Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Бројот на заразени луѓе со западнонилска треска во Македонија се искачи на осум, од кои седум се потврдени случаи, а еден е веројатен, потврдија денеска од Институтот за јавно здравје за „Слободен печат“ Од осумте регистрирани случаи, седум се потврдени, а еден се води како веројатен. Шест пациенти се од Скопје и од Велес и поголемиот број од нив се заразиле во земјава, а за еден од нив постои можност да се заразил за време на патување во ...
Илјадници навивачи на Аргентина дежураат пред домот на селекторот Скалони. Фановите бараат тој да остане на функцијата откако најави дека е можно да се повлече. Лионел повремено излегува од домот да ги поздрави насобраните и да им подели автограми. Tan grande vas a ser Lionel Sebastián Scaloni?? El mejor DT de Argentina 🇦🇷🇦🇷🥹🙌👏🏻 Así salía para saludar a toda la gente que se acercó este sábado pic.twitter.com/d8dMAjnzOE — Luciano Lugo ...
Од утре следува период на сончево и топло време со мала локална облачност и постепен пораст на дневните температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен и северозападен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 21 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална ...
Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на еден од најзначајните македонски режисери Дејан Пројковски, со маестралниот Никола Ристановски во главната улога. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите коишто ...
Испораките на нафта за Романија драстично се намалени по прекинот на испораката од страна на Казахстан преку терминалот во руското пристаниште Новоросијск на Конзорциумот за касписки гасовод (CPC). По нападите на Украина врз танкерите што товарат казахстанска нафта во CPC, официјална Астана соопшти дека е „принудена да го запре“ транзитот на нафта преку цевководот CPC. Казахстан, преку овој гасовод снабдува нешто повеќе од 50% од суровата ...
Во охридската црква „Св. Софија“ вечерва во 21 часот концерт ќе одржи ансамблот „Алтус“ од Македонија. Диригент е Ана Спасовска, а во составот членуваат: Гонца Богоромова-Краповски, сопран, Елена Стојческа, флејта, Игор Иванов, кларинет, Роман Петиот, гитара, Маријана Николовска, пијано, Мартин Димитров, виолина, Александар Лаовски, виола и Паскал Краповски, виолончело. На програмата се дела од: Панде Шахов, Ангел Спировски, Томислав ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти во однос на претходната одлука од 20 јули. Новите цени ќе важат од 28 јули во 00:01 часот. Согласно одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар, што претставува поскапување од 3 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ...
Целиот индустриски сектор на Германија (20-25% од БДП) повеќе не е доволен за покривање на програмите за социјална помош и бенефициите за бегалците. Социјалната држава сега троши речиси една третина од БДП. Во 2025 година, социјалните трошоци достигнаа 1,43 трилиони евра или 32% од вкупното производство (во споредба со 31,2% во 2024 година). Бенефициите растат побрзо од БДП, а социјалната држава сега ја проголтува економијата. Речиси е ...
Некои луѓе не се паметат по годината кога се родиле. Ниту по денот кога заминале. Се паметат по чувството што го оставиле зад себе. Таков беше Гоце Тодоровски. Денес Македонија не се простува само од еден актер. Се простува од дел од сопственото детство, од сопствената младост. Не знам дали денешните деца ќе можат целосно да разберат зошто денес толку многу луѓе плачат за Гоце Тодоровски. Затоа што ние не изгубивме само актер. Изгубивме дел ...
Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Предложените измени се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, истакна министерката за ...
Италијанската полиција денеска соопшти дека во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија, запленила над 2,6 тони кокаин, чија вредност на црниот пазар се проценува на 500 милиони евра. Дрогата е пронајдена на ултрабрз брод на надувување, кој шверцерите обично го користат за да преземат нелегален товар фрлен во морето од големите бродови што пристигнуваат од Јужна Америка, соопшти италијанската царинска и гранична полиција. Уапсени се ...
Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од ...
На Исланд почна предвременото гласање на референдумот на кој граѓаните треба да одговорат дали земјата треба да ги продолжи преговорите за членство во Европска Унија или не. Референдумот ќе се одржи на 29 август, но од денеска почна гласањето на граѓаните кои својот глас нема да можат да го дадат тогаш. Право на глас имаат сите граѓани кои наполниле 18 години. За предвременото гласање на Исланд се отворени околу 50 избирачки места и околу 130 ...
Не не чудат лицемерието и двојните аршини на СДС, кои со настаните во Гостивар повторно излегоа на површина.СДСM недела дена креира хаос во јавниот медиумски простор, со цел креирање заблуда кај граѓаните за надлежностите и вистинските одговорни лица за загадената вода во општина Гостивар, потсетува ВМРО-ДПМНЕ. Водоводните системи и контролата на квалитет на водата за пиење е под надлежност на локалната власт и тоа СДС многу добро го ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, им се обрати на критичарите на Светското првенство во 2026 година. – Многу ми е жал што бевте толку обземени од омраза и критики па пропуштивте сè. До сите што го трошеа своето време и енергија на омраза, медитирајте, молете се, насмевнете се, поминете време со вашите најблиски или гледајте фудбалски натпревар, напиша Инфантино на социјалните мрежи. За потсетување, на неодамнешниот Мундијал се случија ...
Лидерот на движењето на Социјалистите, Александар Вулин, зборуваше за ултиматумот на Хрватска до Црна Гора и рече дека на крајот од патот кон ЕУ, барањата од Загреб ја чекаат секоја земја. Црна Гора го призна Косово, стана членка на НАТО, воведе санкции кон Русија, вети дека ќе испрати војници во Украина, постојано води антисрпска политика, Црна Гора го претвори Андрија Мандиќ во Андреј Пленковиќ за да отвори кластер, а тоа не е доволно за да ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против управител и сопственик на правно лице и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување. Според наводите, во периодот 2024-2025 година не бил пријавен и платен законскиот надоместок за отпад од увезен текстил во износ од 3.852.067 денари, со што бил оштетен Буџетот на државата. Како што соопштуваа од Управата, ...
Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар.И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават надлежните локални институции. А, локалната власт во ...
Драмски театар Скопје со емотивна порака се прости од својот долгогодишен член и еден од најистакнатите македонски актери, Гоце Тодоровски, кој почина на 75-годишна возраст. Од театарот истакнаа дека со неговото заминување македонската театарска, филмска и телевизиска сцена загуби уметник чие творештво речиси пет децении беше дел од животот на публиката. Гоце Тодоровски беше член на ансамблот на Драмски театар од 1978 година, каде што остана ...
Вечерва се заокружува јулската сесија од проектот „Македонски филм. На големо платно” со бесплатна проекција на “Мими” на Даријан Пејовски. МИМИ – Даријан Пејовски 27 јули | 19:00 часот Cineplexx Во главните улоги настапуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ и Стефан Спасов, кои преку силни актерски изведби ја носат емотивната приказна за една млада жена во потрага по ...
Никола Јокиќ ја прослави победата на својот коњ на трка во Србија со членовите на семејството, ќерката, синот, братот и пријателите, а потоа излезе на патеката каде што отвори шампањ. „Ова е голема победа за нас во голема трка како „Дужијанца“. Очекувавме можеби малку повеќе конкуренција и малку публика од странство, бидејќи „Дужијанца“ го заслужува тоа, тоа е една од најдобрите трки во регионот. Мило ми е што трофејот останува во Сомбор и ...
Одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп, да нареди пауза во нападите врз Иран е предизвикана не само од желба да се направат обиди за враќање на дипломатијата, туку и од катастрофалното намалување на американските арсенали на проектили и ракети за противвоздушна одбрана. Како што објави „Волстрит џурнал“, планот за двонеделна масовна кампања на бомбардирање е одложен додека Пентагон пресметува колку ракети се преостанати. Генералот Ден ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека нема намера да ја напушти земјата доколку Српската напредна партија (СНС) ги загуби изборите, истакнувајќи дека ќе ја прифати волјата на граѓаните, но дека ќе остане политички активен. Во гостување на телевизијата „Прва“, Вучиќ рече дека термините за парламентарните и претседателските избори сè уште не се дефинирани, но најави дека претседателските најверојатно би се одржале во јануари ...
Колумнистот Дарко Јаневски во најновата колумна прави осврт на односите меѓу Македонија и Бугарија, актуелната надворешна политика, посетата на индиската претседателка на земјава и состојбите во правосудството, оценувајќи дека главен проблем останува, како што наведува, „омразата кон сè што е македонско и продажбата на сè што е македонско“. Осврнувајќи се на јавната расправа меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот ...
Водата во Гостивар повторно доби статус на технички исправна по серијата лабораториски анализи, што значи дека граѓаните повторно можат да ја користат за капење, миење садови, перење и други домашни потреби. Сепак, таа и понатаму не е безбедна за пиење и подготовка на храна. Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека анализите покажале значително подобрување на состојбата, но дека мерките на ...
По серијата лабораториски испитувања, водата во Гостивар доби статус на технички исправна, што значи дека граѓаните повторно можат да ја користат за капење, миење садови и други домаќински потреби, но сè уште не е дозволена за пиење и подготовка на храна. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој посочи дека анализите покажале подобрување на состојбата, но дека мерките за претпазливост остануваат. Во координација сме ...
„Ова е песната којашто ќе ви го успори животот за момент, ќе ве натера да се насмевнете без никаква причина, а притоа ќе продолжите да уживате во текот на денот…“ Со овие зборови започнува новото музичко патување на Александар Тарабунов – Тара, кој пред публиката ја претставува „Прва љубов“ – песна што носи посебна емоција и семејна приказна. Станува збор за композиција првпат изведена во далечната 1973 година на фестивалот „Скопје“, во ...
Цените на нафтата и гасот се во пад, додека DAX, CAC 40 и FTSE растат со продолжувањето на преговорите меѓу САД и Иран. Цената на нафтата од типот Брент денес падна на 90,893 долари за барел, што претставува пад од 7,67 проценти на дневно ниво. Во исто време, европските берзански индекси бележат раст, додека пазарите се опоравуваат по привременото смирување на конфликтот на Блискиот Исток. Промените дојдоа откако САД и Иран ги прекинаа ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, предупреди дека за време на топлотни бранови, студени периоди и други ризични ситуации, најголем товар носат бездомните лица и социјално ранливите граѓани. Тој посочи дека институциите треба навремено да ги активираат механизмите за поддршка, во координација со Црвениот крст и останатите надлежни организации, а информациите за достапната помош да бидат јавно објавени. ...
Италијанскиот тренер Андреа Пирло коментираше за контроверзноста околу неговиот договор со руска обложувалница. Претходно, неколку италијански пратеници се изјаснија против назначувањето на Пирло за селектор на италијанската репрезентација поради неговата соработка со руска обложувалница. Според „Ла Газета дело Спорт“, договорот на Пирло со обложувалницата е поврзан со неговата работа во клубот од Премиер лигата на ОАЕ, Дубаи Јунајтед. ...