ЏИПСИ МЕЏИК Gipsy Magic Столе Попов / Македонија / 1997 / 135 мин Таип, главата на едно повеќечлено и сиромашно ромско семејство, мечтае за Индија, прататковината на сите Роми. Случајно се запознава со индиски доктор кој е припадник на силите на УНПРОФОР и добива идеја како да заработи пари, да купи коњ и да го однесе семејството во Индија. И така започнува низата „несреќни случки“ во семејството на Таип: посмртниците за бабата, мајката, ...

МАНАКИ ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ Manaki A Story in Pictures Роберт Јанкулоски / Македонија / 2018 / 69 мин Филм посветен на првите филмски сниматели на балканот, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1882-1964) Манаки. Филмот изобилува со архивски материјали: фотографии, филмски снимки, пишани документи и експонати од браќата Манаки. Секоја информација, секој податок или тврдење, изнесени во филмот се поткрепени со цврсти артефакти. Како и соговорници од ...