Холандката лизгачка на мраз, Јута Лердам е доказ зошто треба да се гледаат Олимписките игри. Оваа 27 годишна спортистка има милиони фанови на Инстаграм поради својата убавина и гради кои секогаш ги покажува поради договорот со Најк. Таа е во врска со најпопуларниот јутубер од нејзината земја а се повеќе девојчиња го засакаа лизгањето. Браво Јута Холандката лизгачка на мраз, Јута Лердам е доказ зошто треба да се гледаат Олимписките игри. Оваа ...

Промашениот пенал што го изведе Напаѓачот на Самсунспор, Шериф Ндиаје, во седмата минута е најголемата причина што Шкендија на полувреме замина без негатива во првиот натпревар од двомечот од 1/16 финалето на Конференциската лига на УЕФА. Со тоа промашување, турскиот тим не успеа да ја искористи најдобрата од неколкуте шанси што ги створи на теренот. Фудбалерите на Самсунспор целосно доминираа на теренот, со двојно повеќе посед од тетовци. ...

Премиерот Христијан Мицкоски, во „Само интервју“ на ТВ Канал 5, истакна дека се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, избори нема да има. Што се плашат од предвредмени избори? Јас им реков колку и да ни одговара – нас ни е приоритет државата и граѓаните . На ниту едно мерње, граѓаните не даваат предност на тоа да се оди на предвремени парламентарни избори. Нема и не не знам уште колку пати треба да го ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека постои опција за членство во Европската Унија, но без право на глас, што, како што изјави, би се случила во 2027 година, како дел од сценарио поврзано со мировниот план за Украина. Постои една идеја која се погласно се слуша и во Брисел и наоколу и го опфаќа мировниот план за Украина во кој практично интеграцијата на Украина, а со цел идна реконструкција, во рамки на ЕУ би била на брза лента. Тоа би било ...

Овој мандат не е мандат за мирна совест и тивка функција. Овој мандат е за длабоки, суштински и трајни промени, рече вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на 100 дена од неговиот мандат, најавувајќи крупни инфраструктурни проекти што трајно ќе го променат ликот на градот и ќе донесат, како што рече, вистинско унапредување и модернизација на градската инфраструктура. Ова што го постигнавме досега е само почеток на нашите силни ...

Во интервју на Канал 5, премиерот Христијан Мицкоски, посочи дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска. Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна ...

Секој оној кој што не и мисли добро на Македонија и граѓаните ќе бара меко ткиво и тоа го наоѓа во опозицијата во моментот. Тоа го наоѓа во опозицијата, ги слушаме изјавите на челниците на опозицијата во Македонија, кои што никогаш до сега не извлекоа поука од погрешните политики што ги правеа и партијата ја доведоа на тоа ниво, на кое што ја доведоа. Нормално, тоа беше искомбинирано со многу криминал, неработење, неиспорака“, вели Христијан ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека постои членство во Европската Унија, но без право на глас, што би се случило во 2027 година, како дел од сценарио поврзано со мировниот план за Украина. Постои една идеја која се погласно се слуша и во Брисел и наоколу и го опфаќа мировниот план за Украина во кој практично интеграцијата на Украина, а со цел идна реконструкција, во рамки на ЕУ би била на брза лента. Тоа би било непринципиелно кон Западен ...

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад хоминем напади да се догребе до некоја сламка за спас“, изјви премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата за користењето на владиниот авион. Мицкоски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 посочи дека секој кој имал потреба и го запазил протоколот го користел владиниот авион. Некаде треба да стигнете побргу и да се вратите побргу ...

Ископувањата направени околу изворите во „Шум“, се главна причина што ја предизвикала матноста на водата од која се снабдуваат Струга и селата, заклучи градоначалникот Менди Ќура на денешната вонредна седница на Советот на Општина Струга, на која единствена точка беше расравата за проблемите на граѓаните со редовното снабдување со исправна вода за пиење. Тој посочи дека две компании низ годините вршеле ископувања, кои, како што забележа, биле ...

На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека Скопје знае и ќе оди напред. Ова е само почеток, порача вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отчетот на 100 дена од мандатот под мотото „Скопје го градиме заедно“. Стојам пред вас пред се како човек кој ја презеде најтешката работа – Скопје да се извлече од хаосот и долговите коишто биле наталожувани од расипничкото владеење. Наследивме урнат град, институции без ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека постои членство во Европската Унија, но без право на глас, што би се случило во 2027 година, како дел од сценарио поврзано со мировниот план за Украина. Постои една идеја која се погласно се слуша и во Брисел и наоколу и го опфаќа мировниот план за Украина во кој практично интеграцијата на Украина, а со цел идна реконструкција, во рамки на ЕУ би била на брза лента. Тоа би било непринципиелно кон Западен ...

Платформата за Брз одговор на слободата на медиумите (Media Freedom Rapid Response – MFRR) лани регистрирале 208 прекршување на слободата на медиумите во Србија, што означува дека слободата на медиумите продолжила да се влошува со алармантна брзина. Таа цифра е наведена во годишниот извештај на МФРР за 2025 година. Прекршувањата на слободата на медиумите во 2025 година погодија 2.377 новинари или медиумски субјекти во 36 европски земји – 27 ...

Се јави и вториот човек на НАТО Радмила Шекеринска да го пофали воениот сојуз меѓу Косово, Албанија и Хрватска. Јак колку што знам Косово не признаена држава од неколку членки на НАТО, а згора на тоа според Резолуцијата 12 14 на Обединетите нации не ни смее да има војска, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“, Што би рекол претседателот на Србија, Александар Вучиќ кога Шекеринска ќе се појавува кажува малку но глупо, а згора ...

Истрагата за скандалот со дрогата води до лица од опозицискиот блок, но и поранешни политичари“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, порачувајќи дека „сите ќе одговараат затоа што се ќе биде поткрепено со докази“. Во „Само интервју“ на ТВ Канал 5, Мицкоски, посочи дека според информациите од текот на досегашната истрага, има кривична пријава за 10 лица покрај двајцата кои веќе се приведени и нагласи дека тоа е само почеток. За обвинувањата ...

„Моето име е д-р Паиви Расанен. Служам како член на финскиот Парламент од редовите на Христијанско-демократската партија од 1995 година, а дополнително бев министер за внатрешни работи од 2011 до 2015 година. Исто така сум лекар и горда баба на дванаесет внуци. Финска е демократија изградена врз владеење на правото и основните слободи. Овие вредности ми се длабоко важни како Европејка и како христијанка“, вака го започна своето сведочење ...

Само десет гнездечки парови од реткиот вид на чапја, т.н. голем воден бик, кои тешко се забележуваат, се регистрирани во државава, а неколку се наоѓаат токму на подрачјето на Дојранското езеро. Проценката за гнездечката популација ја даваат еколозите од Македонското еколошко друштво (МЕД), кои се дел од проектот „Заштита на медитеранските влажни зони“, финансиран од Француската агенција за развој, што овозможува подобро познавање на ...

Советот на Општина Центар на денешната седница гласаше за недонесување на одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“ информира Општина Центар во соопштение што МИА го пренесува интегрално. За недонесување на предлог-одлуката гласаа сите 23 советници. Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ...

Нема кратење во Програмата за директни плаќања. Во изминатите години, вклучително и за време на претходната власт, Програмата што се носела изнесувала околу 100 милиони евра. Никогаш при нејзиното донесување не изнесувала 140 милиони евра, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24. Тој појасни дека Програмата за 2018 година изнесувала околу 100 милиони ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова примила претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложиле нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето. Истакнувајќи ги своите барања, тие укажале на потребата од воспоставување мерни станици со 24/7 мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на добиените податоци, како и усогласување со ...

Заедничка волја да се искористи актуелниот позитивен моментум за дополнително продлабочување на соработката, особено во областите на одбраната, поморството и бродоградбата, како и во инфраструктурата, изразиле премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и премиерот на Индија Нерендра Моди на нивната денешна средба ви Њу Делхи, информираа од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. За време на средбата на маргините на Самит ...

Германската армија повторно ги повлече војниците од својата база во Ербил, главниот град на ирачки Курдистан, поради зголемените тензии на Блискиот Исток. Портпарол на германското Министерство за одбрана наведе дека повлекувањето е поради „мерка на претпазливост“, а во Ербил ќе останат само војниците потребни за одржување на командата. Германскиот весник „Шпигел“ објави дека германските војници со хеликоптер се префрлени во Јордан. На ...

Во организација на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) се одржа напреден едукативен семинар за судиите и асистентите судии од Прва МФЛ, како и свечена церемонија за доделување на ФИФА амблемите за македонските интернационални судии за 2026 година. Пред присутните се обрати и шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој испрати јасна и мотивирачка порака до македонските судии. Потребни ни се квалитетни судии од секаде, вклучително и од ...

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко му порача на сегашниот претседател на таа земја, Володимир Зеленски, никогаш да не му верува на рускиот претседател Владимир Путин, и да влегува во преговори со него само кога има предност. Тој за Политико од Минхен рече дека се плаши дека тие максими бидат игнорирани во тековните мировни преговори со посредство на САД. Како што се наведува, Порошенко, кого го нарекуваат и „крал на ...

Натпреварувачите на Норвешка ја потврдија доминацијата во нордиска комбинација (скијачки скокови и крос кантри скијање) откако триумфираа и во тимскиот натпревар. Норвешките натпреварувачи Андреас Скоглунд и Јенс Офтебро остварија најдобар резултат 41:18.0 минути. Воедно ова за Офтебро беше трето злато по двата триумфа во поединечна конкуренција. Во неизвесната завршница на патека од крос кантри Финска заостана за 0.5 секунда и со тоа го ...

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, Центар 14 проценти, а пад на цените на продадени станови има во Гостивар два процента. Анализата на опсегот на постигната продажна цена по метар квадратен укажува дека најнизок забележан минимум во втората ...

Албанците бараат двојазични знаци за „Сејф сити“ во Скопје. Тие велат дека предупредувачките знаци за камерите од системот „Безбеден град“ во Скопје се поставени исклучиво на македонски јазик, без верзија на албански или англиски јазик. Новинарот Авни Тахири за „Телеграфи“ наведува дека единственото предупредување гласи „Контрола на брзината“ и е поставено на неколку метри од камерите. Дел од граѓаните сметаат дека знаците треба да бидат ...

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, оствари средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето. Собраниската прес-служба соопшти дека во фокусот на разговарале биле заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борба против корупцијата и остварување видлив економски развој за граѓаните и земјата. Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на ...

Создавање отпорна и функционална критична инфраструктура преку решенија базирани на природата, е целта на работилницата што се одржа во Струга во рамки на меѓународниот проект NATURE-DEMO (Nature-Based Solutions for Demonstrating Climate-Resilient Critical Infrastructure) во организација на ХЕС „Црн Дрим“. Проектот, како што соопшти АД ЕСМ, е финансиран од Европската комисија, а се реализира во соработка со Институтот за земјотресно ...

Од списоците достапни на албанската Државна разузнавачка и антитерористичка служба, во Сирија сè уште се наоѓаат најмалку 44 албански државјани, од кои 20 мажи (10 од нив во затвор), како и 24 жени и деца, од кои седум се жени и 17 деца. Досега, 39 жени и деца се вратени во Албанија, кои заминале со своите сопрузи индоктринирани од самопрогласени имами, кои пропагирање вклучување во Исламска држава. Последно од Сирија во Албанија деновиве е ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
58%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
50%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
52%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.62
84%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
60%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.66
66%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
31%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
41%
1013
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
60%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
42%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Калај

43.91

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Цинк

0.00

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51

Сребро

2179.44