Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Најновиот роман на една од најчитаните авторки во регионот, Јелена Бачиќ Алимпиќ, е новото засилување на летниот книжевен избор на „Матица македонска“. Штотуку објавениот „Синот на кројачот“, долгоочекуваното продолжение на бестселерот „Кројачот“, е вклучен во големата акција „Со книга на плажа“. Под слоганот „Лето создадено од приказни“, акцијата опфаќа околу 490 наслови за различни генерации и читателски вкусови – од актуелни светски и ...
Граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ние и понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото иако тоа се берзански производи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и се уште остануваме земја која е со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Ако е потребно ќе реагираме онака како што и досега реагиравме иако ...
Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече ...
Опозицијата се претвори во тажно и несреќно друштво кое конструира лаги и шири хистерија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите на СДСМ по одлуката на УНЕСКО, Охрид да го задржи статусот на светско културно наследство. Како што оцени Мицкоски, опозицијата веројатно тажи и зашто државата не банкротира, зашто се уште нема мигранти и зашто на 1 септември сите ученици ќе имаат учебници. -По робусна, интензивна ...
„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде, односно беа заглавени и со посветена работа, можам да кажам дека за овие неколку месеци откако Орце е градоначалник се гледа огромен напредок, еве како што самите слушнавте до Нова година очекуваме не само овој проект туку уште други 2, па и би рекол 3 проекти ќе бидат завршени. ...
Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. -Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 ...
Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“ од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“. Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се изградат мостови кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе. -Оваа година имаме неколку работи за прославување. Во ...
Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува утре да биде објавено соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на клучката Момин Поток, Мицкоски рече дека резултатите од досегашните анализи се ...
Британската вечер на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во земјава, денеска во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе донесе концерт на пијанистката Исата Кане-Мејсон. Пијанистката Исата Кане-Мејсон е препознатлива по нејзините еклектични и стимулативни рецитални програми кои нудат интересен спој на делата на Хајдн и Моцарт, Фани Менделсон и Клара Шуман, Шопен и Брамс, ...
Венко Филипче и актуелното раководство на СДС немајќи идеи што да прават ги користат актуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка, на прес-конференција изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират ...
Петмина босански алпинисти загинале на планината Елбрус во Русија, a само двајца членови на експедицијата успеале да ги преживеат екстремните услови. Руските медиуми објавија дека еден преживеан успеал сам да се симне од планината и да повика помош, додека другиот бил пронајден од спасувачките екипи. Според локалните водичи, временските услови за искачувањето првично биле релативно поволни. Сепак, времето нагло се влошило, со брзина на ...
ВМРО-ОКГ се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра. Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака, без вистинска поддршка од државата, се наведува во соопштението од СДСМ. Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален. ИПАРД е блокиран. Горивото и ѓубривата поскапеа, а мерки немаше. Земјоделците работат во тешки услови, а власта сега ги презентира нивните резултати како свој успех. Да имаше државата реална ...
Покрај стабилизацијата на секторот, во изминатите две години силен фокус ставивме на капиталните инвестиции, модернизацијата и изградбата на функционални институции, изјави Јулија Тушевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Затекнавме нереализирани кредити и проекти што со години стоеја во место, кредитот од германската банка KfW, вреден 80 милиони евра, пет години не бил реализиран, а државата плаќала милионски пенали, додека кредитот од Светската ...
По повод 63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска положи цвеќе пред Споменикот на жртвите, оддавајќи почит на загинатите во трагедијата од 26 јули 1963 година. Ѓорѓиевски порача дека Скопје и по шест децении се сеќава на жртвите од земјотресот што на 26 јули 1963 година однесе повеќе од илјада животи и зад себе остави разурнати домови и разделени семејства. За само неколку секунди беа згаснати ...
Реал Мадрид пред неколку дена го информирал Баерн Минхен за својата намера да не ги нарушува односите заради трансферот на напаѓачот Мајкл Олисе. Според инсајдер Фабрицио Романо, претседателот на шпанскиот клуб Флорентино Перез би сакал да го потпише 24-годишниот Французин, но само ако Баерн ја отвори вратата за преговори. Ова нема да се случи во летото 2026 година. Реал Мадрид во моментов е фокусиран на напаѓачот на Лајпциг, Јан Диоманде. ...
ФК Барселона вети дека ќе го поддржи семејството на работникот кој го загуби животот за време на реновирањето на стадионот „Камп Ноу“, објави ЕСПН. Инцидентот се случил во петокот, 24 јули, за време на тековните работи за зголемување на капацитетот на стадионот. ФК Барселона длабоко жали за смртта на работникот кој го загуби животот вчера во индустриска несреќа за време на реновирањето на стадионот. Клубот изразува најдлабоко сочувство и ...
Неодамна сменетиот украински министер за одбрана, Михаило Федоров, се чини дека цели кон позицијата на претседателот Володимир Зеленски, пишува „Тајмс“. Според изданието, однесувањето на Федоров откако го напушти министерството сè повеќе наликува на подготовки за претседателска кампања. По неговото разрешување, Федоров јавно ги повикува членовите на Врховната рада да ги решат проблемите во украинската војска, вклучително и корупцијата и ...
Во првата половина од 2026 година Холивуд се соочи со големи финансиски загуби поради филмските неуспеси. На петто место се најде филмот „Меланија“. Автобиографијата оствари заработка од околу 16,7 милиони долари, со буџет од 40 милиони долари. Филмот беше претставен во над 20 земји, но со мал интерес од публиката. Веднаш под него е „Невестата“, во режија на Меги Џиленхол, со Џеси Бакли и Кристијан Бејл во главните улоги. Филмот заработил ...
По потписот на Леброн Џејмс за Филаделфија севентисиксерс, обложувалниците ги ажурираа своите квоти за победник во НБА-лигата сезоната 2026/27. Во петокот беше објавено дека 41-годишниот кошаркар потпиша договор со Филаделфија. Пред оваа вест, квотите за шампионската титула на „Сиксерси“ беа 21. По објавувањето на неговото доаѓање тие паднаа на 9,5 и Филаделфија сега е четврти фаворит за освојување на трофејот. Само Оклахома Сити, Сан Антонио ...
Девет лица се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на автопатот А9 во покраината Тирингија, во централна Германија, откако возило за кампување удрило во колона возила создадена поради сообраќаен метеж, соопшти полицијата. Едно лице се здобило со тешки повреди, додека останатите осум лица се со полесни повреди, наведоа полициските органи. Претходно полицијата соопшти дека во несреќата биле повредени 34 лица, но подоцна ги ...
Тајфунот Ноул изутринава ги зафати јужните делови на Кина, проследен со силни ветрови и обилни врнежи што викендов го погодија и регионот на Хонгконг. Поради тајфунот Ноул во покраината Гуангдонг биле евакуирани повеќе од 715 илјади луѓе, додека властите го подигнале нивото на подготвеност, а стотици летови се откажани. Кинескиот Национален метеоролошки центар соопшти дека тајфунот Ноул стигнал до копното околу 3:50 часот по локално време, ...
Премиерлигашот од Лондон, Арсенал може да испрати понуда за крилниот напаѓач на Реал Мадрид и Бразил, Винисиус Жуниор, објави „Атлетик“. Раководството на лондонскиот клуб сè уште не почнало преговори со „Лос Бланкос“, но го одобрило трансферот на 26-годишникот. Тековниот договор на Бразилецот со мадридскиот клуб важи до 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2025/26, Винисиус постигна 22 гола и имаше 14 асистенции во 53 натпревари. ...
Олара Отуну од Уганда е седмиот кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации. Кандидатурата на 75-годишниот Отуну ја поднесе неговата земја, а Обединетите нации официјално ги информираа земјите-членки. Отуну беше заменик генерален секретар на ОН и специјален претставник за децата и вооружените конфликти од 1997 до 2005 година, за време на мандатот на тогашниот генерален секретар Кофи Анан. Останати кандидати за функцијата се Мишел ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот фејсбук профил, соопшти дека се финализираат галериите – најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат. Ја градиме Македонија“, напиша Николоски за изведувањето на градежните активности. Вицепремиерот и министер за транспорт, ...
Весникот „Фајненшл тајмс“ објави дека Венецуела заработила 13 милијарди долари од извоз на нафта од почетокот на годината. Сите овие пари завршиле на посебни сметки во Соединетите Американски Држави, но нивната судбина останува непозната. Како што пишува изданието, теоретски, парите требало да стигнат до Венецуела. Сепак, економистите интервјуирани од „Фајненшл тајмс“ силно се сомневаат во ова, бидејќи бројките за економски раст на Венецуела ...
Ансамблот на КУД „Илинден“ Битола, синоќа во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ одржа целовечерен концерт „Џумбиш“, посветен на Македонците муслимани. Во изјава за МИА, Љупка Стефановска, етнокореолог, истакна дека КУД „Илинден“ за прв пат на својот репертоар поставија концерт со сценска адаптација поврзана со традицијата и животот на Македонците муслимани, со посебен фокус на населението од струшкото село Октиси, неколку села од ...
Секторот земјоделство беше еден од најзапоставените сектори што ги наследи актуелната Влада, нерешени предмети кои директно влијаеја врз егзистенцијата на земјоделците. Најголем проблем кој го остави претходната влада беа субвенциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму истакнуваат дека кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за период од околу година и пол, а над 1600 вработени во ЈП Национални шуми беа оставени без плати повеќе од ...
СДС, како секогаш, и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека сепак, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено. Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот ...
Веќе 21 година доаѓам секоја година, секојпат на колена да ѝ се поклонам на Мајката Божја за здравје и да ми даде сила; ова е трет пат што на колена ги поминувам овие, не знам колку се, сигурно се 500 метри до светиот храм, вели за МИА еден од верниците, кој, како и другите ја почитува традицијата, и на колена пристигнува во црквата Пресвета Богородица на Тинос – грчкиот остров што речиси два века е духовното срце на Грција, а каде што во ...