. ...
На островот Голем Град во Преспа има 1.044 активни гнезда на корморани и чапји, објави Македонското еколошко друшство (МЕД). Од нив, 865 гнезда или 83 проценти се на кормораните. Но, покрај ваквите бројки, и годинава како и лани се бележи намалување на вкупниот број гнезда на корморани, а зголемување на оние на чапјите. Според неодамнешното пребројување што МЕД го спроведе во соработка со Националниот парк (НП) „Галичица“, покрај гнездата на ...
Цариниците во Грција на 27 јули ќе штрајкуваат, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа. Од 5 до 9 часот по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени. Штрајкот директно ќе ги опфати трите клучни гранични премини меѓу двете земји: „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ (Дојран) и „Ники“ (Меџитлија). За време на четиричасовната блокада, патничкиот сообраќај ќе се одвива под строг режим, додека за ...
Меѓу 4 и 8 август конечно ќе се асфалтира улицата Козара, зад Здравствениот дом во Битола, најави градоначалникот Тони Коњановски. Улицата беше раскопана пред една година и четири месеци. Општината во изминатиот период беше често критикувана бидејќи сѐ уште не е поставен асфалт на трите улици, Козара, Панде Николов и 11 Март, сите зад Здравствениот дом, во центарот на градот, чија реконструкција започна уште во 2025 година. Коњановски најави ...
Бакарни жици, бакарни шини и прачки се украдени од електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево во Скопје и според првичната проценка, директната материјална штета изнесува околу 5 милиони евра, соопшти Министерството за транспорт и врски. При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено ...
Едно лице загина, а 16 се повредени – некои од нив се во животно загрозувачка состојба – откако возило влета во толпа луѓе во близина на местото каде што синоќа се одржуваше парадата на гордоста во Берлин, по што полицијата започна потрага по напаѓачите. Неколку часа по овој напад, кој изгледа како намерен чин, многу детали сè уште беа нејасни, но полицијата соопшти дека возилото удрило во повеќе луѓе откако влетало во централниот градски ...
Последниот викенд од јули започнува Фестивалот во Бајројт, кој оваа година го одбележува својот 150-годишен јубилеј. Како и секоја година, настанот претставува магнет за љубителите на операта од целиот свет и за високи гости, особено од германската политика. Меѓу нив се актуелниот германски канцелар Фридрих Мерц и неговата претходничка Ангела Меркел, која со години е редовен гостин на фестивалот. Точно пред 150 години, на 13 август 1876 ...
Македонија е оддалечена околу 4.500 километри од Брегот на Слоновата Коска, но за битолската компанија „Симпл мобајл солушнс“ тоа не беше пречка нејзината иновација да стигне до Западна Африка. Безбедносниот систем за дигитални брави во хотели и други објекти „Орион 3“, создаден од Никола Ковачевски, наскоро ќе биде инсталиран во туристички комплекс со околу 200 бунгалови на брегот на Атлантскиот Океан. „Орион 3“ е паметен систем што ...
Виш референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување во Прилеп 3 месеци земал пола од социјалната помош од невработено лице за да не му ја укине. Приепското Основно јавно обвинителство (ОЈО) донесе Наредба за спроведување истражна постапка против него за кривично дело Примање поткуп предвидено во член 357 став 1 од Кривичниот законик. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно соопштија дека 50-годишниот службеник наврати ...
Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Според Клековски водата е неисправна и во изминативе години, а Специјалната болница во Лешок со вода за пиење со години користи диспанзери, односно не ја користи водата од селскиот водовод. „Состојбата во Лешок е неисправна и тоа не е тајна, затоа што таа ...
Канадска државјанка со кинеско потекло, која била на пракса во објект на НАТО во Белгија, е уапсена под сомнение за шпионажа, соопштија белгиските обвинители. Според обвинителството, таа е осомничена за шпионажа во корист на трета земја, како и за членство во криминална организација. Во оваа фаза од истрагата, властите не откриваат дополнителни информации за осомничената, вклучително и нејзиниот идентитет. Обвинителите велат дека жената била ...
Поради аферата поврзана со обвиненијата за сексално злоставување, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, е разрешен од должноста. Државите-членки на Меѓународниот кривичен суд на гласање во Њујорк со мнозинство се изјаснија за негово разрешување. Државите-членки, од кои 82 гласаа за негово отпуштање, му припишаа „тешко недолично однесување и сериозно прекршување на службените должности“. Аферата, која трае веќе две ...
Четири дена по невремето во Скопје, лим од покрив сѐ уште виси закачен на дрвајата на булеварот Партизански одреди во скопската Општина Карпош. Просторот на тротоарот е ограден со жолта лента, но сепак е небезбедно за минувачите. Од Општина Карпош денеска соопштија дека ова е една од најпогодените општини, со голем број материјални штети. „Правиме максимални напори што е можно побрзо да го ослободиме јавниот простор од паднати дрвја, оштетени ...
Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023. Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или ...
Австрија се изјасни против брзото пристапување на Украина во Европската Унија, при што министерката за европски прашања, Клаудија Бауер, упати критики кон претседателот Володимир Зеленски. „Мојот впечаток е дека украинскиот претседател во последните месеци често го свртува вниманието кон себе со желбата да диктира датум за пристапување во ЕУ“, изјави Бауер за неделното издание на весникот „Велт“. „Забрзано пристапување по барање очигледно не ...
Органодарителството е највисок степен на хуманост, на човекова вредност, на болниот му се спасува живот, му се дава иднина, рекоа докторите на осмата трибина за органодарителство во Велес. „Секој од нас е потенцијален пациент. Не треба да мислиме себично, треба да се ставиме од другата страна. Мој апел е бидете хумани, потпишете се кај вашиот матичен лекар за дарител, да не ја оставате одговорноста кај вашите блиски во најтешките моменти да ...
Француските власти наредија евакуација на речиси 60.000 луѓе во близина на Бордо, со што вкупниот број на лица кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради шумските пожари во Франција и Шпанија надмина 220.000. Околу 200.000 луѓе се евакуирани во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд. Францускиот претседател Емануел Макрон ја ангажираше армијата за да помогне во справувањето со кризата. Во меѓувреме, шпанските власти ...
Од почетокот на јули мерните инструменти на Министерството за животна средина, лоцирани во населбата Тунел во Велес, не ги прикажуваат измерените вредности и велешани немаат информации за квалитетот на воздухот што го дишат. Но, проблемот не се појавил само во јули – и во текот на седум дена во јуни немало достапни податоци за квалитетот на амбиентниот воздух во Велес. „Автоматската мониторинг-станица за мерење на квалитетот на воздухот во ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вели дека дивоградбите не само во Охрид, туку секаде, треба да се рушат на законски начин. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Во во 2024, Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди дека Охрид има 4.847 ...
1 По 35 години од прогласувањето независност, гледаме дека државата ни се претвори во елементарна непогода. Не ни пречи дека ни е загадена почвата. Не ни пречи дека ни е загаден воздухот. Сега веќе не ни пречи и дека ни е загадена водата. Дека не ни се сигурни дискотеките, автобусите, болниците, жичниците, градилиштата, фабричките мензи… Дури и парите што сме ги тргале за старост во задолжителниот приватен пензиски фонд не ни се сигурни. ...
Шпанските власти наредија евакуација на неколку помали града во близина на Мадрид, додека шумските пожари во регионот се зголемуваат и добиваат на интензитет. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка претходно прогласи национална вонредна состојба поради пожарите во соседните региони Мадрид и Авила. Досега е наредена евакуација на повеќе од 40.000 луѓе, откако трите пожари во градовите Виља дел Прадо и Сан Мартин де ...
Германскиот производител на батерии „Варта“ потврди дека поднел барање за стечај, во обид да ја обезбеди својата економска иднина и да овозможи одржливо продолжување на своето работење. Според компанијата, ова влијае не само на матичната компанија на групацијата „Варта“ со седиште во јужна Германија, туку и на нејзините оперативни подружници. Како главни причини за обновената криза, компанијата ги наведе значително влошените пазарни услови, ...
Падна снег среде лето на врвот Пелистер, на надморска височина од 2.601 метар. Фотографиите ги снимија вработени во пунктот на Националната радиодифузија. „Пелистер истовремено е убав и моќен, но и непредвидлив во своите намери“, соопштија од Националниот парк. Ова не е првпат преку лето да паднe снег на Пелистер. Ж. ЗДРАВКОВСКА Падна снег среде лето на врвот Пелистер, на надморска височина од 2.601 метар. Фотографиите ги снимија вработени ...
Најмалку 10 луѓе загинаа, а 100 се ранети откако Русија среде ден ракетираше воен тренинг-центар близу Киев додека таму се одржуваше изложба на оружје. Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јури Ихнат изјави дека Русија лансирала три балистички проектили, од кои еден бил пресретнат. На изложбата присуствувале и претставници на украинската воена индустрија. Ова е третпат од почетокот на војната Русија да нападне ваква изложба. ...