Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Кина минатата година била најважниот трговски партнер на Германија, а САД паднаа на второ место по превирањата предизвикани од царинската политика на Доналд Трамп, покажува извештајот објавен од Германскиот сојузен завод за статистика (Дестатис). Вкупниот обем на трговијата меѓу Германија и Кина достигна 251,8 милијарда евра во 2025 година, што претставува раст од 2,1 процента во споредба со претходната година. Спротивно на тоа, германската ...
Црквата Саграда Фамилија во Барселона денеска ја достигна својата максимална висина од 172,5 метри, иако завршувањето на работите е предвидено за неколку години, соопшти нејзината управа. Кран го постави горниот дел од крстот на врвот на „Кулата на Исус Христос“, централниот дел од Саграда Фамилија, со што таа сега е највисоката црква во светот. Камен-темелникот на Саграда Фамилија беше поставен во 1882 година, а нејзиниот архитект Антони ...
На Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола попладнево се одржува јавна дебата за предлог-законот за високото образование заедно со наставно-научниот кадар од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и од Универзитетот „Св. апостол Павле“ – Охрид. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на прес-конференција рече дека е задоволна од првата јавна расправа на државните универзитети, која завчера се ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Општина Прилеп оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски, на која се разговараше за состојбите и развојните можности во рударскиот сектор, како и за придобивките што локалната самоуправа ги има од концесиските активности. Како што информираат од Кабинетот на Божиновска, на средбата беше истакнато дека Прилеп претставува една ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на Министерството прими донација од Сојузна Република Германија во вредност од речиси 600.000 евра. Во Министерството за внатрешни работи денеска ја примивме вредната донација од Сојузна Република Германија во присуство на амбасадорката Петра Дрекслер, со што уште еднаш се потврди силното партнерство и меѓусебната доверба меѓу нашите две земји. Станува збор за опрема во вредност од ...
Мартина Ѓорѓиевска, сопругата на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, го демантираше СДСМ дека чантата што ја носела на отчетот чини 30.000 евра и очекува јавно извинување од опозициската партија. Таа вели дека чантата ја купила за 944 денари, на попуст. Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и за скопјани, туку ...
Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ. Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна ...
Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Оттаму посочуваат дека ...
Европската Унија настојува в понеделник да го усвои новиот пакет санкции против Русија, изјави денеска шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, на состанокот на групата земји Е5. Следниот понеделник целта ни е да го усвоиме 20-тиот пакет санкции против Русија – рече Калас, со оценка дека досегашните пакети санкции даваат резултати, пренесува „Гардијан“. Според неа, санкциите нанесуваат сериозна штета на руската економија, а секоја нова ...
Седум кинески туристи и возач се претпоставува дека се мртви откако нивниот автобус што движел низ замрзнатиот дел од Бајкалското Езеро во руски Сибир потонал во водата кога мразот под него се распукал, објави денеска локалниот гувернер Игор Кобзев на својот Телеграм канал. Еден турист успеал да се спаси, а потрагата по другите продолжува, рече Кобзев. Најдлабокото езеро во светот, кое се наоѓа северно од Монголија, е популарна дестинација за ...
Во исклучително позитивна и креативна атмосфера во Македонскиот народен театар започнаа пробите за претставата „Страв и надеж“ од живиот театарски класик Франц Ксавер Крец, во режија на култната белграѓанка Татјана Мандиќ Ригонат, соопштија од МНТ. Ригонат е режисерка, авторка на драматизации и поетеса, чии претстави се наградувани на домашни и меѓународни фестивали. Добитничка е на престижните награди „Љубомир Драшкиќ“, „Јагош Марковиќ“ и ...
Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за оваа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО, каде што таа ѝ беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на обвинителката Ленче Ристоска. Дури и во „Мамас“ како фирма примале лица со повисоки ...
На железничката пруга Будимпешта-Белград, дел од Коридорот 10 започна последната фаза од техничката сертификација. Од 10 февруари, специјален пробен воз спроведува тестови, со цел линијата да биде одобрена за брзини до 160 км/ч. Проектот за брзата железница Будимпешта-Белград е еден од најзначајните кинески инфраструктурни проекти во Европа. Финансиран е главно од кинески кредити и најголем дел го спроведуваат кинески државни компании. Новата ...
Далмација повторно беше поплавена во четврток поради силна циклонска плима и бурен јужен ветер што го зафати целиот брег. Морето влезе во куќите во областа Долац во Шибеник, а ситуацијата беше критична во Каштела, Сплит, Трогир и на Чиово, објавува Morski.hr. Она што вчера се случуваше на јадранскиот брег се нарекува – Циклонска плима. Таа претставува комбинација од екстремно низок воздушен притисок и силни ветрови, што предизвика ненадејно ...
Албанскиот премиер Еди Рама хашкиот судија одговорен за судењето на лидерот на УЧК, Хашим Тачи го нарече „најмен убиец“ и „идиот“, а судењето – „меѓународна глупост“. Заедно со косовската претседателка Вјоса Oсмани тие вчера присуствуваа на Одморот за мир за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со повеќе авторитарни лидери главно од Азија, со очигледна цел да го искористат состанокот со лидерот на САД за да влијаат на ...
Грчката полиција во Солун отвори широка истрага за можен сериски убиец по бруталните убиства на две жени, случај што предизвика шок и страв во јавноста. Истрагата доби драматичен пресврт кога во зграда во населбата Менемени беа пронајдени човечки остатоци од 43-годишна жена, завиткани во тепих, пластика и стара облека. По ова откритие, полицијата ги уапси сопственикот на зградата (52) и неговиот соработник (50), кои се сметаат за клучни ...
Првиот том на Македонскиот етимолошки речник е дело од огромно значење за македонскиот јазик, литературата и науката. Целиот проект за прв ваков речник е доказ дека кога државата вложува во наука, а научните работници со посветеност истражуваат и создаваат нови вредности, тогаш имаме значајни и трајни резултати, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на промоцијата на Речникот којшто е еден од научно-истражувачките ...
Само Украина може да одлучи дали и кога да се поправи нафтоводот „Дружба“, рече денеска портпаролот на Европската комисија на прес-конференција, одговарајќи на прашања поврзани со загриженоста на Унгарија и Словачка, кои преку транспорт од таа инфраструктура добиваат руска нафта. Портпаролот истакна дека не може да стане збор за вонредна состојба во снабдувањето и нема опасност од недостиг на нафта на краток рок. Ги уверуваме граѓаните на ...
Вечер на страст и Фламенго во центарот за култура во Битола. Вака би можел да се најави вечерашниот концерт на BALKAN ZOO & NINA ĆORIĆ. Музичкиот состав доаѓа од Хрватска, а пред битолската публика ќе донесе џипси фламенго звукови кои многумина ги опишуваат како неповторлива фузија на ромска традиција и фламенко страст. Концертот е дел од Фестивалот Музика од светот. Фестивалот предизвика огромно внимание кај публиката така што за секоја ...
Возачите во Скопје ќе мора да прават проценка пред да влезат во крстосница, дури и кога имаат зелено светло: ако возилото остане заглавено и го блокира сообраќајот, тоа ќе се третира како прекршок во рамки на системот „Безбеден град“. Панче Тошковски најави дека казната е околу 45 евра и дека прекршокот нема да се води како „поминување на црвено“, туку како посебно дефинирано „забавување или отежнување на движење“ односно „задушување на ...
Со пеперутки во стомакот и бубалки на реверот, со по некоја болва во уво и бубачки во главата, книжевните црвчиња, вредни како пчели, нурнаа во книгите и не дозволија молците да ја зафатат детската литература… Исткајаа пајакова мрежа од приказни, кои како светулки блеснаа во мракот… Книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ вчеравечер (19 февруари) за миг се претвори во вистински книжевен бубариум – место од кое полета новиот роман за ...
На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот, информира МВР. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 објасни што граѓаните треба да направат во ситуации кога сметаат дека не сториле сообраќаен прекршок, а за истиот добиле порака преку системот „Безбеден град“ и каде треба да се обратат. Во одредени полициски станици, вели министерот, на граѓаните им било кажувано „не сме ние надлежни“, „треба по место на живеење“, а тоа не е точно. Кога беше ...
Во време кога културата сè појасно се профилира како еден од најсуптилните, но истовремено и најмоќните инструменти на меѓународно поврзување, директорот на Македонски културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, оствари значајна работна средба со градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски. Средбата претставуваше продлабочен и визионерски дијалог за иднината на културната соработка, како и за стратешката ...
Помилувањето никогаш не треба да се води од казната што е одредена и од природата на делото, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација на институцијата. Сите луѓе, па и кога ќе направат големи грешки во животот и ќе се најдат изолирани, имаат право на втора шанса. Впрочем, денес трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите, истакна денеска претседателката ...
Во средата, на 18 февруари, во скопското кино „Синаплекс“ се одржа македонската премиера на филмот „Соучесници“ чиј режисер е Марко Новаковиќ. Продуцент на филмот е Лазар Ристовски („Зилион Филм“), а копродуценти се Роберт Насков („Партизанс“) и Иван Малоча („Интер Филм“). Филмот се снимаше минатата година во Србија, поточно во Ужице и оваа година имаше премиера исто така во земјата на главниот продуцент. Сакам да се заблагодарам на ...
Министерството за здравство подготви повеќе важни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се поставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР. Сите засегнати страни имаат можност да достават свои сугестии и предлози, кои ќе бидат разгледани согласно утврдената процедура. Се водиме од принципите на транспарентност и отчетност и сите конструктивни забелешки, мислења и сугестии ќе бидат ...
Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и е повисока за 7,6 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и Трговија на големо и трговија на мало; ...
Кичево повторно се соочува со поплави по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа излевање на водотеците и навлегување на вода во повеќе домови, информира Црвениот крст на Македонија. До денес вкупно 270 лица се евакуирани и згрижени, меѓу кои 79 деца, 191 возрасен и 11 лица со инвалидитет. Од евакуираните деца: 5 се на возраст од 0–1 година 5 се на 2 години 15 се на 3 години 54 се на возраст од 4 до 10 години Меѓу возрасните, евакуирани се ...
Австрија се соочува со екстремни зимски услови, откако силен снежен невреме го парализираше нормалниот ритам на земјата. Најголемиот удар го почувствува аеродромот во Виена, каде поради жестокиот ветер и обилниот снег, сите летови беа привремено стопирани, оставајќи стотици патници заглавени во терминалите. Покраината Тирол, пак, се најде во епицентарот на невремето. Во долината Лехтал лавина затрупа автобус со 11 патници рано наутро во ...