Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Романот за деца „Сам во рој“ од Иван Дричко ќе биде промовиран в четврток (19 февруари) во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, во рамките на „Денови на литературата“. Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и влезе во потесниот избор за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2025 година. Промотори на книгата ќе бидат уредничката Оливера Ќорвезироска и ...
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам од денеска, во 18 часот, до 1 март ќе биде отворена изложбата на словачкиот уметник Ладислав Каменицки насловена „СТУДИИ ВО АПСТРАКЦИЈА“. Ова е негова осма самостојна изложба која обединува дела од повеќе различни уметнички циклуси. Изложбата ја организира Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје во соработка со Националната галерија на Македонија, Амбасадата на ...
Собранието денеска треба да ја продолжи 85. седница, а на дневен ред се Предлог законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, предложен од пратеници од власта и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, предложен од опозицијата. И двата закона треба да се носат по скратена постапка. Со измените на Законот за за постапување со бесправно изградени објекти, доставени од ...
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Ве поканува да се придружите на одбележување на меѓународниот Ден на туристички водичи. Во сабота, 21 февруари, со почеток во 12 часот пред спомен куќата на мајка Тереза, улица Македонија. Асоцијацијата четврта година по ред го одбележува овој ден со бесплатен разглед на градот Скопје. Ден посветен на луѓето кои ги раскажуваат приказните на градовите, ја чуваат и негуваат културата, ...
Во февруари, месецот со најмалку дена во годината со кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по осми пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението кај нас. Носител на националната каммања „Ги запознаваме ретките болести“ е здружението „Ретко е да си редок“. СИНДРОМ НА ЖЕНУ/ ЖЕНУ-АСФИКСИЈАЛНА ТОРАКАЛНА ДИСТРОФИЈА/ JEUNE SYNDROME/ JEUNE ASPHYXIATING ...
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го коментираше поразот од 3:1 од Бодо/Глимт синоќа на гостински терен во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите. – Штета е што се случи. Се потрудивме најдобро што можевме, се обидовме да се прилагодиме на условите најдобро што можевме. За жал, загубивме, но мислам дека начинот на кој се боревме и се обидовме беше правилен. Изјави Киву. На другите три натпревари од ЛШ играни вчеравечер ...
Националниот џез оркестар, вечер, во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco. На концертот, под диригентство на Џијан Емин, ќе биде изведена програмата од албумот на Chicco, „First Encounter – Organ & Big Band“ – проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат, преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани. Специјален гостин на ...
Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 29 дена и завршува на 20 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешените прашања за иднината на Газа околу настанот на кој ќе учествуваат претставници од повеќе од 45 земји. Разоружувањето на Хамас, фондот за реконструкција и протокот на хуманитарна помош за населението на палестинската енклава се прашања што ќе ја тестираат ефикасноста на Одборот во наредните недели и месеци. Се очекува ...
Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз Иран веќе во сабота, но дека временската рамка за каква било акција веројатно ќе се продолжи и по овој викенд, објави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Трамп сè уште не донел конечна одлука за тоа дали ќе го изврши нападот, рекоа аноимните претставници. ...
Координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, ја поврза иднината на Беса во Владата на Христијан Мицкоски со таа на коалицијата. – Движењето Беса може да ја напушти Владата само кога Влен ќе ја напушти Владата – изјави тој во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. – Не само ако излезе Беса ќе излезе Влен, туку секоја одлука на Беса е одлука на Влен. Беса е Влен, а Влен е Беса. И уште малку, затоа што се надевам дека нема да има ниту ...
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води една црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДС и нашите стратешки пријатели. „Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која ...
Лука Дончиќ изгуби разум по српската пејачка Бресквивца. Американските медиуми пишуваат дека бракот на Лука е во криза а на натпреварите на Лејкерси ечат песните од Бресквица. Кошаркарската ѕвезда постојано ги лајкува нејзините објави, додека засег нема никаква официјална реакција од неговата сопругата . Лука Дончиќ изгуби разум по српската пејачка Бресквивца. Американските медиуми пишуваат дека бракот на Лука е во криза а на натпреварите на ...
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес, два километра пред наплатната станица Сопот, од 21.00 часот се одвива по една коловозна лента поради одрон, соопшти ЈП Македонијапат. Станува збор за поголем одрон во должина од 80 метри, поради што се апелира на зголемена внимателност при движењето на овој патен правец Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес, два километра пред наплатната станица Сопот, од 21.00 часот се одвива по една ...
Екипата на Њукасл со победата од 6:1 остварена во првиот дуел од 1/16 финалето од Лигата на шампионите против Карабах на гости е пред пласман во осминафиналето. Јунак на дуелот беше Ентони Гордон, кој постигна четири голови сите во првиот дел, а два беа со удар од белата точка. Другите два гола за премиерлигашот ги постигнаа Малик Тиао и Џејкоб Марфи, додека почесниот гол за домашната екипа го постигна Елвин Чафаргулаев. Во вечерниот термин ...
Крајот на февруари носи силна астролошка енергија што ќе им донесе напредок и во љубовта и во парите на одредени знаци. Според астролошките толкувања, најголеми добивки ги очекуваат Лав, Овен и Бик. Лав – време за заслужена награда Лавовите конечно ќе ги видат резултатите од трудот што го вложуваа последните месеци. Можно е покачување, нов проект или дополнителен извор на приход. На емотивен план, искрен разговор со партнерот ќе ја зацврсти ...
Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешниот состанок со кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез Париља во Кремљ, изјави дека односите меѓу двете земји генерално се развиваат во позитивна насока, како и дека новите американски санкции се неприфатливи. Што се однесува до билатералните односи, тие генерално се развиваат во позитивен правец. Убеден сум дека денеска ќе имаме прилика детално да разговараме за сите овие ...
Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, која дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за пласирањето невистинити и манипулации од страна на СДС за користењето на владиниот авион, потенцирајќи дека користењето било согласно правилникот за работа на Владата и дека нема злоупотреба на државниот воздухоплов. Притоа нагласувајќи дека Владата се залага за политики кои обезбедуваат ...
Откако политички веќе не вреди ни пет пари, го употреби стариот добар рецепт, подгревање на национализам и етнички теми. Е тој Тараваари најави дека ќе побара фискална конфедерација. Во превод сакал да се знае кои пари биле наменети за Албанците а кои за Македонците. Со фискалната децентрализација немало да се мешаат парите кои биле наменети за албанските општини. Прво, не постојат албански општини, туку општини во кои живеат Албанци. ...
Телескопски манипулативни раце, детектори и рендген уреди за откривање експлозивни средства, фибер-оптички камери, како и специјализирано возило за транспорт се дел од најновата донација што Министерството за внатрешни работи ја доби од Амбасадата на САД. „Во рамки на денешните активности во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствував на предавањето на донација од Амбасадата на САД – најсовремена опрема за нашата Единица за ...
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стана првак со Тексас Универзитет откако во финалето го совладаа Охајо Стејт Универзитетот со 4:2 во рамки на Зимското првенство на САД. Триумфот во финалето беше всушност реванш за поразот во првиот дел од шампионатот од овој тим на 29.јануари кога загубија со 4:1. Што се однесува до настапот на Ивановски тој во финалниот меч по голема борба го совлада Престон Стринс со 2:0 во сетови (75 64). ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска за време на посетата на Индија изјави дека со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, разговарал за „воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Приштина“ и оти Пленковиќ му рекол дека тој сојуз „не е насочен против Србија“. Долго разговарав со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, и за првпат зборувавме на темата за воениот сојуз меѓу Приштина, Тирана и Загреб. Можам да кажам дека премиерот ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината. Интенизивно се гради автопатот Прилеп – Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски. Автопатот Прилеп – Битола се гради со засилена динамика и ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека земјава пристапува кон фискална консолидација побрзо од она што било планирано во 2024 година. Како што изјави денеска, се очекува до крајот на април да биде завршена фискалната стратегија за следните пет години врз чија основа потоа, како што е предвидено или со забрзано темпо ќе може да се елиминираат прекршувањата во рамки на Законот за буџети или на фискалните правила. ...
Февруари е месецот на ретките болести. Месец кога темата накратко станува повидлива. Се споделуваат бројки, се организираат кампањи, се зборува погласно од вообичаено. На момент, светот застанува за да нè забележи. Но, кога ќе заврши месецот, животот продолжува – ист како и претходно. Затоа што ретката болест не трае 28 дена. Таа не знае за календар. Таа е тука секое утро, секоја вечер, во секој план што го правиш и во секое одложување што не ...
Во болница во Сараево денеска почина Љиљана Зелен-Караџиќ на 81-годишна возраст, сопруга на осудениот поранешен политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавија локалните медиуми. Љиљана Караџиќ со години се наоѓаше на листата на санкции на Соединетите Американски Држави, под сомнение дека му помагала на својот сопруг во периодот додека тој беше во бегство од меѓународната правда. Радован Караџиќ беше уапсен во Белград во 2008 ...
Жолтеникавите наслаги и нечистотијата што со текот на времето се појавуваат на ПВЦ-прозорците не само што го нарушуваат изгледот на домот, туку често се и тешки за отстранување. Сепак, постои едноставен и ефикасен начин со кој површините повторно ќе добијат свеж и чист изглед. Потребни ви се само две состојки што најверојатно веќе ги имате во домот – вода и сода бикарбона. Начин на примена: Овој метод е едноставен, достапен и еколошки ...
Полските власти издадоа европска потерница за поранешниот заменик-министер за правда Марчин Романовски, кој во меѓувреме доби азил во Унгарија, објави полската новинска агенција ПАП. Потерницата е издадена во рамки на постапките што во Полска се водат против поранешни функционери, осомничени за злоупотреба на државни средства. Романовски, кој беше дел од претходната влада, во 2024 година доби азил во Унгарија, што предизвика тензии во ...
Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се одржа средба за зголемување на платите во јавното здравство, објави директорот на ФЗО Сашо Клековски. – На средбата со Ѓорѓи Ставридис и Љубиша Каранфиловски од Самостоен синдикат за здравство и Предраг Серафимовски и Перо Спиров од Самостоен синдикат на Клинички центар разговаравме за моделите на зголемување на платите во јавното здравство, наведува Клековски на Фејсбук. Во ...
Најдобрата скијачка на денешницата Микаела Шифрин од САД ја потврди својата доминација пред сè во дисциплината слалом освојувајќи го првото место и златниот медал. Таа во двете слаломски трки постигна време – 1:39.10 минута и ова за неа беше трето злато на Олимписките игри. Второто место и припадна на светската шампионка Швајцарката Камиле Раст, која имаше заостанување од 1,5 секунда зад победничката. Бронзениот медал го освои Ана Свен Ларсон ...