Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Навлегувањето на најверојатно руска крстосувачка ракета во полскиот воздушен простор го алармираше НАТО. Генералниот секретар Марк Руте по разговорот со полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека Алијансата стои солидарно со Полска и ќе продолжи да ја зајакнува својата одбранбена подготвеност. Инцидентот, според него, претставува уште еден неодговорен чин на Русија и опасна последица од војната против Украина. Портпаролот на воениот штаб на ...
Рускиот главен орган за финансиски надзор денеска го додаде Павел Дуров, основачот на социјалната мрежа Телеграм, на својата листа на терористи и екстремисти. Името на Русинот Дуров сега се појавува покрај имињата на други обвинети лица во соодветниот официјален регистар. Овој орган – „Росфинмониторинг“ – е критикуван поради тоа што му помага на Кремљ во справувањето со дисидентите. Вчера, руската служба за внатрешно разузнавање, ФСБ, го ...
Деветмина се повредени во сообраќајната несреќа меѓу две возила претпладнево на експресниот пат Градско-Прилеп. Двајца се потешко повредени и се пренесени на клиниките во Скопје, а четири момчиња од Битола попладнево се пуштени од Велешката болница. Први на терен стигнале екипите на велешката Служба за итна медицинска помош, од каде велат дека е интервенирано е со две екипи, дадена е неопходната здравствена помош и сите девет повредени ...
Прв на денешната седница за пратенички прашања во Собранието говореше пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче, кој им кажа на премиерот Христијан Мицкоски и на Владата да не си играат играчки со експерименти со хлорот, зашто во Гостивар неписмени луѓе со хиперхлорирањето без да ги отстранат органските соединенија, предизвикале опасност од малигни заболувања. „Водата е загадена во пола држава: во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе ...
Судскиот совет денеска го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје. Оваа одлука следува по преминот на досегашната претседателка Мери Дика на новата функција во Уставниот суд. За привремен раководител на скопска Апелација беа предложени судиите Тања Милева и Зоран Герасимовски. На истата седница, Судскиот совет донесе одлука за распишување оглас за избор на нов претседател на скопскиот ...
Пионерите на транс музиката, диџеите Пол ван Дајк и Пол Окенфолд, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на празникот 2 Август-Илинден во Битола, а завршува на Денот на независноста, 8 Септември во Скопје. Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопштиja Бобан Милошески од „Авалон продукција“ и портпаролката на Владата Марија ...
Базенот во рамките на Спортскиот центар (СЦ) „Борис Трајковски“ нема да работи две години откако е затворен по невремето кое го зафати Скопје на 21 јули. Во невремето летна кровот на базенот, и делови паѓале внатре во патеките за пливање каде во тој момент имало посетители, по што се правела евакуација. Директорот на базенот Даниел Апостоловски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека нема да биде отворен додека целосно не се реконструира. „Базенот и ...
Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците (АА) принципиелно на почетокот на денешната седница за пратенички прашања реагираше неколку пати во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и на целата Влада, дека тој повеќе недели не ѝ одговара на поставено пратеничко прашање. Таа предупреди на опасно поигрување на Мицкоски и на Владата не само со инструментот пратенички прашања и отчет пред граѓаните, туку и со демократијата во ...
Компанијата „Алкалоид“ бележи раст на инвестициите од 69 отсто. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2026 година продажбите достигнуваат 6.870.366.274 денари, што претставува раст од 2 % во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.337.103.798 денари, што претставува раст од 2 % во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони ...
Доцни воведувањето на електронски рецепт, има недоследности во начинот на обезбедување и следење на ефикасноста на следење на лекувањето во странство, начинот на финансирање / купување на услугите од Јавните здравствени установи и ажурирање на референтните цени за здравствените услуги , како и во ажурирање на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, се дел од забелешките во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работата ...
Режисерот Марјан Гавриловски почна со снимањето на вториот долгометражен игран филм „Мравки“. Сценариото е на Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на фотографија е Фејми Даут. Филмот со работен наслов „Мравките владеат со светот“ на „Тајм лапс“ продукција, доби 15 милиони денари (околу 243,000 евра) на Конкурсот за 2021 година во прв рок на одлучување на Агенцијата за филм. „Мравки“ ќе се снима на повеќе локации низ Скопје и ...
Бизнисменот Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендери во РЕК „Битола“ вредни 1,7 милиони евра, не побегна од државата и на 1 август ќе се врати од Србија, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК неговиот адвокат Марјан Николоски. Тој рече дека Марковски е заминат за Србија на неколку дена на работни состаноци поврзани со компанијата која ја управува таму. „В сабота ќе биде во Македонија, денес и утре е на состаноци во Србија каде има сериозна фирма ...
Во текот на ноќта, Украина повторно беше цел на масовен бран напади од руската армија, кои погодија дури и градови на западот од земјата, далеку од границата. Според украинските медиуми, напаѓачите користеле десетици ракети и крстосувачки ракети, како и стотици дронови, со цел да ја преотоварат воздушната одбрана. Воздушна тревога била прогласена практично низ целата земја. Според првите извештаи, најмалку осум лица загинале, а повеќе од 30 ...
САД синоќа извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти американската војска, откако претседателот Доналд Трамп најави одмазда поради, како што рече, иранските напади врз американски војници на Блискиот Исток. Во меѓувреме, американски пловечки танкер за складирање нафта бил погоден од дрон во египетско пристаниште на Средоземното Море, според британската компанија за поморска безбедност „Амбри“. Египетското Министерство за нафта ...
Агресијата меѓу децата расте, нивниот вокабулар станува прегаден, бизарните насилства како терање друго дете да јаде кучешки измет растат, а државата засега тешко се справува со овој проблем. Во подкастот со психологот и професорка Емилија Бошкова, која е и лиценциран гешталт-терапевт покрај тоа што предава на Универзитетот „Гоце Делчев“, таа ги дава одговорите на ваквото се помасовно однесување на децата и малолетниците во Македонија, кое се ...
Денешната бурна процедурална расправа меѓу пратениците за спорниот Предлог-закон за спроведување на проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028 година (ЕПК)“ заврши со повлекување на точката од дневниот ред, откако по ургентната координација пратениците се договорија дека не само што нема Бадентерово мнозинство за него, туку и не смее да се вметнува вон Собранискиот деловник и со него да се озаконуваат набавки без тендери. Точката ...
Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европската Унија во Брисел. Владата го именувала на вчерашната седница, месец и пол откако на 10 јуни Собранието го разреши Фетаи, кој два месеца не доаѓаше на работа и на 1 јуни си поднесе оставка. Во меѓувреме, на 4 јуни Изет Меџити, копретседател на коалицијата „Вреди“, потврди дека Фетаи ќе биде специјален претставник на Владата во Постојана мисија ...
Водата од изворите во охридските села Елшани и Велестово не смее да се користи за пиење, откако лабораториските анализи извршени од Центарот за јавно здравје во Охрид покажале присуство на бактеријата ешерихија коли и колиформни бактерии. Врз основа на добиените резултати, надлежните донеле решение за забрана за користење на водата за пиење. Во Елшани е и кампот Елешец и населбата со вили и Лагадин. „Се задолжуваат месните заедници во Елшани ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките ...
Две млади лица од Охрид вчера вечерта беа безбедно спасени откако, поради нагло влошување на временските услови, со суп даски се оддалечиле од брегот. Според информациите од полицијата, двете девојки Е. С. (19) и И. А. (18) се нашле во опасност поради силниот ветер и големите бранови, поради што сè повеќе се оддалечувале од брегот и не биле во можност да се вратат назад. Како што соопшти СВР Охрид, случајот бил пријавен вчера во 19:55 часот ...
Со 12 милиони евра ќе се реновираат касарните низ земјава, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски при посетата на касарната во Штип. „Касарната во Штип веќе добива нов реконструиран објект од 1.000 метри квадратни. Извршена е комплетна обнова на внатрешната инфструктура и на фасадата за што се вложени 100 милиони денари. Договорена е обнова и на покривот на војничкиот ресторан, ќе се адаптираат и хангарите, а се предвидуваат изградба ...
Водата од чешмата во Башино Село не се препорачува за користење, бидејќи има зголемен број бактерии, се вели во извештајот од тестирањето извршено на 24 јули од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес. Чешмата се наоѓа сретсело и од неа се снабдуваат и бројни велешани. „Испитаниот примерот на водата не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа поради зголемен вкупен број на бактерии. Со оглед дека станува збор за ...
Три нови случаи на западно-нилска треска се потврдени вчера (28 јули), кажа денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Според Институтот за јавно здравје заклучно со 27 јули, во Македонија беа регистрирани осум случаи на западно-нилска треска од регистрираните случаи. „Вчера се потврдени три случаи. До вчерашниот ден не беа потврдени, два се на Инфективната клиника, еден на Неврологија. Тој на Неврологија е потврден само на еден од ...
УНЕСКО одлучи да го отстрани Стариот град на Виена (првиот виенски округ) од Листата на светско наследство во опасност. Одлуката ја соопшти Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој заседава во јужнокорејскиот град Бусан до денес. Во 2017, Стaрото градско јадро на Виена беше ставено на „црвената листа“ на УНЕСКО поради контроверзниот проект за изградба на висококатница. УНЕСКО ги критикуваше плановите затоа што се сметаше дека ...
Спасувачките екипи во јужниот дел на Јапонија водат интензивна трка со времето за пребарување на преживеани под урнатините, 24 часа по силниот земјотрес што ја погоди оваа област, кажа јапонската премиерка Санае Такаичи. Таа соопшти дека бројот на загинати во земјотресот се искачи на 13 лица. Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди префектурата Кумамото. Според изјави на сеизмолошки експерти за локалните ...
За првпат, Националниот парк (НП) „Шар Планина“ објави Јавен повик за поднесување барања за склучување договор за вршење на дејност откуп на други шумски производи. Преку овој повик, од „Шар Планина“ велат дека сакаат собирањето шумски плодови да се спроведува на уреден, транспарентен и законски регулиран начин и во согласност со важечката законска регулатива и принципите за заштита и одржливо користење на природните ресурси. „Во оваа прва ...
Американскиот претседател Доналд Трамп одржа одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, кои Белата куќа ги оцени како позитивни и продуктивни. Двајцата лидери престојуваа во главниот град на САД за да присуствуваат на погребот на сенаторот Линдзи Греам, кој беше силен поддржувач на Израел и застапник за американската помош за Украина. Зеленски и Трамп разговараа за ...
Македонски туристи веќе не можат да изнајмат автомобил во Италија со македонска возачка дозвола, иако двете држави имаат договор за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи. Истовремено, македонските државјани со постојан престој во Италија веќе не можат да ја заменат македонската со италијанска возачка дозвола и мораат да полагаат одново. Македонски туристи кои неделава пристигнале во Италија биле одбиени од рентакар компанијата со ...
Земјотрес со јачина од 7,1 степени го погоди јужниот главен јапонски остров Кјушу и предизвика уривање на дел од трговски центар, при што десетици луѓе се водат како исчезнати или се повредени, соопштија официјални лица. Беше издадено предупредување за цунами, но тоа брзо беше повлечено. Вториот кат од трговскиот центар во градот Кашима се урна, заробувајќи непознат број луѓе. Околу 20 до 30 вработени се водат како исчезнати, додека неколку ...
Секој нов бесправно изграден објект во крајбрежниот појас на Охридското Езеро што не ги исполнува законските услови ќе биде отстранет, најави градоначалникот на Струга, Менди Ќура. Тој упати јавен апел до граѓаните да не започнуваат нови градби без соодветно одобрение, нагласувајќи дека локалната самоуправа нема да толерира понатамошно нарушување на заштитеното подрачје. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 24 јули одлучи Охридскиот ...